Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ГРЕШКИ

Go down

ГРЕШКИ Empty ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:05

Најгрубите грешки кои мажот ги прави во врската

Секој комуницира со луѓето во неговиот живот според свој уникатен манир. Вистината е дека многу од конфликтите меѓу жените и мажите би можеле да бидат избегнати ако тие мислат на ист начин.За жал често претставниците на двата пола го доживуваат светот на малку поинаков начин. Оние често минимални разликипонекогаш стануваат причина за големи проблеми во интимните односи помеѓу мажите и жените.

Еве кои се 10-те најголеми грешки кои мажите ги прават во врските и кои можат да и ги уништат односите :
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:06

1. Не го почитува нејзиното присуство
Секоја жена има потреба од подароци, од цвеќиња, од внимание, од грижи. Таа има потреба да биде сослушана, а мислењето нејзино да биде почитувное. Не е потребно да ја претворате саканата во центар на универзумот, но сепак треба да ја терате да се чувствува сакана, почитувана и прифатена.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:06

2. Не се обидува да ја разбере
Женските емоции понекогаш се тешки за разбирање – во една минута жената може да е среќна и возбудена, а во следната да е изнервирана и лута. За мажите тоа е тешко да се разбере, бидејќи тие се повеќе логички суштества. Сепак еден заљубен маж мора да најде начин да се разбере подлабоко и да ги разгледа како палета емоциите на својата сакана. Токму тие го прават животот поинтересен и возбудлив!
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:06

3. Страв од Неа
Жените сакаат да ги контролираат своите мажи, но вистината е дека тие не почитуваат страшливците и премногу претпазливи мажи.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:06

4. За него има некој или нешто поважно од неа
Жените сакаат поклонување и комплименти. Нема жена која ќе прифати да ја игнорирате свесно. Понекогаш мажите имаат тенденција да се фокусираат во својата работа многу или се премногу обземени од свое хоби, од пријателите, од родителите и др. и забораваат да обрнат повеќе внимание на партнерот, дури и почнуваат да ја земаат здраво за готово.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:06

5. Не го почитува нејзиниот избор
Жените сакаат да имаат можност за избор и се подготвени да го бранат. Тие имаат тенденција на компромиси, но до одреден момент. Ако компромисите почнат да стануваат премногу, тие почнуваат да им тежат. Во овој момент жените имаат тенденција да се фиксираат на проблемите и дури да ги преувеличуваат. Затоа мажите треба да го поддржуваат изборот на партнерот, барем од време на време.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:07

6. Не ја оправдува нејзинота доверба
Довербата е клучна за секоја успешна врска. Ако оваа доверба е компромитирана еднаш, и за двете страни станува многу тешко таа да биде вратена. Значи, советот на сите мажи е да се обрне внимание на овој аспект од врската.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:07

7. Не прави така што таа да се чувствува небезбедно
Жените имаат потреба од заштита и од силно рамо на кое ќе можат да се спротивстават во тешките моменти во животот. Повеќето припаднички на понежниот пол би се испразниле брзо, ако треба да живеат со неодговорен маж – ризична или хазардна натура, на кого не може да се потпира.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:07

8. Премногу мисли за себе
Некои мажи се премногу обземени од мисијата да ги постигнат своите цели. Како резултат на тоа, тие често поминуваат премалку време во мисли како да се направи партнерот среќна, туку мислат за сопствената среќа. Ако ова продолжи премногу долго, жената почнува да се чувствува осамена и да смета дека партнерот и е неправеден кон неа.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:07

9. Не ги дели нејзините цели и идеали
Ако најдлабоките вредности на две лица не се совпаѓаат, тоа е перспектива за голем проблем. Кога еден маж држи многу на својот партнер, тој мора да се обиде барем да го прифати нејзиниот вредносен систем, дури и ако треба да се откаже од дел од своите сфаќања за животот. Инаку работите нема да тргнат.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:08

10. Не знае што сака од животот
Без разлика каква е реалноста, жената би стоела до него ако го сака, ако знае дека тој е свесен со себе и со она што го сака од животот. Ако тој сепак не може да ги дефинира соништата, желбите, амбициите и потребите, жената нема да може да издржи долго.

http://iportal.mk/zanimlivosti/najgrubite-greshki-koi-mazhot-gi-pravi-vo-vrskata/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:09

11 најчести грешки на мажите во сексот

Сексуалната хармонија и взаемното уживање се постигнуваат само и единствено преку ефективна комуникација. Како што вие треба да ги слушате желбите на вашиот партнер и да ги следите знаците што ги издава неговото тело, така и тој треба да го прави истото.

Понесени од возбудата, мажите често знаат да заборават да ги следат знаците на телото на својата партнерка и токму тоа е основната причина за појава на најчестите машки грешки во сексот.

Еве што најчесто грешат мажите
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:09

1. Очекуваат реалниот секс да наликува на порно филм.

Мажите не треба да очекуваат дека нивната партнерка ќе им ја исполни секоја сексуална фантазија и дека секогаш ќе изгледа совршено. Во реалноста жените не можат секогаш да имаат идеално мазна кожа, ниту пак имаат желба да ги имитираат порно ѕвездите. Исто така, мажите не треба да бидат преокупирани со големината на машкоста. Најголем дел од жените не бараат „надарени“ мажи.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:10

2. Сметаат дека се експерти на тема секс.

Гледањето на порно може да биде едукативно, но тоа понекогаш им дава погрешна претстава на мажите за сексот. Гледањето не е исто со реалноста. Некои пак се сметаат за преискусни и веднаш влегуваат во улогата на учители. Иако постојат универзални ерогени зони, секоја жена се возбудува на различни начини. Честа ситуација е мажот да се прави експерт в кревет, а жената да ги превртува очите и да глуми сексуална возбуда. Не дозволувајте вие да се најдете во таква ситуација. Подучете го и дајте му до знаење дека имате многу што да учите еден од друг.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:10

3. Секогаш ја прескокнуваат предиграта.

Жените ја обожаваат предиграта и таа многупати може да биде поинтересна од самиот сексуален однос. Тоа се две доволно силни причини поради кои мажите треба да сакаат да ја воведат предиграта како дел од стратегијата за задоволување на својата партнерка. Освен тоа, на жените им е потребно подолго време за да се подготват за пенетрација затоа што кај нив побавно се расте сексуалната возбуда, а со тоа и влажноста на вагината.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:10

4. Бараат орален секс преку притискање на главата на својата партнерка надолу.

Не постои жена која не ја мрази оваа постапка на мажите. На жените им е кристално јасно дека мажите обожаваат орален секс. Ако една жена е склона да му го пружи тоа задоволство на својот партнер, таа ќе го стори тоа и без тој да ѝ ја насочува главата надолу кон неговата „гордост“.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:10

5. Го „маркираат“ женскиот врат.

Бакнежите во областа на вратот и ушите ја поттикнуваат сексуалната возбуда. Исто така и нежните вшмукувања и љубовни грицкања. Но, црвено-сините траги кои остануваат (познати како „шливки“) се крајно непосакувани од жените. Ролките и шаловите се во мода, но ни малку не е пријатно кога треба да ги носите под принуда. Пред возбудата да започне да кулминира, опоменете го партнерот дека не сакате сите да знаат за вашата страсна ноќ.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:11

6. Не знаат што да прават со женските гради.

Мажите ги обожаваат градите, но ретко кој маж знае како правилно да ги стимулира за и неговата партнерка да чувствува задоволство. Силното гмечење, како и тегнењето и вртењето на брадавиците, не се ни најмалку пријатни. Брадавиците се многу чувствителни и треба да бидат стимулирани нежно со рака или со уста.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:11

7. Го игнорираат или пресилно го стимулираат клиторисот.

Мажите веднаш тргнуваат во потрага по фамозната Г-точка и забораваат дека клиторисот може да ѝ донесе силен оргазам на нивната партнерка. А дел од оние кои пак знаат за моќта на клиторисот, не знаат да ја употребуваат. Клиторисот е исклучително чувствителен дел од женското тело и директната силна стимулација може да биде не само непријатна, туку и болна. За да го избегнете овој проблем, насочете му ја раката кон клиторисот кога сакате поголема возбуда и покажете му колкав притисок и колкава брзина да употреби при стимулирањето.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:11

8. Забораваат на останатите делови од женското тело.

Женското тело не се состои само од гради, вагина и задник, но многу мажи го забораваат или решаваат да го игнорираат овој факт. Ако тој сака вам да ви е убаво, извесно време ќе ве бакнува и допира на останатите делови од телото, особено ако сте одлучиле да имате долга ноќ меѓу чаршафите.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:12

9. Прават паузи.

Не е ретка појава мажите да прават мали паузи во текот на сексот со цел да можат колку толку да ја одложат ејакулацијата. Жените ги мразат таквите паузи затоа што им го намалуваат нивото на возбуда.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:12

10. Постојано ја прашуваат својата партнерка дали доживеала оргазам.

Жените уживаат во сексот дури и ако не доживеат оргазам. Но, мажите се преокупирани со женскиот оргазам и ако нивната партнерка не го доживее врвното задоволство, тогаш се чувствуваат како да не направиле доволно. Постојаните прашања за тоа дали доживеале оргазам не само што ја убиваат возбудата кај жените, туку и создаваат фрустрации и напрегнатост. Освен тоа, може да доведат и до глумење на оргазам од страна на жените со цел да прекинат досадните прашања.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:12

11. Не практикуваат добра лична хигиена.

Жените обрнуваат многу внимание на хигиената, особено на интимната хигиена пред сексуален однос, па не очекуваат ништо помалку од мажите. Нема поголем непријател на либидото од лошата хигиена. Доколку се соочувате со ваков проблем, најдете дискретен начин да му ги подобрите навиките за одржување на хигиена. На пример, иницирајте заедничко туширање пред сексуалниот однос. Застанете голи под туш и повикајте го. Нема шанси да ве одбие.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Luxor Пон Дек 19 2016, 12:12

Ако вашиот партнер редовно прави некоја од посочените грешки, време е за интервенција од ваша страна. Бидете отворени и посочете му каде греши. Насочете му ја раката, потскажете му што ве возбудува и потфрлете некој совет. Доколку навистина се грижи за вас, ќе даде сè од себе да се промени.

http://www.libertas.mk/11-najchesti-greshki-na-mazhite-vo-seksot/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6592
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ГРЕШКИ Empty Re: ГРЕШКИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот