Horor vo Kavadarci

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Horor vo Kavadarci

Пишување by Teo on Пон Јан 23, 2017 4:24 pm

Фатен професор ,,бомбардер’’ во Кавадарци: СО ГОЛИ РАЦЕ ГО ДАВЕШЕ СИН МИ!



Вистинска драма се случувала во раните утрински часови во неделата во Кавадарци, кога семејството Димитриови по околу четири години голгота, конечно се соочило со својот мачител, непознато лице кое што околу 50 пати им фрлило шишиња и тегли полни со прегорено масло во дворот, врз фасадата на куќата, автомобилот, но и внатре, во домот., и им го направил животот пекол.

За да биде изненадувањето уште поголемо, маскираниот разбојник кој бил фатен на дело, се испоставило дека не е некој со сомнително досие , туку угледен професор во една од кавадаречките гимназии. Во обид да побегне, тој се нафрлил врз едниот од синовите на Димитриови, и почнал да го дави. За среќа, набргу притрчале неговите татко и брат, и успеале да го одтргнат од рацете на давителот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Horor vo Kavadarci

Пишување by Teo on Пон Јан 23, 2017 4:24 pm



,,Се започна пред околу четири години. Ние сме мирно семејство, имаме двајца синови на возраст од 19 и 23 години, истакнати велосипедисти кои се посветени на спортот и никогаш не биле конфликтни личности. Исто така, јас и мојот сопруг сме семејни луѓе, си ја гледаме својата работа, се трудиме да имаме мирен живот и не сме се скарале со никого. Затоа, бевме во шок кога едно утро забележавме дека некој фрлил шише полно со прегорено масло, за кое што знаеме дека не смее да се истура било каде, бидејќи е доста штетно за околината, и тоа насекаде низ нашиот двор. И соседите беа изненадени, не знаевме кој и зошто го сторил тоа“, вели Марина Димитрова.

Таа вели дека маслото воопшто не се чисти, се обиделе со разни средства, но без успех.
„Но, по кратко време, напаѓачот повторно удри по нашиот дом, овој пат со стаклени тегли полни со прегорено масло. Ни ја уништи фасадата на куќата, автомобилот, оградата, маслото беше расфрлано насекаде, и на првиот и на вториот кат. Пријавивме во полиција и оставивме тие да го решат случајот’’ – вака ја започна својата приказна Марина, жената чие што семејство се нашло на удар на ,,бомбардерот’’ со масло.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Horor vo Kavadarci

Пишување by Teo on Пон Јан 23, 2017 4:25 pm



Таа вели дека по почетниот шок од настанот, со тек на време, веќе им станало рутина да ги разденува со нова штета предизвикана од напаѓачот. Нападите најчесто се случувале во ноќните часови, но потоа и во утринските. Им се случило да им биде фрлено масло и дома, додека надворешната врата им била отворена. Во неколку наврати пријавиле во полицијата во Кавадарци, но немало никаков напредок во истрагата. Затоа домашните се договориле да дежураат ноќе, да се менуваат во смени и будни да го чекаат ,,бомбардерот’’ повторно да удри.

И се случило веднаш по ударот на теглата полна со масло да истрчаат надвор, но забележале маскиран човек на велосипед, кој бргу им побегнал. Потоа поставиле и безбедносни камери, кои што исто така го снимиле мистериозниот напаѓач, како брзо возејќи на велосипед, или пак трчајќи ги фрла ,,бомбите’’ и исчезнува по улицата. Сето тоа предизвикало голем стрес и страв кај семејството, започнале да живеат во агонија и да се прашуваат што е следно, дали напаѓачот еден ден ќе удри и по нив, можеби и физички ќе ги нападне.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Horor vo Kavadarci

Пишување by Teo on Пон Јан 23, 2017 4:25 pm



,,Одев на работа ненаспана, загрижена. Дежуравме со сопругот и децата, го чекавме бомбардерот,сакавме да дознаеме кој и зошто ни го прави животот пекол. Не знаевме во кого да се сомневаме, навистина не сме се замериле со никого, целата состојба се одрази и на децата. Додека одев по улица, постојано се вртев, мислев дека напаѓачот ме следи, дека може да ме нападне, мислев дека може да ги нападне и моите деца. Живеевме во пекол, таа реченица опишува се што ни се случуваше. Врз нашиот дом беа истурени над 100 литри прегорено масло, направена ни беше огромна материјална штета. Не се нафативме да правиме нова фасада, да го реновираме дворот, затоа што знаевме дека повторно ќе се случи истото, пак ќе бидеме нападнати со масло“, вели Димитрова.

Таа вели дека од снимките на камерите, не се гледа кој е бомбардерот, бил маскиран со капа и шал, некогаш со кацига.

„Бевме беспомошни и агонијата ни се продолжуваше секој ден. Пресвртот се случи во раните утрински часови во неделата, беше нешто околу половина час после полноќ. Сите бевме дома, се подготвувавме за легнување, кога нешто одекна како бомба. Јасно ни беше, напаѓачот повторно удри по нашиот дом. Децата и сопругот веднаш истрчаа надвор, а јас се јавив во полиција и ги повикав да дојдат. Така потресена, и јас излегов надвор, додека моите трчаа по маскираниот напаѓач’’ -раскажува Марина.

На околу 500 метри од нивниот дом, едниот од нејзините синови успеал да го фати маскираниот бомбардер, кој што давал отпор и започнал да го дави момчето. Притрчале неговиот татко и брат, го откинале од рацете на давителот, и започнала физичка пресметка помеѓу нив, додека се обидувале да го задржат, но и да го откријат идентитетот на таинствениот човек. Кога таткото успеал да му ги симне капата и шалот, останал во шок. Тоа бил човек кој што работел како професор во една од кавадаречките гимназии, познат во градот.

,,Леле професоре, сега што да правиме?’’ – го прашал Коле, таткото на момчето кое што професорот го држел за врат.

,,Ми сметате во животот, затоа го правев ова. Ама ќе ја наредиме, ќе се договориме’’ – повторувал професорот во бунило.

Во меѓувреме дошла и полицијата и го привела напаѓачот. Од СВР Велес го потврдија настанот. Според нив, лицето Т.Т. (51) бил приведен во полициската станица во Кавадарци, таму бил извршен разговор со него, а потоа бил пуштен да си оди дома. Тој изјавил дека фрлал прегорено масло врз домот на Димитриови, бидејќи му сметало нивното куче.

,,Обвинителот деновиве ќе одлучи како ќе постапи во случајов, имаше жалби и од други семејства од Кавадарци дека некој им фрла прегорено масло и им го оштетувал имотот, а Димитриови можат да поднесат приватна тужба против Т.Т.’’ – ни изјавија од полицијата.

,,Точно е тоа дека имаме куче во дворот, се работи за малмут, кој што е врзан и постојано е во дворот. Нашата ограда е висока околу метар и осумдесет сантиметри, песот е питом, сака деца, никогаш никој не се пожалил од него. Сам без каиш не оди на улица. Ова е само изговор на професорот, и сигурни сме дека има некоја друга причина поради нападите, бидејќи тој и не живее во наша близина. Информирани сме дека неговите родители живееле неколку улици подалеку од нас, но и нашите соседи имаат кучиња, некои од нив не се врзани, шетаат слободно на улица и никому не наштетиле. Лично со професорот, не се познаваме, го знаеме само од видување, не сме си размениле ниту збор, никогаш… Пред неколку години и наши соседи имаа сличен проблем, им беше фрлено масло внатре, во домот, а немаа куче. Во тој период имаа свадба, па додека одеа во хотелот да слават, некој мораше да им дежура во домот’’ – велат Димитриови.

Тие додаваат дека сеуште се исплашени за својата безбедност, и не знаат што да очекуваат во иднина. Имале лекарска потврда за повредите на нивниот син, добиени од професорот, во времето кога го фатиле и најавуваат тужба против него.

,,Во целата работа, добро е тоа што знаеме кој е сторителот, но лошо е тоа што тој шета слободно на улица и може да го повтори делото. Згора на се, тој е професор, постојано е со деца! Никогаш никој не не пријавил поради кучето, не сме имале никакви поплаки, мислиме дека тоа е само празен изговор и не ни е јасно што се крие зад целата оваа работа. Се надеваме дека правдата ќе биде задоволена, дека тој ќе биде казнет за агонијата низ која што минуваме, иако претрпениот стрес ништо не може да ни го надомести. Надлежните да истражат и од каде го добивал прегореното масло, кое што е опасно за околината и се складира и чува во посебни простории и услови, а над 100 литри од него беа истурени врз нашиот дом’’ – апелира семејството Димитрови.

Вики Клинчарова

http://fokus.mk/faten-profesor-bombarder-vo-kavadartsi-so-goli-ratse-go-daveshe-sin-mi/
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Horor vo Kavadarci

Пишување by reiter on Пон Јан 23, 2017 8:20 pm

забегал човекот,можеби од што е стар 'чукан' ерген Very Happy ,инаку мирен и тих на улица а ете навечер да ти биде вампир Very Happy .На фб-реално кавадарци има и видео како е сниман у 'акција'.Бог да чува.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Horor vo Kavadarci

Пишување by reiter on Пон Јан 23, 2017 8:52 pm

ево га у акција Very Happy

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Horor vo Kavadarci

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот