KROMID

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

KROMID

Пишување by Teo on Саб Јан 21, 2017 9:39 pm

Кромид

Кромид е збор кој се користи за повеќе растенија од родот Allium. Тие во народот се познати како "кромид", но овој термин најчесто се однесува на видот Allium cepa. Allium cepa е исто така познат како градинарски кромид или луковичест кромид и козји лук (шалот).

Allium cepa е познат само како насад (култура), но во Централна Азија постојат и сродни диворастечки видови. Најсродни видови се Allium vavilovii Popov & Vved. и Allium asarense R.M. Fritsch & Matin од Иран. Меѓутоа, научниците Зохари и Хопф предупредуваат дека "постојат сомневања дека видот vavilovii е всушност диворастечки."

Кромидот е еден од најстарите зеленчуци познати на човештвото. Тој се употребува како додаток или зачин во различни рецепти во речиси сите светски култури. Може да се најде во свежа, замрзната, конзервирана и дехидрирана состојба, како и во прав. Овој зеленчук може да се користи во речиси секој вид на храна, и тоа пржена или во салати, но и како зачин. Во зависност од вариететот, кромидот може да биде со остар или благ вкус.

Се смета дека кромидот помага при широк спектар на заболувања - од обична настинка, па сѐ до срцеви заболувања, дијабетис, остеопороза и некои други болести. Тој содржи хемиски соединенија за кои се верува дека имаат антивоспалителни, антихолестеролски, антиканцерни и антиоксидирачки својства, како на пример кверцетинот. Сепак, не е јасно покажано дека зголеменото консумирање на кромид е директно поврзано со здравствени придобивки кај човекот. Некои истражувања, меѓутоа, покажале дека зголемената исхрана со кромид доведува до намалување од ризикот за добивање рак на главата и вратот. Во Индија, некои секти не јадат кромид, бидејќи се вреува дека тој има афродизиско дејство.

Еден американски хемичар истакнал дека плеиомерските соединенија во кромидот имаат потенцијал да ги намалат симптомите на фарингитис, или, пак, целосно да го излечат.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: KROMID

Пишување by Teo on Саб Јан 21, 2017 9:40 pm

Кромид - природен лек за многу заболувања.

Кромидот е многу здрав зеленчук. Луковицата од кромидот содржи вредни лековити материи и може да се користи како природен лек за многу заболувања.

Кромидот во организмот дејствува слично како инсулинот. Се смета дека кромидот помага при широк спектар на заболувања, од обична настинка, па сè до срцеви заболувања, дијабет, остеопороза, реума и некои други болести. Тој содржи хемиски соединенија за кои се верува дека имаат антивоспалителни, антихолестеролски, антиканцерогени и антиоксидативни својства. Едно од тие хемиски соединенија, на кое му се препишуваат многу корисни својства е кверцетинот.

Кај луѓето што внесувале храна која содржи кверцетин и други флавоноиди е забележан намален ризик за рак на бели дробови, на желудник, на панкреас и на дојка. Резултатите од испитувањата за флавоноидите сугерираат дека постојаното консумирање растителни продукти кои содржат кверцетин може да претставува висок заштитен ефект од рак на бели дробови.

Некои истражувања покажале дека зголемената исхрана со кромид доведува до намалување од ризикот за добивање рак на главата и вратот.

Во кромидот се наоѓаат многу состојки кои делуваат бактерицидно, т.е се борат против бактериите и другите микроорганизми, кои се причинители на разни воспаленија. Бактериостатиците во кромидот го даваат неговото лековито својство. Затоа често се препорачува при настинки, кашлица, акутен и хроничен бронхит, астма и други воспалителни заболувања.

Покрај тоа, кромидот ја прочистува и крвта, ги прочистува крвните садови и ја спречува атеросклерозата.

avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: KROMID

Пишување by delta on Пон Фед 20, 2017 12:21 pm

i u salata ubavo odi>?>
avatar
delta

Број на мислења : 258
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: KROMID

Пишување by delta on Пон Фед 20, 2017 12:33 pm

posle samo moze malku problem so stomakot ama ke pretrpis,/.,nema ubavina bez zrtva,.,/
avatar
delta

Број на мислења : 258
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: KROMID

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот