ДУХОВИ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ДУХОВИ

Пишување by luxor on Пет Јан 27, 2017 8:11 pm

ГАЛЕРИЈА: Како изгледаат духовите во различни земји ширум светот?

Во сите земји од светот постојат легенди за духови, но сите тие се разликуваат едни од други. Некои се невидливи, некои се страшни и сурови. Приказните за духови се создаваат со цел да се даде одговор на вечните прашања: Дали постои живот после смртта? Дали душата го напушта телото? Дали живите можат да комуницираат со мртвите? Секоја култура има свој одговор на овие прашања. Во продолжение прочитајте какви духови „постојат“ во различни земји ширум светот…
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДУХОВИ

Пишување by luxor on Пет Јан 27, 2017 8:12 pm

Гјенгангер (The gjenganger)



Гјенгангер е дух од скандинавскиот фолклор кој изгледа исто како нормалниот жив човек. Ужасниот гјенгангер ги убива луѓето со тоа што ги штипе. По штипнувањето жртвите стануваат сини и телото полека почнува да им скапува, а срцето да им се распаѓа. Не звучи баш интересно, се согласувате?
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДУХОВИ

Пишување by luxor on Пет Јан 27, 2017 8:12 pm

Тојол (The toyol)



Во Малезија и Индонезија постои легенда за мртов фетус кој бил оживеан со помош на црна магија. Тојолите личат на мали зелени гоблини со црвени очи кои работат за нивните господари и извршуваат ситни кражби и други слични криминални чинови. За да ја задржат нивната лојалност, господарите им даваат на тојолите млеко, мали подароци, а понекогаш и нивната сопствена крв. Тојолите исто така сакаат да цицаат крв од прстите на стапалата на луѓето додека спијат.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДУХОВИ

Пишување by luxor on Пет Јан 27, 2017 8:13 pm

Попобава (The popobawa)



Попобава доаѓа од островот Пемба во Танзанија. Овој зол дух напаѓа навечер и сексуално ги злоупотребува жртвите, особено мажите. Многу мажи од страв не спиеле по цели ноќи или се мачкале со свинска маст бидејќи мислеле дека на тој начин ќе се заштитат од духот.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДУХОВИ

Пишување by luxor on Пет Јан 27, 2017 8:14 pm

Красуе (The krasue)



Красуе е женски дух присутен во фолклорот на многу земји од југоисточна Азија како што се Тајланд, Камбоџа, Лаос, Индонезија и Малезија. Според тајландската легенда красуе била принцеза која изгорела до смрт. Како дух, се појавува само нејзината глава што лебди над распаднатите органи и напаѓа навечер со тоа што ја цица крвта и органите од животните и луѓето. Честопати напаѓа бремени жени. Красуе е главна инспирација за голем дел од азиските хорор филмови.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДУХОВИ

Пишување by luxor on Пет Јан 27, 2017 8:15 pm

Стригои (Strigoi)



Стригоите потекнуваат од романскиот фолклор и се духови кои личат на вампири и се хранат со човечка крв. Овие духови некогаш биле луѓе кои живееле или умреле во несреќни околности, што значи дека се самоубиле, не биле крстени или не биле венчани. Стригоите имаат сино-виолетови очи и црвена коса.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДУХОВИ

Пишување by luxor on Пет Јан 27, 2017 8:15 pm

Ла Писадеира (La Pisadeira)



Овој бразилски дух е висока и слаба жена со црвени очи и морничави долги нокти која седи на покривите од куќите и ги гледа луѓето како јадат. Ако некој човек заспие по оброкот, таа седнува на неговите гради, го буди и го држи парализиран. Според некои верувања, приказната за овој дух е поврзана со парализата што се јавува во сон кога луѓето се будат но не можат да се движат и да зборуваат.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДУХОВИ

Пишување by luxor on Пет Јан 27, 2017 8:16 pm

Кучисаке-она (Kuchisake-onna)



Кучисаке-она или „жената со пресечена уста“ доаѓа од Јапонија. Според легендата, пред да умре маж ѝ го исекол нејзиното лице од уво до уво во афект. Но, нејзиниот дух се вратил за да ги прогонува живите, покриена со вел, шал, а во модерните верзии и хируршка маска. Потоа таа ги прашува жртвите дали е убава и ако тие одговорат потврдно, таа ја тргнува маската и го открива нејзиното искасапено лице. Постојат повеќе верзии за тоа што се случува следно, но ниту една не е позитивна. Обично, духот ја убива жртвата со тоа што ѝ го сече лицето за да личи на нејзиното. Ако жртвата одговори дека не е убава, таа ѝ го сече лицето со ножици.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДУХОВИ

Пишување by luxor on Пет Јан 27, 2017 8:17 pm

Духови од возови



Во многу култури постојат духови кои се поврзани со возови. Во Бенгал и Индија, скондхокатите (skondhokatas) се обезглавени духови на луѓе кои ја изгубиле главата од железнички возови. Тие се насилни, но за среќа не се многу интелигентни. Во Јапонија, постои легендата за Теке Теке (Teke Teke), дух на ученичка која била пресечена на половина од некој воз. Нејзиниот дух во рацете носи срп заедно со долната половина од телото и прави „тек-тек“ додека се движи. Ако налета на жив човек, го пресекува на половина со српот.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДУХОВИ

Пишување by luxor on Пет Јан 27, 2017 8:18 pm

Ла Ѓорона (La Llorona)



Според мексиканската приказна за Ла Љорона, жена по има Марија си ги удавила децата. Потоа таа извршила самоубиство и сега ги опседнува речните корита облечена во бело, плачејќи за нејзините деца. Понекогаш се обидува да киднапира живи деца ако се приближат премногу близу до неа.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДУХОВИ

Пишување by luxor on Пет Јан 27, 2017 8:18 pm

Хавајски ноќни воини (Hawaiian Night Marchers)



Ова се духови на древните хавајски воини кои ги заштитувале светите луѓе. Тие не се злобни, но немојте да ги гледате директно во очи, бидејќи така можете да го изгубите животот според легендата. Ако некој од воините е ваш предок, ќе бидете поштедени. Се верува дека ако им се најдете на патот, треба да се соблечете и да легнете со лицето свртено надолу. Постојат и верувања дека ако уринирате на себе, ќе успеете да се спасите. Што и да решите да направите, не ги гледајте директно!
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДУХОВИ

Пишување by luxor on Пет Јан 27, 2017 8:19 pm

Понтијанак (The Pontianak)



Во индонезискиот и малезискиот фолклор, понтијанаките се духови на жени кои умреле додека биле бремени. Понтијанаките имаат долга коса, бледа кожа, црвени очи и остри нокти со кои ги расекуваат стомаците на нивните жртви за да можат да се нахранат од органите. Тие исто така ја пијат крвта на новороденчињата. Понтијанаките понекогаш наоѓаат жртви со тоа што ја душкаат нивната штотуку испрана облека, така што размислете уште еднаш дали сакате да ги закачите алиштата да се сушат на жица надвор на тераса!
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДУХОВИ

Пишување by luxor on Пет Јан 27, 2017 8:20 pm

Тијанак (Tiyanak)



Тијанаките постојат во филипинскиот фолклор и тие се духови на фетусите чии мајки умреле пред да ги родат. Станува збор за демонски бебиња кои личат на вампири и ги намамуваат жртвите во шумата со плачење. Обично жртвите се губат во шумите, но можат да се спасат ако ги облечат алиштата наопаку.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДУХОВИ

Пишување by luxor on Пет Јан 27, 2017 8:21 pm

Дибук (The dybbuk)



Според еврејскиот фолклор, дибукот е дух кој ги опседнува телата на живите луѓе. Постојат различни верувања за неговите вистински намери, но во секој случај главната цел му е да му нанесе штета на човекот кој го опседнал.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДУХОВИ

Пишување by luxor on Пет Јан 27, 2017 8:22 pm

Онрио (Onryō)



Во Јапонија, „онрио“ се преведува како „одмаздољубив дух“. Неговиот изглед е онаков каков што бил непосредно пред смртта, така што честопати се појавува повреден и ранет. Постојат повеќе легенди за овој дух, но најпозната е онаа за Оива. Оива била жена на Иемон, кој ја отрул за да може да се ожени со друга жена. Отровот го деформирал лицето на Оива, па така кога таа го видела нејзиниот нов изглед, полудела и ненамерно се убила набодувајќи се на меч. Оива го прогонува Иемон и го принудува да ја убие неговата нова жена и нејзината фамилија. На крајот, тој го губи разумот и убива. Приказните за онрио послужиле како инспирација за многу хорор филмови, меѓу кои и добро познатиот „Бес“ (The Grudge).

http://www.libertas.mk/galerija-kako-izgledaat-duhovite-vo-razlichni-zemji-shirum-svetot/
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ДУХОВИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот