ХОРОСКОП

Страна 6 of 23 Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 14 ... 23  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Јан 24, 2017 9:26 pm

Скорпија – вие сте на прагот на големи промени!

Скорпиите ќе бидат на прагот на големи промени и во минатото ќе ги остават своите стари колеги и досадната работа, па ќе им се препуштат на трансформациите. Промените во животот ќе ви го променат погледот кон светот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Јан 24, 2017 9:26 pm

Стрелец – имате многу перспективи!

Оптимистичката природа на претставниците на овој знак и моќната енергија, пред нив ќе отворат многу врати. Тие ќе бидат во можност површно да ги согледуваат проблемите, без многу да размислуваат за нив, што ќе им помогне да ги решат со леснотија, притоа чувајќи ги и своето време и нерви. Како и да се завртите – ѕвездите ќе бидат на ваша страна.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Јан 24, 2017 9:26 pm

Јарец – дојде време да погледнете во себе

Ѕвездите ви препорачуваат правилно да ги поставувате своите приоритети. На почетокот обрнете внимание на самите себе, одвојте време за вас и почнете да работите на својот развој. Новиот поглед кон светот ќе ве воодушеви вас и другите наоколу и сѐ ќе почне да се менува. Проблемите повеќе нема да ви изгледаат толку големи, па ќе почнете да наоѓате радост во едноставните нешта.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Јан 24, 2017 9:26 pm

Водолија – ова е ваша година!

2017-та во секој поглед е година на личностите родени во знакот Водолија. Суштината на ова е тоа што претставниците на овој знак и Петелот, како доминантен симбол, се многу блиски по својот дух. Овие луѓе се креативни по природа и не сакаат да преземаат тешки задачи, а ги избегнуваат и проблемите. Бидејќи сме на прагот на периодот на Водолијата, претставниците на овој знак ќе имаат многу прилики да ја покажат вистинитоста на своето расудување.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Јан 24, 2017 9:27 pm

Риби – ве очекува крај на стагнирањето!

2017-та година во голема мера ќе биде пресудна за претставниците на овој знак, пред сѐ поради тоа што во нивниот живот ќе заврши периодот на стагнацијата, која траеше речиси 10 години. Тие ќе изгледаат како да се будат од долг сон, отстранувајќи го од себе товарот на неактивноста, а ќе почувствуваат и неверојатен прилив на енергија.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Вто Јан 24, 2017 10:00 pm

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ЗА ПЕРИОДОТ 23-29 ЈАНУАРИ, 2017: НАЈУСПЕШНИ ВО СИТЕ АСПЕКТИ НА ЖИВОТОТ ЌЕ БИДАТ РИБИТЕ, ДЕВИЦИТЕ И ВОДОЛИИТЕ, А ШТО ВЕ ЧЕКА ВАС?

Претпоследната седмица од првиот месец годинава е пред нас. Што ни носи, кому  нови проблеми и решенија, а кому слатки средби и помирувања?
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Вто Јан 24, 2017 10:01 pm

ОВЕН (21 март – 20 април)



Работа

Сè сте донеле во ред, ама некој ви ги нарушил плановите токму оваа седмица. Не грижете се, брзо ќе го решитеи овој проблем. Не постаувајте си премногу високи цели, бидејќи сте во фаза кога многу предизвици се околу вас, а вашата енергија е на минимум. Планирајте во мислите.

Љубов

Иако среќавате личност од минатото, таа не сака да ви се јави затоа што мисли дека минатото треба да се остави во минатото. Би било добро да се прифати она што е и без големи амбиции да се чекаат поповолни денови. Тие ќе дојдат.

Здравје

Пливајте, редовно релаксирајте се и доволно спијте.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Вто Јан 24, 2017 10:01 pm

БИК (21 април - 20 мај)



Работа

Малку сте неорганизирани и тоа ве загрижува. Немате од што да стравувате, бидејќи помошта од еден соработник многу ќе ви значи. Малку по малку, почнувате да градите нови услови за работа или нови проекти. Во себе носите светлина со која ќе разбудите многумина наоколу. Треба само да ви веруваат.

Љубов

Одете по веќе разгазени патеки и ви се чини дека овој пат знаете како и што да направите. Нема да имате големи очекувања, ама токму оваа опуштеностможе да ви донесеи нова љубов.

Здравје

Добро се чувствувате оваа седмица.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Вто Јан 24, 2017 10:01 pm

БЛИЗНАЦИ (21 мај - 20 јуни)



Работа

Ќе дејствувате на различни фронтови, но нема да има ништо толку силно за целосно да ве преокупира. Ќе функционирате добро со внимателно организирани паузи. Тие се потребни, бидејќи сега имате помалку енергија отколку обично.

Љубов

Партнерот ве прави среќни и задоволни и одново се вљубувате во иста личност. Не се исклучени ниту мали љубомори, но со поголем интензитет. Но, како дошло, така и ќе пројде. Ви треба само поголема самоконтрола за да бидете посреќни.

Здравје

Намалете го заморот. Ќе размислувате за смислата и бесмислата на животот.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Вто Јан 24, 2017 10:02 pm

РАК (21 јуни - 20 јули)



Работа

Сè оди по својот тек. Знаете дека така и треба и веќе сте навикнати на тоа. За сега, тоа е добро за вашиот буџет, бидејќи нема претерани осцилации. Можно е овие денови да воспоставите или да обновите деловни контакти со луѓе кои работат на друг континент. Ова сигурно ќе ви донесе благосостојба и ќе ви ги прошири хоризонтите.

Љубов

Во љубовта кратка стагнација. Добро е понекогаш да бидете сами и да размислите за сè она низ што сте поминале. Овие денови, веројатно многумина од вас ќе почнат да претеруваат во страстите, или обратно, во студенилото. Или ќе сакате секој момент да бидете со саканата личност или ќе се стремите кон целосна осаменост. Сетете се на правилото за златна средина и најдете рамнотежа.

Здравје

Добро се чувствате, но бидете одмерени во однесувањето
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Вто Јан 24, 2017 10:02 pm

ЛАВ (21 јули - 21 август)



Работа

Напорна работа и квалитетен одмор се рецепт за вашиот успех. Само продолжете така, бидејќи вашето време допрва доаѓа. Ќе има денови кога ќе бидетезатечени во самозадоволство. Вашата самопроценкатреба да биде реална и зрела. Во секој ваш потег се огледува она што го носите во себе. Затоа, подобро е да оставите другите да зборуваат за вашата работа. Така сè ќе биде поубедливо.

Љубов

Една личност ви го нарушува вниманието, но ја враќа изгубената илузија наречена љубов. Страста што ќе ја покажете на другата страна понекогаш ќе ја плаши. Се чини дека сега знаете точно она што го сакате и очекувате исто од саканата личност. Сепак, ќе треба малку повеќе такт и трпение да се искристализираат ставовите. Бидете умерени.

Здравје

Во добра кондиција сте, но следува мал пад на имунитетот.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Вто Јан 24, 2017 10:03 pm

ДЕВИЦА (22 август - 22 септември)



Работа

Работите напорно, ама надредените веќе ја забележале вашата посветеност за ова кратко време. На работа ќе имате многу интересни содржини. Оние Девици чија работа е креативна, сигурно ќе бидат во плус. Исто така, ќе се нагласи и поврзувањето со млади соработници. И вие самите ќе креирате нови и подобри услови за работа.

Љубов

На раздвоеноста од партнерот како никогаш да ù нема крај. Имајте трпение, бидејќи тоа е клучот за сè. Ќе се појави нова светлина на вашето љубовно небо.Ова долго сте го чекале и не ќе можете да поверувате дека ви се отвораат нови можности за љубов. Дотерајте се и излезете надвор, меѓу луѓето. Сепак, не претерувајте со личната’презентација’.

Здравје

Недостаток на витамини. Ќе чувствувате дека можете повеќе и подобро. Потрудете се.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Вто Јан 24, 2017 10:03 pm

ВАГА (23 септември - 22 октомври)



Работа

Се колебате околу тоа дали уште да го продлжитеодморот и празничното расположение или да се фатите за работа. Одмор сигурно ќе ви биде добредојден. Многумина ќе бидатпрепознати како талентирани или барем како квалитетни работници. Останатите, пак, ќе им бидат интересни на другите.

Љубов
Се надевате на најдоброто, но оваа седмица повеќе зависи од вас отколку од ситуациитешто ѕвездите ги наметнуваат. Со трпение и толеранција може да ги подобрите односите со саканата личност. Никаква расправија, особеномотивирана од љубомора, нема да донесе резултати. Време е за играње со затворени карти, па бидете воздржани. Ќе биде добро.

Здравје

Повеќе шетајте.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Вто Јан 24, 2017 10:03 pm

ШКОРПИЈА (23 октомври - 22 ноември)



Работа

Поддршката од семејството што се однесува на вашиот бизнис план многу ви значи. Може да дојде до евентуални ситуации наликна искушенија. Не разочарувајте ги оние кои ви значат. Ќе се најдете во ситуација кога ќе се мерат вашиот достигнувања. Критериумите може да бидат строги, но не плашете се - ги имате сите квалитети да добиете заслужено добра оценка. Тоа ќе придвижи некои трансформации.

Љубов

Долго не сте биле вљубени и затоа имате недостаток од мотивација. Императив во вашиот приватен живот ќе бидат љубовните состаноци. Нема да се стремите кон сериозна врска, барем не по секоја цена, но ако таа се случи, ќе ја прифатите.Оние кои се веќе во врска, ќе се поврзат со младо друштво, па заедно ќе се проведуваат.

Здравје

Балансирајте ја исхраната. Напрегнувајте се помалку, одморајте се повеќе.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Вто Јан 24, 2017 10:04 pm

СТРЕЛЕЦ (23 ноември - 21 декември)



Работа

Напредокот на деловен план ќе се покаже и во вашиот паричник. Поумно трошете ги парите. Дозволете им на другите да се искажат, доколку е потребно и да ве водат. Во овој момент, едноставно не може да направите нешто на своја рака. Бидете разумни, трпеливи и верувајте дека сè подоцна ќе дојде на свое место. Поинаку не може.

Љубов

Доброто друштво на партнерот е она што навистина ви годи во овие студени денови. Вашиот љубовенапетит ќе биде голем, но објективнитеприлики помалубројни. Сепак, ќе најдете рамнотежа и задоволство. Повремените фрустрации ќе ги споделите со некој пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критика. Главно, ќе биде добро.

Здравје

Јадете разновидна храна. Ништо не се случува случајно. Вие тоа добро го знаете
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Вто Јан 24, 2017 10:04 pm

ЈАРЕЦ (22 ДЕКЕМВРИ - 20 ЈАНУАРИ)



Работа

Промената не мора да биде толку лоша, а тоа што сте стар ков, не значи дека не треба да се менувате. Оваа седмица е идеална за промена. На работа, главно, ќе се надмудрувате. Утеха ќе најдете во приватниот живот. Со надредените нема да се сложувате најдобро, а особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи, бидејќи сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција.

Љубов

Пријателскиот однос со партнерот веќе е присутен подолго време, а тоа оваа седмица малку ве загрижува. Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај вашите сомнежи. Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува, но реалноста ќе ви носи задоволство. Ако сè уште сте во потрага по својата љубов, дотерајте се и движете се меѓу луѓе. Само, не пренаглувајте во настапите.

Здравје

Добро. Опуштете се со лесна музика.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Вто Јан 24, 2017 10:04 pm

ВОДОЛИЈА (21 јануари - 19 февруари)



Работа

Повторносте во акција. Работите, обврските, активностите само се нижат. Се одморивте и имате сила сè даистуркате. Можеби не ќе може да ги видите придобивките на новата фаза во која влегувате, ама ќе гипочувствувате интуитивно. Токму интуицијатаќе ви биде главен водач во работата оваа седмица. Ако сте во дилема, само застанете и послушајте го внимателно вашиот внатрешен глас. Нема да погрешите.

Љубов

Вниманието ви го привлекува личност од огнен знак. Ќе ви биде подеднакво важнокако да го организирате заедничкиот живот, ама, исто така, и како добро да се забавувате. Некои ќе ја тешат саканата личност и ќе ја развеселуваат, елиминирајќи ги нејзините проблеми. Ќе се покажете како одличен и внимателен забавувач.

Здравје

Добро се чувствувате оваа седмица. Побарајте рекреација за себе.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Вто Јан 24, 2017 10:05 pm

РИБИ (20 февруари - 20 март)



Работа

Новата работа исклучително ви годи и по подолго време сте исполнети. Малку ви недостасува да бидете целосно организирани и координирани. Во следните денови, најверојатно многу што ќе ви ветуваат. Понекогаш тоа ќе ви изгледа како да ви се нуди работа од бајки, но бидете реални и претпазливи. Особено е важно да се провери законитоста. Сè што не држи вода, пропуштете. Нека зборуваат што сакаат.

Љубов

Поддршкатешто ви доаѓа партнерот и семејството ви влева самодоверба овие денови. Шармот и необврзаностаќе бидат ваши адути за успешно заведување на спротивниот пол. Понекогаш ќе бидете недофатливи за другите. Сепак, предајте се на саканата личност, а најногупоради тоа да не зажалите подоцна. Љубовта е сèпоблиску.

Здравје

Добро. Не претерувајте со храна и пиење.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Сре Јан 25, 2017 11:22 am

Голем љубовен хороскоп за февруари

Овен

Ако сте зафатени:

Ќе бидете полни со иницијативи, што позитивно ќе влијае на вашиот брачен или емотивен партнер. Во врската ќе внесете динамика, а вашите предлози ќе бидат прифатени со воодушевување. Партнерот ќе ви дозволи да водите, но внимавајте да не претерате. Повремено испуштете ги конците од рака и не настојувајте сè да биде по ваше. Така ќе избегнете непријатни кавги во втората половина од месецот.

Ако сте слободни:

Ќе почнете да го привлекувате спротивниот пол како магнет. Ќе делувате харизматично, што ќе ви донесе популарност и можност за влез во нова емотивна врска. Бидејќи страста ви е појачана, можни се и минливи авантури пред да се одлучите за една личност. Ако уживате во постојано внимание од една личност, која упорно се докажува дека е сериозна и вистинска за вас, не заборавајте да возвратите. Ако не го направите тоа, подоцна ќе се каете и ќе имате негативни последици.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Сре Јан 25, 2017 11:22 am

Бик

Ако сте зафатени:

Ќе бидете повлечени и ќе избегнувате гужви и јавни појавувања. Повеќе ќе ви одговара домашната атмосфера и интимноста со партнерот. Кога ќе бидете на само, нема да бидете мирни, туку страствени и ќе настојувате да се поставите над партнерот. Вашиот партнер може да е малку себичен и тоа да ве иритира. Во овие моменти важно е да ги сведете кавгите на минимум. Научете се да си посветите повеќе внимание на себе.

Ако сте слободни:

Вие сте личност која сака хедонизам, но во февруари ќе се однесувате спротивно својата природа, кога се работи за љубов и забава. Наместо да чекате некој да ве освои, ќе освојувате вие. Ако не добиете брз одговор, лесно ќе ја изгубите заинтересираноста. Хороскопот ви советува да не навлегувате во повеќе авантури истовремено и да не ги менувате често партнерите, бидејќи претерувањето може да ве измори, па да не ја препознаете добрата шанса која е пред вас.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Сре Јан 25, 2017 11:23 am

Близнаци

Ако сте зафатени:

На вас и вашиот партнер ќе ви биде потребна поголема забава и дружба со заедничките пријатели. Со саканата личност почесто посетувајте претстави, кино, концерти. Прифатете ги предлозите на парнтерот, дури и ако не ви се допаѓаат, неопходни ви се за да ја разбиете монотонијата. Трудете се да бидете прилагодливи овој месец, тоа позитивно ќе се одрази и ќе ви донесе зближување.

Ако сте слободни:

Ќе чувствувате силна потреба за нови контакти и познанства и ќе имате шанса да склопите многу пријателства. Токму едно од тие нови познанства може да развие симпатии. Набрзо можно е да се појави и втора личност со која ќе влезете во паралелна врска. Бидете свесни дека тоа нема долго да трае. Овој месец не почитувате никакви закони, па може да почнете врска и со лице кое не е слободно.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Сре Јан 25, 2017 11:23 am

Рак

Ако сте зафатени:

На почетокот на месецот добро би било да разговарате со партнерот за заедничките планови бидејќи тоа ќе ви помогне полесно да излезете на крај со финансиите и потребите кои овој месец ќе ве оптеретат. Партнерот ќе ги поддржува вашите предлози. Бидете посебно внимателни во втората половина од месецот. Инаетот и строгите ставови може да ви донесат само кавги. Флексибилноста е клучна за среќа.

Ако сте слободни:

Вашите страсти се појачани и ќе бидете позаинтересирани за авантури, отколку за врска. Сексуалниот апетит ќе ве натера да пробате нешто ново. Следете го темпераментот. Потребен ви е партнер кој ќе знае да доминира, бидејќи нема да имате трпение за неодлучни личности кои одолговлекуваат. Можно е да се впуштите во афера со некој пријател.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Сре Јан 25, 2017 11:23 am

Лав

Ако сте зафатени:

Ќе бидете под големо влијание на партнерот. Тој ќе ви биде поддршка во секој момент, колку и да не ги покажувате своите слабости. Ова е одличен месец за зацврстување на темелите на бракот или врската. Размислете за повеќе заеднички цели и планови. Само внимавајте кога ќе бидете под притисок, да не пукнете и да се истурите токму на него/неа. Тоа никогаш нема да ви го прости.

Ако сте слободни:

Постои некој кој долго време ви е во мислите, па ако од било која причина претходно не сте имале храброст да го направите првиот чекор, сега е идеално време за тоа. Втората половина од месецот е поуспешен за нови почетоци. Токму тогаш е можна посериозна врска. Нема да се разочарате и ако ги обновите контактите со некогашните партнери со кои од различни причини сте се разминале.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Сре Јан 25, 2017 11:24 am

Девица

Ако сте зафатени:

Потребна ви е поголема забава. Потрудете се да ја мотивирате саканата личност и поголем дел од слободното време да го поминете заедно. Исто така, поработете на заедничките финансии ако сакате да избегнете кави во иднина. Во втората половина од месецот страстите ќе се зголемат, што е добар сигнал дека ќе се подобри и сексуалниот живот во врската или бракот.

Ако сте слободни:

Потребно е да се ослободите од влијанието на некоја личност со која сте биле во врска одамна, а уште ви буди надежи дека ќе се обнови. Ако постојано мислите на минатото – ќе пропуштите добри шанси и добри познанства кои нема да ги препознаете. Не ги игнорирајте лицата кои директно ќе влезат во приватни и интимни разговори со вас. Прифатете ја нивната храброст и продолжете ја со покана за состанок. На ваше изненадување, ако го направите првиот чекор, успехот ви е загарантиран.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Сре Јан 25, 2017 11:24 am

Вага

Ако сте зафатени:

Ќе имате големи побарувања од брачниот или емотивниот партнер. Ќе инсистирате на вашите лични потреби и ќе му замерите на партнерот што не ви дава доволно внимание. Почувствителни сте од вообичаено, затоа не претерувајте. Можно е да се чувствувате потчинети, но ако гласно го кажете тоа може да доведе до кавги и засилени несогласувања. Во исто време страстите ви се зголемени, па кавгите може да ги решавате исклучиво во кревет.

Ако сте слободни:

Ќе бидете расположени за забава, но ќе барате некој за емотивна врска. Иако ќе ве привлече некоја личност, можно е неговата/нејзината несигурност да ве одбие. Доколку немате други понуди, прифатете барем пријателство, не го игнорирајте познанството. Во овој месец исто така можен е почеток на врска со личност за која само сте сонувале со години.
avatar
luxor

Број на мислења : 3195
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 6 of 23 Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 14 ... 23  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот