Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Никола Груевски

+4
tmoro
Hamad bim Khalifa
osa
reiter
8 posters

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Go down

Никола Груевски Empty Никола Груевски

Пишување by reiter Чет Јун 04, 2015 2:53 pm

дефинитивно сметам дека треба да се отвори тема за Никола Груевски затоа што ваков феномен ретко се раѓа ако не и прв после Итар Пејо Smile
Ексклузивно: Многу непријатни прашања од европските амбасадори за Груевски напиша:

Извори на Либертас откриваат детали за вчерашнaта средба помеѓу премиерот Никола Груевски и амбасадорите на 17 земји-членки на ЕУ, предводени од шефот на делегацијата на ЕУ, Аиво Орав. Впечатокот е дека средбата била многу чудна, но и дека не поминала добро за домаќинот во владината зграда на Илинденска, како и дека амбасадорите не се служеле со речникот својствен за дипломатијата, туку биле доста груби со премиерот. напиша:
Никола Груевски Eu-ambasadori-540x350

Според нашите информации, Груевски доцнел на средбата, па дел од амбасадорите предложиле да си заминат по половина час чекање, но ги разубедил министерот за надворешни, Никола Попоски кој им рекол дека премиерот само што не дошол. Тој конечно се појавил по 40 минути доцнење. На почетокот на средбата, вели нашиот извор, на изненадување на амбасадорите дојдени да разговараат за решавање на политичката криза, Груевски почнал да им зборува за спроведување реформи во државната администрација, за некој нов закон кој бил изгласан, за плановите за зголемување на бројот на Албанците во државната администрација… По кратко бил прекинат од евроамбасадорот Орав, кој во најголем дел го водел разговорот со Груевски, со кратки вклучувања на останатите амбасадори. Орав ја променил темата и го прашал Груевски за случајот во Куманово, случај каков што немало од 2001 година, не само во Македонија, туку и во регионот. Груевски почнал да објаснува, дека не се работело за терористи и исламски фундаменталисти, туку за криминалци со терористички елементи. Орав му порачал дека инсистираат да се спроведе објективна истрага со вклученост на меѓународната заедница, а Груевски на тоа возвратил со поразличен одговор од претходнот, велејќи дека случајот е показател дека Албанците на Балканот се радикализираат со цел да создадат трета албанска држава во западна Македонија, мислејќи на Илирида. Сепак, следувало уште едно незгодно прашање од Орав, за тоа како се случило заробениот терорист да им избега на полицајците. Бидејќи Груевски се обидувал да ги избегне одговорите на сите прашања поврзани со настаните во Куманово, амбасадорите заклучиле дека е бесцелно да се разговара понатаму на оваа тема, па преминале на втората точка, за прислушувањето. Орав ја започнал темата со обраќање кон министерот Попоски, велејќи му дека не е задоволен од објаснувањето од неколку реченици што го добил после поднесената протестна нота, за тоа дека власта ја прислушувала мисијата на ЕУ во Македонија. На тоа одговор добил од Груевски кој повторно се обидел да ја смени темата, велејќи дека сакал правна разврска на случајот за да дознаел како завршиле материјалите кај лидерот на СДСМ, Зоран Заев. На забелешката на Орав, дека е потребно да се поведе судска истрага за содржината на прислушуваните материјали, Груевски повторно се обидел да избега од темата и почнал да објаснува дека ќе следувале реформи во судството, дека кандидатите за судии ќе требало да полагаат на Академија, ќе се зголемела транспарентноста… Зачуденоста на амбасадорите го достигнала врвот кога Груевски им кажал дека законските предлози веќе биле истакнати на некоја веб страница. Заклучувајќи дека е бесполезно да се разговара понатаму и за темата за прислушувањето, Орав се обидел да го приврши разговорот, нагласувајќи му на Груевски дека политиките на Владата не се во согласност и во насока на исполнување на стандардите за зачленување на државата во ЕУ, иако 75 отсто од граѓаните посакуваат влез на земјата во Унијата, укажувајќи му дека води политики спротивни на волјата на граѓаните. Груевски на таквата констатација возвратил дека главната определба на Владата била да го зголеми животниот стандард на граѓаните, на што Орав прилично недипломатски му возвратил дека од снимките најдобро се гледа колку и како се грижат за стандардот на граѓаните, па разговорот тука завршил. Амбасадорката на Германија, Кристине Алтхаузер сместена на ќошот од масата Не само што Груевски им доцнел 40 минути на амбасадорите и за влакно бил избегнат скандал ако се случело дипломатите демонстративно да заминат, односно да ја откажат средбата, туку поголема непријатност, односно скандал било тоа што амбасадорката на Германија, Кристине Алтхаузер, била распоредена да седи на ќошот/странично од масата, што според дипломатските стандарди е непристојно и дури дрско. Германската амбасадорка морала и микрофонот да го повлекува кон неа, кога требало да се вклучи во разговорот. Позицијата на германската амбасадорка на масата оставло впечаток како таа да е вишок на масата, а нејзиниот револт бил очигледен. Ова се случува откако амбасадорката на Германија пред неколку недели јавно побара оставки. напиша:
http://libertas.mk/ексклузивно-многу-непријатни-прашањ/

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by osa Чет Јун 04, 2015 7:10 pm

no nego muva ne go lazi ....ova e redok vid na sushtestvo koe treba da se prouchuva vo idninata ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Јун 04, 2015 7:14 pm

Pa ne e lud, sam sebe da se spakuva ekspresno vo Idriz beg! ke ne maci - uste nekoe vreme! Ama po se izgleda deka so vakvoto ponashanje samo si go proshiruva spisokot na makite sto go ocekuvaat!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by reiter Чет Јун 04, 2015 7:22 pm

и нему не му е лесно... Very Happy

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by Hamad bim Khalifa Чет Јун 04, 2015 7:27 pm

Latas za Nikola : "PEDER".... "Mirka ke mu ebe majkata u pi.ka"!!!!

Epa Latas i Mirka go dale g"zot..... go dale, inaku ke im se ebeshe majkata u pic.a"!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by reiter Чет Јун 04, 2015 7:46 pm

Субрата Рој: Мојата организација е полна со криминалци напиша:

Субрата Рој кој во својата матична Индија земја се гони за финансиски проневери и малверзации, на Балканскиот фестивал на мирот, во говорот се осврна на неговата организација, за која рече дека е полна со криминалци. -Во мојата организација има многу криминалци, но треба да им оставиме време сами да се променат, па може после ќе се претворат во најдобри граѓани. напиша:
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=8109

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by tmoro Чет Јун 04, 2015 8:41 pm

Reiter,,сите прашања за ПЕТЛЕТО се непријатни ,тој е најглупиот премиер на сите времиња.

tmoro

Број на мислења : 547
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by Естир Чет Јун 04, 2015 9:29 pm

Много злини ви стори. За съжаление. Години ще ви трябват да се отърсите от което ви причини - във всяко отношение. За съжаление.
Естир
Естир

Број на мислења : 846
Join date : 2015-02-11

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by трендафил Пет Јун 12, 2015 2:57 pm

Интересна колумна во Нова Македонија која дава одговор и на однесувањето на странските амбасадори. Кое е крајно безобразно и недипломатско.

И сега што правиме? Ете нѐ во ситуација на дејство на хаос. Дури и асистентот на шумарот (ЕУ) се увери дека овде не дејствува стандардниот лек „стап и морков“. Фино се гледа дека и арогантниот лекар со комплекс на бог целосно ја промашил дијагнозата. „Стандардната“ куратива што подолго ја применува на вештачки произведени политички и безбедносни кризи не лекува ами, напротив, создава резистентност на нападнатиот организам. Па затоа ќе речам, драги господа од „меѓународната“, како што се самоименувате, кога за подизведувач на „револуционерните“ работи во една држава ќе најмите болест (умоболни, социопати, психотичари, манијаци, црпнати, егоманијаци и слични) нема шанса да добиете за резултат доброволно колективно самоубиство на цел еден народ. Оти СДСМ веќе девет години не е политичка партија туку дијагноза. Болест од ваков карактер не се третира стандардно. Тоа е грешка на актуелната власт, ама е и грешка на странските лекари што лабораториски ја негуваа и имплантираа во Македонија. Како? Просто. Зоран Заев го третираа како политички фактор. Му даваа легитимитет на секоја средба со него. Го третираа како водач на политичка опозиција. Иако од прва минута знаеја дека човеков нема ниту една функционална мозочна бразда. А факт е дека од моментот кога почна налудничавата политичка игра на СДСМ не слушнавме изјава што недвосмислено ќе покаже кој е виновникот за кризирањето. Вриеше од општи места, пригодни политички фрази што сугерираат споделена вина. ЕУ и САД-амбасадорите се компромитирачки несоборлив доказ. Како и во случајот со фингираната војна во 2001 година, кога македонската држава стана еднакво виновна со бандитите од Косово, кои ја нападнаа. На фактите, на вистината, на суштината што секој нормален човек ја знае, ширењето вакви омилени илузии веќе нема реално дејство.

Зоран Заев со пајташите беше охрабруван, мотивиран, вооружен со прислушувани разговори и штедро финансиран од конкретни западни влади да му го поништи правото на глас на македонскиот избирач даден на слободни избори. Македонската држава иницијално не беше саботирана однатре туку однадвор. И сите знаеме зошто. Не го прифаќа ултиматумот за „доброволно“ менување на името и идентитетот. Згора, во услови на длабока финансиска криза што го тресе континентот, Македонија успешно се самоодржува преку јавни работи, странски инвестиции, даночна дисциплина, раздолжување со меѓународни финансиски организации, социјални проекти и сл. Чистокрвен добар „лош“ пример за менаџмент со држава, кој е непријатност за центрите на моќ што имаат лихварска логика. А таа е дека лихварот нема ќар од муштерија што редовно ги враќа заемите. Интересот му е да оствари профит од каматите. Аналогно, на ЕУ, НАТО, односно САД, Македонија им е „партнер“ само ако е слуга, а не ако е полнокрвен субјект.

Сега да се разбереме. Зоран Заев не е одлучен оти како таков по божја волја бил црпнат од моноспитовското блато. Одлучен е дека го турка силен ветер во грбот. Се вика Пентагон. Официјален Вашингтон. Негови службеници се ландраат и одблизу го помагаат македонскиот „мајдан“ со насоки за работа што велат „Никола Груевски мора да даде оставка до 28 јуни“. Мора не значи преговори туку извршна наредба. Во име на доброто на народот и иднината на Македонија. За да не пропадне трудот на ЕУ со сите нејзини олеснувачи, амбасадори, притискачи, уценувачи и кариеристи. Оти по „финалните“ преговори за детализирање на парафираната рамка во Пржино сосема е јасно оти новата „индиска“ сапуница во илјада продолженија ќе продолжи да се емитува. Додека не падне Груевски. Тој е целта. Оти нему народот му верува, што значи тој суверено владее со реалниот терен. Непобитен факт. Него можат да го тргнат само радикално. Да го ликвидираат. Тоа е фатумот на националните водачи од векутума века. Сега, малку е непријатно за нарачателот на отпорашката револуција во Македонија такви настани да се организираат во кратко време трипати. Ептен ќе се изложи на ризик ако некој посериозно почне да го истражува „феноменот“. Затоа вака се цевчи работава. Кај и да е, сега ќе се гаѓа во демохристијанскиот менталитет на Груевски за тој да се „охрабри“ самиот да поднесе оставка за доброто на Македонија. Му ја слушнав првата изјава по „преговорите“. Ни откри дека Заев не сакал избори оти ќе ги загубел!? Бре, мајката! Од тоа ли се плашел? Па нели, бе, ќе одеше на суд како обвинет за врвни злостори против држава? Како сега ќе одел на избори? Дали во меѓувреме Груевски го амнестирал и него? Зошто премиерот не беше подготвен за ваков исход и излезе во јавност без сценарио „Б“? И тој ли ќе нѐ пимпла во сто продолженија надградено и проширено? Ќе нѐ потсетува ли уште дека сѐ што ветува исполнува, оти јас се сеќавам на неговото ветување дека по ланските избори ќе истера конечно цел четиригодишен мандат. Кое очигледно е на пат (за наше добро де) да не го исполни. Пазете! Легитимно избрана власт потврдена и на сериозни анкети на огромен примерок, седнува со цел ум на преговори со развиорено бело знаме, прифаќа партнер да му бидат терористи и бандити, а внатрешни притискачи двајцата поглавари на албанското малцинство, додека надворешните старатели му се стечајни управници и потоа дрнда ефемерии за Соросовата пропагандистичка тајфа наместо да каже државнички став имајќи ги на ум почитта кон народот и обврските преземени со заклетва пред државата што му е доверена на управување. Зборот ми е, ние очекувавме тој конечно да ги врати институциите во кондиција, да почне да ги почитува Уставот, волјата на мнозинството во државата, принципите на цивилизацијата, а не да витка грб пред силеџии.

Но да се вратиме на реалноста. Моментот кога ќе се згази на изборната волја на македонските граѓани, знајте дека заврши демократијата, оти урната е категоријална вредност. Темелен принцип. А сѐ почна во Европа. Со Австриецот Јерг Хајдер. Иако неговата партија победи на избори, човекот беше принуден и да демисионира од лидерската позиција и да му ја поништат победата. Австријците никогаш нема да го заборават тоа. Ама, по ваквиот лупинг предводен од Жак Ширак, лесно беше истиот модел да се практикува во Египет, каде што изборните резултати беа поништени со воен удар, кој пак молкум го аминуваше „најдемократската“ земја во светот. Во Украина се случи истото тоа. Но ништо поинаку не беше во Бугарија или во Романија. Беше пробано во Турција, уште се пробува во Унгарија и во Венецуела, а ете и во Македонија. Логичното прашање што се поставува пред да се изведе рационален заклучок е дали по ваквите авантуристички операции, порачувани и спонзорирани однадвор, во земјата-жртва станале успешна приказна? Погледнете ги одблизу државите во кои бил успешен еден ваков преврат и ќе ги здогледате придобивките. Жив очај! Ама, Пандорината кутија е отворена и затоа од неа излегува сенешто. Се вика хаос. Хаосот се самоменаџира дневно. Не помагаат олеснувачи што личат на скапи бајачки. Ефикасна е само доброорганизирана институционална самоодбрана и решителен народ што ќе си ја брани слободата (правото на одлука и избор), правото на живот и татковината.

Во вакви услови ви требаат силно водство, решителни политичари и мотивиран народ да го уништат лабораториски одгледаниот вирус што ни го напаѓа организмот. Тоа се прави со капацитетни институции што добиваат јасни насоки за работа. Нема повеќе „доста е“, па „доста беше“. Нема КАНВАС, Отпор и слични УСАИД-Сорос-ЦИА журки. Нема стапови и моркови, нема уцени и ултиматуми именувани како „загриженост“, па глумена добронамерност на лајпрди како Ховит или Фуере, седенки со наакани амбасадорски шесторки, необврзувачки реторички бравури што звучат умно, а не значат ама баш ништо. Стриктно се применува Уставот преку законите. Одгоре додолу. Целта е изолација на вирусот за да му се пресечат изворите за паразитската исхрана, парите и политичката логистика од странство. Мене како граѓанин само тоа ме интересира.

Ако дејците на политиката на сила се соочат со ваков ефикасен одговор, каков и да е соодносот во големина, моќ или богатство на „партнерите“, резултатот е фиксен: Почнуваат да ве гледаат со други очи. Не како шајшутка со ниска точка на топење, туку како страна што треба внимателно де се слушне, па ви расте преговарачката цена, повеќе ви тежи столчето на кое седите, па ги терате малку да си ги подиспотат скапоцените задници, да ангажираат посолидни експертутки, агенти, пропагандисти, дипломати и сл.

Не е време за политички романтизам, тргни-застани политика и салонско фразерство. Ни требаат одлучност и јасна политика, со детално пресметани дејства. Целта на револуционерите-марионетки и нивните налогодавци ни е позната. Сега ни е потребна итна државна терапија. Оти убедена сум дека ситуацијата од преговорите со Грција за името ќе се преслика и на овој случај. Кога лудиот Заев е непопустлив, ќе го притиснат силно нормалниот Груевски. Грција со таа тактика (и силна меѓународна логистика) успешно нѐ вози 23 години. А нашиве ниту еднаш не го пресметаа меѓународно македонскиот народ и не го извадија како адут. Ако сега не се случи тоа, ене го вториот медијатор Карл Билт како си ги пакува медијаторските куфери гледајќи во својата светла кариеристичка иднина.

Што ќе прави Пентагон од почетокот на мојава „приказна“? Ќе се обиде да се уфрли во игра преку терористичкиот УЧК од Косово и Македонија. Ахмети е спремен на копче. Можно е дури да ја стави во египетска улога (пучистичка) и македонската армија, која е содружник на НАТО. Ви се чини невозможно? Не знам богами. Моето искуство со политиката кажува дека во неа ама баш сѐ е можно, особено кога на империјата не ѝ стојат добро работите и редум ги губи сите војни, а годината е предизборна.
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Јун 21, 2015 9:57 am

Nekolku dena mi se vrti niz glava izjavata: "Груевски за Ди Пресе: Нема корупција во врвот на власта" !?!?! Pa si velam:
do nekade moze da razberam koga covek vo 5-decenija od zivot, zgora magister i premier, ne go razbira poimot na zborot "ERKER", ama nikako ne mi e jasno kako za celiot negov zivot ne go naucil poimot na zborot "KORUPCIJA" ??? ..... Nesomneno mora da si totalen DEBIL!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by reiter Нед Окт 18, 2015 10:29 am

Груевски: Чекаме Јанева да почне со работа, немаме незаконски дела и сакаме тоа да се потврди напиша:
Како ВМРО-ДПМНЕ со нетрпение очекуваме што побрзо да почне со работа специјалната обвинителка Катица Јанева, затоа што знаеме дека немаме никакви незаконски дела и сакаме што побрзо да се потврди и од тој аспект наш интерес е таа што е можно побрзо да се комплетира и да започне со работа, а не само да слушаме вакви или онакви изјави, рече премиерот Никола Груевски на гостувањето во телевизија КАНАЛ 5.
----------------------------------------------------
Никола ја става цела партија вмро-дпмне во процес на
задскривање на поединци зад неа од тешки криминалци кои самиот Никола е на врвот.Ти бре Никола Груевски си криминалецот и не ја туркај партијата пред тебе како браник.ВМРО-ДПМНЕ не е твоја лична своина.
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/gruevski-chekame-janeva-da-pochne-so-rabota-nemame-nezakonski-dela-i-sakame-toa

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by osa Нед Окт 18, 2015 12:18 pm

reiter напиша:

sega treba da se na poteg chlenovite na dpmne ...oni treba da mu dadat do znaenje deka nesakaat da se topovsko meso vo borbata shto pretstoi

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Окт 18, 2015 3:19 pm

Mislish deka ovcite ke mu se z"gnat na pastirot !? Evil or Very Mad Toa teshko ke se sluci vo ovaa konstalacija na sonceviot sistem!
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by osa Нед Окт 18, 2015 7:04 pm

ako se normalni(??????) bi trebalo taka da postapat ....a zoshto da mu bidat topovsko meso ...oni bez "voda u ochi" ,a ovoj poln ko brod ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by трендафил Нед Окт 18, 2015 8:09 pm

Обидете се еднаш да престанете да сметате дека ако нешто е напишано на Плусинфо, Либертас, НовасТв или е изјавено од Заев е апсполутна вистина. Не знам дали тие гласила ја пренесоа двата деманта за двете лаги на Заев во врска со само една посета. Таа на Израел.
Да се вратам на темата. Груевски е првиот македонски премиер што скоро 100% ги исполнува предизборните ветувања. За разлика од СДСМ. Без разлика дали станува збор за државна власт, кога се ветуваше вработување на еден од секое семејство или на локално ниво кога Заев не го исполнува тоа што им го има ветено на струмичани. Груевски е и човекот кој издржа да не потклекне пред уцените на лидерите на ЕУ и НАТО кои мислеа дека ќе паднеме на задник кога одлучија дека со промена на името веднаш ќе станеме членка на НАТО и(или) дека веднаш ќе ги започнеме преговорите за членство во ЕУ. За разлика од некои други лидери кои препорачуваа виткање на кичмата. И новинари, странски платеници, кои тоа го пропагираа.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Окт 18, 2015 8:13 pm

трендафил напиша:Обидете се еднаш да престанете да сметате дека ако нешто е напишано на Плусинфо, Либертас, НовасТв или е изјавено од Заев е апсполутна вистина. Не знам дали тие гласила ја пренесоа двата деманта за двете лаги на Заев во врска со само една посета. Таа на Израел.

Никола Груевски Images?q=tbn:ANd9GcTGgURDQGC2fVa_UvvYikG3LY36b-qM23npyWS1rXPLpEnZFjHxZg
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by osa Нед Окт 18, 2015 8:15 pm

трендафил напиша:Обидете се еднаш да престанете да сметате дека ако нешто е напишано на Плусинфо, Либертас, НовасТв или е изјавено од Заев е апсполутна вистина. Не знам дали тие гласила ја пренесоа двата деманта за двете лаги на Заев во врска со само една посета. Таа на Израел.
Да се вратам на темата. Груевски е првиот македонски премиер што скоро 100% ги исполнува предизборните ветувања. За разлика од СДСМ. Без разлика дали станува збор за државна власт, кога се ветуваше вработување на еден од секое семејство или на локално ниво кога Заев не го исполнува тоа што им го има ветено на струмичани. Груевски е и човекот кој издржа да не потклекне пред уцените на лидерите на ЕУ и НАТО кои мислеа дека ќе паднеме на задник кога одлучија дека со промена на името веднаш ќе станеме членка на НАТО и(или) дека веднаш ќе ги започнеме преговорите за членство во ЕУ. За разлика од некои други лидери кои препорачуваа виткање на кичмата. И новинари, странски платеници, кои тоа го пропагираа.

kaj prochita na temata pogore deka pishuva za Branko Very Happy ah trendafile kolku maka si imash ...branish neshto shto ne se brani ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by трендафил Нед Окт 18, 2015 8:49 pm

Се додека Груевски или било кој друг политичар не биде осуден или не прифати аболиција, не може да биде третиран на начин на кој вие, симпатизерите на аболицираниот Заев се обидувате да се однесувате. Ајде уште еднаш да напишам дека сум за тоа секој да одговара за тоа што го сторил. Но не можам да грешам душа и некого неправедно да го обвинувам. Очекувам на пример реакција на Заев по демантите од израелската амбасада која тврди дека лажел во врска со посетата на Израел. Дали му се налутивте на Заев што ве лажеше дека наводно Израел ги потврдил наводите од една од бомбите. Може ли да заклучиме дека таа бомба е лажна.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by osa Нед Окт 18, 2015 9:27 pm

трендафил напиша:Се додека Груевски или било кој друг политичар не биде осуден или не прифати аболиција, не може да биде третиран на начин на кој вие, симпатизерите на аболицираниот Заев се обидувате да се однесувате. Ајде уште еднаш да напишам дека сум за тоа секој да одговара за тоа што го сторил. Но не можам да грешам душа и некого неправедно да го обвинувам. Очекувам на пример реакција на Заев по демантите од израелската амбасада која тврди дека лажел во врска со посетата на Израел. Дали му се налутивте на Заев што ве лажеше дека наводно Израел ги потврдил наводите од една од бомбите. Може ли да заклучиме дека таа бомба е лажна.
trendafilcho aj pochni da pishuvash soodvetno na temite ...ovde ne e tema Zoran Zaev  Twisted Evil ovde zboruvame za lopovot koj saka otkako ispokrade ,da gi proglasi site od taa partija za lopovi ...ne biva taka ,ne !!!! toj shto kradel treba da go jade .... Twisted Evil Twisted Evil Twisted Evil a ne i negovite sopartijci  Twisted Evil

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by Гостин Нед Окт 18, 2015 10:47 pm

трендафил напиша:Се додека Груевски или било кој друг политичар не биде осуден или не прифати аболиција, не може да биде третиран на начин на кој вие, симпатизерите на аболицираниот Заев се обидувате да се однесувате. Ајде уште еднаш да напишам дека сум за тоа секој да одговара за тоа што го сторил. Но не можам да грешам душа и некого неправедно да го обвинувам. Очекувам на пример реакција на Заев по демантите од израелската амбасада која тврди дека лажел во врска со посетата на Израел. Дали му се налутивте на Заев што ве лажеше дека наводно Израел ги потврдил наводите од една од бомбите. Може ли да заклучиме дека таа бомба е лажна.

Немој да лажеш Трендафиле. На другата тема го амнестираш Мијалков. Толку од твоето залагање секој да одговара за тоа што го сторил.

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by osa Нед Окт 18, 2015 10:50 pm

za zal malite dechinja otidoa na spienje ,pa nemoze da ti odgovorat vecherva mumley Very Happy

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by reiter Сре Ное 18, 2015 2:54 pm

тегни Никола бе даааа.....што убаво, зимај си секој ден и немај гајле за да вратиш,други ќе ги враќат...

СДСМ: Денеска Груевски повторно ги задолжи граѓаните за нови 64 милиони евра напиша:
Никола Груевски Images?q=tbn:ANd9GcSxe2QwYw62-F6EyxrvrxkIhJuYDbRFLeqb4Y3qWJCUroMLPsZp

„Денеска Никола Груевски повторно ги задолжи граѓаните за нови 64 милиони евра. Речиси и да нема ден Никола Груевски дополнително да не ги задолжи граѓаните со нови кредити што ќе ги враќаат идните генерации. Ново задолжување со обврзница од 500 милиони евра, нов кредит од Ерсте и Дојче банка со околу 90 милиони евра, нов кредит од ЕБОР, ново задолжување кај домашните банки… Никола Груевски во изминатите години потроши 630 милиони евра за споменици. Наместо да ги задолжува граѓаните, Груевски можеше дел од овие 630 милиони евра да ги пренамени за изградба на патишта. Но, за Никола Груевски најважни беа бизнис-фасадните интереси на фамилијата. Затоа Никола Груевски 10 години не инвестираше во патната инфраструктура во земјава и не направи ниту еден нов автопат. Сега, 2 месеци на крајот од мандатот, Груевски предизборно се сети дека треба да се инвестира во патна инфраструктура. Но доцна е. Обновата на патната инфраструктура и новите автопатишта ќе ги изгради владата на СДСМ, по 24-ти април. Господинот „орочен“ им одзема 10 години живот на граѓаните и заминува во историјата“, се вели во соопштението на СДСМ. напиша:
http://a1on.mk/wordpress/archives/551838

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by reiter Вто Фед 02, 2016 10:01 am

да ти ебам штипскиот криминален газ Никола...

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by Гостин Вто Фед 02, 2016 10:03 am

Го припремаш за доживувањата што ќе ги има во Идризово? Very Happy

Гостин
Гостин

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by трендафил Вто Фед 02, 2016 10:08 am

Тешко дека ќе ви се исполни желбата аболицираниот криминалец да стане премиер. Според сите анкети по 24 април мандатот повтроно ќе го добие Никола Груевски. И покрај понудите од 100 илјади евра за секој што ќе даде лажна изјава во СЈО (Социјалдемократското јавно обвинителство).

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Никола Груевски Empty Re: Никола Груевски

Пишување by Sponsored content

Sponsored content

Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот