ОТВОРЕНО ПИСМО

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ОТВОРЕНО ПИСМО

Пишување by osa on Пет Јан 06, 2017 10:51 pm


6.01.17 21:06
Прочитано : 16


Ве нарекуваат курири. Со игра на големи и мали букви, ви даваат и други својства. Ве повикуваат на одговорност и мавтаат со стандарди и етика пред вашиот нос, но вие продолжувате со својата валкана, дил-ориентед, работа. Но, грешат. Не сте вие курири. Вие сте лигуши!

dzabir derala

Прво сакав да ви се обратам како на магариња, затоа тоа што се употребуваат и во пејоративна смисла на зборот, за да означат тапоглави суштества кои теглат товар за некого. Сепак, магарињата се добри животни, издржливи и силни, нешто што вие не сте. Затоа, решив да употребам многу посоодветен израз – лигуши.

Ме снимате и фотографирате на сред улица, среде бел ден, во разговор со луѓе, а тоа божем скришум го правите, па со помпа го објавувате по вашите штали кои ги нарекувате медиуми. Како можете некого да снимате скришум, а тој да не се крие? Што ве плаши толку? Та јас гледам во камера и говорам без страв. Аха, па тоа и ви е проблемот. Вие гледате в земи и говорите тоа што ви диктираат во тиквите.

Сте ја известиле ли јавноста дека никогаш не сте ме побарале за изјава или информација? Мојот мобилен телефон е подостапен и од бројот на брза помош. Но, вие, лигуши, никогаш не сте ме побарале, бидејќи не ве интересира професијата новинарство. Едноставно, тоа не е функција на лигушите. Ваша задача е да се лигавите пред газдата и да сеете лаги и зло околу нив, да изградите слика за нив како за недопирливи и неприкосновени, за никој да не може да ги повика на одговорност за арамилакот.

Измислувате лаги и си играте со бројки и суми. На леток кој вашите газди го отпечатиле во стотици илјади примероци за потребите на нивната црна кампања, сте напишале дека ЦИВИЛ, организацијата која ја претставувам, примила 33.000 долари, за две недели подоцна да ја вратите старата приказна дека од Сорос сме примиле половина милион евра. Дај одлучете се за која лага ќе се држите!
Уште на почетокот на вашата црна кампања против нас, ви напишавме дека тие 33.000 долари и сите останати средства се од други донатори. Да, тоа се истите донатори од кои и вашите газди, узурпаторите, во името на граѓанките и граѓаните на Македонија, примаат милионски суми за уредување на плоштади, училишта, болници, инфраструктура, па ги прикажуваат како да се нивни „дела“.

Ве тужиме за лагите, навредите и клеветите, но го користите „чадорот“ кој вашите газди го имаат отворено над судството и регулаторите, па продолжувате.

Пишувате и зборувате сенешто за мене. Еден од вас објави скен од мојата лична карта со приватните податоци на неа… Ми се заканувате по животот мој и на моето семејство, повикувате на линч, на „посети“ од по 200-300 луѓе пред мојата врата, истурате валкани навреди и клевети секој втор ден. И сето тоа преку медиумите, јавно, без срам. Како да немате некој близок кој ќе се засрами од вас.

За приватните пораки што ги добивам, за кои во голем дел сте заслужни токму вие, лигуши, не сакам ни да говорам. Тоа се, колку неписмени, толку и монструозни пораки, со кои треба да се занимаваат само профили од типот полиција и обвинителство, но и психијатари.

Ги лажете сите, па можеби и себе си. Да не заборавам. Иако можеби изгледа како најмалку важно, мене не ми е – неписмени ви се текстовите и прилозите. Барем да излезевте со добро спакувана содржина! Бадијала им ги трошите парите на газдите кои, пак, толку ревносно крадат од народот. Си скокате в уста цело време. Или мислите дека луѓето се глупави. Тоа ли ве учат газдите? Дека луѓето се глупави и дека не помнат? Дека вие сте повластени и дека треба само да се натпреварувате во лигавење?

Колку чизми излижавте до сега? Колку марки излижавте за писма кои зацрнија безброј семејства?

Деновиве, ве гледам, збунети сте. И вашите газди се збунети. Поточно, вашите газди се во агонија. Чадорот кој вашите газди го поставија над судството и државата се кине под поројот од револт. Тоа се достоинствените и слободољубиви граѓанки и граѓани кои решија да го прекинат молкот. Се искина чадорот на газдите ваши, од дождот бомби на опозицијата. Па во таа агонија можат да планираат само од ден за ден. Дури ни вечерата не можат да ја дочекаат онака како што појадувале, бидејќи нивната ситуација се влошува од час во час. Го знаете тоа? А, лигуши?!

Во моментов, добар дел газдите ви се под оставка. Некои од нив си заминаа од земјава, а некои пакуваат куфери. Да се надеваме дека оваа година ќе профункционираат институциите на правдата, барем малку да бидат налик на СЈО, па ќе видиме дел од нив и в затвор. А вие?

Вие ќе останете со исплазени јазици, божем збунети, ќе пелтечите дека не сте знаеле… Но, нема да заборавите да се пофалите колку сте добри во лигавење и лижење чизми. Повеќето од вас сте толку безлични што лесно ќе се претопите во масата. И кога ќе почне „ловот на лигуши“ ќе почнете да цвилите и да молите за милост. Не грижете се, јас и моите другарки и другари ќе останеме доследни и ќе бараме да се почитуваат и вашите човекови права и слободи – нешто што вие ниту знаете, ниту сакате да знаете што е. Лигуши!

Џабир Дерала

(Колумната е преземена од Плусинфо)




_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОТВОРЕНО ПИСМО

Пишување by трендафил on Саб Јан 07, 2017 11:21 pm

Што да кажам. Од еден странски платеник што работи против својата земја и кој е на крај од своето слугување затоа што работите во САД ќе се сменат па нема повеќе да им требаат луѓе од сојот на вашиот Џабир Дерала и не очекувам повисоко интелектуално ниво од овој памфлет полн со говор на омраза. Можеше да се збогува и на поцивилизиран начин.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОТВОРЕНО ПИСМО

Пишување by defo on Вто Јан 10, 2017 5:07 pm

Трендо мирен, кај виде говор на омраза во погорново писмо.......друго, додка ловите вештерки, пуштете малце инспекции во невладините организации финансирани од буџетото на Р.М. Пример направете финасиска инспекција во СМК, на Тодор Петров.

defo

Број на мислења : 1926
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОТВОРЕНО ПИСМО

Пишување by трендафил on Вто Јан 10, 2017 11:01 pm

Ако лигуш, „ кога ќе почне „ловот на лигуши“ ќе почнете да цвилите и да молите за милост “ на пример,  не е дел од говорот на омраза, тогаш не знам што е. Или ако штала за редакција на медиум е за тебе нормален збор нека ти е алал.
Во приказната на според тебе веројатно великанот Џабир Дерала, о,а и ноторни лаги. Никој од партијата што победува во последната деценија вклучувајќи ги тука и последните избори не се  случило да не се појави на судење или истрага поради тоа што се наоѓа во странство ики има разговор во некоја странска (италијанска на пример) амбасада. Не може повеќе десетици илјади граѓани што ги има прислушувано Верушевски со својата екипа или некоја странска служба му ги дала разговорите да биде со години со ограничено движење само затоа што така мисли Џабир. И Заев е обвинет по повеќе основи, па во празничниве денови е во странство. Додека во Струмица која е повеќекратно помала од Скопје има скоро ист број на тешки скршеници кои имаат завршено со операции. Успешни и покрај тоа што Џабир во други написи тврди дека македонското здравство е катастрофално и дека ако Заев дојде на власт нема да има болести и умирања во Македонија, Доколку остане ова име ако вашите, твои и на Џабир, дојдат на власт.
Дали ти и Џабир сметате дека се лигуши и Бранко Геровски, Тричковски, Блажевска или овој збор полн со љубов, нели, е резервиран само за новинарите на кои според резултатите од изборите им верува мнозинството граѓани на нашата татковина.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОТВОРЕНО ПИСМО

Пишување by defo on Чет Јан 12, 2017 8:12 pm

Не јас сметам дека си ти лигуш, увлечен во анусот на ДПМНЕ, кој ради својата работна неспособност подржува криминал од највисок вид. Или пак не сфаќаш, дека Грујо си купува време за со авиончето на Самсоненко да ги однесе парите..негде.....а ти ке си ја тупиш главата како да преживееш од први до први....

defo

Број на мислења : 1926
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОТВОРЕНО ПИСМО

Пишување by osa on Чет Јан 12, 2017 11:57 pm

трендафил напиша:Што да кажам. Од еден странски платеник што работи против својата земја и кој е на крај од своето слугување затоа што работите во САД ќе се сменат па нема повеќе да им требаат луѓе од сојот на вашиот Џабир Дерала и не очекувам повисоко интелектуално ниво од овој памфлет полн со говор на омраза. Можеше да се збогува и на поцивилизиран начин.

stvarno veruvash deka Tramp znae deka postoi bivshata jugoslovenska republika Makedonija ????? ama onaka iskreno da mi odgovorish ...veruvash vo vakva prikazna deka novata amerikanska ispostava neshto ke mrdne so prst za nas ...ne zezaj ,valda ne si DO TOLKU GLUP ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОТВОРЕНО ПИСМО

Пишување by трендафил on Пет Јан 13, 2017 9:55 pm

Бидете сигурни дека Трамп ќе ги истражи сите злосторства на Џорџ Сорос. Не гледам зошто Македонија би била исклучок, Сигурно е дека не очекувам дека Трамп ќе му прави нешто на вашиот Џабир, но сигурно е дека нема да се буни кога него или било кој друг криминалец од тој тип ќе го зграпчи македонска рака. Ајде потсети се кога последен пат е виден или слушнат вашиот омилен Американец, човекот што се претставува како амбасадор по име Бејли.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОТВОРЕНО ПИСМО

Пишување by luxor on Вто Јан 24, 2017 9:21 am

Гладна кокошка просо сонува. Нашиот народ рекол "гавран гаврану очи не вади".
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОТВОРЕНО ПИСМО

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот