СУПИ И ЧОРБИ

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by luxor on Саб Дек 24, 2016 12:59 pm

Подготовка

Прво, измијте ги коските и заедно со 1 цел кромид (може и со лушпа) и со зрната бибер прелијте ги со ладна вода и со 2 лажици лимонов сок. Варете ги на тивок оган, а најдобро во експрес лонец 1 и пол час. Сварената супа процедете ја и потоа соберете ја маснотијата од површината. Вака процедена и обезмастена, се враќа на оган и се додава зеленчукот, претходно ситно исечкан или изрендан. По желба, може да се додаде и малку фиде.
Супата може да се подготви и од друг вид месо, а особено е вкусна ако при варењето, покрај коските, додадете и малку пилешко (од гради, крилца, врат).
Доколку имате сварено поголемо количество, откако ќе ја процедите, може да ја поделите, и еден дел да замрзнете. По потреба ја одмрзнувате и ја подготвувате со додавање на зеленчуците и на зачините.

http://www.vasaptekar.mk/index.php/recepti/item/2118-govedska-supa-od-koski
avatar
luxor

Број на мислења : 3186
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by luxor on Саб Дек 24, 2016 1:00 pm

Супа од коски - вистински еликсир за здравјето на вашето семејство

Традиционалната супа од коски со модерното живеење го има загубено своето место, но денес повторно е актуелна заради непроценливите здравствени придобивки.

Супата од коски помага во исцелување на стомакот и обвивката на цревата и ја помага здравата дигестија на храна. Желатинот кој се наоѓа во супата од коски е хидрофилен колоид, кој ги задржува течностите, вклучително и дигестивните сокови и така ја помага обработката на храна.
Одамна се знае дека пилешката супа помага кај настинки и вируси. Тоа е докажано и во научна студија пред една деценија.
Ја намалува болката и воспалението на зглобовите. Ова својство на супата од коски доаѓа од присуството на глукоаминогликани, како гликозамин, хондроитин сулфат итн., кои се екстрахираат од рскавиците на коските додека се варат.
Супата од коски го намалува воспалението. Аминокиселините глицин, пролин и аргинин имаат против воспалително дејство. Аргининот се покажало дека е особено добар за третман на сепса.
Глицинот има смирувачко дејство, па помага да спиете подобро. а особено e важен бидејки има многу важна улога во детоксификација на црниот дроб.
Супата од коски помага да имате здрави и силни коски. Таа содржи извесна количина на калциум, магнезиум и многу други минерали, кои играат важна улога во изградба на коските. Но уште поголема улога игра тоа што супата од коски е пребогата со колаген.
Помага да имате здрави и црвсти нокти, коса и кожа. Ова е заради голема количина на присутни колагени.
Супата од коски е хранлив и богат извор на протеини.
avatar
luxor

Број на мислења : 3186
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by luxor on Саб Дек 24, 2016 1:00 pm

Како да подготвите супа од коски

Подготовката на супа од коски е многу едноставна. Потребни ви се коски: најдобро е говедски, но супата можете да ја направите и со пилешки коски. Гледајте коските да бидат со повеќе рскавици, бидејки желатинот се добива толму од рскавиците.

1. За супата да има подобар вкус, намачкајте ги коските со масло и печете ги во рерна на темепратура од 220 степени, околу 1 час. Овој чекор не е задолжителен.

2. Потоа ставете ги коските во тенџере со вода колку да ги покрие. Ставете 2 лажици оцет, кој ќе помогне да се екстрахираат минералите од коските и да преминат во течноста.

3. Водата со коските нека зоврие, а потоа намалете го оганот. Многу важно е да не дозволите да врие силно, ниту да клокоти, туку да се крчка, да можете повремено да видите по некое меурче.

4. Супата од пилешки коски потребно да се вари барем 12 часа, а уште подобро 24 часа, а од говедски коски 48-72 часа.

5. Готовата супа ја оставате да се подизлади, ја процедувате и ја ставате во фрижидер. По неколку часа на површината ќе биде стврдата маснотијата - неа извадете ја, а течноста под неа треба да биде желатинизирана.

Ако супата не се желатинизира можеби сте ставиле повеќе вода или пак се варела на повисока температура и вриела. Во секој случај минералите ќе бидат во неа, а вие ќе имате еликсир за вашето здравје.

Супата кога ќе ја ставите да се стопли повторно ќе добие течна форма. Можете да ставите внатре разни зеленчуци за да добиете вкусен оброк или пак да земате од неа и да ставате во разни јадења, изборот е ваш. Многу луѓе ја пијат таква каква што е.

Најдобар начин да направите супа од коски е да користите тенџере за бавно готвење, но можете да ја подготвите и на обична рингла.

http://tvoebebe.com/RECEPTI/supa-od-koski
avatar
luxor

Број на мислења : 3186
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by delta on Нед Дек 25, 2016 12:52 am

a mesoto koj ke go jade ako nie koskata ja vari,me corba.
avatar
delta

Број на мислења : 245
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Teo on Саб Јан 21, 2017 9:29 pm

Супа со сув вргањ

Состојки
1 рака сув вргањ
2 л вода
1 пакетче готова говедска супа
1 пакетче готова крем супа од печурки
2 лажици сушен зеленчук за супа(морков,пашканат,целер...)
1 лажица сушен магдонос
2 лажици фиде

1. Во 1 л вода ладна се истура пакетчето со крем супата од печурки и со лажица маталка се меша за да нема грутчиња. Се става на огин да се вари. Откако ќе почне да врие се додаваа сувиот вргањ исечкан на помали парченца и се остава да се повари крем супата. Потоа се додава во крем супата уште 1л врела вода и веднаш штом зоврие се додава готовата говедска супа и уште 2 лажици фиде.
Се остава да се вари уште 5-10 минути и се трга од огин - брзата супа е готова.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Гостин on Вто Фед 14, 2017 4:52 pm

абе да ве прашам каква е разликата помегjу супа и чорба?супа е книжевно а чорба е диjалектно инаку има ли некаква друга разлика? Ja kako морнар Попаj ми се допагjа чорба од спанак.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: СУПИ И ЧОРБИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот