Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

КОЛУМНА

2 posters

Go down

КОЛУМНА Empty КОЛУМНА

Пишување by osa Пет Јан 06 2017, 23:05

ova e jako ..prochitajte ....

пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

goran-mihajlovski[1]

Федерализацијата видовме како функционира со 25 сантиметри снег што ја отсече цела источна Македонија. Оти „Македонија пат“ е на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ нема ништо со тоа. И не смее да праша дали „Македонија пат“ има намера да го исчисти снегот“, оти „Македонија пат“ е на ДУИ. И не прашува зошто „Македонија пат“ дала милион и пол евра од нашите пари на три фирми од Тетово, Зајас и Демир Хисар да чистат снег, а не го исчистиле, оти „Македонија пат“ е на ДУИ.

Е тоа е федерализацијата што ја направија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кога ги грабнаа институциите и си ги третираа како сопствени дуќани. Ова министерство е на ДУИ и не ме интересира ни што тендери спроведува, ни кого вработува… Твое министерство – твоја држава. Твое јавно претпријатие – твој кантон.

И кантоните си склучувале договори за вршење услуги. Ама договорите не биле за давање услуги на граѓаните. Туку за меѓусебно вршење услуги.

И кога власта ќе си ги подели нашите пари за услуги меѓу себе, нема да остане услуга за нас. Па следниот пат кога некоја Комисија со помпезно измислено име од типот „Комисија за справување со студен бран“, ќе ви каже да не излегувате од дома без потреба, сфатете ја сериозно. И не излегувајте од дома. Оти секое излегување од дома е на сопствена одговорност и ризик. Затоа што власта има капацитет да смисли помпезно име на Комисија. Ама не и да се справи со 20 сантиметри снег во јануари, плус три дена најавуван однапред. Па така и тие 20 сантиметри снег стануваат катастрофа од епски размери. И така на телевизија ќе ти кажуваат дека било нормално на секои 10 години да има толку снег и толку ниски температури. И дека така е насекаде во светот. Само што, кај на сѐ е уште пострашно. Таму барем Сорос не сака да им ги уништи државите.

Ова е исто како со водната бомба што се урна во Стајковци еднаш на илјада години. И со советите „Не луфтирајте“ како главна мерка против загадениот воздух.

Кај и да ѐ, ќе дојде лето, па ќе се формира Комисија за справување со топлиот бран. Која ќе препорача да не се излегува од дома без поголема потреба.

А да дефинираше државата што е тоа поголема потреба? Да се формира Комисија за дефинирање големи и мали потреби. Да знаеме што за државата е прифатлива, а што неприфатлива потреба за излегување од дома. Па ако треба и казни да се воведат за тие што излегуваат без поголема потреба.

Туку, што правиме ако студениот бран или топлотниот бран нѐ најде надвор од дома? Сигурно некој од тие завеаните на автопатот Скопје – Велес имал потреба да се врати дома. Како би ви звучело предупредувањето: „Не се враќај дома без потреба?“ Оти не знаеш што ќе начекаш.

Среќа што СДСМ е на власт само во две и пол општини. Па само во Куманово и во Струмица и во делови на Центар што не припаѓаат на Скопје 2014 има сиромаштија, луѓето се гушат од загаден воздух, и владее хаос оти снегот не и исчистен од улиците. Сигурно и силуваат по улици, ама екипите на „ТВ куририте“ уште немаат фатено никого во живо, па не објавуваат непотврдени информации.

Среќа што поголемиот дел од Македонија не е под власт на СДСМ. Па луѓето таму живеат во благосостојба, мир и спокојство и дишат чист воздух.

Целата колумна прочитајте ја на СДК на следниот линк
http://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/soros-i-katitsa/

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

КОЛУМНА Empty Re: КОЛУМНА

Пишување by osa Пон Мар 20 2017, 15:21

Ни­ко­гаш
Дамјан Манчевски ● во 12:45 20 март 2017 ●

Ни­ко­гаш
Ка­ко што и на­ја­вив во мо­ја­та по­след­на ко­лумна, ми тре­ба­ше мал­ку вре­ме без пи­шу­вање, што би се рек­ло да сме­нам ба­те­рии. Искре­но се на­де­вав де­ка прва­та ко­лум­на по­сле па­у­за­та ќе би­де на дру­ги теми. Де­ка ќе збо­ру­вам за први­те про­ек­ти на но­ва­та влада. Де­ка ќе ги ана­ли­зи­ра­ме ре­зул­та­ти­те од уки­ну­ва­ње­то на ек­стер­но­то тес­ти­рање, уки­ну­ва­ње­то на тро­шо­ци­те за бол­нич­ко ле­ку­вање, на­ма­лу­ва­ње­то на каз­ните, зго­ле­му­ва­ње­то на ми­ни­мал­на­та плата, по­че­то­кот на први­те ин­фрас­трук­тур­ни про­екти, итн. Де­ка ќе де­ба­ти­ра­ме за нај­до­бри­от и наб­р­зи­от на­чин да го вра­ти­ме вла­де­е­ње­то на пра­во­то во си­те де­ло­ви од жи­во­тот, по­сле ди­ве­е­ње­то на Ни­ко­ла Гру­ев­ски, Ми­јал­ков и нив­на­та банда. Се она што им го ве­тив­ме на гра­ѓа­ни­те пред из­бо­рите.

За­лож­ни­ци на Гру­ев­ски

За жал, де­нес во Ма­ке­до­ни­ја се збо­ру­ва за дру­ги нешта. Не се збо­ру­ва ка­ко да ги зго­ле­ми­ме пла­ти­те на гра­ѓа­ните. Не се збо­ру­ва за од­го­вор­ност на оние кои ги прек­рши­ле за­ко­ните. Не се збо­ру­ва за но­ви ра­бот­ни места. Се зас­тана. Се збо­ру­ва за ра­бо­ти кои не­маа и не­ма­ат ни­как­ва врска со раз­ре­шу­ва­ње на кри­за­та во ко­ја за­пад­нав­ме во 2015 го­ди­на по­сле обе­ло­де­ну­ва­ње­то на кри­ми­на­ли­те на влас­та пре­ку „бом­бите“, од­нос­но Вис­ти­на­та за Ма­ке­до­нија. Се збо­ру­ва за ет­нич­ки пра­шања, за фе­де­ра­ли­за­ции, за ам­бле­ми на уни­форми, се из­мис­лу­ва­ат казни, дво­ја­зич­ни пари... Се збо­руг­ва за ра­бо­ти кои ги има единстве­но во гла­ва­та на Ни­ко­ла Гру­ев­ски и на ни­ед­но дру­го место. Непостоеч­ки се. Се чув­ству­вам ка­ко да сме се вра­ти­ле на­зад ед­но два­е­сет го­дини. И се тоа ни се слу­чу­ва са­мо и единстве­но за­ра­ди еден чо­век, Ни­ко­ла Гру­ев­ски.

За­ра­ди Ни­ко­ла Гру­ев­ски, Ма­ке­до­ни­ја ста­на по­след­на­та дуп­ка во Ев­ропа. По­ра­ди не­го­во­то вла­де­е­ње во по­след­ни­от из­веш­та на ЕУ, Ма­ке­до­ни­ја е на­ре­че­на за­ро­бе­на држава. По­ра­ди не­го се­га си­те гра­ѓа­ни на Ма­ке­до­ни­ја за­ед­но се за­лож­ни­ци на не­го­ви­от страв да се со­о­чи со за­ко­нот. Са­ми­от тој страв да се из­ле­зе пред су­дот и да се со­о­чи со прав­дата, до­вол­но го­во­ри кол­ку Ни­ко­ла Гру­ев­ски е не­вин. Да бе­ше на­вис­ти­на не­вин, ни­ко­гаш не­ма­ше да му прет­ста­ву­ва проб­лем про­дол­жу­ва­ње­то на ман­да­тот на СЈО и нон­ша­лат­но ќе се про­ше­та­ше низ суд­ски­те про­цеси. Ме­ѓу­тоа, тој са­ми­от нај­доб­ро знае де­ка не е така. Тој са­ми­от нај­доб­ро знае што се нап­ра­вил. Го­ле­ми­на­та и те­жи­на­та на не­го­ви­те зло­де­ла де­нес се нај­го­ле­ми­от проб­лем на Ма­ке­до­нија. Тие не­го го при­тис­каат, се­кој ден, се­ко­ја ноќ. Ве­ро­јат­но жи­во­тот му е кош­мар. И за­тоа е под­гот­вен на се, са­мо за да се спаси.

Омра­за­та – нај­го­ле­мо зло­де­ло

Под­гот­вен е на војна, на су­дири, на бло­ка­ди на инс­ти­ту­ци­ите. Зем­јо­дел­ци­те не мо­жат да ги зе­мат сво­и­те суб­венции по­ра­ди него. Ќе поч­нат и друг тип бло­ка­ди за гра­ѓа­ните. Но, она што е нај­страш­ното, нај­го­ле­мо­то зло­де­ло на Ни­ко­ла Гру­ев­ски е ом­ра­за­та ко­ја што ја сее по­ме­ѓу гра­ѓа­ните. Тоа го пра­ви на две ни­воа. Ед­но­то е она за не­го стан­дар­д­ното, ши­ре­ње­то ме­ѓу­ет­нич­ка ом­раза. Ја упот­ре­бу­ва таа карта се­ко­гаш во из­бор­ни цели, а се­га и во мо­мен­ти на очај ко­га са­ка да се спаси. Вто­ро­то ни­во не е ново, но при­ми го­ле­ми раз­мери. Тоа е ом­ра­за­та ко­ја ја по­сеа внат­ре во ма­ке­дон­ска­та ет­нич­ка за­ед­ница. Ни­ко­ла Гру­ев­ски вне­се нај­го­лем раз­дор по­ме­ѓу Ма­ке­донците. Ги по­де­ли ка­ко ни­кој друг до сега. Во сле­пи­ло­то на жел­ба­та да се спа­си од од­го­вор­нос­та за зло­де­лата, тој си­те оние кои не гла­са­ле за не­го ги на­ре­ку­ва пре­дав­ници. Тоа се око­лу 700.000 гра­ѓани, од кои око­лу 500.000 се ет­нич­ки Ма­ке­донци. И уш­те пре­тен­ди­ра пов­тор­но да ја во­дел држа­вата. Во­дач на држа­ва се оче­ку­ва да ги обе­ди­ну­ва гра­ѓа­ните, а не да ги дели. Опас­на е иг­ра­та на Ни­ко­ла Гру­ев­ски. Ама си­гу­рен сум во ед­на ра­бота. Од 2015 го­ди­на па на­ваму, се што ре­че по­рекна. Се што пла­ни­раше, не му ус­пеа. Се што ве­ту­ваше, из­лажа. Та­ка и оваа ра­бо­та не­ма да му по­мине.

Се­га на­вод­но ба­ра но­ви пар­ла­мен­тар­ни из­бори. Ама, во ис­то вре­ме се пог­ри­жи да не­ма ре­чи­си ни­как­ва шан­са ло­кал­ни­те из­бо­ри да се од­ржат оваа про­лет. ДПМ­НЕ ни­ту неш­то мно­гу се бу­не­ше за про­пуш­та­ње­то на ро­кот за рас­пи­шу­ва­ње на из­бо­рите, ни­ту пак се­га ба­ра­ат тие да би­дат рас­пи­шани. Пар­ти­ја ко­ја на­вод­но тол­ку мно­гу са­ка из­бори, не се од­не­су­ва така. Стра­вот од но­ви со­о­чу­ва­ње со гра­ѓа­ни­те е го­лем. Каз­на­та од гра­ѓа­ни­те мо­же да би­де уш­те по­го­лема.

Непот­реб­ни по­тер­ници

Де­но­ви­ве ДПМ­НЕ ги до­би ре­зул­та­ти­те од нив­ни­те ан­ке­ти кои по­ка­жу­ва­ат де­ка ни­ва­та гнас­на и вал­ка­на кам­па­ња про­тив сите, бук­вал­но про­тив це­ли­от свет, до­пи­ра са­мо до нив­ни­те под­држу­вачи. И за­тоа го ме­ну­ва­ат сце­на­ри­ото. Ре­ал­но не се бо­рат за из­бори. Ре­ла­но се бо­рат да би­дат дел од власта. Са­ка­ат во Влада, па ду­ри и ако е тоа во ши­ро­ка ко­а­ли­ција. Мис­лат де­ка тоа ќе ги спаси. Се ла­жат.

За да се дој­де во си­ту­а­ци­ја за Вла­да на ши­ро­ка ко­а­ли­ција, прет­ход­но тре­ба да има пре­го­вори. Но, се по­ста­ву­ва пра­ша­њето, зош­то би има­ло пре­го­вори. Ко­ја би би­ла крај­на­та цел да тие пре­го­вори? Сло­бо­да за Ни­ко­ла Гру­ев­ски? Но­ва або­ли­ција? Што е тоа што ДПМ­НЕ би го ста­ви­ле на ма­са за пре­го­ва­рање? Од­го­вор нема. За­тоа што не­воз­мож­но е да се пре­го­ва­ра за ос­нов­ни де­мок­рат­ски принципи, спо­ред кои мно­зинство­то во Соб­ра­ни­е­то ја фор­ми­ра Вла­дата. Не­воз­мож­но е да се пре­го­ва­ра да­ли да има или да не­ма од­го­вор­ност за из­врше­ни­те кри­ми­нал­ни де­ла од Ни­ко­ла Гру­ев­ски и не­го­ва­та банда. Та­ка што не­ма ниш­то од жел­ба­та на Ни­ко­ла Гру­ев­ски пов­тор­но да би­де дел од Вла­дата.

И на кра­јот ед­на лич­на по­ра­ка до него. Де­но­ви­ве ме­не и не­кол­ку мои ко­ле­ги од опо­зи­ци­ја­та не ле­пи на по­тер­ни­ци де­ка сме би­ле пре­дав­ници. Са­кам да му по­ра­чам де­ка не­ма пот­ре­ба од по­тер­ница. Ни­ка­де не се кри­јам, за раз­ли­ка од не­го­ви­те дру­га­ри и со­пар­тијци. А и пре­дав­ник не сум, заш­то ни­ко­гаш не­ма да се пре­да­дам се до­де­ка не го ви­дам да од­го­ва­ра за си­те зло­де­ла кои му ги нап­рави, и се уш­те ги прави, на сво­јот на­род. Ни­ко­гаш.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

КОЛУМНА Empty Re: КОЛУМНА

Пишување by Bosonoga Сре Мар 22 2017, 19:59

sto im pisuvaat koga se nepismeni mameto im nivno glupo ,neznaat da citaat
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 980
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

КОЛУМНА Empty Re: КОЛУМНА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот