ZEN PRIKAZNI

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:38 pm


Излишен живот

Некој фармер толку остарел што веќе не можел да работи на нивите. По цел ден само седел на тремот. Син му, сѐ уште работејќи на фармата, од време на време ќе му се опулел и ќе го видел кај си седи.

„Нема аир од него,“ си мислел „ништо не работи!“ Еден ден синот толку се огорчил,што изделкал дрвен ковчег, го довлечкал до тремот и му рекол на татка си да влезе внатре.

Без збор, таткото се пикнал внатре. Откако го затворил капакот, синот го довлечкал до крајот на фармата каде имало една длабока провалија.

Како што наближувал до работ, слушнал слабо потчукнување одвнатре од капакот од ковчегот. Го отворил. Мирно лежејќи си внатре, таткото му се опулил на сина си. „Знаев дека ќе ме фрлиш во провалијава, само пред да го сториш тоа, може нешто да ти предложам?“ „Што?“ –запрашал синот. „Фрли ме во провалијава, ако сакаш,“ рекол таткото,„но зачувај го овој здрав дрвен ковчег. Може ќе им притреба на твоите деца“.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:38 pm

Напорна работа

Ученик во боречки вештини отишол кај својот учител и самоуверено му рекол: „Јас сум посветен на учење на твојот систем. Колку ќе ми треба да станам мајстор?“

Одговотот на учителот бил ноншалантен: „Десет години“. Нестрпливо, ученикот одговорил: „Но јас сакам да станам мајстор побрзо од тоа. Ќе се трудам многу напорно. Секој ден ќе вежбам. Ако треба и десет или повеќе часа дневно. Колку време ќе ми треба тогаш?“

Учителот за момент се помислил: „Дваесет години“.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:38 pm

Месечината не може да се украде

Риокан, зен – учител, живеел многу едноставно во мала колиба во подножјето на планината. Една вечер, крадец отишол во неговата колиба само за да открие дека нема што да се украде.

Риокан се вратил и го фатил. „Многу пат си поминал за да дојдеш овде“, му рекол на провалникот, „и не треба да си одиш со празни раце. Те молам, земи ги алиштава како подарок“.

Крадецот бил збунет. Ги зел алиштата и се искрадил.

Риокан седнал гол, гледајќи ја месечината. „Кутриот“ рекол замислено “би сакал да можев да му ја дадам оваа прекрасна месечина“.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:39 pm

Шолја чај

Нан –ин, јапонски учител од Меиџи периодот (1868-1912), примил во посета универзитетски професор кој сакал да го истражува зенот.

Нан-ин послужил чај. Ја наполнил шолјата на гостинот, и потоа продолжил да тура.

Професорот гледам како се прелева се додека не можел повеќе да се воздржи. „Преполна е. Не собира повеќе“.

„Исто како оваа шолја“, му одговорил Нан – ин, „ти си полн со свои сопствени мислења и спекулации. Како можам да ти го покажам зенот ако прво не ја испразниш твојата шолја?“
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:39 pm

Вратите на рајот

Воин по име Нобушиге отишол кај Хакуин и прашал: „Дали навистина има рај и пекол?“

„Кој си ти?“ прашал Хакуин. „Јас сум самурај“ одговорил воинот.

„Ти, воин“ извикал Хакуин. Каков е тој владетел што тебе те зел да го чуваш. Лицето ти е како на некој питач“. Нобушиге толку за разгневил што посегнал по катаната, но Хакуин продолжил „Значи и меч си имал. Оружјево ти е претапо за да ми ја пресече главата“

Кога Нобушиге го извлекол мечот Хакуин рекол:„Сега си на портите од пеколот“. На тие зборови самурајот, увидувајќи ја уката на учителот, го прибрал мечот и се поклонил.

„Сега си на портите од рајот“ рекол Хакуин.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:39 pm

Другата страна

Еден ден, млад будист на патот за дома стигнал до брегот на некоја широка река. Беспомошно зјапаќи во големата пречка пред него, со часови се думал како да ја најде мунасип даја помине.

Само што решил да се откаже од понатамошниот пат, видел Голем учител на другата страна од реката. Младиот будист викнал колку го држи гласот „Мудрецу, можеш ли да ми кажеш како да стасам до другата страна на рекава?“

Учителот се подумал, ја изгледал реката убаво и му одговорил со викање: „Синко, веќе си на другата страна“.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:40 pm

Време за умирање

Зен мајсторот Икио бил многу умен уште како дете. Неговиот учител имал скапоцен филџан за чај, редок антиквитет. Икио случајно го скршил овој филџан, та се сторил парампарче. Слушајќи како доаѓа учителот, ги скрил срчите од филџанот зад себе. Кога мајсторот пристигнал, Икио прашал:

„Зошто луѓето мораат да умрат?“

„Тоа е природно“ објаснил старецот, „сѐ мора да умре и дотогаш мора да живее“

Икио, покажувајќи го скршениот филџан, додал „На твојов филџан му дошло време да умре“
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:40 pm

Мислење што мрда

Двајца се расправале околу едно знаме кое се веело на ветрот.

„Ветрот е она што се движи“ тврдел едниот. „Не, знамето е она што се движи“ му одговарал вториот.

Некој зен учител случајно си врвел оттука па ја чул расправијата и ги прекинал: „ниту ветрот, ниту знамето, туку само мислењето“.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:40 pm

Ќе помине

Ученик отишол кај својот учител по медитација и рекол „Моето медитирање е за никаде. Толку сум расеан, или ме болат нозете, или цело време ми се спие. Просто за никаде!“

„Ќе помине“ му рекол учителот ладнокрвно.

По една седмица, ученикот се вратил кај учителот. „Моето медитирање е извонредно. Се чувствувам толку свесен, толку жив. Простоизвонредно.“

„Ќе помине“ му одговорил учителот ладнокрвно.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:40 pm

Висење од провалија

Еден ден дури одел низ дивина, некој човек наишол на бесен тигар. Бегал што бегал, наскоро стигнал до работ на длабока провалија. Очаен да се куртули, се изјазил на едeн лилјан и останал да виси над страшниот понор.

Како што висел, се појавиле два глувци од една дупче во карпата и почнале да го гризат лилјанот.

Одеднаш, забележал на лилјанот сочна дива јаготка. Ја скинал и ја ставил в уста. Била неверојатно вкусна.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:41 pm

Калливиот пат

Еден ден Танзен и Екидо патувале заедно по каллив пат. Цело време врнело силен дожд. Свртувајќи зад свијокот, тие сретнале една убава девојка во свилено кимоно со појас, која не можела да помине на другата страна од патот.

„Ајде девојко“, ѝ рекол Танзен не размислувајќи ни секунда.

Кревајќи ја на раце, тој ја пренел преку калта. Екидо веќе не проговорел ни збор, сè додека доцна таа вечер не стигнале во храмот во кој требале да ноќеваат. А потоа веќе не можел да се воздржува.

“Ние, монасите, не им приоѓаме на жените”, забележал тој, “Посебно ако се млади и убави. Тоа е опасно. Зошто го направи тоа?“

“Јас девојката ја оставив таму”, рекол Танзен смирено. “Зар ти сè уште ја носиш со себе?”
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:41 pm

Вистинска благосостојба

Некој богаташ го замолил Сенгај да напише нешто што би донело трајна благосостојба за неговото семејство, што ќе се пренесува од колено на колено. Сенгал зел голем лист хартија и напишал: „Умира таткото, умира синот, умира внукот“.

Богаташот се налутил, викајќи: „Те замолив да напишеш нешто што ќе го усреќи моето семејство! Зошто се шегуваш со мене?“

„Не се работи за шега“, објаснил Сенгај. „Ако пред тебе умре твојот син, ти би бил многу тажен. Ако пред твојот син умре твојот внук, тоа би ви ги скршило срцата и на двајцата. Ако твоето семејство со генерации заминува по дадениот редослед, тоа ќе биде природен тек на животот. Тоа е за мене вистинска благосостојба“
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:43 pm

25 зен совети кои ќе ви помогнат да пронајдете внатрешен мир

1. Најтешко е да му се одолее на искушението пред самата победа.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:43 pm

2. Целта во животот е да се умре млад што е можно подоцна.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:43 pm

3. Не зборувајте доколку немате да понудите ништо подобро од тишината.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:43 pm

4. Патувањето од илјадници километри започнува со само еден чекор.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:43 pm

5. Силниот човек надминува една пречка, мудриот човек оди до крајот.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:43 pm

6. Не плашете се од бавното одење. Плашете се од запирањето.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:44 pm

7. За глупавиот човек, дури и среќата е глупава.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:44 pm

8. Ако се сопнете и паднете, тоа не значи дека сте го одбрале погрешниот пат.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:44 pm

9. Колиба полна смеа е побогата од палата полна тага.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:44 pm

10. Секогаш гледајте на посветлата страна на работите. Доколку не можете да го разберете ова, чистете го она што станало темно додека не заблеска.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:44 pm

11. Што и да се случи, ќе се случи на време.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:45 pm

12. Оној кој ги истакнува вашите мани, не мора да значи дека ви е непријател. Оној кој зборува за вашите доблести, не мора да значи дека ви е пријател.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by luxor on Вто Дек 20, 2016 9:45 pm

13. Не плашете се доколку не знаете нешто. Плашете се доколку не научите ништо.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ZEN PRIKAZNI

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот