Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Постигнат договор, Пржино вол.2

4 posters

Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by defo Пет Jул 22 2016, 00:12

Денес после „макотрпни“ преговори беше постигнат договор. Договор кои многу наликува на предходниот пржински договор. Но да одиме по ред, со новиот договор опозицијата го добива МВР, главниот уредник на МРТВ, и уште неколку министерски места и дополнски заменички министерства. Нивното траење е до официјалната потврда од ДИК, кој е победник на изборите. Како некој прелиминарен термин кој треба да биде потврден или отфрлен заменат се спомнува 11 декември. Ако до тогаш нема избори најверојатно ќе се заедно со локалните 2017, што е желба на ДПМНЕ и ДУИ, за да анулираат малце во резултатот. И секако да имат време да ги доиспеглаат сметките.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ може намерно да кочи со исполнување на условите за да нема избори годинава
Дневен печат - Постигнат договор за излез од кризата


Па да видиме дали Македонија конечно ќе се ослободи од прангите на ДПМНЕ и  Груески, дали ќе престанеме да бидеме  жртва на човек кој безкруполозно се бори за да го зачува својот нелегално стекнат успех, и да не одговара за своите (не)дела.



П.С Со сите случувања, најголем добитник е Груески и неговиот мафијашки клан, кој направи да ни се „згрози“ да размислуваме на дневно политичките настани, се со една цел тој да се извлече од кашата која ни ја надроби. А ние во ваква инертна состојба да потонеме во неа.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Re: Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by defo Нед Jул 24 2016, 16:54

http://novatv.mk/shekerinska-sharenite-treba-da-bidat-na-izborna-lista/

Интервју на Шеќеринска со Билјана Секулоска.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Re: Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by defo Пон Jул 25 2016, 01:18


_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Re: Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by трендафил Чет Фед 02 2017, 12:31

Американскиот конгрес отвара истрага за работата на газда Бејли во Македонија.
До вашиот домашен лидер е испратено писмо со следната содржина.

Драг амбасадоре Бејли,
Во согласност со нашите конгресни надлежности, Ви пишуваме за да ја испитаме улогата на американската мисијата во Македонија која ја има во македонската политика и во врска со обликувањето на македонската медиумска средина и граѓанско општество. Се надеваме дека оваа улога не е партизнска.
За жал, слушнавме кредибилни извештаи дека изминатите две години американската мисија во Македонија активно се вмешувала во политиката на Македонија, како и во обликувањето на медиумската средина и граѓанското општество, на начин кој постојано се фаворизирало партии, медиуми и граѓански општествни групи со леви политики отколку на оние со десни политики. Дел од извештаите се вознемирувачки и тврдат дека акциите на американската мисија во Македонија силно ги фаворизирала левите партии во кампањата за парламентарните извори на 11. декември и во периодот после истите избори кога македонските партии се обидувале да формираат влада.
Во ова насока, Ве замолуваме да одговорите на следните прашања:
Фондацијата отворено општество – Македонија. Дали американската Мисија во Македонија ја избрала Фондацијата отворено општество – Македонија (ФООМ) како главен изведувач на проектите на УСАИД во Македонија? Дали ФООМ во Македонија се смета за политички пристрасна? Дали делата и активностите на ФООМ покажуваат политичка пристрасност? Дали невладините организации, медиумите и проектите финансирани од ФООМ имаат агенда која одговара или ја фаворизира централната левица и/или левицата во Македонија?
Медиуми. Колку медиуми примиле владини американски средства (преку ФООМ или на друг начин) и кои се нивните имиња? Колку од медиумите на македонски јазик кои добиле владини американски средства се политички ориентирани до централната левица? Колку се ориентирани до централната десница? Дали американската Мисија во Македонија ја промовирала политиката на македонската Влада за регулацијата на ограничување на слободата на говорот на начин кој не соодветствува со првиот амандман на Уставот на САД?
Граѓанско општество. Дали некоја невладина организација која добила владини американски средства (вклучувајќи ФООМ или на друг начин) зазела страни за време на изборите или за време на формирањето на новата македонска Влада? За секоја невладина организација што заземала страна, кажете чија страна била заземена?
Партиски политики. Ве молиме опишете ја улогата која Вие и други личности сте ја имале во американската мисија во Македонија во врска со дискусиите кои довеле до закажувње на пармалентарните избори на 24. април 2016 година, дискусиите кои довеле до одложување на истите на 5. јуни, како и дискусиите кои довеле до уште едно одложување на парламентарните избори на 11. декември.

Ги цениме блиските релации помеѓу САД и Македонија во последните 25 години откако Македонија стекна независност. Таа релација и овозможи на САД да придонесе за македонскиот политички и еконмски развој – и Македонија да соработотува со САД во придонес на многу наши странски политички приоритети. Би било многу вознемирувачи за оваа релација со Македонија доколку постои мешање во нејзината  внтрешна политика, медиуми и граѓанско општество со констнтно фаворизирање на една група.
Се надеваваме дека ќе добиеме од вас точна информација како одговор на нашите прашања, не подолго од две недели од датумот на испраќање на ова писмо. Исто така, се надеваме дека ќе бидете во можност да се сретнете со нас за да ги искуттираме овие прашања следнио пат кога ќе бидете во Вашингтон.
Со почит,
Кристофер Х.  Смит, Ренди Хултгрен, Роберт Б. Аделхолт, Луи Гомерт, Роберт Питенгер, Џеф, Ротенбери, сите членови на Конгресот.

Постигнат договор, Пржино вол.2 1
Постигнат договор, Пржино вол.2 2-1-768x819

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Re: Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by трендафил Чет Фед 02 2017, 12:33


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Re: Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by Teo Чет Фед 02 2017, 14:07

Vidi Trendafile, so nekolku potplateni kongresmeni nishto ne pravite...Dodeka ne go podmachkate Tramp se vi e dzhabe...

PS. A Tramp seushte se rasprashuval zoshto ste dale pola milion dolari na Klintonica kako pomosh za ISIL i Al Kaeda...
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Re: Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by трендафил Чет Фед 02 2017, 19:42

Напиши му го тоа на Трамп. Жив ли е Бејли. Нешто не го гледам по телевизиите, за разлика од времето кога ги одложуваше изборите затоа што не беше уште договорена цената по која СДСМ ги доби гласовите на добар дел од Албанците. Еве го и соопштението на МНР на Русија.

Русија констатира сериозно продлабочување на политичката криза во Македонија и силно надворешно влијание, се наведува во денешната реакција на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација во врска со ситуацијата во земјата, пренесе руската агенција ТАСС.
Оттаму додаваат дека станува очигледно оти вештачки предизвиканите вонредни парламентарни избори што се одржаа на 11 декември 2016 година не придонесоа за решавање на ситуацијата.

- Под псевдодемократски слогани продолжува длабокото надворешно влијание врз политичките сили во Македонија, се нагласува во реакцијата од руското МНР.

Целта, потенцираат, е очигледна, западот да расчисти со македонските политичари кои не му се омилени и покрај јасно изразената волја на граѓаните на изборите во полза на коалицијата „За подобра Македонија“ на чело со Никола Груевски и ДУИ на Али Ахмети.

Од руското МНР истакнуваат дека „особен немир предизвикува фактот што во мултиетничка и мултикултурна Македонија каде имаше тежок меѓунационален конфликт политичарите од една етничка заедница врз основа на надворешно диктирани ултимативни барања фактички решаваат кој од блоковите на другата заедница да влезе во составот на идната владина колаиција“.

- Бесрамното макијавелистичко манипулирање со волјата на гласачите може да предизвика ескалација на состојбата во Македонија и да ја наруши кревката стабилност во целиот регион, истакнува Министерството.

Убедени сме, потенцираат од руското МНР, дека само со целосно отфлање на штетните надворешни влијанија и со фокусирање на вистинската демократија, и самостојно решавање на внатрешните проблеми се основа за зацврстување на довербата меѓу народите кои живеат тука и формирање регионална клима за безбедност.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Re: Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by трендафил Чет Фед 02 2017, 19:54

Teo напиша:Vidi Trendafile, so nekolku potplateni kongresmeni nishto ne pravite...Dodeka ne go podmachkate Tramp se vi e dzhabe...

PS. A Tramp seushte se rasprashuval zoshto ste dale pola milion dolari na Klintonica kako pomosh za ISIL i Al Kaeda...
Заборави да додадеш дека ако твоето пишување е вистина, можеби и СДСМ добил дел од тие пари. Па ќе треба да објаснувате од каде Мухамед Зеќири од платниот список на СОРОС помина на платен список на СДСМ, како Павле со посебни сексуални потреби стана пратеник на листата на вашата партија. И не само тој.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Re: Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by Teo Чет Фед 02 2017, 20:42

SDSM se finansira samo od chlenarina i donacii makedoncite...Predavnicite kako vas kradat od makedoncite i gi finansiraat ISIL i Al Kaeda...
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Re: Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by трендафил Пет Фед 03 2017, 10:44

По 5 милиони евра годишно троши Џорџ Сорос за финансирање на пропаганда во полза на СДСМ. Нема точни податоци колку за таа цел трошат УСАИД и германската, холандската, британската и некои други амбасади. Интересно е и тоа што СДСМ нема прикажано трошоци на пример за транспорт за изборите. Ниту како сопствени средства ниту како донација. Не знам како тоа дојдоа автобусите на митинзите. Не ми се верува дека Македонците ги донираа гласовите во Арачиново, Чаир, Љуботен, Студеничани и други места во кои победивте.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Re: Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by Luxor Пет Фед 03 2017, 10:51

Дпмне краде од македонските граѓани и финансира терористи.

СДСМ наместо парите на македонците ги троши парите на Сорос за рекламирање.

Браво за СДСМ.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Re: Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by трендафил Пет Фед 03 2017, 10:59

Не знам кој те излажал дека некој од Македонија ја финансирал кампањата на Клинтонка, ниту дека Демократската партија на САД финансира терористи. Доколку имаш докази за такво нешто веројатно би можел брзо да станеш соработник на Трамп кој со задоволство би ги процесирал овие твои обвинувања. За второто тврдење, не знам дали знаеш дека во Македонија е криминал ако политичка партија се финансира од странски извори. За такво нешто брат ви Љубе беше во затвор. Би било добро доколку имаш докази дека СДСМ троши пари од СОРОС за рекламирање должен си да ги доставиш до обвинителството. Иначе си соучесник.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Re: Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by Teo Пет Фед 03 2017, 11:45

Shto e Trendafile??? Vi go plesna Tramp u faca pa vednash pochnavte da plachete po Obama i Hilari...Znaesh koj e vashiot problem??? Toa shto nikako ne mozhete da sfatite deka nikoj ne saka kriminalci kako vashiot pastir...Od druga strana pak, tolku i mozhe da se ochekuva od zombirani papagali...
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Re: Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by трендафил Пет Фед 03 2017, 18:53

Ако е Трамп како Заев и не го исполнува тоа што ќе го вети можеби и ќе успее Заев да биде наметнат како власт во Македонија. Нешто што Ванчо Михајлов не го прифатил кога на 8 септември 1944 Хитлер донел одлука за формирање на македонска држава. Нешто за што не се зборува во Македонија. Дури и кога наместо референдумот во 1992 година, наместо на 2 август, како што сакаше ВМРО се одржа токму на 8 септември.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Re: Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by Luxor Пет Фед 03 2017, 20:08

А кога тоа Трамп ви вети дека со сила и против волјата на мнозинството македонци ќе го постави твојот пастир на власт да продолжи да го краде македонскиот народ и да ги распродава македонските национални интереси?
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Постигнат договор, Пржино вол.2 Empty Re: Постигнат договор, Пржино вол.2

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот