ХОРОСКОП

Страна 30 of 30 Previous  1 ... 16 ... 28, 29, 30

Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa on Саб Апр 07, 2018 9:48 pm

Неделен хороскоп 02.04 – 08.04.2018
ОВЕН
ЉУБОВ: Најверојатно ќе се чувствувате осамени или ќе сонувате на нова љубов. Опуштете се и влезете во тишина и медитација. Не очекувајте многу повеќе од она што го имате во моментов. Тоа е најдобриот начин да одржите цврсто статус кво.

РАБОТА: Околностите, луѓето и настаните ќе ви кажат повеќе дека треба да работите на вашиот професионален развој и стручното усовршување. Вие не сте перфекционист по природа, но ќе ги барате сите информации што би можеле да ви помогнат во тоа.

ЗДРАВЈЕ: Вистината е во тоа што Вие верувате.

БИК
ЉУБОВ: Оние кои што имаат семејство, најверојатно неделава ќе ја поминат со нив. Оние во парови ќе помине минлив турбулентен период каде што ќе треба да покажат многу толеранција и самоконтрола. Не влегувај во залудни дискусии.. Подобро стрпете се малку.

РАБОТА: Како што поминува неделата, ќе забележите дека станувате покреативни. Затоа ќе започнете да работите со повеќе задоволство. Вашите идеи ќе бидат добро прифатени од младите луѓе. Некои ќе добијат шанса нивните идеи да ги изведат или да ги презентираат пред публиката.

СОВЕТ: Бидете она што сте

БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Конечно ќе дојде до подобрување во врската, но се уште повремено ќе доаѓате во искушение за кавги. Наклонетоста ќе биде поголема, но брзината со која што ќе се растажите сеуште ќе биде тука. Затоа, контролирај се и верувај во подобро утре.

РАБОТА: Можностите за развој на кариера ќе бидат тесно поврзани со борбата и стресот. Од вас е да ги оцените силните страни и предностите на противниците и да реагирате реалистично и интелигентно. Важно е да заштедите на вашата сила.

СОВЕТ: После одморот вратете се на работа

РАК
ЉУБОВ: Можно е да Ви недостасува предизвик во вашиот приватен живот. Случувањата кои ги сакате ќе ги снема, затоа немојте да создавате вештачки ситуации. Така влегувате во стапица на илузијата. Прифатете го ова како краток момент и уживајте во ситниците.

РАБОТА: Пред Вас се денови кога најверојатно ќе имате можност да покажете колку сте добри и корисни во вашата работа. Тоа ќе биде добредојден предизвик што ќе го прифатите.
Многумина дури сега ќе сфатат дека имаат уште неколку таленти.

СОВЕТ: Припазете малку на Вашата желба за акција

ЛАВ
ЉУБОВ: Имате созреани идеи за тоа како да се забавувате и да заведете некоја личност за која ќе се грижите, така што ќе сторите се да го направите тоа. Веројатно ќе успеете, но ако прифатите компромис и не скокате на било каква провокација. Ќе има и други можности.

РАБОТА: Ништо не е случајно, па ни тоа дека вас ви се случуваат многу работи кои можат да ве збунат. Сепак, тоа не е толку лошо, затоа што полека ги преземате работите во свои раце. Тоа ќе оди постепено. Затоа, не брзајте, туку одете чекор по чекор. Почитувајте ги правилата за работа.

ЗДРАВЈЕ: Подоцна ќе дојде се на свое место.

ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Ведрина, позитивен дух, шарм и уживање во мали нешта – сите овие работи ќе го одбележат вашиот приватен живот овие денови. Затоа, не грижете многу за ситници, тие не се толку важни. Подобро уживајте во и со тоа што моментално го имате.

РАБОТА: Ќе има премногу желба и недоволна можност за нивното моментално достигнување. Вашите амбиции не се мали, но околностите ќе ве водат до потребната соработка со другите. Времето е добро за планирање на нови потези, но реализацијата може само малку да чека.

ЗДРАВЈЕ: Не бидете нетрпеливи.

ВАГА
ЉУБОВ: Ќе ви се чини дека љубовта е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде буквално бидејќи драгата личност ќе биде отсутна. Копнежот ќе зајакне, а со него и чувството за осаменост. Некој мирот ќе го пронајдат со активирање на фантазијата и своите сонови.

РАБОТА: Шефовите би можеле да ја променат својата тактика и затегнат таму каде што најмалку очекувате. Ова вам тешко ќе ви падне. Сепак, морате да ги профатите она што се нуди да прилагодите се како најдобро што знаете. Имајте на ум дека покасно ќе биде подобро.

ЗДРАВЈЕ: Релаксацијата е императив.

СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Она што го замислуваш во љубов ќе биде посилно од реалноста, иако реалноста нема да биде лоша. Некои поради тоа ќе живеат во фантазија гледајќи љубовни филмови или сонувајќи на јаве. Ќе има и од оние кои ќе ја чувствуваат сета магија на платонската љубовна врска.

РАБОТА: Со леснотија ке решавате се на што ќе наидете во својата професионална работа. Вашата вродена сериозност овој пат ќе биде промешана со љубезност, па многумина ќе се изненадат како смело ја водите целата работа. Ќе успеете скоро во се.

ЗДРАВЈЕ: Идете таму каде што се чувствувате добро.

СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Полека влегувате во драматична фаза кога вашите љубовни прилики ќе ве изненадат. Ако веќе сте во врска може да дојде до обострано заведување. Понекогаш ќе претерувате, но ќе бидете задоволни.

РАБОТА: Ви се отвораат вратите на една соработка која финансиски ветува. Ќе бидете весели поради тоа. Проанализирајте ги сите можности и крените со добар план. Понекогаш ќе бидете збркани, но тоа е само пролазно. Проверувајте ги деталите.

ЗДРАВЈЕ: Верувајте во убаво утре без оглед на се.

ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Поврзаноста со саканата личност ќе биде силна со некои далечни и егзотични теми. Пред вас се денови во кои ќе разменувате идеи за се, а тоа и двајцата ќе ве исполнува. Тие кои се сами ќе ја бараат личноста од соништата.

РАБОТА: Во деловните комуникации и контакти избегнувајте отворено покажување на емоции. Тоа е бидејќи некој може да ве доживее како непрофесионална личност, а вие не сте тоа. Внимателно проценете колку чувства треба да покажете.

СОВЕТ: Опуштете се

ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Добар развој на љубовиот и друштвениот живот ќе ве охрабри да продолжите понатаму. Многу од вас во својата врска ќе внесат свежина со заминување на некое интересно мест. Тие кои сеуште се сами, треба почесто да излегуваат од дома. Ќе им биде подобро меѓу луѓе.

РАБОТА: Не сте сигурни за своите идеи. Затоа барате нови примери. Некои едностаставно ќе почнат да имитираат личности од својата професија кои им се допаѓаат. Но треба да дојдете до себе и своите специфичности. Позанимавајте се своите цели.

СОВЕТ: Наполнете ги батериите со релаксација.

РИБИ
ЉУБОВ: Семејните предизвици ќе го окупираат вашето внимание во приватниот живот. Тие кои се во врска ќе балансираат меѓу партнерот и роднините, а со тоа односот со саканата личност малку ќе се влоши. Тие кои се сами ќе останат дома.

РАБОТА: Се повеќе ќе чувствувате работна атмосфера. Најверојатно ќе ги развеселувате другите кога ќе наидат на тешки минути. Некој ќе се жали дека има многу работа, а вие тоа лесно ќе го претворите во шала. Така ќе се поттикнете и себе си и колегите.

СОВЕТ: Недостатокот на енергија надоместете го со добар план.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12866
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa on Саб Апр 28, 2018 11:00 am

Детален неделен хороскоп
Објавено: 28-04-2018, 09:09

ОВЕН
Работа: Ретроградните планети во Јарец укажуваат дека се соочувате со тешкотии на ова поле, но сега сфаќате дека вие сте единствените што може да си помогнат. Нова надеж.

Љубов: Со Месечината во Вага ќе научите дека може да постигнете успешна врска, само ако се адаптирате - тоа не значи дека треба да се смените комплетно, туку да најдете вистинска мера.

Здравје: Не им дозволувајте на постоечките тешкотии да се продлабочат, туку најдете време и сила да спречите, отколку да лечите, бидејќи може да си нанесете сериозни проблеми. Одмор

БИК

Работа: Ова е поволен период за почнување нови проекти, а за кои ќе треба добро да размислите и да одберете што е најдобро за вас. Можеби ќе треба да почекате на резултатите.

Љубов: Ретроградните планети во Јарец ви предизвикуваат одредена тага и тешкотија и за сега ќе треба да се помирите со дадената ситуација. Сепак, верувајте им на своите инстинкти.

Здравје: Обидете се да живеете со побавно темпо, кое и онака ви одговара - ова важи за следните три месеци, а за кое време ќе медитирате на своите идни планови. Релаксација и мир.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Со Полната Месечина на 30 мај, можно е да се соочите со неочекувани конфликти или информации, за кои ќе ви треба време да решите како ќе одговорите. Неправда.

Љубов: Со Венера во вашиот знак, комуникацијата добива на важност - кажете го тоа што го мислите и мислете го тоа што го кажувате. Барајте подлабоко значење во искажаните зборови.

Здравје: Доколку се соочувате со потреба за сериозен потфат, обидете се да дојдете до повеќе мислења, а информациите зачувајте ги за себе - не нужно мора да ги споделувате со сите. Мир.

РАК

Работа: Со транзитот на Месечината низ Стрелец, може да заклучите дека сте спремни за нов работен ангажман, особено ако сте незадоволни до сега. Можно е некој да ве искористува.

Љубов: Сега е крајно време да го спуштите гардот и отворено да проговорите што тоа не чини во вашата врска - се работи за недоверба или неверство? Соочување со реалноста. Промени.

Здравје: Ако чувствувате некакви симптоми, имајте во предвид дека тие се предизвикани единствено од преголем стрес. Појдете на лекар колку да ја смирите совеста и одмарајте доста.

ЛАВ

Работа: Сонцето во Бик ви отвора убави шанси да ги завршите почнатите проекти и тоа со голема помош однадвор. Сепак не ги раскажувајте своите импресии и имајте трпение и мир.

Љубов: Полната Месечина во Скорпија ги нагласува емоциите и најдобро ќе биде да не правите преголеми реакции. Поставете јасни граници кој до каде може да оди и бидете среќни.

Здравје: Можно е да ги потиснувате своите емоции, а што ќе му наштети на вашето здравје. Избирајте ги своите битки и избегувајте ги колку што може. Прошетка во парк, барем и за минута!

ДЕВИЦА

Работа: Без оглед со што работите, сега е многу важно да бидете фиксирани на целта и вредно и методично да си ја завршите работата. Малите грешки може да направат хаос - фокус!

Љубов: Ретроградните планети во Јарец укажуваат на одредена стагнација и досада во личните врски - разговарајте за тоа што им е потребно на саканите, но и вие изразете ги своите потреби.

Здравје: Сега треба да сте во добра кондиција, под услов добро да се храните, одмарате и рекреирате. Внесете додатоци во исхраната, минерали и витамини и спијте доволно. Одмор!

ВАГА

Работа: Оваа недела се соочувате со можна романса на работното место - ова не е нужно лошо, но се прашувате дали е добро да ги мешате задоволството со должностите? Воздржување!

Љубов: Работите се испреплетуваат и може да очекувате одолговлекување во љубовниот живот. Сепак размислувајте позитивно и дружете се со повеќе луѓе. Желби и надевања. Пауза.

Здравје: Најдете време да го сакате своето тело и да му пружите соодветна нега и грижа. Сега е многу важно да си ја вратите самодовербата и добросостојбата. Ако ви треба помош, побарајте.

СКОРПИЈА

Работа: Полната Месечина во вашиот знак ја потенцира вашата итност да го смените работното место или атмосфера - верувајте ѝ на интуицијата и разговарајте со некој околу ова.

Љубов: Се прашувате дали да ја завршите сегашната врска - размислете за ова подобро и подолго. Кога се соочуваме со предизвици, најтешкиот дел е да останеме и да ги решиме. Мир.

Здравје: Не им дозволувајте на емоциите да ви го комплицираат здравјето - центрирајте се себе си, своите ставови и така ќе ја вратите добрата кондиција. Имате моќ да господарите со мислите

СТРЕЛЕЦ

Работа: Со Венера во Близнаци некоја рационална колешка ве фрустрира - може да доживеете препреки и одолговлекувања кои не треба да ги сфаќате лично. Одмаздување.

Љубов: Доколку свекрвата ви се меша во врската, обидете се да ја направите сојузник, без оглед што чувствувате и мислите за неа. Можно незадоволство или неверство, но и доминација.

Здравје: Вашето здравје треба да е добро, а доколку имате потреба од консултација, можно е да наидете на женска личност која ќе ви помогне многу. Умереноста е лек за сѐ. Релаксација.

ЈАРЕЦ

Работа: Марс во вашиот знак укажува дека ќе се појавуваат нови можности на ова поле, а за кои ќе треба да бидете отворени. Спремете се и направете тактика за промени во кариерата.

Љубов: Сонцето во Бик ви носи нови шанси и надежи за иднината - сега сте инспирирани и храбри да истражувате на ова поле и вашата врска се издигнува на ново ниво на интимност.

Здравје: Ќе внимавате на главата, очите и забите, грижејќи се за себе добро и одговорно. Сега ќе сте во добра кондиција, а ако чекате резултати, тие би требало да се со позитивен исход.

ВОДОЛИЈА

Работа: Со Полната Месечина во Скорпија се соочувате со потреба за менување на тактиката или со избор за менување на работното место. Сега имате добри идеи за колективот.

Љубов: Венера во Близнаци и вие сте спремни да почнете нешто ново, а доколку сте во врска, нешто во неа ќе мора да престане. Не се двоумете да искажете што чувствувате - тоа менува сѐ!

Здравје: Сега конечно си признавате дека имате нездрави навики кои треба да се менуваат - грижете се добро за себе и така и останатите околу вас ќе се чувствуваат подобро. Рекреација.

РИБИ

Работа: Полната Месечина во Скорпија ќе ја зголеми нејаснотијата на ова поле - разговарајте со авторитетите за да ги разјасните потенцијалните дилеми. Бидете внимателни.

Љубов: Вашите емоции се нагласени и работите може брзо да се вжештат. Доколку е потребно, направете мала пауза и дајте си време за осаменост. Верувајте ѝ на својата интуиција - таа не греши!

Здравје: Вашите чувства се јасен показател што е сега најдобро да правите - ако не се согласувате со советите на својот доктор, побарајте друг специјалист. Верувајте си себеси. Мир.

Ирена Танчева

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12866
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa on Саб Апр 28, 2018 10:23 pm

МОЗАИК
ОВА СЕ ТРИТЕ НАЈСЕКСИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ – ДАЛИ СТЕ МЕЃУ НИВ?
On Апр 28, 2018

Сексапилот нема век на траење, а секој човек во себе има одредена доза која повеќе или помалку е изразена. Хороскопот ги класифицира следните три знаци како најпривлечни.

Шкорпија

Ако некогаш сте запознале Шкорпија, знаете дека има неодолива моќ на привлечност. Мистеријата со која се опкружени никого не остава рамнодушен, а најдобро од сè, тие се храбри, доверливи и многу заводливи.

Лав

Лавот ќе направи сè за вас, а вие ќе се чувствувате како да сте во центарот на светот. Сè што некој ќе направи, Лавот ќе го направи подобро. Лавот има најубава насмевка и неверојатно тело.

Рак

Раковите се освојуваат тешко, а уште потешко се преболуваат. Ќе ве привлече нешто на нив, а ќе засакате сè.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12866
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa on Нед Апр 29, 2018 10:27 pm

Пеколна хороскопска петорка: Еве зошто овие знаци никој не ги сака
Овие се петте најлоши знаци во хороскопот.

5. место – Јарец


Овие се петте најлоши знаци во хороскопот.

5. место – Јарец


Со Јарците е тешко да се комуницира. Тврдоглавост е нивното второ име. Јарцитe ретко кој ги третира со почит, така што нивниот социјален круг е секогаш ограничен. Тие не ја толерираат досадата, па затоа се опкружени со највредните пријатели. Ако одеднаш се заљубите во Јарец, вам ви е потребно многу трпение и издржливост.

4. место – Водолија


Водолиите – се многу специфични во комуникацијата. Тие го ценат само своето мислење. Тие лесно можат да обвинат некого и не сакаат да слушаат оправдувања. Водолиите имаат посебен ум, но често се окупирани со емоции.

3. место – Близнаци


Близнаците не можат мирно да седат на едно место, многу дрдорливи и каприциозни. Во критичните моменти носат “маска на рамнодушност”, или дури суровост и оставаат без поздрав. Мислењето на околината е празен звук за нив. Тие имаат свој свет на фантазија во главата. Близнаците се подмолни. Се чини дека добро ги познавате, но тие секогаш се способни да одиграат – Шах-мат.

2. место – Овен



Овните се многу импулсивни личности. Можат за 15 секунди да разбијат сѐ што изградиле со текот на годините, а тоа не се однесува само на развојните проекти, туку и на нивниот однос. Секогаш во право, и ако навистина се, тогаш мора да признаете дека се во право. Ова едноставно правило постои во нивните животи. Ако се заљубите во Овен, тогаш подгответе се за огнот што постојано ќе гори. Страста постојано ќе се готви.

1. место – Скорпија


Скорпиите спаѓаат во најголемите “зли луѓе” од зодијакот. Секогаш го добиваат она што го сакаат. За нив, ништо не е невозможно. Имаат многу суров однос кон светот, супер его и осветољубив карактер. За нив, луѓето се нивна сопственост, па ако сте во нивната мрежа, вие засекогаш сте во нивното ропство. Секаков вид на односи со претставници на овој хороскопски знак може да заврши со сериозни последици.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12866
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 30 of 30 Previous  1 ... 16 ... 28, 29, 30

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот