Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+7
EVITA
TRAJCHE
Bosonoga
Delta
reiter
Teo
Luxor
11 posters

Страна 24 of 43 Previous  1 ... 13 ... 23, 24, 25 ... 33 ... 43  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Сеп 25 2017, 14:29

Рак
21.06-22.07

Љубов Работа Здравје
5 4 4
25 септември до 1 октомври 2017

Љубов: Некој од вашите соработници може многу да ви се допадне. Можеби ќе се двоумите што да направите, дали да се отворите за можна врска, или пак не. Во секој случај ако го слушате своето срце не можете да згрешите. Оние што се во врска ќе бидат многу друштвен пар.

Работа: На повидок се деловни патувања, нови учења, откривање на нови сознанија. Учениците и студентите ќе бидат успешни. Оние што работат секој ден ќе имаат одлични идеи. Интелектуалците ќе бидат особено успешни.

Здравје и совет: Кога е во прашање здравјето, сите проблеми кои ги чувствувате се првенствено поради стресот на кој сте изложени. Можни се несоници. Немојте да ги наметнувате своите ставови.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Сеп 25 2017, 14:29

Лав
23.07-22.08

Љубов Работа Здравје
5 4 4
25 септември до 1 октомври 2017

Љубов: Главно ќе играте на картата заведување, еротика и секс. Тоа всушност најдобро ќе ви оди од рака во приватниот живот. Ако се обидувате малку повеќе да разговарате со другата страна, ќе наидете на неразбирање и хаос. Затоа молчете и едноставно сакајте.

Работа: Вашата работа сега се движи кон еден нов правец кој можеби не сте го очекувале. Бидете подготвени за уште некое изненадување, тоа ќе ви донесе прилика за развој на креативноста. Ќе има иновации.

Здравје и совет: На полето на здравјето можни се проблеми поврзани со малаксаност, низок притисок, но и недостиг на волја кај вас. Како најмногу да ви одговара да лежите и да одморате, па немате енергија за било што друго. Кој може нека патува. Макар и на излет.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Сеп 25 2017, 14:29

Девица
23.08-22.09

Љубов Работа Здравје
5 4 4
25 септември до 1 октомври 2017

Љубов: Поврзаноста со саканата личност ќе биде силна кога станува збор за далечни и невообичаени теми. Пред вас се денови во кои ќе разменувате идеи за сè и сешто, но тоа и двајцата ќе ве исполнува. Оние што уште се сами ќе ја бараат личноста со своите сништа.

Работа: Работата од сенка ќе ви се чини најдобра варијанта за работење. Затоа сè ќе правите мирно и без премногу атракции. Ќе уживате во ситници. Некои од вас своите амбиции ќе ги сведат на реална мерка и тоа ќе им годи. Ќе има и такви кои ќе ги одмеруваат своите достигнувања од минатото.

Здравје и совет: Поведете сметка за проблемите со `рбетот, коските, зглобовите, нозете и рацете. Ако сте склони кон реума или имате ишијас, оваа фаза ви е особено неповолна, па бидете внимателни. Можни се еротски сништа.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Сеп 25 2017, 14:30

Вага
23.09-22.10

Љубов Работа Здравје
5 4 4
25 септември до 1 октомври 2017

Љубов: Сè повеќе ќе бидете со своето друштво, но нема да ја запоставите саканата личност. Сепак што се однесува до емоциите, ќе проработи вашата друштвена фаза. Многумина од вас нема да разликуваат кој е кој, затоа што целата екипа ќе ја доживуваат како една целина. Внимавајте.

Работа: Некои од вас ќе мислат дека можат повеќе отколку што навистина можат. Поради тоа ќе се соочат со одредени фрустрации. Важно е да се биде реален и да се постават цели на зрел начин. Оние што ќе успеат во тоа, ќе се движат кон подобри резултати.

Здравје и совет: Кога е во прашање здравјето можете да очекувате помали проблеми со нозете, колената или губење сила во тој предел. Колковите ви се исто така слаба точка. Немојте да бидете материјалисти.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Сеп 25 2017, 14:30

Скорпија
23.10-21.11

Љубов Работа Здравје
5 4 4
25 септември до 1 октомври 2017

Љубов: Овие денови љубовта може да ја најдете на патување или движејќи се вон вообичаените рути. За некои од вас тоа би можела да биде љубов од соништата. Сепак немојте да брзате, ако почне пребрзо, може да се разводни. Одете полека, па сè ќе биде постабилно.

Работа: Многумина на работното место ќе покажат емоции или ќе сфатат колку го сакаат она што го работат. Од таму ќе произлезе и нова мотивација, па и свежи идеи. Вашата дисциплинираност, посветеност и енергија ќе бидат заразни. Некои ќе ги придвижат колегите околу себе.

Здравје и совет: На полето на здравјето можни се некои помали проблеми кои веќе сте ги имале во минатото. Најчувствителен ќе ви биде урогениталниот тракт. Исто така во овој период избегнувајте алкохол и било какви опијати. Некои од вас ќе направат промени.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Сеп 25 2017, 14:30

Стрелец
22.11-21.12

Љубов Работа Здравје
5 4 4
25 септември до 1 октомври 2017

Љубов: Ќе бидете насочени кон нови луѓе и нови познанства, но и понатаму ќе постои можност за провокации, па и расправии кои не ви одат од рака. Треба да внимавате како комуницирате. Затоа немојте да се залетувате. Бидете тактични и смирени.

Работа: Ќе мечтаете за подобра работа и поголеми потфати. Бргу ќе се спуштите на земја. Важно е да бидете реални и да ги поставите целите на зрел начин. Оние што ќе успеат во тоа, ќе успеат да се движат кон добри резултати. Само ви треба повеќе трпение.

Здравје и совет: Поведете сметка за здравјето затоа што сте многу чувствителни и подложни кон некои необични проблеми. Добро би било да посетите лекар ако забележите некои симптоми кои порано не сте ги имале. Бидете тактични со шефовите.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Сеп 25 2017, 14:30

Јарец
22.12-19.01

Љубов Работа Здравје
5 4 4
25 септември до 1 октомври 2017

Љубов: Вашите љубовни лудории и ловечки приказни ќе бидат сè попопуларни, а вие ќе бидете личност без која не се може во друштвото. Секој ден ќе се случува нешто што ќе ви буди чувства и ќе го прави вашиот приватен живот исполнет. Ќе им бидете интересни на другите.

Работа: Во моментите кога чувствувате зголемен притисок на тема рокови за работа, повикајте се на своите права. Така работите ќе ги насочите во позитивна насока и ќе избегнете непотребни расправии. Немојте да се залажувате дека ве сакаат, сакаат само да ве искористат.

Здравје и совет: Кога е во прашање здравјето, имунитетот малку ќе ви биде ослабен, но би требало да имате посериозни проблеми. Зголемете го внесувањето на витамини и малку поведете сметка за здравите навики. Имајте мерка во сè.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Сеп 25 2017, 14:31

Водолија
20.01-18.02

Љубов Работа Здравје
5 4 4
25 септември до 1 октомври 2017

Љубов: Ќе ве привлекува можноста за љубовна врска со угледна личност, но страстите нема да ви дозволат да функционирате тактично. Во себе ќе водите силна борба помеѓу разумот и чувствата. Подобро ќе биде да го послушате разумот, барем за сега.

Работа: Што и да се најде на дневен ред, вие ќе бидете главниот двигател на целата работа. Со тоа ќе има и одредени напори, па и стресови. Ќе имате енергија за сето тоа, па нема да ви биде тешко. Вашите потези ќе добијат на значење, а вашиот углед ќе порасне.

Здравје и совет: На полето на здравјето можни се помали пречки поврзани со долниот дел на грбот кој ќе биде чувствителен во овој период. Освен тоа нема некои поголеми проблеми, можете да се опуштите. Внимавајте да не прегорите.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Сеп 25 2017, 14:31

Риби
19.02-20.03

Љубов Работа Здравје
5 4 4
25 септември до 1 октомври 2017

Љубов: Со приказна и неочекувано дружење може да се откриете себеси и да стигнете до важни приватни сознанија. Затоа немојте да потценувате ниту еден разговор, ниту едно незадолжително дружење на кафе. Сè е отворено и можно. Треба само да бидете будни. Оние што се во врска ќе бидат на дистанца.

Работа: Препотентноста на другите луѓе ќе ви оди на нерви, но немојте да реагирате ако не е нужно. Од внатре ќе ве тера да се скарате, но тоа нема да излезе на добро. Работете ја својата работа и немојте да ја коментирате туѓата. Ќе дојде време кога сè ќе се покаже преку резултатите.

Здравје и совет: Поведете сметка за можните здравствени проблеми поврзани со желудникот, стомакот, но и градниот кош. Пределот на абдоменот сега ви е чувствителен повеќе од вообичаено. Вежбајте јога.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Пет Окт 06 2017, 19:57

Не се заљубувајте во Скорпиите, освен ако...
Не се заљубувајте во Скорпиите ако не сте подготвени да сакате

Не се заљубувајте во Скорпиите. Тие ќе ве уништат на најдобриот можен начин. Ќе ви покажат дека никој не е онаков како што изгледа и дека секој од нас во себе има различни личности, кои се покажуваат во различни ситуации.

Тие знаат да бидат центар на внимание или најинтровертната личност на една забава. Ќе ви покажат дека ништо не е така како што изгледа и дека првиот впечаток не е секогаш точен.

Не се заљубувајте во една Скорпија бидејќи тие ќе ви пкоажат дека љубовта не е едноставна. Дека таа е составена од низа вистини. Дека ништо не е црно бело. Тие секогаш ќе бидат искрени и ќе ја бараат вистина од вас бидејќи знаат дека лагите ја уништуваат љубовта. Не се заљубувајте во нив, бидејќи тие ќе ве натераат да излезете од комфорна зона, ќе ви покажат колку веруваат во вас и ќе го видат потенцијалот во вас, кој често не можете да го видите и самите. Тие ќе бидат последните кои веруваат во вас, дури и кога целиот свет може да ви го заврти грбот.

Скорпиите се еден од најлојалните знаци кои ќе ги запознаете. Тие ќе се борат за вас и секогаш ќе ве стават на прво место, но само ако покажете дека сте достојно за нивното време и внимание. Тие се еден од најселективните знаци во однос на тоа кому дозволуваат да влезе во нивниот живот. Ако ви го дозволат тоа, тие навистина ве обожаваат. Ако ви го дозволат тоа, ќе ве сакаат повеќе од било кој друг кој сте го запознале. Тие паметат сè за вас, дури и најмалите детали кои ќе одлучите да ги споделите со нив.

Не се заљубувајте во нив, бидејќи кога ќе одлучат да ве остават или вие ќе ги оставите, таквата љубов ќе ве прогонува. Тие ќе станат стандард со кој ќе не можете да ги споредите другите. Никогаш веќе нема да доживеете таква љубов.

Не се заљубувајте во нив, освен ако не сакате љубов која ќе ве тресне од земја и која нема да ја заборавите никогаш.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Окт 16 2017, 21:39

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Овен
21.03-19.04

Љубов Работа Здравје
5 4 4
16 до 22 октомври 2017

Љубов: Сега веќе нема да биде така напорно, а и отуѓувањето ќе се намали. Некои од вас ќе се сомневаат дека доаѓаат подобри љубовни прилики. Разбудете се и излезете меѓу луѓе. Немојте да дозволите да се сомневате, прифатете го секој повик, особено од пријателите.

Работа: Ќе се замислувате во улога на добродетел. Многумина ќе направат баланс на работите на работното место. Колегите со задоволство ќе се потпираат на вас. Истовремено ќе го поттикнуваат развојот на сосема нови идеи и технологии. Ова ќе биде седмица во која ќе има од сè по малку.

Здравје и совет: На полето на здравјето можни се некои нови проблеми. Имунитетот ви е ослабен и генерално сте многу чувствителни. Поведете сметка за циркулацијата, но и за пределот на главата. Пуштете ги мислите да лутаат и самите да го пронајдат патот.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Окт 16 2017, 21:40

Бик
20.04-20.05

Љубов Работа Здравје
5 4 4
16 до 22 октомври 2017

Љубов: Во личните односи сè поважно ќе ви биде заедничкиот живот и разбирањето. Затоа ќе ги отворите картите со доверба и во надеж дека другата страна потполно ќе ве разбере. Сè говори во прилог на тоа дека ќе успеете. Само немојте да брзате.

Работа: Ќе пробувате разни варијации на работење. Ова ќе ви донесе одредена радост затоа што нема да ви биде здодевно. Уметниците пред публика ќе имаат повеќе работа, но нема да изостане ни ракоплескањето. Вработените во услужните дејности исто така ќе имаат повеќе работа.

Здравје и совет: На полето на здравјето можни се помали проблеми со нервниот систем, чувствителни сте, подложни сте на грчеви во мускулатурата, но и на други симптоми. Ќе ви годи мирување. Ќе го освежите вашиот стил.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Окт 16 2017, 21:40

Близнаци
21.05-20.06

Љубов Работа Здравје
5 4 4
16 до 22 октомври 2017

Љубов: Својата енергија ќе ја вложите во зацврстување на односите со личноста што ја сакате. Тоа ќе биде голем труд со малку помали резултати. Ќе се послужите со оригинални идеи кои понекогаш ќе ја изненадуваат другата страна. Сепак, ќе бидете прифатени.

Работа: Препознавате дека доаѓа време за борба. Сè поподготвени сте јасно и гласно да го изразите својот став, а ако некој не се сложува со него, вие ќе ги изнесете аргументите. Нема да се откажете сè додека не се постигне компромис. Во сè се потпирате на својот внатрешен глас.

Здравје и совет: Кога е во прашање здравјето, можни се проблеми поврзани со `рбетот и вкочанетост, но генерално други тегоби нема да има. Може да се рече дека пред вас е фаза во кој нема да бидете многу оптоварени. Бидете она што сте.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Окт 16 2017, 21:40

Рак
21.06-22.07

Љубов Работа Здравје
5 4 4
16 до 22 октомври 2017

Љубов: Контактите малку ќе се изретчат, но ќе почувствувате дека така е подобро затоа што ви треба мир, па и да се осамите. Ќе успеете да направите анализа на вашето љубовно минато и потоа повторно да излезете надвор, со друштво. И така наизменично. Ова ќе биде шарена седмица.

Работа: Веројатно ќе ве поддржат стручни луѓе затоа што ќе ги препознаат вашите квалитети. Ќе ви биде мило иако ќе почувствувате благи последици од насобраниот умор. Сега можете да работите малку полесно и без притисок. Потпрете се на оние што ве поддржуваат.

Здравје и совет: На полето на здравјето можни се хронични проблеми кои инаку ги имате, поврзани со варењето, стомакот но и од гинеколошка и уролошка природа. Важно е да одите на редовни прегледи. Опуштете се со она што го сакате.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Окт 16 2017, 21:40

Лав
23.07-22.08

Љубов Работа Здравје
5 4 4
16 до 22 октомври 2017

Љубов: Ќе дојде до делумно подобрување на вашиот приватен живот, но и понатаму ќе бидете склони да работите по свое. Најдобро би било повеќе внимание и важност да ѝ подарите на другата страна и да прифатите некои нејзини предлози. Тоа ќе биде добро за двајцата.

Работа: Некои од вас ќе ги мачат финансиите. Некои пак ќе најдат сосема нов и несекојдневен начин на заработување. Можеби нема да биде сосема легален, па добро би било да проверите што смеете, а што не, за подоцна да немате проблеми со законот. Некои ќе патуваат поради работа.

Здравје и совет: Кога е здравјето во прашање не би требало да очекувате било какви проблеми. Се чувствувате сосема добро во својата кожа и немате причина да се грижите. Сè е во ред. Уживајте во весело друштво.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Окт 16 2017, 21:41

Девица
23.08-22.09

Љубов Работа Здравје
5 4 4
16 до 22 октомври 2017

Љубов: Ако нешто не оди помеѓу вас и партнерот, веројатно двајцата ќе се отворите и ќе се трудите да ги појасните своите очекувања. Ќе има непримерни однесувања, но тоа ќе може да се занемари. Обидете се да бидете понежни еден кон друг.

Работа: Ќе се подобри атмосферата на работното место. Полесно ќе работите иако работа ќе има сè повеќе. Спортските работници ќе постигнат добри резултати. Вработените во наставата ќе покажат што знаат. Ќе имате многу нови идеи.

Здравје и совет: На полето на здравјето нема да имате поголеми тегоби. Генерално состојбата со хормоните може да биде променлива, па поведете сметка за тоа како и за малаксаноста кон која сте склони повеќе од вообичаено. Ќе уживате и сами и во друштво.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Окт 16 2017, 21:41

Вага
23.09-22.10

Љубов Работа Здравје
5 4 4
16 до 22 октомври 2017

Љубов: Ќе бидете сè помирни и сè потивки. Единствено со задоволство ќе зборувате. Саканата личност со олеснување ќе забележи дека сте се смириле. Двајцата ќе бидете задоволни. Оние што се уште сами може да почнат да се зближуваат со личност која не е од нивниот крај.

Работа: Многумина ќе сакаат да ги поместат границите, но ќе увидат дека тоа не е баш лесно. Некои ваши планови се во судир со реалноста и ќе изгубат смисла. Прифатете го тоа како фаза на созревање. Слушајте ги другите, соработувајте, па и тие ќе ве поддржат.

Здравје и совет: Кога е во прашање здравјето треба да бидете многу внимателни затоа што сте многу чувствителни. Можни се проблеми со инфекции, вируси, воспаленија, бактерии, болни состојби.... Отидете на лекар. Побарајте спорт за себе.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Окт 16 2017, 21:41

Скорпија
23.10-21.11

Љубов Работа Здравје
5 4 4
16 до 22 октомври 2017

Љубов: Вашите лични односи ќе бидат малку подискретни, а вие на некој начин помалку напорни. Повеќе нема да ви бидат важни атракциите, ќе успеете да уживате во сосема мали и обични работи. Тоа е добро, така вистински ќе се запознаете.

Работа: Добро ви се поставени контактите, особено за сите нови идеи и проекти. Ќе балансирате помеѓу отворениот пристап и дискрецијата. Некои работи ќе ги задржите за себе затоа што внатрешниот глас така ќе ви говори. За многумина ќе бидете вистинско освежување.

Здравје и совет: На полето на здравјето не би требало да имате поголеми проблеми. Можно е да ве следи проблем кој сте го имале во минатото и сега на тоа треба да обрнете внимание. Одете таму каде што ви е добро.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Окт 16 2017, 21:41

Стрелец
22.11-21.12

Љубов Работа Здравје
5 4 4
16 до 22 октомври 2017

Љубов: Во текот на оваа седмица некои работи во вашиот приватен живот ќе почнат да доаѓаат на свое место. Помалите вербални несогласувања ќе бидат дел од секојдневието и на тоа не треба да му придавате поголемо значење. Слушајте го своето срце и следете го. Така нема да згрешите.

Работа: Во деловните комуникации и контакти избегнувајте отворено да покажувате емоции. Едноставно затоа што некој може да ве доживее како непрофесионална личност. Проценете кога и колку чувства треба да покажете. Се движите кон нови знаења.

Здравје и совет: Кога е во прашање здравјето, треба да водите сметка за урогениталниот тракт, мочниот меур, мочните патишта и сè што е поврзано со тој предел затоа што сега сте склони кон такви проблеми. Немојте да се нервирате поради ситници.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Окт 16 2017, 21:42

Јарец
22.12-19.01

Љубов Работа Здравје
5 4 4
16 до 22 октомври 2017

Љубов: Повеќе ќе се дружите. Оние што се сами повеќето слободно време ќе го поминуваат со блиската околина, било буквално дружејќи се или пак преку социјалните мрежи. Така лесно ќе наоѓаат нови познанства, а не е исклучена ни нова љубов.

Работа: Оние што имаат приватен бизнис може да добијат дополнителен ангажман кој нема баш да им биде по волја. Ќе има и такви кои ќе придвижат промени во просторот во кој живеат или работат. Ќе треба прво сè добро да осмислат.

Здравје и совет: На полето на здравјето можни се помали проблеми со синусите, белите дробови и дишните патишта. Може да бидете склони кон настинки или кашлица. Одете таму каде што ви е добро.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Окт 16 2017, 21:42

Водолија
20.01-18.02

Љубов Работа Здравје
5 4 4
16 до 22 октомври 2017

Љубов: Ќе ви стане поинтересно затоа што повеќе ќе се движите меѓу личности од спротивниот пол. Затоа оние кои сè уште бараат сродна душа полесно ќе наоѓаат љубовни прилики. Оние што се во врска ќе разменуваат нежни зборови кои ќе имаат ефект. Ќе биде сè подобро.

Работа: Сè уште ќе има помали финансиски проблеми, но се наѕира решение. Вашиот фокус на интерес сега ќе се префрли на повисоки знаења. Многумина ќе гледаат да ја усовршат својата стручност. Оние што учат ќе бидат во добивка. Кој сака нека се запише на дополнителен курс.

Здравје и совет: Кога е во прашање здравјето, можни се помали проблеми поврзани со грлото, но и со вратниот предел генерално. Можно е да треба да поведете повеќе сметка кога е во прашање штитната жлезда. Ви се отвораат можности за патувања.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Окт 16 2017, 21:43

Риби
19.02-20.03

Љубов Работа Здравје
5 4 4
16 до 22 октомври 2017

Љубов: Оние што се во подолги врски ќе имаат сè посилна потреба да се дружат, па ќе бидат често видени гости на разни забави. Ќе им биде добро ако се изземат малите кавги, но вам тоа ќе ви биде поттик. Оние кои сè уште бараат сродна душа, ќе патуваат.

Работа: Оние кои бараат нешто ново или длабоко, ќе добијат прилика тоа да го препознаат. Ќе бидете на чекор до нешто што ќе ви ја збогати кариерата. Тоа ќе ве поттикне да работите уште повредно. Речиси сите на работното место ќе покажуваат креативност.

Здравје и совет: На полето на здравјето можни се проблеми со главоболка, забите, проблеми со очите, слепоочниците и генерално со пределот на главата која е сега на некој начин на удар. Ќе го истражувате непознатото.

http://www.crnobelo.com/nedelen-horoskop
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Окт 22 2017, 00:34

ДНЕВЕН ХОРОСКОП 22 ОКТОМВРИ

ОВЕН

Доколку сте доволно искрени или одговорни за тоа што го правите, немојте да дозволите некоја чудна приказна да ве навреди. Постапувајте по вашата совест, важно е да го испочитувате заедничкиот договор или утврдените правила во соработката. Во средба со саканата личност, подобро е да прифатите некој предлог пто ќе го предложи.

БИК

Ако вам не ви се допаѓа нечија улога или однесување, не бидете премногу вообразени пред соработниците. Зачувајте ја присебноста и стрпливо сочекајте да се смират негативните страсти кои постојат во вашето опкружување. Доколку себе си дозволувате емотивно претерување пред саканата личност, ве очекува расправија.

БЛИЗНАЦИ

Вашиот ентузијазам или прекумерна смелост можат да се протолкуваат на повеќе начини. Затоа, внимателно одбирајте зборови кои ги користите во друштво на деловните партнери или во јавниот живот. Немојте самите да си создавате дополнителни проблеми. Покажете пред саканата личност дека добрата волја или емотивното внимание, неизмерно многу значат.

РАК

Вие завршувате со важна работа и имате големи очекувања. Внимателно проценете го редоследот на вашите потези на состанокот со вашите соработници. Еден добар глас се слуша доволно далеку, така што очекувате добра реклама и бизнис-финансиска добивка. Се чини дека некој одеднаш го крши вашиот љубовен план или договор што го имате со некој близок.

ЛАВ

Вие сте во одлична можност да ги зголемите вашите бизнис-финансиски резултати, па не дозволувајте некој да се меша со вашиот концепт или плановите што ги преземате. Одлучноста и упорноста имаат позитивен ефект. Нема причина за лажна скромност кога се наоѓате во некое блиско друштво. Можни се главоболки.

ДЕВИЦА

Јасно ви е дека некој ги загрозува вашите финансиски интереси, но вашите напори не даваат позитивен ефект. Мора да ја прифатите неповолната позиција која ви ја наметнуваат соработниците. Користете ја вашата интелигенција или пак некои скриени адути. кога станува збор за саканата личност мора да примените многу тактики.

ВАГА

Ако ви недостасуваат проверени информации за работата немојте да давате свое ветување, туку побарајте нечија интервенција и помош. Сите проблеми е полесно да се решат со нечие присуство. Бидете доволно нежни и имагинативни пред вашиот љубовен партнер. Препуштете се на чувствата.

СКОРПИЈА

Ако некој ја критикува вашата деловна идеја, покажете доволно слух и прифатете корисен совет. Важно е да го подобрите вашиот бизнис рејтинг или да се прилагодите на вашите соработници, што има позитивно влијание врз вашата социјална репутација. На состанокот со љубената личност, почитувајте заеднички договор. Потребна ви е нежност.

СТРЕЛЕЦ

Избегнувајте различни форми на бизнис уцена или конкурентна атмосфера, предложени од вашите соработници и претпоставени. Не дозволувајте некој да ве обврзува на службеност или деловна соработка што не ги задоволува вашите очекувања. Вознемирувачки е да се знае дека саканиот нема инспирација или храброст.

ЈАРЕЦ

Нечија приказна ви дава негативен впечаток, не веруватево големи зборови без покритие. На состанокот со соработници, бидете посмирени и поскромни од вообичаеното. Заборавете на големите амбиции што ве водат кон конфликтна ситуација. Саканата личност навистина сака да те задоволи, покажи дека имаш доволно доверба.

ВОДОЛИЈА

Непотребно сте заглавени во нечија замка и ги зголемувате вашите интелектуални или практични способности. На крајот, нема причина да се жалиме за пропуштена можност или деловно-финансиска загуба. Почекајте подобри услови. Важно е да се зачува личното достоинство и доброто расположение кога ќе се сретнете со партнерот.

РИБИ

Имате интересни идеи и делувате мотивирачки на вашата околина. Завршувате важен бизнис кој ви дава чувство на самодоверба и дополнително влијае на вашата материјална сигурност. Немојте да се колебате за добра деловна можност. На средбата со некој близок, можете слободно да ја преземете иницијативата и да создадете забава.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Окт 22 2017, 14:47

Неделен хороскоп од 23 – 29.10.2017 година!
ОВЕН

Работа

Ги решивте финансиски проблеми од изминатите денови, но сепак и понатаму сте загрижени што немате доволно пари за инвестициите што ги планиравте. Не се нервирајте, бидејќи ѕвездите се на ваша страна.

Љубов

Партнерот ве разбира, затоа и со вас поминува низ турбулентниот период, кој влијае и на луѓето околу вас.

Здравје

Зголемена нервоза.

БИК

Работа

Следи брзо решавање на вашите финансиските проблеми. Ќе се сретнете со една интересна личност која ќе ви помогне да стигнете до ѕвездите на деловен план.

Љубов

Сакате да решите некои детали, веројатно, партнерот е премногу тежок карактер. Се обидувате да се ослободите од неговиот притисок.

Здравје

Се чувствувате добро.

БЛИЗНАЦИ

Работа

Во суштина, вие сте личност која е многу свесна за индивидуалните деловни потези на вашиот шеф, а во тоа име ја чувствувате посилно и дозата на манипулација, на која нема да се согласите.

Љубов

Вашата интуиција во врска со една личност, работи многу добро. Овој став ви помага да го средите вашиот емотивен живот.

Здравје

Немате проблеми.

РАК

Работа

Не очајувате, немате премногу лош став кога негативните трендови се во полна сила. Што и да се случува, вие знаете дека сте доволно способни да се излечете.

Љубов

Заљубени и среќни, не сте свесни за тоа што всушност ви се случува во емотивната врска.

Здравје

Поправете ја крвната слика.

ЛАВ

Работа

И покрај лошите сегменти во вашиот бизнис, ќе опстанете на пазарот. Непријатност, исто така, може да дојде од непромислени промени, кои самите сте ги предложиле.

Љубов

Партнерот е малку лут на вашиот став, на недопирлива личност. Бидете внимателни кон неговите чувства.

Здравје

Внимание на хроничните пациенти.

ДЕВИЦА

Работа

Идејата која ја разработувате во првиот дел од неделата, ви носи решение на ситуацијата за наредниот период. Свесни сте за тоа колку сте вредни и колку вредите, така што во таа смисла и владеете.

Љубов

Можно е да бидете доволно отворени за вашиот партнер овој пат, а ќе поминете и доволно километри само за да направите нешто да се случи.

Здравје

Добро.

ВАГА

Работа

Вашата гордост не дозволува појак деловен однос со лице кое е спремно отворено да се постави, кога станува збор за нови деловни предизвици.

Љубов

Вие не треба да бидете сами. Се чувствувате огорчени. Излагајте и дружете се.

Здравје

Спортувајте.

ШКОРПИЈА

Работа

Луѓето ве доживуваат како голем мудрец, а вие тоа во суштина и сте. Многумина ве прашуваат за совет, а вие несебично го подарувате.

Љубов

Емотивната страна ви е повеќе поврзана со полето на страста. Бидете доволно опуштени во вашите намери и нешто ќе може да се случи.

Здравје

Зголемено лачење на хормоните.

СТРЕЛЕЦ

Работа

Сте пропуштиле нешто и успехот ве избегнал за влакно. Ќе тапкате малку во место, но резултатот нема да изостане.

Љубов

Нема да бидете расположени за дружење, туку за кавга во која можете некого да навредите.

Здравје

Главоболка.

ЈАРЕЦ

Работа

Имате одлична соработка со клиентите, како што се гледа на деловниот план кој оди се подобро. Не ги пропуштајте покажаните шанси, да добиете уште поголеми бенефиции.

Љубов

Ве привлекува личност од минатото, но вие не знаете дали да и дозволите повторно да влезе во вашиот живот.

Здравје

Намалете го стресот.

ВОДОЛИЈА

Работа

И покрај лошите сегменти на вашиот бизнис, ќе опстанете на пазарот. Непријатност, исто така, може да дојде од неразумни промени, кои самите сте ги предложиле.

Љубов

Партнерот е малку лут на вашиот став на недопирлива личност. Бидете внимателни кон неговите чувства.

Здравје

Внимание на хронично болните.

РИБИ

Работа

Ве мачат одредени дилеми, кои во почетокот не сте ги разбрале премногу сериозно. Чувствувате потреба да поправите нешто.

Љубов

Некој се меша во вашата врска и ве иритира со своето присуство. Спремни сте на посилен емотивен конфликт.

Здравје

Внимавајте на настинки.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Окт 22 2017, 14:48

ete i horoskopot ti kazuva

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 24 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 24 of 43 Previous  1 ... 13 ... 23, 24, 25 ... 33 ... 43  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот