MISTERIOZNO

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

MISTERIOZNO

Пишување by Teo on Вто Дек 13, 2016 7:50 pm

Мистериозни природни феномени кои докажуваат дека планетата Земја е полна со изненадувања

Човечкото знаење иако е големо, сепак не е бесконечно. Луѓето сѐ уште ги немаат откриено сите мистерии што ги крие Земјата и далеку се од дознавањето на апсолутната вистина. Следниве природни феномени го докажуваат токму тоа. Прочитајте за овие тајни на мајката природа за кои веројатно не сте слушнале досега…
avatar
Teo

Број на мислења : 3180
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: MISTERIOZNO

Пишување by Teo on Вто Дек 13, 2016 7:51 pm

Огнот на Свети Елмо



Мистериозни огнови ги осветлуваат врвовите на кулите и јарболите на бродовите, обично за време на бура. Во Средновековниот период, Европејците верувале дека оваа разиграна светлина е ветениот подарок од Свети Елмо, светецот заштитник на морнарите. Според легендата, овој светец им ветил на морнарите дека ќе се моли за нив и ќе ги предупредува во случај на невреме преку светлина на јарболите.
avatar
Teo

Број на мислења : 3180
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: MISTERIOZNO

Пишување by Teo on Вто Дек 13, 2016 7:52 pm

Вулкан на Антарктикот со снежни туби



Планината Еребус е еден од најголемите и најактивните вулкани на Антарктикот. Овој вулкан е прекриен со снежни туби создадени од замрзната пареа што доаѓа од пукнатините на вулканот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3180
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: MISTERIOZNO

Пишување by Teo on Вто Дек 13, 2016 7:52 pm

Светлосни столбови



Овој прекрасен оптички феномен се јавува кога светлината од сонцето, месечината или од градските сијалици се рефлектира од малите ледени честички во воздухот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3180
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: MISTERIOZNO

Пишување by Teo on Вто Дек 13, 2016 7:53 pm

Снежни „шпагети“ во финско езеро



Еден човек од Финска открил дека во езерото блиску до неговата куќа има снежни остатоци, меки како памук, кои личеле на шпагети. Подоцна сфатил дека може да направи снежни топки од овој „памук“. „Памукчињата“ веројатно го добиле нивниот облик благодарение на движењето на ветрот и водата пред да се стопи паднатиот снег.
avatar
Teo

Број на мислења : 3180
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: MISTERIOZNO

Пишување by Teo on Вто Дек 13, 2016 7:54 pm

Разиграна шума



Во Русија постои шума каде што дрвјата се свиткани на многу чуден начин и научниците сѐ уште го немаат разоткриено овој феномен. Некои мислат дека виновници за тоа се паразитите, додека, пак, други ја префрлаат вината на силните морски ветрови. Суеверните луѓе веруваат дека местото е проколнато.
avatar
Teo

Број на мислења : 3180
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: MISTERIOZNO

Пишување by Teo on Вто Дек 13, 2016 7:55 pm

Самовили



Некои луѓе мислеле дека оваа црвена и сина светлина што се појавува на големи височини е вселенски брод. Но, откако феноменот бил „фатен“ на камера во 1989 година, научниците докажале дека самовилите се „далечни роднини“ на молњите.
avatar
Teo

Број на мислења : 3180
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: MISTERIOZNO

Пишување by Teo on Вто Дек 13, 2016 7:56 pm

Црвена плима



Црвената плима настанува поради големиот број мали црвени алги што се наоѓаат блиску до водната површина. Црвената плима е опасна за морските суштества, бидејќи количината на кислород во водата се намалува, а количината на водород сулфид и амонијак се зголемува. Многу научници ја поврзуваат црвената плима со првата чума во Египет кога реката Нил станала црвена како крв и ги убила сите риби.
avatar
Teo

Број на мислења : 3180
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: MISTERIOZNO

Пишување by Teo on Вто Дек 13, 2016 7:56 pm

Сеништето од Брокен



Доколку отидете на планина и го тргнете погледот од сонцето, понекогаш ќе можете да видите сенка од џин опкружена со ореол во боите на виножитото. Тоа е всушност сенката на самиот набљудувач што се одразува во маглата. Ситните капки ја кршат светлината и на тој начин се формира ореол околу сенката. Овој феномен најчесто се случува на планината Брокен во Германија. Порано, луѓето мислеле дека тоа е дело на вештерките кои се појавувале на Валпургиската ноќ.
avatar
Teo

Број на мислења : 3180
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: MISTERIOZNO

Пишување by Teo on Вто Дек 13, 2016 7:57 pm

Огнените топки на Нага



Реката Меконг во Тајланд понекогаш еруптира со црвено-виолетови огнени топки кои се издигнуваат до 15 метри над водата и потоа исчезнуваат. Ова обично се случува во октомври. Постои дури и фестивал посветен на овој феномен. Научниците сметаат дека станува збор за експлозија од гасови што излегува на површината од реката, а локалните жители веруваат дека топките ги испраќа Нага, суштество кое живее во реката и е полу-змија, полу-човек.
avatar
Teo

Број на мислења : 3180
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: MISTERIOZNO

Пишување by Teo on Вто Дек 13, 2016 7:58 pm

Долината на птиците што паѓаат



Во долината Јатинга во Индија, птиците веќе со векови се однесуваат многу чудно. Имено, тие летаат многу ниско во кругови и некои од нив паѓаат на земјата во полусвесна состојба. Птиците обично се ориентираат со помош на сонцето и магнетското поле на Земјата. Причината за нивното чудно однесување можеби лежи во некои геофизички аномалии.
avatar
Teo

Број на мислења : 3180
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: MISTERIOZNO

Пишување by Teo on Вто Дек 13, 2016 7:59 pm

Аномалијата на Балтичко Море



На дното на Балтичко Море бил пронајден чуден предмет што личел на НЛО. Научниците сѐ уште немаат донесено конечен заклучок за овој феномен. Предметот е направен од базалт, така што со сигурност не станува збор за вселенски брод. Според некои теории, тој е последица од топењето на некој глечер или се работи за таен воен нацистички објект од Втората светска војна.
avatar
Teo

Број на мислења : 3180
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: MISTERIOZNO

Пишување by Teo on Вто Дек 13, 2016 7:59 pm

Бриникл – ледениот прст на смртта



Овој феномен се појавува на различни температури на замрзнување во водите во Арктикот со различен степен на соленост. Изгледа како ледено стапче што се извиткува на дното. Го замрзнува до смрт секое водно животно што ќе го допре. Бриникл за прв пат се спомнал во 1974 година, но неговото постоење било докажано дури во 2011 година. Постои само едно видео од феноменот, случајно снимено од страна на Би-Би-Си.
avatar
Teo

Број на мислења : 3180
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: MISTERIOZNO

Пишување by Teo on Вто Дек 13, 2016 8:00 pm

Ледени кругови на реки



Овие совршени кругови од мраз се формираат на реките со вртложни струи. Парче мраз започнува да се врти, ги уништува аглите на мразот што се наоѓа околу него и се создава совршен круг. Овој феномен е најчест во Скандинавија, Северна Америка, Германија, Англија и Русија.
avatar
Teo

Број на мислења : 3180
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: MISTERIOZNO

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот