КАМИЛИЦА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:11 pm

Камилица

Камилицата (Chamomilla recutita) претставува едногодишно растение, високо околу 20-50 цм, кое расте насекаде. Има разгрането, нежно стебло, со ситно изделени листови и со карактеристични главичести соцветија, жолти во средината, со бели цветови по работ. Постојат повеќе видови на камилица, а како лековити се сметаат римската и германската камилица. Поради своите лековити својства доста се користела и во стариот Египет повеќе од другите билки. Египетските благороднички ги користеле нејзините цветови во различни препарати за убавина. Грчките доктори ја препорачувале употребата на камилицата за третман на висока температура и женски проблеми.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:12 pm

Камилицата делува:

Против грчеви
Антиинфламаторно
Антиалергиски
Антисептички
Има благо седативно дејство, ја намалува анксиозноста, стресот и напнатоста, па затоа се препорачува да се пие чај од камилица пред спиење бидејќи го намалува немирот,влијае поволно за мирен сон, што е добро за луѓе кои имаат несоница.
Го поттикнува варењето на храната
Благ аналгетик
Против менструални болки
Ја негува проблематичната кожа
Ги опушта мускулите
Ја подобрува функцијата на црниот дроб итн
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:12 pm

Исто така, во лековити цели се користи и маслото од камилица. Наједноставниот начин да направите масло од камилица е – да ги натопите цветовите во 2 dl маслиново масло и да оставите да стојат на сонце 3-5 недели. Внимавајте цветовите целосно да се прекриени со маслото и повремено промешајте. Со добиеното масло можете да ја негувате целата кожа. Камилицата се користи за намалување на иритација на кожата, осипи,отоци, потоа за реума, гихт, како и за нега на испукана и сува кожа. Маслото исто така е добро за нега на главата (скалпот) и против првут.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:12 pm

Чајот од камилица се препорачува кај мали деца кои имаат проблеми со стомакот – го подобрува варењето на храната, ја намалува подуеноста, го олеснува испуштање на гасови итн

Камилицата можете да ја користите во облик на чај, во чајни мешавини, како додаток во купките за опуштање, за изработка на масло, за изработка на ладни и топли облоги за смирување на вашето тело. Лесна е за примена и погодна за користење, а можете и да ја засадите во вашата градина.

http://zdravjeiubavina.com/zdravje/zacini-i-bilki/kamilica/
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:13 pm

Камилица: Лек кој го има во сечиј двор

Камилицата, која на сите ни е добро позната, има многу здравствени благодети, особено за дигестијата.
Камилицата најчесто се користи за да лечи болки во абдоменот, воспаление на внатрешните органи, и како седатив. Може да се користи и за подготовка на хербален чај, а од неа се прават и креми и лосиони кои имаат чудотворно дејство за нашата кожа.

Еве кои се најголемите придобивки од оваа билка, која сме сигурни дека на пролет сите ја среќавате во дворовите и парковите.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:13 pm

Помага да спиете подлабоко

Ако имате проблеми со инсомнија, чајот од камилица е одличен лек за вас. Неколку студии биле направени на ова поле, и чајот од камилица се покажал како подобар лек за спиење отколку многу хемиски обработени лекарства. Пиењето на шолја чај од камилица пред спиење ќе помогне побрзо да заспиете, и да имате поздрав сон.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:14 pm

Здравје на стомакот

Друг огромен бенефит на камилицата е што таа е еден од најдобрите лекови за проблеми и болки со стомакот и внатрешните органи. Камилицата содржи силни анти инфламаторни и антибактериски својства, кои помагаат да се намали болката во стомакот, грчевите, киселината, надувањето и гасовите.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:14 pm

Лек за мигрена

Чајот од камилица успешно помага и кај луѓето кои патат од мигрена и болката која следува после нападите. Ги прави мускулите порелаксирани и овозможува подобар сон, што е многу корисно бидејќи неспиењето е честа причина за јавување на мигрените. Добро влијае и при главоболки од грип, стрес и нервоза.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:14 pm

Ја осветлува кожата и ги намалува подочниците

Покрај здравствените благодети на камилицата, таа е и една од омилените состојки за луѓето кои посветуваат внимание на убавината и здравата кожа. Чајот од камилица, како средство за миење на лицето е корисен за осветлување на кожата, и за отстранување на темните кругови околу очите.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:14 pm

Хемороиди

За оние кои патат од хемороиди, маста е популарен начин да се ослободат од болката инстантно. Чајот од камилица е одлична состојка за да се направи маст за хемороиди.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:15 pm

Дијабетес

Луѓето со дијабетес можат да уживаат во здравствените благодети на камилицата со пиење на неколку шолји чај дневно. Помага да се управува со дијабетесот и го намалува шеќерот во крвта. Таа успешно го регулира нивото на шеќер во крвта, без да влијае на инсулинскиот систем на лекување.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:15 pm

Го подобрува имунолошкиот систем

Чајот од камилица е најверојатно најдобар чај за подобрување на имунитетот. Неодамнешна студија покажала дека луѓето кои секојдневно конзумираат чај од камилица имаат повеќе од антибактерискиот елемент во телото наречен хипурат. Содржи и антиоксидантни состојки кои помагаат да се изгради силен имунолошки систем.

http://tocka.com.mk/3/109324/kamilica-lek-koj-go-ima-vo-secij-dvor
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:16 pm

А можеби некој ќе сака и да ја одгледува камилицата.

Култивирање на камилица

Во групата на најекспонирани видови, камилицата е водечка култура со лековити својства. Ниту официјалната ниту народната медицина не може да се замисли без ова растение. Се користи цветот од камилицата (Chamomillae flos) и етеричното масло (Chamomillae aetheroleum). Со оглед на тоа дека побарувањата за камилица како суровина секојдневно се зголемуваат, пред педесетина години се започнало со плантажно одгледување. Камилицата изобилува со активни материи од кои најважно е етеричното масло во концентрација од 0,3 – 1,3%, но содржи и флавоноиди, гликозиди и витамин Ц. Маслото е темносино или зелено, во зависност од количеството на безбојниот прокамазулен (матрицин). Имено, прокамазуленот при постапката на дестилација преминува во темносин камазулен, од каде што доаѓа и бојата на маслото. Квалитетот на етеричното масло се оценува според содржината на камазулен и α-бисаболол.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:16 pm

Еколошки услови за одгледување
За успешен развој растението бара умерена клима и средни температури. Фазата ‘ртење и никнување започнува при температура од 6ºЦ, меѓутоа оптималните температури треба да се движат во границите од 20 до 25ºЦ. Во фазата на формирање на цветните глави, дневните температури пониски од 20ºЦ негативно влијаат врз квалитетот. Во текот на вегетацијата бара многу светлина и доколку во периодот од бутонизација до полно цветање светлината како фактор отсуствува, етеричното масло нема да содржи прокамазулен што прилично негативно ќе се одрази врз неговиот квалитет. Сушата добро ја поднесува, но доколку почвената површина не е доволно влажна, семето нема да прорти.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:17 pm

Исхрана
Камилицата е растение на сиромашни почви и прилично е скромна во однос на потребата од хранливи елементи. За принос од еден тон и три тона херба, потребно е да се употребат околу 20 кг фосфор, 50 кг азот и 80 кг калиум. По правило, азотот се применува во пролетниот период, како прихрана. Во зависност од обезбеденоста на почвата со овој елемент, количествата може и да се зголемат, до 80 кг/ха, но ваквите дози во голема мера предизвикуваат полегнување на посевот.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:17 pm

Сеидба
Во наши услови оптимални се есенските сеидбени рокови, од средината на септември до крајот на октомври. Доколку распоредот на есенските врнежи е поволен и тие се рамномерно распоредени, со продолжените сеидбени рокови се постигнува задоволителен ефект. Во исклучително сушни реони, растенијата поуедначено никнуваат и растат доколку сеидбата се изврши во подоцнежниот рок. Семето од камилица ‘рти само во услови на доволно светлина, па мора да биде оставено на самата почвена површина. За сеидба се користи мешавина составена од 25 до 30% семе и 70–75% пулвис (делови од цветните глави) од соодветната сорта/хибрид. Во зависност од ‘ртливоста на семето и сортата, потребно е од 7 до 9 кг мешавина/ха. Сеидбата во никој случај не треба да се изведува при посилен ветер. При сеидба во првиот рок задолжително е да се изврши валање на почвата, операција што не е потребно да се изведува при подоцната сеидба. Пролетната сеидба треба да се избегнува затоа што приносите се пониски просечно за 40%.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by luxor on Пон Јан 23, 2017 6:17 pm

Берба
Најквалитетната камилица се употребува за добивање на дрога. За сите останати преработки се користат пониските класи од свежата или отпадот од доработената сува камилица. Периодот на берба зависи од општата состојба на посевот, но најдобро е да се започне кога 70% од цветните глави се физиолошки зрели (семето сè уште не е оформено, а јазичестите цветови имаат хоризонтална положба), што се постигнува со продолжување на есенските рокови на сеидба. Во спротивно, со берба се започнува пред 60% од цветните глави да навлезат во физиолошка зрелост. Доколку 5 до 6 дена по раното прибирање паднат дождови или посевот се наводнува, за две недели може да kamilica2се изврши и второ прибирање, со кое се добива дури и до 50% принос на првата берба. Доколку првата берба се оддолжи, се јавуваат големи загуби. Во случај да процветаат 90% од растенијата, многу од цветовите кои први процветале се осипуваат, а при 100% процветување квалитетот на етеричното масло е значително намален. Кога посевот под камилица не е полегнат и нема плевели, при берба со житен комбајн се добиваат 65–70% цветови од прва класа (со цветна дршка до 10 см), 20–25% цветови од втора и трета класа и само 5% стебла без цветови.
Во зависност од временските услови во текот на вегетацијата, приносот на свежи цветови се движи од 3,0 до 6,0 т/ха, од кои 60% се од прва класа. Ако посевот е полегнат или од кои било други причини е оневозможено машинско прибирање, најдобро е да се коси цело растение и да се дестилира без претходно одвојување на цветовите. Од камилицата од трета класа се добива од 0,3 до 0,5 кг етерично масло. Приносот на семе е варијабилен и изнесува од 80 до 250 кг/ха.
Извор: Моја Земја бр. 68
Пишува: проф. д-р Зоран Димов, дипл. земјод. инж. Маријана Спирковска

http://agroalternativa.info/kultivirane-na-kamilitsa/
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: КАМИЛИЦА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот