Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

VERVERICA

Go down

VERVERICA Empty VERVERICA

Пишување by Teo Сре Јан 25 2017, 23:41

Верверица

Верверици (латински: Sciuridae) — семејство цицачи од редот на глодарите. Во неа припаѓаат животни кои се различни по својот изглед и начин на живеење, обединети со нивното заедничко потекло и сличноста во анатомската градба.

Надворешен изглед
Должината на телото се движи од 6 (глувчева верверица) до 60 cm (мраморец или мрмот). По својот надворешен изглед, вервериците може да се поделат на 3 типа: верверици кои живеат на дрвја, верверици кои живеат на површината на земјата и летачки верверици, при што се смета дека заедничкиот предок бил најсроден со вервериците кои живеат на дрвја. Кај дрвенестите верверици, каде припаѓа обичната верверица, имаат долги бушави опашки, остри канџи и големи уши, понекогаш со прамен од влакна. Кај летачките верверици по страните од телото, меѓу прсните ковчиња и ковчињата на стапалото се наоѓа кожна мембрана, која им овозможува падобрански лет. Приземните верверици се одликуваат со покрупни тела и кратки силни предни екстремитети. Кај сите верверици задните екстремитети се подолги од предните, но не повеќе од 2 пати. Задните екстремитети се пет, а предните четири или петпрсни. IV прст на предните и задните екстремитети е најдолг. Крзното е густо и меко. Бојата е монотона или со линии и дамки, се движи од црна и бела до црвена или темножолта. Имаат 2 до 6 пара на млечни жлезди. Забите се 20-22 на број. Катниците се со корени, на секоја страна од горната вилица нив ги има 5 (кај еден вид 4), а на долната 4. Џвакачката површина на катниците е заоблена или заоблено-чешлеста. Предниот горен предкатник е секогаш помал од останатите; кај обичните верверици тој е во вид на тенко столпче, додека кај персиските верверици отсуствува.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

VERVERICA Empty Re: VERVERICA

Пишување by Teo Сре Јан 25 2017, 23:41

VERVERICA 240px-Sciurus_niger_%28on_fence%29
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

VERVERICA Empty Re: VERVERICA

Пишување by Teo Сре Јан 25 2017, 23:41

VERVERICA 250px-Goldmantelziesel
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

VERVERICA Empty Re: VERVERICA

Пишување by Teo Сре Јан 25 2017, 23:42

Екологија
Распространувањето на вервериците е многу широко. Тие отсуствуваат во австралиската област, на Мадагаскар, во поларните области, во северозападна Африка (Сахара) и на југот на Јужна Америка (Патагонија, Чиле, поголем дел од Аргентина). Населуваат разновидни предели: од тропски дождовни шуми до арктичката тундра. На планините се среќаваат до долната граница на ледниците. Водат приземен начин на живот или на дрвјата. Активни се главно во текот на денот; летачките верверици најчесто во текот на ноќта. Се исхрануваат со различна растителна храна (семиња, јатки, печурки), поретко со инсекти и помали `рбетници. Приземните видови се исхрануваат главно со зеленило. Видовите во умерените области зиме складираат храна или запаѓаат во зимски сон. Живеат поединечно, понекогаш колонијално. Дрвенестите верверици по правило градат гнезда во самите дрвја, додека приземните живеат во дупки. За некои видови се карактеристични далечни миграции. Бременоста трае 22-45 дена. Женките донесуваат на свет од 1 до 15 голи и слепи младенчиња.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

VERVERICA Empty Re: VERVERICA

Пишување by Teo Сре Јан 25 2017, 23:43

Вервериците и човекот
Вервериците се паметни животинки, во населените места тие се способни да се исхрануваат од птичјите хранилки, потоа копаат во потрага по семиња од растенијата и се населуваат во места какви што се поткровјата и мансардите. И покрај тоа што многу компании продаваат хранилки со заштита од верверици, многу малку од нив се во состојба да ги спречат.

Понекогаш вервериците се сметаат за штетници бидејќи можат да изгризаат сè што е можно; нивните заби се секогаш остри и постепено се обновуваат (кај глодарите забите растат постојано). Сопствениците на куќи кои се наоѓаат во области со голема популација на верверици мораат внимателно да ги затворат своите подруми и поткровја, бидејќи вервериците таму можат да изградат свои гнезда и да направат разновидни штети.

Верверицата може да се нахрани од човечка рака. Бидејќи се адаптирани да го кријат вишокот од храна, тие ќе доаѓаат сè додека им се нуди храна. Кога еден човек ја намамува верверицата за да ја нахрани, таа ќе се враќа кај него секој ден за нова порција. Вервериците кои живеат по парковите и градините одамна научиле дека човекот е извор на храна.

Вервериците можат да предизвикаат прекини во електроснабдувањето, причинувајќи краток спој на струјните кола со силна волтажа. Во САД, вервериците двапати во историјата биле причина за намалувањето на берзанскиот индекс на NASDAQ и предизвикале каскаден прекин на струјата во еден универзитет во Алабама.

Еден од најчестите производи со кој се исхрануваат вервериците се оревите и кикириките. Но, скорешните истражувања на научниците покажаа дека ензимот трипсин, кој е присутен во оревите, ја спречува апсорпцијата на протеините во цревото. Доктор Џејмс Кисветер од Источновашингтонскиот универзитет советува да им се даваат печени ореви и кикирики на вервериците. Но други научници велат кикириките во било која форма, како и семињата од сончоглед, се неполезни за вервериците бидејќи се сиромашни со хранливи состојки, како резултат на што кај верверицата може да се јави метаболичка болест на коските.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

VERVERICA Empty Re: VERVERICA

Пишување by Teo Сре Јан 25 2017, 23:44

Систематика

Златномантиеста стоболка (Spermophilus lateralis)

Алпски мрмот, Marmota marmota.
Денешните верверици се поделени во 5 потсемејства, со околу 50 родови и близу 280 видови. Најстариот фосил од верверица, Hesperopetes, датира од доцниот еоцен (пред околу 40—35 милиони години) и е сличен на денешните летачки верверици.

Основен и incertae sedis таксон Sciuridae (сите фосилни)
Getuloxerus
Hesperopetes
Kherem
Oligosciurus
Plesiosciurus
Prospermophilus
Sciurion
Similisciurus
Sinotamias
Vulcanisciurus
потсем. Cedromurinae (фосилна)
потсем. Ratufinae – источни џиновски верверици (1 род, 4 видови)
потсем. Sciurillinae – неотропска пигмејска верверица (монотипна)
потсем. Sciurinae
племе Sciurini – верверици кои живеат на дрвја (5 родив, околу 38 видови)
племе Pteromyini – вистински летачки верверици (15 родови, околу 45 видови)
потсем. Callosciurinae – азиски орнатни верверици
племе Callosciurini (13 родови, близу 60 видови)
племе Funambulini палмини верверици (1 род, 5 видови)
потсем Xerinae – приземни верверици
племе Xerini – бодликави верверици (3 родови, 6 видови)
племе Protoxerini (6 родови, околу 50 видови)
племе Marmotini – приземни верверици, мрмоти, бурундуки, прериски кучиња итн. (6 родови, околу 90 видови).
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

VERVERICA Empty Re: VERVERICA

Пишување by Teo Сре Јан 25 2017, 23:44

Црвена верверица

Црвена верверица или обична верверица (науч. Sciurus vulgaris) — еден од видовите на верверици. Тоа е животно кое живее на дрва, сештојад, глодар кој е раширен по Евроазија, вклучувајќи ја Македонија.

VERVERICA 250px-Squirrel_posing
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

VERVERICA Empty Re: VERVERICA

Пишување by Teo Сре Јан 25 2017, 23:45

Опис[уреди | уреди извор]
Црвената верверица има типична должина на главата и телото од 19-23 см, и на опашката 15-20 см, тежина од 250/340 гр. Не е полово диморфна, т.е. мажјаците и женките се со иста големина. Се смета дека долгата опашка им помага да ја одржуваат рамнотежата и правецот при скокање и качување по дрвата, а и се покриваат со неа за да се загрејат додека спијат. Крзното варира според годишните времиња и географски, од црно до црвено. Долната страна им е секогаш посветла до бела. Крзното го менуваат два пати годишно, од потенко летно во подебело зимско и со подолги влакна на ушите.

Како и сите верверици, има остри свиени канџи со кои се качува и симнува од стебла, тенки гранки, па дури и ѕидови од куќи. Силните задни нозе ѝ овозможуваат да прави долги скокови помеѓу дрвата. Исто така, знае и да плива.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

VERVERICA Empty Re: VERVERICA

Пишување by Teo Сре Јан 25 2017, 23:45

VERVERICA 120px-MattiParkkonen_Orava VERVERICA 120px-Sciurus_vulgaris_Turku_cemetery
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

VERVERICA Empty Re: VERVERICA

Пишување by Teo Сре Јан 25 2017, 23:46

Размножување и смртност
Парењето настанува или во доцна зима (февруари-март) или во лето (јуни-јули). Женката може годишно да одгледа до две легла. Во секое легло се раѓаат по три до четири млади, иако се забележани и случаи со по шест. Бременоста трае 38-39 дена. Младите ги чува мајката, бидејќи се раѓаат беспомошни - слепи и глуви, и тежат околу 10-15гр. Крзното на младите им израснува до 21. ден, очите им се отвораат по 3-4 недели, а забите им растат до 42. ден. После тоа младите верверици можат да јадат и тврда храна, и го напуштаат гнездото во потрага по храна, но се враќаат да цицаат кај мајката додека не достигнат возраст од 8-10 недели.

За време на парењето мажјаците ги откриваат женките кои се во овулација по мирисот, и иако нема додворување, мажјаците ги бркаат женките и по цел час пред сексуалниот однос. Обично повеќе мажјаци бркаат една женка, сѐ додека доминантниот мажјак, обично најголемиот во групата, ќе има сексуален однос. Мажјаците и женките се парат повеќе пати со различни партнери. Типично, женката е сексуално зрела во втората година од животот.

Животниот век на црвената верверица изнесува во просек 3 години, некои индивидуи може да достигнат и 7 години, дури и 10 во заточеништво. Преживувањето е поврзано со достапноста на храна во зима, во просек 75-85% од младите умираат во текот на својата прва зима, а смртноста е 50% за секоја зима после првата.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

VERVERICA Empty Re: VERVERICA

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот