Албанија и Србија се поблиску до ЕУ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Албанија и Србија се поблиску до ЕУ

Пишување by Гостин on Саб Јан 24, 2015 12:39 pm

Зошто нашиот министер за надворешни работи не бил на средбата ...


Џентилони: Членството на Србија и Албанија во ЕУ е од стратешко значење

Членството на Србија и Албанија во ЕУ е од стратешко значење за стабилноста и безбедноста на цел Западен Балкан, изјави синоќа италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони по средбата со министрите за надворешни работи на Србија и Албанија, Ивица Дачиќ и Дитмир Бушати.

Италија секогаш се борела за таа цел и ќе продолжи да игра значајна улога во тој поглед, нагласи Џентилони, пренесува Танјуг.

Џентилони истакна дека членството во ЕУ на Србија и Албанија е стратешка определба на италијанската влада, што го изнесе и премиерот Матео Реnци на крајот на шестмесечното претседавање на Италија со ЕУ.

Министрите за надворешни работи на Србија и Албанија Ивица Дачиќ и Дитмир Бушати присуствуваат во Италија на трилатерална средба со министерот за надворешни работи на Италија, Паоло Џентилони.

Трилатералната средба е организирана на иницијатива на италијанскиот министер Џентилони и има за цел да помогне за стабилизирање на односите меѓу Белград и Тирана.

Српскиот министер Дачиќ нагласи дека треба да се работи на решавање на разликите со цел за јакнење на дијалогот и пријателските односи на двете земји.

- Треба да се насочиме на тоа што не обединува, а не на тоа што не разделува. Дел сме од ист регион и се залагаме за исти проекти - истакна Дачиќ по средбата.

На трилатералната средба е разговарано за регионалната соработка во областа на енергетиката и инфраструктураат, како и стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонски макрорегион.

http://plusinfo.mk/vest/12396/djentiloni-clenstvoto-na-srbija-i-albanija-vo-eu-e-od-strateshko-znacenje

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Албанија и Србија се поблиску до ЕУ

Пишување by Гостин on Саб Јан 24, 2015 1:13 pm

Па зафатен е.Се обидува да разбере зошто новинарите штрајкуваат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Албанија и Србија се поблиску до ЕУ

Пишување by osa on Саб Јан 24, 2015 2:12 pm

e da ,pa ako ne mu kazal nikoj ,od kaj da znae ......

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11956
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Албанија и Србија се поблиску до ЕУ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот