АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by osa on Саб Јан 07, 2017 2:35 pm

Ова е оргин ален наслов но за друго "четиво"....ЕВЕ ГО НАШЕТО видоИЗМЕНЕТО ЧЕТИВО ...

ДУИ ја усвои заедничката платформа на албанските парламентарни партии

07.01.2017 | 13:55МакедонијаПрочитано: 5442
Целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот, економска рамноправност, зајакнување на владеењето на правото како предуслов за напредокот на евроатлантскиот интегративен процес, добри меѓуетнички односи суштински за политичка стабилност, решавање на спорот со името, брза интеграција во НАТО и во Европската унија.

Ова се седумте точки на кои се темели заедничката платформа на албанските партии. Овие точки ќе се разгледуваат на тркалезна маса на која ќе се усогласи политичкото делување под надзор на меѓународниот фактор.





_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by osa on Саб Јан 07, 2017 2:41 pm

ЕВЕ И ОД ДРУГ ИЗВОР НА ИНФОРМАЦИИ...


Заедничка изјава на Албанските политички партии во Република Македонија

Ние, претставниците на албанските политички партии во Македонија: “Демократската Унија за Интеграција, ”Коалицијата Преродба со БЕСА” и ”Алијансата за Албанците”;

Почитувајќи ја слободната и демократска волја на албанските гласачи изразена на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, на 11 декември;

Во духот на Охридскиот Договор, на консензуалната демократија и потребата за исполнување на нормативните обврски кои произлегуваат од уставните измени;

Реафирмирајќи ги заедничките програмски и стратешки определби на албанците и сите граѓани на Република Македонија;

Посветени за просперитет и долгорочна стабилност на Македонија;

Предводени од заедничката посветеност за мир, стабилност, безбедност, меѓуетнички соживот, во духот на еднаквоста и достоинството, во согласност со европските и меѓународните конвенции, верска хармонија и соработка во земјата и регионот;

Определени, без друга алтернатива, за интеграција во НАТО и во Европската Унија;

Се согласуваме за взаемна поддршка на заедничката политичка агенда која предвидува реализација на следните цели, во идниот владин мандат и/или во секој понатамошен мандат;

Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот

Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде албанците се сметаат како државотворна нација, Поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население.

Постигнување на целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека “македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.

Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.

Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956.

Постигнување на економска рамноправност и на општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој

Создавање на нов механизам, во форма на една Државна Комисија за Финансирање на Општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.

Создавање на едно Министерство за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.

· Остварување на правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.

· Остварување на правична застапеност во сите нивоа на централната власт како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.

ЗајЗакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евро-атлантскиот интегративен процес

Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската Комисија како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.

Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот Обвинител, без етнички и политички предрасуди.

· Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

СССоздавање на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата

Преземање на афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво.

· Создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и предавачи.

Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право

Усвојување Заедничка и Обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.

Вклучување на албанците во работната група за директни преговори со Грција.

Добри односи со соседите

Вклучување на албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.

· Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.

· Отворање на нови гранични премини.

Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија

Исполнувањето на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија.

Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку организирање Тркалезна маса на Албанските Парламентарни Партии.

Тркалезната маса на Албанските Парламентарни Партии ќе се одвива во согласност со принципот на ротација и ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентна комуникација со меѓународните партнери на Македонија, особено барајќи ја поддршката на Европската Унија и меѓународните институции.

Тркалезната маса ќе ги определи роковите за спроведување на горенаведените цели, во согласност со законите и Уставот на Република Македонија.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by osa on Саб Јан 07, 2017 2:51 pm

Наздравје ....и сега што праиме бре трендафиле ,ке признаешли барем кој прв почна да ја ФЕДЕРАЛИЗИРА државата ...ке признаешли конечно дека тоа е тој  твој пастир кој сега им го ЛИЖЕ на албанците само за да неоди на робија ....он ја почна федерализацијата ,и сега само ке ја доврши и ОЗАКОНИ според устав и закон ...жими такваата

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by osa on Саб Јан 07, 2017 2:55 pm

убаво пишал еден на интернет Џоле да го фрли МАНДАТОТ на водици и кој ке го фати тој да прави влада .....( и ова ти било држава????!!! ,глеј што напраивте бре дпмнеовци ,најголеми патриоти )

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by osa on Саб Јан 07, 2017 3:34 pm

ete gledate bre .....neli BESA nema da sedne na ista masa so ALI ...HE HE HE PAK VE PREJDOA ....bravo za shiptarite ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by Kalinda on Саб Јан 07, 2017 3:43 pm

А што има лошо
во барањата на Албанците ?
Кога би можела да одлучувам,
јас би го прифатила
овој предлог .
avatar
Kalinda

Број на мислења : 436
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by трендафил on Саб Јан 07, 2017 4:37 pm

Гледам дека Албанците препишале дел од предизборната програма на СДСМ Но тешко е дека нешто од тоа е остварливо затоа што за промена на Уставот се потребни најмалку 81 глас, а тоа не може да се оствари. Не се очекува ниту дека Трамп ќе продолжи со идиотскиот притисок врз Македонија што го имавме од администрацијата на Обама. Гледам еден дел од Албанците сака прекршување на Рамковната спогодба и на Пржинскиот договор, на штета на македонските интереси. Едно од решенијата е и обединување на македонците кон заедничкиот непријател. Со времено замрзнување на меѓусебната нетрпеливост. Што би рекле влада на ВМРО, СДСМ и евентуално ДПА која не е потписник на платформата.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by osa on Саб Јан 07, 2017 7:09 pm

трендафил напиша:Гледам дека Албанците препишале дел од предизборната програма на СДСМ Но тешко е дека нешто од тоа е остварливо затоа што за промена на Уставот се потребни најмалку 81 глас, а тоа не може да се оствари. Не се очекува ниту дека Трамп ќе продолжи со идиотскиот притисок врз Македонија што го имавме од администрацијата на Обама. Гледам еден дел од Албанците сака прекршување на Рамковната спогодба и на Пржинскиот договор, на штета на македонските интереси. Едно од решенијата е и обединување на македонците кон заедничкиот непријател. Со времено замрзнување на меѓусебната нетрпеливост. Што би рекле влада на ВМРО, СДСМ и евентуално ДПА која не е потписник на платформата.

ova se vika : napisha trendafilcho i ostana ziv .....sega vi tekna za drzavata ..ne me zezaj ....a pravdata i pravoto ...a apsaana za lopovite .....a ukradenoto da se vrati ...aaaaa ...ne zezaj ...DA SE ZAMRZNELA megusebnata netrpelivost ....he he ...a milijardite ke si gi podelime so narodot makedonski shto ja poddrzuva opozicijata na chelo so SDSM?????????????????????????????...pa shto ubavo si napishal :eden del od albancite saka prekrshuvanje na ramkovniot ?! a koj im veti ? gujo im veti i toa se dodeka plukashe kako Zaev saka federalizacija i kantonizacija ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by PRVOBOREC on Саб Јан 07, 2017 8:25 pm

Честит Божиќ. Се роди спасителот.

И тоа не еден туку двајца. Епитетот го заслужува никој друг туку Аљи алиас Аца. Кој уште еднаш брилијантно одработи за спас на главата на пастирот на небањатите.

Одлично надигрувајки ги Касами и неговата БЕСА, Аљи успеа да створи наизглед безизлезна ситуација. Освен ако не се распишат нови избори, што и е конечната цел на удбашот и пастирот. При тоа колатералната штета ќе бидат правото, правдата  и слободата на граѓаните независно дали се тие албанци или македонци.

СДСМ веќе ја изгуби војната. Од почеток прогласени за предавници скоро е неверојатно дека би ги прифатиле условите диктирани од удбашот. Тоа би ги поставило во ред со најголемите предавници на македонците. Македонска коалиција со пастирот би била исто рамна на смртна пресуда во политиката. СДСМ после тоа слободно може да се самораспушти. А и да сакаат пастирот нема да се согласи на таква коалиција. Нему му е сосема јасно дека со повторени избори ќе продолжи комотно да си владее заедно со удбашот кој сега му ја спасува главата.

А победата на Аљи и Грујо на нови избори е неспорна. Ќе немаат никаква конкуренција. Касами со БЕСА која се јави како достоен ривал на ДУИ веќе со самото потпишување на декларацијата го призна Аљи за водач на борбата за добивање и заштита на албанските права и интереси во Македонија. Па зошто некој би гласал за нив? Кога сите можат да гласаат за најголемиот албанец Аљи Ахмети или ми ти Аца Антич како што го водела УДБА во своите досиеа кога работел за нив.

На повторените избори ќе ја нема ниту Пржинската влада, ниту мониторирањето на медиумите ниту било каква контрола на опозицијата во лицето на СДСМ над изборниот процес. И ќе се случи уште една изборна кланица. СЈО за кое декларативно се залагаат албанците ќе замине во историјата а нивната лицемерна грижа за правдата ќе ја спроведуваат некакви анкетни комисии формирани од оние што и ги прават криминалите наместо од реформирани судови. Со еден збор се ќе се врати по старо.

Од барањата со кои сега се расфрла удбашот нема ниту Б да има. Староновата тендер коалиција ќе продолжи да го пљачкосува народот и да дели селективна правда замолкнувајки ги сите критичари со сила, закани и уцени. Ете таа е вистината која стои зад албанските барања кои се толку дрски што би сакале да ни кумуваат и заедно со грците да решаваат како ќе се викаме а со бугарите да одлучуваат каков ќе биде нашиот јазик и нашето писмо.

Постои се разбира и можноста пастирот да формира влада со албанците и сега, без повторени избори. И додека тој ќе им објаснува на македонците дека преговара и храбро се бори да ги отфрли неразумните албански барања и да ги заштити македонските национални интереси, другар му Аљи ќе им објаснува на албанците дека се е договорено ама не може да се реализира бидејки немаат двотретинско мнозинство.

За тоа време ќе се пресметаат со сите полтички неистомисленици, ќе ја зацврстат диктатурата и ќе ги протераат од државата и онака малиот број чесни и способни македонци. За спасот на фамилијата, сопствената глава и парите што ги украде од народот пастирот ќе ја продаде државата на албанците па ќе биде прашање на време кога небањатите кои сега кокодакаат барајки попис ќе сфатат дека станале малцинство во сопствената држава.

И се тоа благодарение на својата глупост, без која на пастиорт не би му успеало ниту ден да се задржи на власт. Се разбира за небањатите морони тоа нема да биде нивна вина туку виновни ќе се предавниците кои не сакајки да ги управуваат и потценуваат поглупави од нив заминале таму каде нивното знаење и способност ќе бидат оценети со вистински вредности.

Во овој случај странскиот фактор можеме слободно да го исклучиме. Странците имаат премногу свои проблеми за да обрнат поголемо внимание на случувањата во Македонија. Клучната поддршка која требаше да дојде од ЕУ како и секогаш ќе изопстане заради нивната нерешителност и несфаќање на ситуацијата.

Имено ЕУ е таа од која небањатите се плашат а не САД. Доколку јасно се одземат европерспективите на Македонија заради криминалното владеење на Аљи и Грујо конечно ќе се создаде критична маса која која ќе побара вистински реформи во државата. Сепак засега сеуште е нејасно каква улога ќе има ЕУ во случајов. Дали активно ќе се вклучи во решавање на ситуацијата или и понатаму ќе биде нем набљудувач.

И каде е сега решението. Ако се паметни СДСМ нема да чекаат ниту момент. Ќе излезат и јасно и гласно ќе му објаснат на народот дека коалиција на штета на македонските национални интереси нема да прават. Ќе побараат јавно албанските партии да се спуштат на земја и најважно од се ќе ја понудат за договор платформата со која излегоа на изборите. Инаку куририте и шителите се веќе спремни да ги распарчат тврдејки дека тие барања се всушност она што СДСМ им го ветувал на албанците.

Пожелно е СДСМ да излезе со прецизни податоци колку албански и гласови од останатите етнички заедници добиле тие а колку небањатите, па конечно да се види волјата ама онаа на македонците.Затоа што некои луѓе кои правеле пресметки излегуваат со тврдења дека откако ќе ги одземеме гласовите на останатите етникуми СДСМ има повеќе македонски гласови што ги прави победници на изборите во македонскиот блок. Со тоа конечно ќе се разнебитат лагите на небањатите дека народот гласа за нив, а СДСМ ќе има добра подлога за кампањата за наредните избори кога и да се тие.

PRVOBOREC

Број на мислења : 125
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by трендафил on Саб Јан 07, 2017 11:14 pm

Изненаден сум од тоталната неинформираност ба првоборец. Веројатно тоа е причината зошто го поддржува СДСМ. Изборниот закон ваков каков што е важи са сите наредни избори. Ќе важи и за наредните избори без разлика дали ќе бидат предвремени или редовни. Се додека не се исфрлат некои будалаштини во нив но за да разберете кои треба прво СДСМ да дојде на власт, па ВМРО да ги користи привилегиите што ги дава Рамковната спогодба. Факт е и дека Уставот не може да се смени без да гласаат за тоа 81 пратеник, а тоа може да се постигне само со влада поддржана и од ВМРО и од СДСМ. Албанците колку да не сакаат да го признаат тоа се малцинство, па немаат шанса да соберат 81 глас.
Резултатот од последните избори е таков што во било која нормална држава ВМРО и ДУИ како коалициони партнери од претходната власт би формирале влада. Тоа се оспорува кај нас не поради СДСМ, туку поради странците, Сорос, администрацијата на Обама и според вас пастирите на некои земји од ЕУ. Да потсетам дека народите на државите од ЕУ секогаш во Европскиот парламент изгласуваат дека треба да ги започнеме преговорите за членство, а потоа пастирите ја поништуваат таа одлука и понатаму се прават будали и себе си и нас и повикуваат на заедничко решение за нашето име со Грција. Иако такво решение постои, а постои и пресуда на Меѓународниот суд во Хаг кој пресуди дека Грција нема право да не попречува за членство во НАРО (истото важи и за ЕУ) со привременото име што СДСМ авторитарно го договори со меѓународно посредништво.
Не знам што ви се утувило во глава дека во Македонија мора да има албанска партија во власта. Тоа е пожелно за да се избегнат непријатности, но не е задолжително, посебно во ситуација кога албанското малцинство сака да се стави во надредена улога над сите други малцинства и над македонскиот народ. Во ситуација кога е тешко да се претпостави дека за тоа ќе ја има поддршката од новата администрација на САД и од Русија, Кина и Франција, останува дека Албанците би можеле да се надеваат само на поддршка од Велика Британија. И на Џорџ Сорос, се разбира. Тоа ги доведува во опасност и задржувањето на привилегиите што ги имаат Албанците во Македонија и постоењето на Косово како држава, дури и постоењето на Албанија, па не верувам дека посебно ќе се инсистира на овие барања. Условите се сменети. Не за џабе Еди Рама беше разочаран кога победи Трамп во САД. Исто како и пастирите на земјите од ЕУ.
Ајде ќе почекаме и да се врати Зоран Заев од Грција, па да видиш дека нема да побара Албанците да се откажат од декларацијата. Исто така можеш, бидејќи кај нас пратеници се избраа од 6 изборни единици да провериш колкав е процентот на малцинства во секоја изборна единица во кои победи ВМРО. Спореди ги и резултатите од Теарце во првото гласање и кога се прегласуваше, па да ти стане јасно дека Албанците гласаа за СДСМ. Според тебе затоа што Груевски им ветувал нешто, а Заев ќе ги бранел македонските интереси и тоа теарчани го поддржуваат. За крај обиди се еднаш барем да не го употребиш најпримитивниот и најчест збор во говорот на омраза - небањати.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by reiter on Нед Јан 15, 2017 2:14 pm

околу платформата на албанците,мојот став:али и груевски прават договор со кој се продолжува кризата во Мк.Нема ни заев или груевски да прифатат платформа,едноставно ќе им летаат главите од членство и од народот.Сето ова е да се продолжи кризата и не одговарат за сторените криминали од дуи и дпмне.Но во игра е али кој е послушник на една веле сила и ќе го изигра грујо со што СЈО ќе превземе поголеми чекори и ќе се ослаби влијанието на грујо врз институциите.Јасно му е на секој македонски лидер дека платформата е неприфатлива и било кој да проба да подржи ќе страда со живот.Груевски ја лапна мамката од али а сега и заев кобајаги прифаќа за платворма а сето тоа само да се ослаби силината на криминалниот притисок врз институциите од грујо.Грујо оди во апс а Заев ќе распиши нови избори кои ќе имаат поголем легитимитет од претходните избори..следува и ослободување на институциите кои се под влијане на груевски.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by трендафил on Пон Јан 16, 2017 8:30 pm

А зошто Заев да не оди во апс и за криминалот со Глобал и за барањето на едно евро за црквата (што би рекле за СДСМ) и на едно евро кај Вицето. Кој го спречи СЈО до сега да подигне обвинение против Груевски доколку сторил некој криминал? Малку ли му беше што во поголемиот дел од мандатот МВР беше под раководство на Проливер Спасовски?
Се согласувам дека се потребни уште едни избори. Сега откако на овие партиите ги отворија картите.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by Teo on Саб Јан 21, 2017 9:05 pm

Zatoa shto vasheto romsko balsko obvinitelstvo i svarovski sudstvo lazhno go obvinija...Za razlika od tvojot pastir koj e vo kriminal do gusha...
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by трендафил on Пон Јан 23, 2017 9:22 pm

Ако добро те разбирам ти сметаш дека на видеото снимено со судски налог не е Заев, туку некој друг упаднал во неговата канцеларија. Кај што бара по едно евро да се уплати за црквата и по едно евро во менувачницата кај Вицето.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by luxor on Вто Јан 24, 2017 9:47 am

Видеото пртив лидерот на опозицијата Зоран Заев е сечено, лепено и монтирано од странски служби и домашни непријатели и предавници со цел да и се наштети на Република Македонија и на македонскиот народ. За разлика од бомбите за кои твојот пастир призна дека се вистинити ова видео е 102,3 % лажно.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: АЛИ И 40 -те МАЧЕНИЦИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот