ХОРОСКОП

Страна 27 of 39 Previous  1 ... 15 ... 26, 27, 28 ... 33 ... 39  Next

Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa on Нед Дек 03, 2017 10:46 pm

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)

Декември, 2017
Љубов
Јупии, живеете во најубавиот период од годината за вас. Небесните тела се подготвени за да направат спектакл во кој вие ќе уживате.

Венера, планетата на љубовта и убавината, во текот на цел декември ќе престојува во вашиот знак, правејќи ве неодоливи. Суптилно ќе го истакнувате сексапилот и огромно внимание ќе му посветувате на надворешниот изглед. Вие обожавате сè што е естетски привлечно за окото, па ќе успеете да плените со изглед кој ќе изнудува само комплименти. Ќе ве изненади бројот на обожаватели кои ќе се обидуваат да го освојат вашето внимание. Нема да паѓате на зборови, туку на дела.

Големата самодоверба и шармот кои ќе ги поседувате може да ја разбудат љубомората во очите на партнерот. Сепак, тоа ниту малку нема да ви попречи да имате бројни романтични ноќи. Многу стрелци ќе испланираат празнично патување кое ќе им ја зајакне врската.

Ќе гледате на љубовта со слободен ум, без ограничувања. Со партнерот ќе си давате доволно слобода за многу повеќе да ги цените моментите кога сте заедно во интимна атмосфера. Од 9 декември Марс ќе патува низ вашиот сектор на фантазиите, па бидете поотворени во комуникацијата со саканиот и заемно исполнувајте си скриени желби.

Многу среќен ден ќе биде 18 декември, кога ќе настапи млада месечина во вашиот знак. Очекувајте љубовни изненадувања, очекувајте многу бакнежи, очекувајте нова романса.

Од 3 до 23 декември Меркур ќе се движи ретроградно во вашиот знак, а тоа ќе резултира со непотребни кавги со саканиот или блиските. Бидете потолерантни и бројте до 10 пред да кажете било што.

На 25 декември Венера ќе премине во вашиот сектор на работата, зголемувајќи ги шансите за романса на работното место. Можно е да се роди искра меѓу вас и ваш колега за време на празнична забава.

Пари и работа
Ризикувајте без страв, планетите се на ваша страна. Во никој случај не ги потценувајте вашите способности и целете високо.

Сонцето, Венера и Меркур ќе престојуваат прво во вашиот знак, а потоа ќе преминат во вашиот сектор на работата и парите, што значи дека претпразнично ќе имате шанса за голем финансиски напредок.

Ќе седнете на лидерска позиција и ќе делегирате задачи за да не се натоварувате премногу. Многу стрелци токму сега ќе побараат покачување на платата или префрлување на повисока работна позиција.

Имајте на ум дека од 9 декември Марс ќе престојува во секторот на скриените намери и тајните. Големи се шансите на работа да се соочите со личност чии намери не се така добронамерни како што таа сака да ги прикаже.

Младата месечина на 18 декември ќе ве насочи кон парична сума која ќе ви ја даде посакуваната финансиска стабилност.

Здравје
Ќе чувствувате дека среќата ви е на дофат, па испружете ги рацете и ќе ја достигнете. Со огромна енергија и ведрина ќе пловите низ последниот месец од годината, благодарение на Сонцето и неколку планети кои ќе престојуваат во вашиот знак. И покрај тоа што ќе бидете особено активни и растрчани на многу страни, нема да се чувствувате истоштени. Напротив, зафатеноста ќе ве исполнува и ќе се гордеете со себе.

Голем е ризикот од повреди за време на вежбање или подинамични активности. Не брзајте и бидете повнимателни!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa on Нед Дек 03, 2017 10:47 pm

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)

Декември, 2017
Љубов
Декември ќе ви започне монотоно и без многу возбуда, но како што ќе се приближуваме кон крајот на годината, така вашиот живот ќе станува поеуфоричен.

Месецов започнува со влегувањето на хармоничната Венера во стрелец, вашата 12-та куќа на фантазијата и завршетоците. Некои јарци ќе се чувствуваат како да живеат во романтичен филм и ќе воскликнат дека ја имаат до себе или дека ја пронашле својата сродна душа.

Но, други пак, ќе смогнат сили да завршат љубовно поглавје. Доколку сте биле во токсична врска, сега ќе соберете храброст да кажете „крај“.

Марс на 9 декември ќе започне да патува низ шкорпија, вашата куќа на технологијата, пријателството и групните активности. Најдобро ќе се чувствувате кога сте меѓу многу луѓе, па со партнерот ќе планирате многу излегувања со друштво. Големи се шансите и често да договарате друштвени средби без саканиот. Сепак, Марс носи и добри вести на љубовен план. Можеби ќе бидат ретки моментите кои ќе ги минувате со саканиот зад затворени врати, но тие ќе бидат жешки и незаборавни.

Не сте во врска? Марс ќе ги засили флертувачките погледи помеѓу вас и личност која ќе ја запознаете преку ваши пријатели. Има веројатноста да започнете флерт авантура онлајн.

На 20 декември строгиот Сатурн ќе влезе во вашиот знак. Сатурн е учител и ќе ви подари скапоцени животни лекции.

На 21 декември и официјално започнува вашиот период од годината. Ниту една празнична забава нема да биде целосна без вас. Ќе бидете срцето на друштвото, бидејќи ќе имате доминантно присуство. Неочекувано може да наидете на личност која одговара на вашите високи критериуми.

Најромантичните моменти за вас доаѓаат на крајот на годината и на почетокот на 2018. Венера на 25 декември ќе започне да патува низ вашиот знак, подарувајќи ви неуништлива хармонија во односите со саканиот. Одново ќе се заљубите еден во друг.

Не сте во врска? Купидон е подготвен за празничниот период да ви донесе љубов за каква што сонувате.

Пари и работа
Работата нема да ви носи задоволство на почетокот на декември, па ќе ги заобиколувате работните обврски и ќе одложувате сè што може да се одложи за друг ден. Да, нема да бидете продуктивни како вообичаено, но затоа пак ќе си зачувате енергија за да кроите големи планови за крајот на годината.

Полната месечина на 3 декември ќе ви помогне да откриете грешка која би ве чинела многу пари доколку останела непоправена.

Од 3 до 23 декември Меркур ќе се движи ретроградно во вашата 12-та куќа, што значи дека ќе ви биде тешко да се концентрирате. Не започнувајте нови проекти во овој период, навраќајте се на веќе започнатите.

Откако на 21 декември Сонцето ќе започне едномесечно патување низ вашиот знак, ќе започне низа од финансиски успеси. Ќе се изненадите од тоа колку многу шанси за напредок ќе долетаат до вас.

Здравје
На почетокот на месецов нема да имате многу енергија, па користете ја умно. Не прифаќајте премногу обврски и друштвени средби, за да ви остане време за нега на телото.

Од 9 декември па до крајот на годината, Марс ќе престојува во шкорпија, вашиот сектор на групните активности. Избирајте да вежбате во група за да видите најдобри резултати. Запишете се на часови по аеробик, пилатес или јога и ќе ја одржите мотивацијата на највисоко ниво.

Откако на 21 декември Сонцето ќе го осветли вашиот знак, сè ќе биде поинаку. Ќе блеснете пред светот со огромна енергија и подготвеност да го покорите.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

поддржи ги уставните измени ,верувај во владата
avatar
osa

Број на мислења : 13823
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa on Нед Дек 03, 2017 10:48 pm

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)

Декември, 2017
Љубов
3,2,1... Старт! Во последните месец дена од годината ќе бидете супер активни и незапирливо ќе итате од една средба на друга. Сонцето до 21 декември ќе ја осветлува вашата 11-та куќа на пријателството и групните активности, па веројатно токму вие ќе бидете организаторот на празнични веселби. Нема да има сомнежи дека најнезаборавните забави ќе бидат таму каде што ќе бидете вие.

Романтичните средби можеби ќе бидат поретки затоа што ќе се посветите на дружењето, но тоа ќе ве исполнува и вас и вашиот партнер. Не сте во врска? Не ја исклучувајте можност да ја пронајдете следната голема љубов онлајн или преку свој пријател.

На 1 декември Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе влезе во вашиот сектор на пријателството и групните активности и таму ќе остане цел месец. Пријателите и познаниците ќе вмешаат прсти во вашиот љубовен живот – тие ќе се потрудат да ве запознаат со идеалниот партнер ако не сте во врска, а ќе ви даваат незаменливи совети ако веќе сте во врска.

Можно е да забележите романтични погледи насочени кон вас од личност која ја сместувате во категоријата пријатели. Внимавајте како ќе реагирате на тие сигнали.

Полната месечина на 3 декември ќе настапи во близнаци, вашиот сектор на страста, романсата и флертувањето. Ќе излезе на виделина заводничката која се крие во вас. Можно е да споите усни со личност со која подолго време тајно си разменувате заводливи погледи. Ова е одличен ден за романтичен состанок со саканиот. Во вашите очи ќе светне силна искра кога ќе се гледате еден во друг и нема да има подобар доказ за вашата љубов.

Во последните 10 дена од годината Сонцето ќе патува низ вашиот сектор на фантазијата, а таму од 25 декември ќе се движи и романтичната Венера. Очекувајте многу љубовни моменти за паметење во текот на празничниот период. Небесните тела се здружени за да ви го разубават животот и да го зачинат со многу романтика, независно од вашиот статус.

Пари и работа
Во првите три недели од декември, Сонцето ќе патува низ стрелец, вашиот сектор на пријателството и групните активности. Со колку повеќе луѓе сте во контакт, толку поуспешни ќе бидете. Познаниците може да ве лансираат кон врвот. Во овој период преферирајте ги тимските проекти.

Низ стрелец, кој е и вашиот сектор на хуманитарноста, ќе патуваат и Венера и Меркур, па ќе имате огромна желба да се вклучувате во добротворни акции. Некои водолии самите ќе иницираат акција од таков тип, додека други за првпат ќе волонтираат во некоја организација.

Марс ќе ве носи во деловни авантури. Патувајќи низ вашиот сектор на амбициите и кариерата од 9 декември, енергичниот Марс ќе ве мотивира да грабите повеќе и повеќе. Нема да се задоволувате со малку, а тоа ќе се одрази позитивно на вашата финансиска состојба.

Од 3 до 23 декември Меркур ќе се движи ретроградно, па големи се шансите на работното место да се соочите со проблематичен колега/клиент, кој ќе реагира бунтовнички без причина.

Здравје
Очекувајте стабилна здравствена состојба. Ќе бидете мошне заинтересирани за алтернативната медицина и ќе читате многу за природни билки.

На 9 декември Марс ќе започне да патува низ вашиот сектор на дисциплинираноста. Лесно ќе им одолевате на гурманските специјалитети кои знаете дека ѝ се непријатели на вашата линија и ќе се насочите кон поздрави алтернативи. Нема да ја прескокнувате планираната физичка активност и без изговори ќе го одржувате телото во врвна форма. Доаѓаат празнични забави, а вие без проблеми ќе блескате во избраните модни комбинации.

Во последните 10 дена од месецов Сонцето ќе престојува во вашиот сектор на одморот. Релаксирајте се почесто и поспивајте подобро. Кратките дремки во текот на денот ќе бидат особено важни за да можете да бидете најдобрата верзија од себеси.

Пишување by osa on Нед Дек 03, 2017 10:49 pm

РИБИ (19. II – 20. III)

Декември, 2017
Љубов
Разумот или срцето? За вас нема да има дилема во текот на декември, затоа што секогаш ќе ја избирате логиката пред чувствата и интуицијата. На 1 декември Венера, планетата на љубовта, ќе влезе во стрелец, вашиот сектор на долгорочното планирање, каде се наоѓаат и Меркур и Сонцето, па љубовта ќе биде сериозна тема за вас. Ова е период кога со саканиот ќе кроите големи планови за заедничката иднина.

Не сте во врска? Ќе ги заобиколувате љубовните авантури и ќе ги избегнувате додворувачите за кои не сте сигурни дека имаат сериозни намери кон вас. Можно е да ве привлече повозрасна личност или личност со која ќе имате зачестени контакти поради работата.

Полната месечина на 3 декември ќе настапи во вашиот сектор на домот и семејството. Ова е ден кој треба да им го посветите на животниот сопатник и најблиското семејство. Доколку ваша блиска личност физички е далеку од вас, стапете во контакт со помош на модерната технологија. Некои риби на овој ден ќе одлучат да го прошират семејството со нов член, други пак ќе разговараат сериозно за брак.

Од 9 декември Марс ќе се движи во вашиот сектор на патувањата и авантурите. Големи се шансите за време на празничната сезона да започнете врска со странец или пак да се заљубите додека сте подалеку од границите на нашата земја. Некои риби ќе започнат врска на далечина.

Марс носи и силна сексуална енергија, па очекувајте жешка атмосфера во спалната соба.

На 25 декември Венера ќе премине во јарец, вашиот сектор на пријателството. За повеќе риби ќе биде тенка линијата помеѓу љубовта и пријателството. Можно е за време на празничните забави да споите усни со лице кое досега го нарекувавте свој пријател. Исто така, огромна е веројатноста дека ќе ја сретнете вашата голема љубов преку ваши пријатели. Не одбивајте покани за дружење.

Пари и работа
Да, започнува да се шири празничната еуфорија, но тоа ниту малку нема да ја засегне вашата амбициозност. Сонцето и Венера ќе патуваат низ стрелец, вашиот сектор на дисциплинираноста, кариерата и долгорочното планирање. Со радост ќе гледате како ваши планови се реализираат на перфектен начин. Ова е одличен период за донесување на финансиски одлуки, затоа што реално ќе го предвидувате крајниот резултат.

Под влијание на Венера ќе успеете да стапите во контакт со влијателни лица надвор од работното место. Проширувањето на мрежата со деловни контакти ќе ви помогне да стигнете до солидна парична сума.

Имајте на ум дека од 3 до 23 декември Меркур ќе се движи ретроградно, а тоа ќе ве направи многу компетитивни. Немојте да се споредувате со другите, бидејќи тоа само ќе ве фрустрира наместо да ве мотивира. Во овој период ќе сакате да ги спазите сите рокови и да ги исполните сите задачи, па веројатно ќе работите многу, многу повеќе од обично. Внимавајте на стресот.

Во последните десет дена од годината преферирајте ги тимските проекти. На таков начин, побрзо ќе ги завршувате обврските и ќе добивате помош кога ќе наидете на пречки. Неколку глави мислат многу подобро од една, нели?

Здравје
Независно дали постите, држите диета или започнавте нова интензивна фитнес програма, со леснотија ќе се движите кон зацртаните цели. Сонцето и неколку планети ќе танцуваат низ вашиот сектор на дисциплинираноста, па ќе бидете максимално посветени и нема да правите отстапувања.

Ова е фантастичен период за да раскрстите со навика за која знаете дека е штетна за здравјето, бидејќи ќе бидете бескомпромисни.

Од 9 декември енергичниот Марс ќе престојува во вашиот сектор на оптимизмот и експанзијата. Ќе се радувате на одлично психичко здравје, а начинот на размислување ќе ви станува сè попозитивен. Под влијание на Марс, ќе имате потреба да поминувате повеќе време во природа. Што велите за одмор на планина за време на празниците?

Пишување by OPOZICIONER on Нед Дек 03, 2017 11:08 pm

ja veruem na zvezdite i se mi pogodile
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 444
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Пет Дек 15, 2017 10:40 am

ПРОВЕРЕТЕ КОЈ Е ВАШИОТ ПОДЗНАК ВО ХОРОСКОПОТ

Сончевиот знак (оној кој сите го знаеме и зависи само од датумот на раѓање) ја претставува нашата душа, внатрешност, карактер и потенцијал, а подзнакот (кој зависи од часот и местото на раѓање) ја претставува надворешноста – она што другите го гледаат во вас... На пример, ако вашиот хороскопски или сончев знак е бик, а во подзнак сте близнаци, и покрај тоа што вие можеби внатрешно се чувствувате смирено и опуштено, другите можеби ве гледаат како нервозен и енергичен човек. Понекогаш подзнакот всушност е нашиот оклоп со кој го криеме вистинкото „јас“ од другите. Каква е вашата маска? Како другите ве доживуваат? Погледнете ја табелата! Прво одберете го месецот во кој сте родени, а потоа и датумот на вашиот роденден. Потоа симнувајте се надолу по колоната се додека не го најдете времето на вашето раѓање. Во првата колона од левата страна ќе го видите вашиот подзнак.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Пет Дек 15, 2017 10:41 am

avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Пет Дек 15, 2017 10:42 am

Пишување by luxor on Пет Дек 15, 2017 10:43 am

avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by EVITA on Пет Дек 15, 2017 10:47 am

Mnogu interesno navistina.

EVITA

Број на мислења : 220
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga on Саб Дек 16, 2017 8:55 pm

Si go najdov podznakot. aj sea nekoj da stavi horoskp za 2018 ako moze molam.
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 612
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Нед Дек 17, 2017 10:40 pm

Годишeн хорскоп за 2018-та година!

Овен

Родените во овој знак ги очекува прилично возбудлив и турбулентен период, барем во љубовна врска. Имено, ѕвездите предвидуваат дека 2018. година за Овните ќе биде период полн со авантура и различни можности. Ова ќе биде особено изразено во втората половина од годината, односно од август, кога Јупитер влегува во куќата на љубовта, особено со оглед на ноември, кога Венера е во Шкорпија, која ќе донесе многу страстни моменти во вашиот живот. Иако сè може да започне како летачка авантура, во 2018 година на крајот би можеле да ја најдете вистинската љубов.

Што се однесува до вашата кариера, пред вас има мирен период, без превртливи турбуленции. На бизнис план ќе успеете да се постигне добра соработка со колегите, а најдобрите ќе бидат изразени во тимска работа, што не е сосема типична за овните. Напредокот во кариерата е најважно за оние кои се занимаваат со уметност, или нивната работа е поврзана со производството и продажбата.

Во секој случај, во поглед на финансиите, претстојната година ќе биде безбеден и сигурен период за вас. Обидете се да уживате во него и да се однесувате кон некој трик или патување, можеби само за да завршите со страсна авангарда. Сепак, тоа не значи дека не можете да ги исмеваат финансиска добивка, но сепак треба да се биде внимателен, и да се воздржат од какви било инвестиции во периодот од март до јули 2018 година, тогаш ќе биде Јупитер ретроградно.

Во областа на здравството, Овните ги следи релативно тивка години, со оглед дека ќе престане владеењето на Уран, што ги прави ранливи, и врши владеењето на Јупитер, бидејќи тоа ќе биде отпорна и добро здравје. Ќе имате многу енергија што треба да трошите повеќе време да престојувате во природата, што ќе ве направи исклучително среќно. Вежбајте и практикувајте спорт, но исто така свртете се кон медитација, што ќе ве ослободи од стрес.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Нед Дек 17, 2017 10:40 pm

Бик

Родените во знакот на Бик ќе имаат интересна година, која ќе биде исполнета со различни можности кога ќе се запознаеме со нови луѓе, а особено со љубовниот план – сите ќе бидат знак на емоции и нивната манифестација. Посебно внимание посветувајте на октомври и ноември, кога Венера влезе во ретроградниот Шкорпија, што значи дека ова ќе биде идеално време да се запознаете со вистинскиот. Кармички средби исто така се можни. Исто така, можете да бидете склони и носталгија. Во секој случај, не се откажувајте пред тоа што Ѕвездите ви носат, но можете слободно да се чувствувате, бидејќи среќата е во полето на љубовта на ваша страна. Особено внимавајте на средината на годината, кога е можно да дојде кај принцот на бел коњ за сите кои не се во врска.

Во финансиска смисла, 2018 може да биде многу просперитетна за вас – сè што треба да направите е да се фокусирате на вашиот бизнис и цели, како и да верувате во вашата интуиција, а резултатите нема да бидат пропуштени. Значи, како што гледате на клучниот збор е да верувате во вашите чувства, и кога работите се во прашање. Исто така, општата препорака за Биковите е да се воздржат од такви работни места и колективни договори во 2018 година, бидејќи тие би можеле да бидат изложени на ризик за нив. Можете да очекувате конкретен напредок во кариерата кон крајот на годината.

2018 година ќе биде време сите бикови да престанат со нездравите животни навики и да се свртат кон спорт и физичка активност. На крајот на првата половина од годината, сепак, ќе има значителен пад на енергијата, па затоа би било добро да се погледне на здравјето во тој период. Потоа обидете се да се изолирате од сите негативни влијанија и се што може да предизвика чувство на незадоволство.

Првата половина на годината ќе биде особено погодна за патување и за семејни собири.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Нед Дек 17, 2017 10:41 pm

Близнаци

За сите оние родени во Близнаци, следната година ќе биде доминантна во знак на вљубеност, а не повеќе од тоа судбоносно. Многу е веројатно дека тоа ќе биде некој кој е веќе во вашата околина, а за кого дури и не сте забележале дека има чувства кон вас. Во секој случај, тоа ќе направи да се чувствувате многу посебно. Ретроградна Венера, која ќе доминира во текот на 2018 година, оваа година ќе ја направи идеална за постигнување стабилна љубовна врска. Лицето што го сакате ќе биде тужено на различни начини, што ќе ве натера да се чувствувате многу пожелно и привлечно. Сепак, не се школувајте, бидејќи на крајот може да бидете во загуба кога се вљубува. Она што е исто така многу интересно е дека во 2018 година ќе донесете ризик за Близнаците и можноста да бидете фатени, па би било добро да се воздржите од такви одлуки во врска со љубовниот план.

Сатурн ветува напредок во финансискиот план, но, исто така, имате тежок период на работа, ќе треба да му дадете повеќе од својот максимум за да ги постигнете саканите резултати во областа на кариерата. Во најлошите моменти, ќе ви биде многу тешко да добиете сè што го барате, но имајте на ум дека на крајот ќе се исплати напор. Имајте на ум дека во 2018 година, напредувањето во кариерата на вашиот знак ќе биде бавно, но трајно. Што треба да ти биде приоритет е да изградиш авторитет на вашето работно место.

Здравјето треба да ви служи добро во текот на поголемиот дел од годината, што е исклучително важно да се обезбеди да имаат доволно енергија и енергија за да се фокусира на својата работа и кариера, бидејќи како што само е наведено, во оваа област ќе sleduje исцрпувачки период. Во средината на 2018 година, може да биде дека ќе се чувствувате исцрпени и тогаш е особено важно да се свртите кон спортот за да помогнеме да се спречи оваа криза.

На крајот на годината ве очекува возбудлив период на патување.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Нед Дек 17, 2017 10:41 pm

Рак

На Раковите во текот на годината 2018 година, ѕвездите предвидуваат можни емоционални кризи, особено во есенскиот период кога сериозни конфликти со партнерот се можни за оние кои се во сериозна врска или брак. Меѓутоа, по секоја веројатност, во повеќето случаи помирувањето се следи, важно е само да се фокусирате на вашата врска. Во случај ако се чувствувате премногу осамени во романтична врска, важно е да разговарате за тоа со вашиот партнер и никогаш нема да се повлечете во вашата школка. На крајот можете можеби ќе ве изненади кога ќе го слушнете од друга страна да се почувствува, и без разлика што на крајот на исходот на вашата врска или брак, следната година е време за чесност. Само на крајот навистина може да бидеш среќен. Ако сте во врска, следете го вашиот инстинкт и бидете транспарентна во покажување на чувствата. Потенцијалот за судбоносна средба расте на крајот од годината.

За разлика од љубовта, во бизнис планот ситуацијата ќе биде значително поповолна, поточно во 2018 година. Таа е особено важна за вашата кариера и носи различни можности за промоција. Со оглед на влијанието на Плутон, наредната година е дефинитивно совршено погодно време за постигнување на вашите амбиции. Исто така, ако размислувате за некои инвестиции, ѕвездите велат дека 2018 година ќе биде идеално за такви потези и ризици.

За секој роден во знакот на Рак, општа препорака е дека во текот на 2018 да се фокусира на здрав начин на живот, со цел да се надминат емоционални кризи со кои се соочуваат. Најдете баланс помеѓу работата и другите активности, и обиди се да ги зачувате нервите за време на емоционални кризи во кои може да паднете.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Нед Дек 17, 2017 10:41 pm

Лав

На Лавовите им се насмевнува романса, со некој од нивното минато. Поточно, октомври и ноември за време на владеењето на Венера може да биде одлучувачки за нивната понатамошна судбина. Во суштина, се очекува во 2018 година, кога е љубов е во прашање, да биде доста возбудлива година, полна со изненадувања. Сепак, не дозволувајте да не забележите некој со кого може да имате судбинска средба. На кратко, што се однесува до љубовта, во текот на 2018 година, сè ќе ви оди од рака!

Можно е дека дури и во полето на кариерата да се стигне до важна пресвртница, посебно да се промени работни места или да се воспостават нови партнерства, ако имаш свој бизнис. Во секој случај, овие промени дефинитивно ќе бидат добри за вашата кариера и иднина. Бидете храбри и да се вклучите во нови авантури, и не плашете се од ненадејни промени. Исто така, имајте на ум дека можно се неколку подеми и падови во однос на работните места и кариери во текот на 2018 година, што најдобро ќе се надминат ако строго се одржи бизнис план и да се постават цели, и не ќе може да се меша со постојните пречки.

Вашето физичко здравје ќе биде генерално добро во текот на следната година, иако можните времиња кога се чувствувате се особено исцрпени и сиромашни. Тогаш не треба да се спроведе некои дополнителни физички напор, за сите околу вас да докажете дека сте „лав“

Важна забелешка – во текот на август, кога Јупитер е во знакот на Лав, воздржете се од ненадејни и големи одлуки.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Нед Дек 17, 2017 10:42 pm

Девица

Луѓето во знакот на Девица конечно ќе се сретнат со личност која ги споделува своите вредности, навики и погледи на животот. Исто така, тоа е многу можно дека тоа не е некој нов во нивните животи. Во секој случај, зборувајте за вашите чувства, а во ред е да се сетите дека некои работи се случуваат со причина.

Работа, бизнис и бизнис – тоа е клучот за вашата кариера. Бидете сигурни дека ќе направите многу, и како резултат на тоа, можно е да ви биде понудена лидерска позиција, која мора да ја прифатите. Во никој случај не треба да се плашите од таков предизвик, а камоли да се пропушти. Треба да се има предвид дека целата низа на настани во областа на кариерата зависи не само од вашата напорна работа, но исто така и какви односи имате со вашите колеги, особено со претпоставените.

Во однос на здравјето, уредот ќе биде поважно од кога и да е да се задржи на рамнотежа, особено почнувајќи од март 2018 година, кога тоа е можно целосно да се клонираат физички. Тие не треба да се преувеличуваат со напори, а не премногу одмор, но во се што прават за да бидат уморни. Многу е важно да се задржи оптимизмот и да се чувствувате добро,

Во секој случај, 2018 година ќе биде тешко, но поволно време за вас.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Нед Дек 17, 2017 10:42 pm

Вага

На Вагите им се насмевнува многу енигматична година, што се однесува до љубовните работи. Постои можност дека актуелниот партнер ќе го запознаете во сосема поинаква светлина, но, исто така, можно е дека ќе се сеќавате и на некои поранешни љубови, и дека таквите спомени ќе почнат да ги прогонуваат вашите мисли. Исто така, ако планирате да одите на егзотична дестинација, знајте дека ќе ви донесе возбудливи авантури. Влезете и уживајте во моментот. Родените во овој знак, кои веќе е во сериозна врска или брак треба да работат на односот со партнерот. Не мора да бидете импулсивни со потезите на љубовен план.

На бизнис план ќе пловите во мирно пристаниште, нема посебни предизвици на работното место, ниту пак ќе има значителен напредок во кариерата. Сè на сè, и подобро, со оглед на големата можност дека вашиот љубовен живот станува турбулентен. Искористете го слободното време за да се посветат себеси и работите што ги запоставивте, да се справите со некои од хобиите што ве привлекуваа.

Можно е во одредени периоди да бидете носталгични и во депресија, особено во моментите кога нема да можете да ги објасните своите чувства, кои можат да имаат влијание врз вашето физичкото здравје. Ова особено се однесува на првото тромесечие од 2018 година, а потоа треба да се чувствувате подобро ментално и физички. Препораката за сите Ваги е да практикуваат многу умерени активности како долги прошетки во текот на следната година.

Појавата на некој нов во вашиот живот е можно во средината на август 2018 година.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Нед Дек 17, 2017 10:42 pm

Шкорпии

Со оглед на тоа дека Шкорпиите се многу сензуални и страстни, во претстојната година ќе зајакне таа страна на нивната личност. Вашата сексуалност, како никогаш порано, ќе дојде до вашите сетила.

И на бизнис план, ќе бидете во знак на енергија. 2018 е идеалена за соработка со важни партнери и луѓе на висока позиција, како и за постигнување на вашите деловни амбиции.

Шкорпија генерално ќе биде во добра здравствена состојба во 2018 година, но, да бидат внимателни да не трошат премногу енергија – и емотивно, но исто така и психички и физички. Без разлика на тоа колку е тешко, добро да се запре топката во моментите кога ќе се чувствуваат премногу притисок.

Сето ова ќе биде особено изразено во текот на првите седум месеци, што ќе биде во знакот на Јупитер.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Нед Дек 17, 2017 10:43 pm

Стрелец

Следи година во која Сатурн ќе стави прсти во вашиот љубовен живот – и знајте дека тоа е еден од посоодветните за вашиот знак, кога станува збор за сериозна љубовна врска. Ако имате некоја голема љубов од минатото на која што се’ уште мислите, 2018 е добра година за обновување на контактот, и може да се разбудите старите емоции. Вие само треба да бидете храбри и да се осмелите да преземете иницијатива. Што е најлошото што може да ти се случи, нели?

Што се однесува до вашата кариера, продолжете со исто темпо. Без претерани брзање, но, исто така, без да се опуштите, продолжете да се стремиме да ги постигнете своите цели. Причината за ова е дека 2018 може да биде клучна за вашиот професионален развој. Сепак, тоа не значи дека ќе има ненадејна промена, но сигурно е важно да се фокусирате цело време и да се покажете во најдобро светло. Ова е година во која ќе ви биде дадена можност да изградите деловни односи, што ќе зависи од вашата понатамошна прогресија на кариерата.

Наместо да се обидувате да ги задоволите желбите на сите, свртете се кон себе, верувајте во вашето внатрешно чувство.

Тоа што треба да биде ваш адут во 2018 година е способноста да се воспостави комуникација со другите и вашиот социјален дух.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Нед Дек 17, 2017 10:43 pm

Јарец

Јарците ќе бидат оптимисти, полни со самодоверба во наредната година, но тие исто така ќе имаат голема поддршка и од блиски луѓе, особено нивните љубовни партнери.

За оние кои се слободни, во првите осум месеци многу е веројатно дека ќе се сретнат со некого во кого ќе се заљубат и со кого ќе можат да направат сериозна љубовна врска. Оние кои се веќе во врска или во брак ќе бидат особено романтични и сочувствителни кон својот партнер, што само ќе го зајакне нивниот љубовен однос.

Кога станува збор за финансии, ќе донесете важни одлуки, но не сами, но ќе треба да вклучите луѓе околу себе, без разлика дали тоа е приватен или деловен план. Не обидувајте се да го избегнете ова, инаку нема да бидете задоволни со исходот. Бизнис планот ќе ви ја покаже можноста за напредок, дури и вашите колеги и соработници ќе ви помогнат во одредени сегменти навистина да ја добиете можноста. Вашата практичност и менаџерски вештини ќе дојдат до израз, што ќе биде клуч за напредок кон следната позиција.

И во полето на здравјето ќе бидете полни со енергија. Ова ќе ви помогне да се справите со сите предизвици. Треба да практикувате детокс програма и да исклучите од исхраната нездрави јаглени хидрати и масти.

Јупитер, кој ќе биде доминантен, уште повеќе ќе ги забрза настаните на љубовта.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by luxor on Нед Дек 17, 2017 10:44 pm

Водолија

Водолија, со својата нестабилна природа, конечно ќе може да биде искрена за нивните емоции и разбирање на љубовните врски. Единствено важно е да не се плашите гласно и искрено да кажете што чувствувате.
Ќе ги решите сите претходни несогласувања, и љубовниот живот ќе биде во хармонија.

Што се однесува до финансиите, следи мирен период, а ѕвездите ви кажуваат дека сте умерени – не морате премногу да апстинирате, но никако ни да влегувате во поголем финансиски трошок. Во врска со кариерата, конечно, тактиката и дипломатијата ќе дојдат од израз, па како ќе помине годината, ќе има признанија и подобрувања. Посебно внимание посветувајте на односот со колегите.

Во однос на здравјето, ќе мора да се придржувате кон диететската исхрана и здрав начин на живот, особено затоа што во 2018 година би можеле да имате проблеми со дигестивниот систем. Значи, заборавете на слатки и нездрави масти, физички ангажирајте се, обидете се да пешачите или да направите некоја друга слична активност, која не само што ќе го подобри вашето физичко здравје, туку ќе ве направи ментално стабилна.

Месец кој ќе биде особено погоден за љубовна врска со личност која одговара на вашиот сензибилитет е август.
avatar
luxor

Број на мислења : 3917
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content

Sponsored content

Вратете се на почетокот Go down

Страна 27 of 39 Previous  1 ... 15 ... 26, 27, 28 ... 33 ... 39  Next

Вратете се на почетокот

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот