Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+7
EVITA
TRAJCHE
Bosonoga
Delta
reiter
Teo
Luxor
11 posters

Страна 31 of 43 Previous  1 ... 17 ... 30, 31, 32 ... 37 ... 43  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Aвг 30 2018, 13:53

Риби
Ако сте во врска:

Вашиот партнер крие нешто од вас и веќе подолго време се сомневате во него. Ќе ја откриете неговата тајна и нема да ве се допадне, па односите меѓу вас ќе се заладат. Но, мора да прифатите компромис ако не сакате дополнителни конфликти. Посветете си повеќе време еден на друг за да ја размрдате заспаната романтика и страст во врската. На крајот од месецот работите ќе дојдат на свое место.

Ако сте слободни:

Сакате романтика и посветена врска, но една личност која од вас сака само краткотрајна авантура ќе ви го расипе расположението. Слободно дрско одговорете на непристојните понуди за тајна врска. Во втората половина од месецот ве очекува средба со личност, која е совршена според вашите критериуми. Ќе ја запознаете преку некој пријател и со неа ќе почувствувате инстантна поврзаност.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Пет Aвг 31 2018, 23:50

ДНЕВЕН ХОРОСКОП 01.09.2018
ОВЕН

Пред вас е многу забрзан ден исполнет со многу обврски, движење, средби и комуникации. Сепак ништо од ова нема да ви биде тешко бидејќи сте добро расположени и полни со енергија. Одличен момент да го поправите односот со саканата личност или да ја освоите симпатијата.

БИК

Ја имате целата можна поддршка од страна на другите во текот на овој ден, а на ваша страна е и неверојатната способност за комуникација. Во договорите можете да превземете лидерска улога. Сето тоа што ќе го започнете денес ќе вроди плод и ќе биде трајно, па овој момент бирајте средба со некој кој емотивно ве интересира.

БЛИЗНАЦИ

Сте се решиле да станете сериозни. Секоја чест. Крајно време беше. Сега многу порационално, практично и појасно гледате на некоја ситуација и јасно ви е каде сте правеле грешки. Во целост сте насочени кон подобрување на љубовната врска во која се наоѓате.

РАК

Денес околностите се на ваша страна без разлика дали станува за деловното или љубовното поле. Се што ќе започнете брзо ќе го завршите и ќе бидете многу задоволни од резултатите. Контактот со саканата личност ви носи чувство на сигурност. Задоволни сте од вашата љубовна релација.

ЛАВ

Денес сте поодговорни од вообичаено и сите деловни и лични обврски може да ги доведете до крај и тоа на многу полесен и побрз начин отколку што сте мислеле. Функционирањето со саканата личност е коректно и двајцата се обидувате да си излезете во пресрет и максимално да ја унапредите вашата врска.

ДЕВИЦА

Се што е поврзано со работното поле и обврските ќе го извршувате многу лесно и во добро расположение. Сепак ќе се обидувате да си ослободите простор за емотивните случувања бидејќи денес вашите мисли се насочени во тој правец. Особено ако имате договорено љубовен состанок.

ВАГА

Вие сте исклучително добро, посветени на бизнисот, но исто така и на личните обврски. Ќе се потрудиш да ги запознаеш оние со кои работиш и ќе им помогнеш. Исто така, може да очекувате помош, ако ви треба. Ќе го поминете другиот дел од денот со вашето семејство или емотивен партнер.

СКОРПИЈА

Денес сте многу расположенин за разговор и убедени дека буквално со секој со кого доаѓате во контакт може да се согласи со вас. Затоа, денес одберете да имате бизнис или емоционален состанок. Ако сакате да ја освоите личноста што ја сакате, тоа денес ќе функционира без грешка…

СТРЕЛЕЦ

Денес сте максимално коректни кон сите и ќе барате од другите да ги исполнат своите обврски кон вас. Очекувајте големи промени во некои зделки. Имате изненадување за љубената личност и едвај чекајте средба со неа. Попладнето и навечер се исполнети со љубов и задоволство.

ЈАРЕЦ

Чувствувате прилив на нова енергија, многу пооптимистички сте расположени од вообичаеното и ви се чини дека некои црни облаци се стојат над вас. Искористете го овој ден првенствено за да се релаксирате и да се опуштите, и започнете со вашиот бизнис од понеделник.

ВОДОЛИЈА

Денес ќе можете да видите на пореален начин некои од ситуациите во кои сте. Во овој момент, не сте подготвени да се откажете од вашите планови, останете мудро да работите. Вие многу размислувате за зборовите на некој за кој сте заинтересирани – не ви е јасно дали ова лице го чувствува истото што го чувствувате за неа.

РИБИ

Денес, некои околности може да се свртат кон ваша страна и да ви ја олеснат работата на работното место. Можности за добри зделки, и ако сте дополнително ангажирани во бизнисот – исто така добивате парични приливи. Опуштете се, се шири – денот е добар за дружење, патување и трошење.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Саб Сеп 01 2018, 01:24

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП (СЕПТЕМВРИ, 2018)

Овен

Кариера и пари:

Овој месец ќе забележите голем успех на професионално поле, посебно доколку водите приватен бизнис.
Ова ќе биде одличен период за градење на нови партнерства и потпишување на договори. Финансиски, првиот дел од септември ќе биде тензичен, а веќе во вториот дел тензијата ќе се намали и кон крајот на месецот сите грижи околу парите ќе ви исчезнат.

Здравје:

Потребно е повеќе да се грижите околу личната хигиена и вашиот животен стил. Доколку ви е потребен некој козметички третман, овој месец ви ветува задоволителни резултати.

Љубов:

Венера, планетата на љубовта, ќе биде позиционирана во вашата шеста куќа и ќе го зацврсти односот со вашиот партнер. За оние кои не се во врска, можно е да се појави некоја љубовна романса на работното место.

Совет: Бидете повеќе активирани на љубовно поле



Бик

Бик

Кариера и пари:

Ова е месецот во кој ќе можете да ја покажете вашата креативност, како и вештините и талентите кои ги поседувате. Овој месец многу е веројатно дека ќе купите недвижнини или пак ќе инвестирате во нешто важно. Финансиски, нема потреба за грижи.

Здравје:

Препорачливо е да се запишете на некој фитнес танц, како што е зумбата, со цел да го покачите нивото на вашата енергија. Потребен ви е повеќе сон.

Љубов:

Септември ќе биде одличен љубовен месец: Вашата куќа на страст ќе биде погодена од жешките зраци на сонцето и заводливоста на Венера. Доколку не сте во врска, овој месец поважна ќе ви биде авантурата и новите познанства отколку да имате нешто сериозно. Доколку сте во врска, септември е одличен месец за понуда за брак.

Совет: Некои работи едноставно треба да бидат премолчени.



Близнаци

Близнаци

Кариера и пари:

Овој месец ќе бидете повеќе настроени кон вашиот приватен живот и семејството, отколку на вашите професионални успеси и амбиции. Исто така, ќе бидете во одлична можност да го промовирате својот бизнис на пазарот.

Здравје:

Овој месец ќе имате голема физичка енергија и добро ќе биде да ја искористите во некои физички активности како што се трчањето, возењето велосипет, пливањето итн. Внимавајте на настинките кон крајот на септември.

Љубов:

Меркур, вашиот водич, ќе биде во вашата куќа на љубовта, а со тоа ќе започне вашиот сентиментачен период. Во воздухот ќе се чувствува поголем романтичен ентузијазам и еротика. На 14-ти септември, Марс ќе премине во вашата куќа на врски, што значи дека романтичност и сексуалниот порив ќе се зголеми уште повеќе.

Совет: Градете нови пријателства и партнерства.



Рак

Рак

Кариера и пари:

На професионално поле, прцвиот дел од септември ќе ви биде креатвен, релаксирачки и може да ви донесе нови успеси. Додека пак, вториот месец може да ви биде активен и зафатен, обврските ќе ви се натрупуваат една по друга. Ќе имате можност за многу деловни патувања, но и за состаноци. Финансиски, ѕвездите ќе бидат на ваша страна.

Здравје:

Во текот на целиот месец ќе чувствувате прилив на енергија, а тоа е добро за вашето расположение. Ви се препорачува повеќе вежбање и трчање, со цел да ги избегнете здравствените проблеми.

Љубов:

Сѐ се сведува на комуникацијата. Комуникацијата помеѓу вас и вашиот партнер ќе биде на одлично ниво, ќе разменувате сѐ повеќе мислењеа, ќе споделувате идеи. Оние кои не се во врска, периодов ќе имаат многу понуди за романтични состаноци. Иако првиот дел од месецот ќе биде постраствен од вториот, во глобала ова ќе биде месец на еротика и сензуалност. Па, можеби токму овој месец ќе ја запознаете вашата сродна душа.

Совет: Навикнете се да јадете поздрава храна.

Лав

Кариера и пари:

Септемви ќе биде доста просперитетен месец за вас. Можно е да бидете во потрага по нови извори на приход, покачување на платата, бонус итн. Втортиот дел од месецот ќе ви донесе екстра ентузијазам и нови почетоци. Доколку имате некои нови финансиски планови, пожелно е овој месец да ги реализирате.

Здравје:

Со Јупитер во вашиот знак, нема да почувствувате недостиг на енергија и оптимизам. Не грижете се за настинки и алергии, овој месец нема да ги има.

Љубов:

Во првиот дел од септември, нема да имате голема желба за романтика. Додека пак, втортио дел ќе биде многу пострасвен: Марс ќе биде во вашата куќа на љубовта, што значи дека ќе бидете доста расположени за акција.

Совет: Не трошете ги парите на некорисни работи.



Девица

Девица

Kaриера и пари:

Овој месец сѐ ќе ви оди полесно. Вашиот шарм ќе ви помогне да воспоставите конекции со важни луѓе. Овој месец исто така ќе ви биде поволен за соработка со повеќе партнери. Ќе имате големи амбиции, а од вашата популарност ќе имате бенефиции.
Здравје:

Ќе бидете во одлична форма! Сонцето, кое ќе поминува низ вашиот знак, ќе ви донесе енергија, додека пак Венера ќе ви донесе оптимизам, радост и хумор. Тензијата и нервозите кои ги чувствувавте во август, овој месец ќе исчезнат.

Љубов:

Венера, планетата на љубовта, ќе биде лоцирана точно во вашот знак скоро цел септември, а тоа значи дека можете да очекувате еден идиличен период исполнет со љубов и страст. Венера ќе ги поттикне вашите романтични тенденции и желбата за заведување. Вашиот шарм, кој месецов ќе биде ваш најголем адут, ќе ви помогне да бидете во центарот на вниманието повеќе од кога било.

Совет: Избегнувајте стресни ситуации.



Вага

Вага

Кариера и пари:

Септември ќе биде многу поволен месец за вашите интелектуални способности како учењето, читањето, пишувањето, истражувањето и сл. Вашиот професионален успех најмногу ќе се забележи во последната недела од септември. Финансикски, вашата состојба ќе биде добра.

Здравје:

Она за што треба да се грижите овој месец, е вашиот имунитет. Потребно е многу да се штитите, посебно во првите две недели од септември, бидејќи тогаш е поголем ризикот од настинки. Доколку имате повеќе слободно време, пожелно е да псе посветите малку повеќе на рекреацијата.
Љубов:

Со преминувањето на Венера во вашата 12-та куќа, вашите чувства ќе бидат помалку забележливи.Но, не грижете се, обично по ваков период, доаѓа некое ново љубовно освежување. Во вториот дел од овој месец, очекувајте подобрување на вашиот љубовен живот и дури и некакви промени.

Совет:



Шкорпија

Шкорпија

Кариера и пари:

Септември е еден од месеците во кои ќе вреди секој ваш вложен напор, и ќе ви донесе многу нови успеси. Колегите на работа ќе ви доделуваат комплименти за постигнатото, а вас тоа ќе ви донесе добро расположение и насмевка на лицето. Во последната недела од месецот ќе имате можност да започнете со нов проект, кој секако ќе ви донесе пари.

Здравје:

Во последните две недели од април ќе се чувствувате како енергијата да ви опаднала, па затоа ќе ви треба повеќе одмор. Одете на часови по пилатес или аеробик.

Љубов:

Сензуалност ќе биде она што ќе ви го одбележи месецот. Желбата за секс за една вечер, или за авантура, ќе имате можност да си ја остварите токму овој месец. Но, внимавајте, пазете со кој ќе бидете, бидејќи може да ви се случат несакани последици.

Совет: Учествувајте во што повеќе собири со пријателите.

Стрелец

Кариера и пари:

Со Сонцето во вашиот знак,ова ќе биде еден доста успешен месец. Влијанието на Сонцето ќе ви помогне да се истакнете и да сјаете на работното место. Ќе имате повеќе автономија и моќ да ги покажете вашите квалитети како лидер. Венера, исто така ќе биде во вашата куќа на кариера, а тоа ќе ви помогне да воспоставите контакт во важни личности.

Здравје:

Овој месец ќе бидете доста активни и полни со оптимизам. На почетокот на втората недела од септемви, Марс ќе премине во вашиот знак, а тоа уште повеќе ќе ја зголеми вашата енергија. Ќе ви треба многу акција за да ја потрошите енергијата, во спротивно можете да се најдете во конфликти и несреќи.

Љубов:

Венера, планетата на љубовта, ќе премине во вашиот знак, а со тоа вашиот љубовен живот ќе стане поамбициозен. Доколку сте во врска, овој месец е одличен за зближување со вашиот партнер. Доколку сте сингл, уште на почетокот на септември ќе забележите можност за љубовна ромасна. На некои од вас ќе им се родат чувства за некој пријател.
Совет: Следете ги вашите соништа и амбиции!



Јарец

Јарец

Кариера и пари:

Вашите таленти ќе придонесат да бидете унапредени на работа, а сите ќе ви завидуваат за постигнатиот успех. Сега за сега, работата ви оди толку добро што нема потреба од каков било стрес. Од финансиска гледана точка, септември ќе ви донесе светла перспектива, особено за заработка од вложување во инвестиции.

Здравје:

Вашето здравје значително ќе се подобри во однос на минатиот месец. Ќе имате повеќе енергија и елан, а нервозата секојдневно ќе се намалува. Заштитете се себеси од стрес, бидејќи стресот може да резултира со инциденти.

Љубов:

Ќе бидете загрижени за врската или за партнерот, а тоа може да ве направи малку љубоморни. Наместо да бидете љубоморни, истражувајте што најмногу сака партнерот и приредете му изненадување. За оние кои не се во врска, можеби ќе имаат неколку шанси кои за жал ќе ги испуштат, но затоа ќе имаат повеќе среќа во наредниот месец.

Совет: Зборувајте го она што другите сакаат да го слушнат.



Водолија

Водолија

Кариера и пари:

Овој месец не е вистинско време за самостојни проекти, па затоа фокусирајте се на тимската работа. Сѐ е полесно кога се наоѓате во друштво на неколку луѓе. Што повеќе лиѓе се вклучени во проектот, тоа подобро. Бидете внимателни, септември може да ви донесе и финансиски ризици исто така. Размислете двапата кога донесувате некоја одлука која вклучува пари.

Здравје:

Во некои периоди од месецот ќе бидете загрижени скоро за сѐ. Потрудете се да не сфаќате сѐ здраво за готово. Редовно одете на рутински преглед кај заболекар.

Љубов:

Насмевнете се, ова е вашиот месец на љубовта. Едноставно вашите очи ќе гледаат сѐ во боите на љубовта и романтиката. Шармот кој го поседувате ќе биде забележан од страна на една личност, која понатаму може да ви стане важен лик во вашиот живот. А оние кои се во врска ги очекуваат долги, романтични вечери со партнерот.

Совет: Зборувајте со блиски луѓе во врска со вашите проблеми.





Риби

Риби

Кариера и пари:

Можете да здивнете, ова ќе биде месец на успеси и финансиски профит. Доколку сте имале заостанати долгови од минатите месеци, сега ќе имате можност да си ги исплатите. Ако сѐ уште имате неоткриени таленти, тогаш би било добро да ги покажете овој месец, бидејќи ќе ви донесат добра заработка.

Здравје:

Здравјето секогаш треба да биде вашиот приоритет, без разлика колку сте зафатени. Стресот кој ќе го чувствувате може да влијае на вашето здравје, па затоа би било добро да почнете да вежбате јога, која ќе ви го донесе вашиот внатрешен мир.

Љубов:

Веќе се чувствува напнатоста во воздухот. Доколку не сакате да бидете веќе со вашиот партнер, едноставно кажете му го тоа. Не измачувајте се пронаоѓајќи ги вашите грешки, единствена грешка ќе ви биде доколку останете во врска која порано или подоцна ќе пропадне. Фокусирајте се на нешто ново, кое од ново ќе ви ги побуди вашите страсти.

Совет: Правете го она што мислите дека е најдобро за вашата внатрешна хармонија!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Нед Сеп 02 2018, 23:30

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Кој ден ќе ви биде среќен неделава?
02 Септември, 2018

Овен

Бидете сигурни дека доколку има дојдено до некои компликации, не е сé онака како што ви изгледа. Се наоѓате под влијание кое носи пад на концентрацијата, па не реагирате секогаш најдобро. Ако веќе подолг период сте осамени, не прифаќајте додворување од партнер кој кај вас не предизвикува нежни чувства, туку напротив е полн со конзервативни ставови и е строг. Подобро е и понатаму да бидете сами, отколку да си го загорчувате животот со очајнички потези.

Среќен ден: Сабота

Бик

Во одреден облик, ви се враќа минатото. Доколку станува збор за поранешен љубовник, бидете многу внимателни и дури наредната недела носете финални ставови и одлуки. Личноста која ви се допаѓа и со која сте заинтересирани за врска, на почетокот од неделава ќе ви делува незаинтересирано, но кон крајот од неделата доаѓа до позитивна промена, па не треба да се повлекувате. За оние во врска, оставете партнерот самиот да ги поттикне случувањата, самиот да се избори за вашето внимание.

Среќен ден: Среда

Близнаци

Ако сте природно лесно прилагодливи, доколку неделава нешто не ви оди како што треба, определете се само за една цел! Во спротивно енергијата ќе ви се разотиде на разни страни и така никаде нема да стигнете. А доколку успеете да се „спасите“ од избрзани одлуки на почетокот од неделава, ќе ја зачувате и стабилноста на финансиите. Доколку оставите добар впечаток и јасен став, можно е кон крајот на неделата да започне нова романса во вашиот живот, која има иднина пред себе.

Среќен ден: Четврток

Рак

Длабоко во себе чувствувате промена, започнувате да размислувате на еден за вас нов начин, кој што ви ја враќа надежта и вербата. Имате добро чувство дека пред вас се наоѓа важен животен период, во кој можеби ќе успеете да го поправите она кое што го имате испуштено. Доколку мислите и очекувањата ви се насочени кон минатото, самите ќе се блокирате и оневозможите за нешто ново, што можеби ќе ве пробуди од внатрешните страдања.

Среќен ден: Понеделник

Лав

Имате можност својата кариера да ја пренасочите кон она што сакате да го работите. Но Марс се уште се наоѓа во вашето поле на парите, па се уште имате константни трошоци, парите бргу ви одат. Но ова влијание е добро поставено, така да очекувајте и истовремен прилив на пари. Влегувате во неверојатно поволен период за љубов, ви се враќаат сликите на некогаш прекрасно поминатите доживувања. Токму тоа чувство ви ја враќа силата, подобро да се организирате самите и да ја пронајдете среќата. Ќе имате можност да ги исправите старите грешки.

Среќен ден: Петок

Девица

Саканата личност оваа недела би можела да ви овозможи остварување на сонот. Добивањето на убав подарок или пак истата личност ќе ви овозможи надминување на финансиски проблеми, доколку имате такви. Добивањето на вработување, значително би ви ја подобрило финансиската состојба. Доколку сте раздвоени со саканата личност, на почетокот од неделата би можело да се чувствувате непријатно, имате чувство дека ова е крајот.

Среќен ден: Недела

Вага

Комплетно сте насочени кон пронаоѓање на што повеќе начини на заработка. Ќе доживеете враќање на нешто кое во еден период многу ви значело. Но ќе треба добро да размислите, затоа што многу околности се имаат променето и можеби ќе направите погрешен избор. Како ќе размислувате за љубовта, партнерот, такви ќе ви бидат и случките. Значи, сé зависи од вас самите и пораката е да бидете сигурни во себе и да знаете што сакате, па да се насочите себе си кон емотивно исполнување, без разлика дали сте во брак или постојана врска.

Среќен ден: Вторник

Скорпија

Присутни се некои потешкотии кои сепак ве раздвижуваат и ви носат голема упорност и решителност. Добро испланираните акции ви ги отвораат вратите на успехот, само не повторувајте ги старите грешки. Дури и она што ви се нуди, а истото и сте го посакувале во некои минати времиња, во овој период не е пожелно за вас. Потребно е многу труд и повеќе работа, доколку сакате да си ги подобрите односите со партнерот и да дојде до одредено помирување.

Среќен ден: Среда

Стрелец

Во себе имате доволно позитивна енергија која ќе ви помогне во сите работни ситуации. Неделава, како и наредната, се најавуваат убави деловни промени, а слично е и на финансиско поле, каде што ве заштитува Венера. Ви се овозможува добра финансиска промена, ако сте спремни да учествувате во сите активности кои ви наидуваат. Доколку не сте во врска, за време на викендот ве очекуваат многу изненадувања.

Среќен ден: Сабота

Јарец

Премногу се грижите за својата финансиска иднина, што ве блокира и ви носи немир. Обидете се да се релаксирате малку по овие прашања и ќе имате поддршка од Венера која се наоѓа во вашето соѕвездие. Самиот влез на Венера во вашето соѕвездие говори дека се вртите повеќе кон себе и своите задоволства. Јасно сте при комуникацијата и истото го очекувате и од другите околу вас. Вашиот брак или врска се во одличен период штом сите тешкотии можат да се преминат преку договор и разговор.

Среќен ден: Понеделник

Водолија

Цела среќа што остварувањата, исто како и грижите доаѓаат преку деловната кариера, па затоа треба да ги елиминирате внатрешните стравови кои веќе некое време ве опседнуваат. Продолжете да бидете упорни во целите, за кратко време ви се враќа среќата ако веќе подолг период сте со проблеми. На пат сте кон добри промени, но само доколку напорно работите на целта. Парите ќе продолжат да ви пристигаат преку саканите личности, а вие не треба да бидете толку таинствени.

Среќен ден: Петок

Риби

Во овој период најважно е да верувате во себе и сопствените способности. Сигурно се присутни извесни потешкотии кои истовремено кај вас будат и силна енергија да се борите за она што го сакате. Секоја упорност ќе биде наградена. Преку здржување, партнерски деловни односи, во овој период можете најдобро да заработите. Деловниот или емотивниот партнер е тој кој што носи решение. Доколку чекате некои пари по судски пат, добрите вести се на пат.

Среќен ден: Недела


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by EVITA Пон Сеп 03 2018, 13:03

Bas ke vidam dali mi pogodile. Very Happy

_________________
Стево Пендаровски , претседател на сите граѓани

EVITA

Број на мислења : 269
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Пон Сеп 03 2018, 15:43

Pak zazivea horoskopceto, super.
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 980
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by osa Пон Сеп 03 2018, 16:16

zoshto da ne zazivee ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Сеп 06 2018, 13:00

Еве за денеска, уште не доцна да се консултирате со ѕвездите.

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 6 СЕПТЕМВРИ

Овен

Се чувствувате малку изневерено од страна на своите соработници. Можеби моменталните аспекти не ви одат од рака, но не откажувајте се по првата неволја. Полето на љубовта може да биде неповолно доколку не се прилагодите на време. Крвниот притисок ви е покачен.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Сеп 06 2018, 13:00

Бик

Некои промени не можете да ги избегнете. Почитувајте ги правилата кои одамна сте си ги поставиле себеси. Не мислевте дека ќе стигнете далеку, но тоа се случува денес. Вечерва ве очекува убаво излегување со личност која ви се допаѓа. Заведувањето ви оди лесно и треба да бидете подготвени за нешто повеќе.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Сеп 06 2018, 13:00

Близнаци

Во работата размислувате за нови можности кои ви доаѓаат од познанството со личност од странство. Не откажувајте се од идеите што ги имате. Сонувате за личност родена во знакот рак која постојано ве освојува. Бидете поотворени за комуникација.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Сеп 06 2018, 13:01

Рак

Не е лоша идеја да покажете поцврст став пред шефот кој не ви е наклонет. Најдете најдобар начин за да пристапите. Во љубовта денес ви оди одлично и успевате да ги победите сите предизвици. Здравјето е одлично.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Сеп 06 2018, 13:01

Лав

Покажувате ентузијазам за својот работен план. Морате да научите како функционираат работите и брзо да се прилагодите. Заљубени сте во претставник на некој од водените знаци. Вежбајте повеќе.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Сеп 06 2018, 13:01

Девица

Премногу барате од себе и не дозволувате за некои работи да помине време. Сакате да сте педантни, но мора да сте трпеливи. Почитувајте ги барањата од партнерот, но не заборавајте на себеси. Подобрете го имунитетот.

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Сеп 06 2018, 13:01

Вага

Имате одлична финансиска ситуација, добар став кога станува збор за финансиите. Одличен ден за соработка со еден лав. Подобрете го својот емоционален статус со тоа што нема да брзате околу некои одлуки. Сметате дека владеете со ситуацијата и немате намера да се спуштите под своето ниво.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Сеп 06 2018, 13:01

Скорпија

Можеби ќе занемарите некои важни детали на работното мето. Работете на јасни цели кон кои тежнеете. Бидете отворени за нешто повеќе. Љубовната мелодрама продолжува. Морате да се ослободите од стравот да бидете напуштени. Се чувствувате добро.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Сеп 06 2018, 13:02

Стрелец

Денес ќе земете голем залет во однос на работата. Морате да сте добро фокусирани за да постигнете нешто. Не очајувајте ако сте сами, бидејќи промените доаѓаат. Бидете поактивни.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Сеп 06 2018, 13:02

Јарец

Чувствувате голема доза праведност за себе, но и за колегите. Имате одличен тим на колеги. Не очајувајте бидејќи сте во солидно друштво што ви пружа добар амбиент. Се чувствувате одлично и нема потреба да се осамувате. Чувствувате замор.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Сеп 06 2018, 13:02

Водолија

Одличен ден за нови стратегии на работата. Морате да бидете отворени кон себеси и да пробате нешто конкретно да постигнете. Нешто убаво ќе ви се случи на полето на љубовта. Привлекувате сериозни личности кои ви даваат повод да се надевате на нешто конкретно.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Чет Сеп 06 2018, 13:02

Риби

Финансиите ви се малку критични, па повеќе ќе се занимавате со финансиите отколку со што било . Одлична можност за љубов имате со една девица. Вежбајте почесто.

https://mexpress.mk/fraer-k-i/dneven-horoskop-za-6-septemvri/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6588
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Bosonoga Чет Сеп 06 2018, 13:05

Ej bravo be se seti nekoj. Cek da vidam so me ceka denes. Very Happy
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 980
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Сеп 07 2018, 19:40

ВИКЕНД ХОРОСКОП (08 – 09 СЕПТЕМВРИ, 2018)

Овен


Не се чувствувате најдобро. Иако се обидувате нормално да функционирате, тешко ви поаѓа од рака, зашто сте притиснати од многу деловни и приватни проблеми. На работа не се случува ништо значајно, но, за чудо, тоа не ве вознемирува ни најмалку.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Сеп 07 2018, 19:41

Бик

Уживате во сите видови задоволства. Дишете со елеганција, љубов и сензуалност. Се наоѓате во фаза кога ја активирате цела креативна сила. На деловен план очекувавте повеќе, но моменталните околности се малку поинакви. Всушност, никој и не ви е виновен кога ги идеализирате соработниците.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Сеп 07 2018, 19:41

Близнаци

Активни сте, а тоа е одличен лек за незадоволството. Ако ви е за утеха, ни околината не се чувствува најдобро. Ќе забележите деловен успех, финансиска добивка, среќа на лотарија, а со оглед на тоа дека состојбата е минлива – треба да ја искористите до максимум.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Сеп 07 2018, 19:41

Рак

Мислите интензивно ви се свртени кон некого. Желбата за љубов и создавање семејство е зголемена. Кога ќе наумите нешто, тоа го исполнувате. Имате проблеми со трпеливоста. Сакате веднаш да знаете на што сте, но околностите не ви го дозволуваат тоа.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Пет Сеп 07 2018, 19:42

Лав

Загрижени сте поради семејните односи и здравјето. Ова не е период за решавање проблеми, па затоа бидете трпеливи и дочекајте го поволниот момент. Така како од шега ќе решите се’ и ќе видите дека беспотребно сте се грижеле. Трошете го времето со пријатели.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 31 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 31 of 43 Previous  1 ... 17 ... 30, 31, 32 ... 37 ... 43  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот