Поплави

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Поплави

Пишување by Гостин on Пет Јан 23, 2015 8:36 pm

Голем број медиуми јавуваат за големо невреме во источна Македонија, проследено со поплави и штети...

Дожд и град, со ветер до 100 км во источна Македонија



Делови од источна Македонија од изутрината се зафатена од невереме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина и до 100 километри на час.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд од 7 до 13 часот има наврнато во Пожар 55 л/м2, во Крива Паланка 39 л/м2, во Демир Капија 38 л/м2, во Штип 34 л/м2 , во Виница 18 л/м2, два л/м2 во Струмица, Куманово и еден л/м2 во Охрид, Прилеп, Берово и Крушево.

Појава на град е регистрирано во општина Конче, а во Струмица тој бил со големина на орев. Нестабилноста која се протега од Кожуф, па се до Осоговските Планини постепено се поместува кон исток и североисток.

До крајот на денот, како што велат од УХМР, ќе се задржи претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во источните делови на државата врнежите ќе бидат пообилни и ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот врнежите ќе слабеат.

http://grid.mk/read/news/509530545/9541090/dozhd-i-grad-so-veter-do-100-km-vo-istochna-makedonija

Во Чешиново-Облешево под вода земјоделски површини со есенски култури

Кај кочанското село Бање од најдодените води попуштил одводниот канал од кои водата истекува во нивите кон селата Чешиново-Облешево и Чифлик. Голем дел од земјоделските површини насеани со есенски култури се под вода и има случаи таа да навлегла во подрумските простории на куќите од овие села.



– За настанатата состојба го информиравме и Центарот за управување со кризи. Состојбата станува алармантна посебно во оние села каде што се излеа Кочанска и Злетовска река. Ние сме на терен и со механизација од приватна компанија од село Чифлик ги ублажуваме последиците од поплавите, изјави Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново-Облешево.

Одводните канали во селата Горни и Долни Подлог и Мојанци ги чистат жителите на овие села за да не дојде до полави во нивните домови .

Состојбата со врнежите од дожд во општините Кочани, Чешиново и Облешево будно се следи.

http://grid.mk/read/news/509530096/9541383/vo-cheshinovo-obleshevo-pod-voda-zemjodelski-povrshini-so-esenski-kulturi

Отиња во центарот на Штип носи се пред себе



Во центарот на Штип од големиот водотек урната е дел од пешачката патека кај црквата Свети Никола во Штип. Мостот е забранет за сообраќај. Реката Отиња во Штип си направи ново корито.

http://grid.mk/read/news/509530781/9541408/video-otinja-vo-centarot-na-shtip-nosi-se-pred-sebe

Критично кај Радовиш, Сушица се излеа и направи штети

Надојдената реката Сушица, од невремето попладнево, се излеа од своето корито, кај Радовиш, така што направи огромни штети на стопанските објетки, кои се на излезот од Радовиш



Сосема се поплавени и двата влеза и излези од Радовиш, така што сообраќајот воопшто е невозможно да се одвива. Радовишани сведочат дека доколку е потрбно нешто итно да се транспортира, тогаш единствено со хеликоптер треба да се влезе и излезе од Радовиш, заради поплавените патишта и на периферијата во стопанскиот дел.

Од фирмата „Штип текс“, која се наоѓа во непосредна близина на реката Сушица, вработените жени, кои биле на работа, едвај биле извлечени живи, од надојдените води, вели радовишанец.

Енормно, се надојдени и водите во коритото на Стара река или Радовишка река, која минува низ Радовиш.

Засега, поплавени се голем број на стопански објекти, а штетите од поплавите се огромни.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=44810

Алармантно и во Демир Капија!



Големата количина на врнежи предзвика поплави и низ улиците на Демир Капија.
Реката Бошавица се излеа и поплави дел од железничката пруга Демир Капија – Гевгелија, па предизвика прекин на железничкиот сообраќај.  Од Центарот за управување со кризи  велат дека освен железничката пруга, поплавени се улици и подруми.
Во Кавадарци до 7 часот утринава во градот наврнале 16 литри на метар квадратен, а резултатите од мерењата во 13 часот покажаа дека количината на дожд е зголемена за уште 4 литри  и вкупно има наврнато 20 литри на метар квадратен.
Вакво време не очекува се до недела но врнежите ќе бидат со послаб интензитет!

http://faktor.mk/2015/01/23/video-alarmantno-i-vo-demir-kapija/


Последната промена е направена од luxor на Пон Фед 02, 2015 11:18 am. Мислењето е променето 1 пати

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by Фири on Пет Јан 23, 2015 11:26 pm

Зошто не кажувате лошо време,а невреме? Кога грее сонце давреме ли е?

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
avatar
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by Г-ѓа Министерка on Саб Јан 24, 2015 5:05 pm

Потопени домови, ниви, фарми, поткопани мостови, евакуирано население и добиток - ова зад себе го остави циоклонот Вера во лакавичкиот регион. Со солзи во очите месното население денес ги сумираше штетите. Се уште со грч раскажуваат за пеколната ноќ, додека чекале дали бедемот на браната Мантово ке го издржи налетот на водата која надоаѓа.

Екипи на Македонија пат ги санираат штетите на мостот кај селото Балталија, на регионалниот пат Штип-Радовиш. Од вчера сообраќајот се одвива во една насока ,бидејки спојниот дел на мостот со регионалниот пат е поткопан од надоаѓањето на Балталиска река. Селата Суво Грло, Пухче, Балталија, Љуботен и Степанци од лакавичкиот регион се отсечени. Околу стотина жители од овие села немаат никаков контакт со цивилизацијата.

Критична ноќ имаше и населението во општина Карбинци. Камерата на Алфа доцна во ноќта ги регистрираше мештаните како будно ја следат ситуацијата со надојдената Козјачка река. И во оваа општина се отсечени неколку села.

Ништо поразлично не и во штип. Со насипи од вреки полни со песок жителите на штипско Ново село ги чуваат своите домови од надоаѓање на река Брегалница.

во центарот на градот се санираат штетите. Од јавното претпријатие Исар информираат дека поради заматување на водите во бунарите, водата од градскиот водоводен систем не е за пиење.

Денеска погодените подрачја од циклонот Вера ги посети и премиерот Груевски кој вети безрезервна подржка во санирање на штетите.
avatar
Г-ѓа Министерка

Број на мислења : 54
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by Гостин on Нед Јан 25, 2015 8:18 pm

Невремето ја однесе и првата жртва...

Прва жртва од поплавите, Вардар пред излевања во Гевгелиско

Б.М. (59) се удави во Конска река, во атарот на селото Моин, Гевгелиско. Според полицијата се работи за несреќен случај, на телото на удавената жена немало никакви траги кои би упатувале на насилна смрт.



Екипите на Македонија пат работат на расчистувањето на повеќе патни правци за нормално функционирање на сообраќајот.

Во Гевгелиско реката Вардар е пред излевање. Претходно, Вардар имаше максималниот водостој во Велес. Вечерва се очекува надојдените води на Вардар да стигне во гевгелискиот регион.

Општината Гевгелија ја ангажирана целокупната градежна механизација за расчистувањето на штетите од поплавата што го зафати градот. Делови од градот веќе се поплавени. Неколку села се отсечени од сообраќајот.

Најтешко погодени се селата Мрзенци, Моин и Милетково. Поплавен е мостот и кај Милетково, а до Миравци се патува преку обиколен пат од кај Удово.

Општинската организација на СДСМ обвинува за ненавремено чистење на речните корита, каналите, одводните системи.

Водостојот на другите реки постепено се намалува.

http://www.mkd.mk/makedonija/prva-zhrtva-od-poplavite-vardar-pred-izlevanja-vo-gevgelisko

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by reiter on Пет Јан 30, 2015 8:19 pm

http://mkd-news.com/nevremeto-pochnuva-vo-22-chasot-politsijata-i-vojskata-podgotveni-za-interventsii/
Невремето почнува во 22 часот: Полицијата и војската подготвени за интервенции
имам чуство дека кај нас е полесно да погодиш 7-ца на лото отколку прогнозерите од ухмр да погодат временска прогноза.Многу ретко го погодуваат-прогнозираат времето.Многу исилено и тревожно ми делува за оваа временска прогноза за кој се најавува за вечерва.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by osa on Пет Јан 30, 2015 8:40 pm

reiter напиша:http://mkd-news.com/nevremeto-pochnuva-vo-22-chasot-politsijata-i-vojskata-podgotveni-za-interventsii/
Невремето почнува во 22 часот: Полицијата и војската подготвени за интервенции
имам чуство дека кај нас е полесно да погодиш 7-ца на лото отколку прогнозерите од ухмр да погодат временска прогноза.Многу ретко го погодуваат-прогнозираат времето.Многу исилено и тревожно ми делува за оваа временска прогноза за кој се најавува за вечерва.

eh pa ti !!!!!!nie da se podgotvime ......se e vo znakot na kupuvanje na vreme ....dva tri dena ke se vergla ova ,i ke se izbegnat zeshki temi ......a moze i gi nema ha ha ha

ova kao vicon ;mamo mamo sakam da bidam amerika ...ha ha ha

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by Боко on Пет Јан 30, 2015 9:11 pm

Јас жиеам во југо-источна Македонија,за сега времето е нормално ама читајки ја пронозата нешто страв ме фаќа.Мислиш некој тропски ураган треба да ни дојде.

Боко

Број на мислења : 66
Join date : 2015-01-27

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by хан Ацо on Пет Јан 30, 2015 10:46 pm

Во Западна Бугария-Дупница дува урагански ветар,страшно!
avatar
хан Ацо

Број на мислења : 780
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by osa on Пет Јан 30, 2015 11:39 pm

и во Скопје дува и врне но не е нешто страшно ,мислам во споредба со онаа најава дека ке биде големо невреме ,или можеби сега фака замав (сила)

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by osa on Пет Јан 30, 2015 11:53 pm

сега гледамна ТВ во струмица ветер со брзина од 120 км на час ......
навистина алиштата ке им се исушат,но дали има толку цврсти штипки за да ги додржат ,или ке летаат по градот (ова шала малку )
постои ли некој од тој крај да ни казе какво е времето

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by Гостин on Нед Фед 01, 2015 4:24 pm

ГАЛЕРИЈА Општина Струмица заедно со месното население се справува со надојдените води

Општина Струмица со сите расположливи ресурси, луѓе и механизација, денеска, заедно со месното население се справуваат со надојдените води на реката Струмица која е пред излевање. Најкритично е во населените места Муртино и Сачево. Таму веќе под вода се дел од пластениците и обработливото земјоделско земјиште. Се прават напори да не се поплават домовите. На неколку најкритични точки е целокупната механизација на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, Територијалната противпожарна единица и членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Според командантот на штабот, Кирил Парталов, со камиони се носи песок и се полнат вреќи од кои се прави заштитен ѕид од надојдените води на критичните места, а активирана е и целокупната механизација.

Општина Струмица сама се справува со надојдените води во речните корита и одводните канали, откако Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и водостопанското претпријатие „Струмичко поле“ не покажаа сериозен однос во преземањето на превентивни мерки за заштита од поплавите.

И месното население од Муртино, Сачево, Просениково и Дабиле пред две години, но и пред поплавите од минатиот викенд, бараше од надлежните државни органи, а пред се од „Струмичко поле“ да се исчистат коритата на реките и каналите за да се спречат поплави. Тие не се исчистија, а поплавите им предизвикаа милионски штети на жителите од овие населени мести. За да ги заштити имотите на овие луѓе, општина Струмица ги активираше сите свои ресурси во изминатите деновиве, а и денеска, работи во одбрана на загрозените места од надојдените води.





















http://plusinfo.mk/vest/13363/galerija-opshtina-strumica-zaedno-so-mesnoto-naselenie-se-spravuva-so-nadojdenite-vodi

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Невреме во Бугариjа

Пишување by Фири on Нед Фед 01, 2015 5:32 pm

Само денеска 5 жртви двайца во Петричко, другите во Смолjанско и Бургаско.

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
avatar
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by Гостин on Нед Фед 01, 2015 5:33 pm

Дај линк...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by Фири on Нед Фед 01, 2015 5:36 pm


_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
avatar
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by Гостин on Нед Фед 01, 2015 5:37 pm

Кај нас засега сеуште нема жртви.Но метеоролозите најавуваат уште врнежи, па ке видиме.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by Фири on Нед Фед 01, 2015 5:43 pm

Па не си седеле дома при лошо време, барале бабаси.

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
avatar
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by Гостин on Нед Фед 01, 2015 6:31 pm

Станува опсно на истокот...

Состојбата ескалира, браната Калиманци прелеа

Брана Калиманци прелеа и од неа се излеваат 270 метри кубни вода во секунда.
– Целата вода од браната сега завршува во реката. Наредуваме евакуација на граѓаните за сите населени места должтечението на рeката Брегалница од каде пред се ќе ги евакуираат старите луѓе, на лицата од првите катови, потоа евакуација на вредни предмети и стоката, се со цел да се заштитиме од било какви евентуални жртви .Најголемиот удар се очекува во Штип некаде по 20 часот. Тогаш се очекува нивото на водостојот да се зголеми за еден до еден и пол метар – изјави Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски.4
Се апелира до месното население од овие региони на масовно ангажирање и излегувањеод домовите и да се приклучат во активностите на терен кои се превземаат од надлежните, министерството за одбрана, полицијата, ЦУК, ДЗС, општините и месните заедници.

http://faktor.mk/2015/02/01/sostojbata-eskalira-branata-kalimantsi-prelea/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by хан Ацо on Нед Фед 01, 2015 9:37 pm

Векье жртвите од денешните поплави во Бугария станаа шест

http://www.blitz.bg/news/article/317223
avatar
хан Ацо

Број на мислења : 780
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by Гостин on Пон Фед 02, 2015 11:20 am

Покрај Бугарија и Македонија, и Грција и Албанија беа зафатени од невремето...

Поплави во Грција и Албанија


Обилните врнежи предизвикаа поплави во северозападниот дел на Грција и во јужна Албанија и ги принудија властите да евакуираат стотици лица.

Поројниот дожд кој врнеше вчера во северозападниот грчки регион Епир ги принуди властите да евакуираат четири села и неколку одалечени фарми, близу градот Арта, пренесува БТА.

Досега најмалку четири реки се излеаа од коритата, од кои три се блиску до Арта, а четвртата во реон близу границата на Грција со Албанија. Во близина на градот Арта урнат е познатиот камент мост од 18. век Плака.



Сега мостот е целосно урнат.



- Најмногу проблеми има во регионот на Арта. Но поплави има во цел Епир, има проблеми од силниот ветар и уште поплавени подрачја во други делови на Грција, соопшти претставник на противпожарните служби.

Премиерот Алексис Ципрас го посети командниот центар за вонредни ситуации на пожарната служба во Атина, од каде ги повика експертите од министерствата за инфраструктура и култура да отидат во поплавениот регион и да ги проверат патиштата и спомениците кои се под закана на поплавата. Тој потенцираше дека е многу тажен поради уривањето на мостот Плака.

Во јужна Албанија, пороен дожд и снег го зголеми нивото на реките, кои поплавија илјадници хектари земја, стотици домови и многу патишта.

Полицијата и армиските единици евакуираа многу погодени семејства и нивниот добиток во Влора, Фиер, Гирокастро и берат, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Многу области во Албанија се без струја и вода. Полицијата ги повика граѓаните да ги одложат плановите за патување, бидејќи во следните денови се очекуваат поинтензивни дождови.

http://plusinfo.mk/vest/13378/poplavi-vo-grcija-i-albanija

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by хан Ацо on Пон Фед 02, 2015 4:10 pm

Поплавите во Албания

avatar
хан Ацо

Број на мислења : 780
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by хан Ацо on Пон Фед 02, 2015 4:15 pm

avatar
хан Ацо

Број на мислења : 780
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by kiBik on Пон Фед 02, 2015 4:29 pm

Be nekoj komshija da ne kolnel i dedo Gospod po stara mapa da rabotel pak?
avatar
kiBik

Број на мислења : 2521
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by Гостин on Пон Фед 02, 2015 4:33 pm

Што мислиш, колку од оние што го читаат форумот, а не се Бугари, ке сфатат што си напишал. Сепак, ако сакаш да објуаснуваш, немој овде.Оди во смеа, забава, и вицеви.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by kiBik on Пон Фед 02, 2015 4:35 pm

Dobro be, se izviinuvam. Embarassed
avatar
kiBik

Број на мислења : 2521
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Поплави

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот