ЕКСКЛУЗИВНО

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by osa on Нед Јан 25, 2015 3:16 pm

Интервју со поранешниот премиер на република Македонија г-дин Љубчо Георгиевски
Ние сме во полоша состојба отколку што беше Македонија во рамките на Југославија, затоа што јас навистина сметам дека македонските комунисти, барем во последните 10 години, беа повеќе Македонци од оваа денешна влада, вели поранешниот премиер и лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски во неделното интервју .

во продолжение ке ви го презентираме целото интервју дадено за радио слободна Европа

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by osa on Нед Јан 25, 2015 3:25 pm

интервјуто преземено од радио слободна Европа
Господине Георгиевски, на последните предвремени парламентарни избори не освоивте ниту еден мандат. Зошто идеологијата која ја нудевте не беше доволна за освојување на тие 50 илјади гласови што ги посакувавте?

Мислам дека има една единствена причина, тоа е медиумската цензура на ВМРО-Народна партија. Јас ќе ве потсетам дека во 2006 нашата партија имаше над 100 илјади гласа и потоа перманентно бевме трета политичка партија во македонскиот политички блок, меѓутоа владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, избра еден стил кој очигледно им носи резултати. Ние сме комплетно изолирани од сите провладини македонски медиуми и кога немате збор, кога немате што да кажете, очигледно и дека луѓето не можат да ве слушнат, тоа е едната причина. Втората причина, тоа се манипулациите околу самите избори, значи под манипулации подразбирам од непринципиелни притисоци, непринципиелни плаќања на луѓето, па до фалсификати на самите изборни места и кутии.

Од изборите, опозицијата го бојкотира Парламентот има ли простор за договор и излез од политичката криза?

Јас сметам дека принципиелно добро е што главната опозициона партија настапи радикално, затоа што дефинитивно во Македонија нешто мора да се смени, значи нивната битка е битка и за сите помали политички партии, значи слобода на медиумите, фер, демократски избори без простор за фалсификат и манипулација. Ако успеат тоа да го изборат, јас сметам дека ќе биде голема работа. Со тоа што ние излеговме со едно соопштени со кое дадовме еден меѓу простор и јас сметам дека таа првична позиција за комплетно техничка влада може да се ублажи со министри експерти на главните три или четири министерски места, со тоа да се даде простор и на владата да направи еден чекор, меѓутоа и опозицијата да направи чекор. Другите четири точки ги поддржуваме и сметаме дека исто така треба да се исполнат, притоа сметаме дека главниот проблем доаѓа од петата точка за техничката влада, односно кој ќе ги спроведува изборите.

Има ли волја кај власта за договор?

Не, очигледно не. Мислам дека власта и тоа е многу индикативно, затоа што власта, ние гледаме да речеме и кај соседите, еве последен пример е и во соседна Бугарија, тие два пати направија техничка влада за да имаат фер и демократски избори. Во принцип, што е стравот од техничка влада? Не гледам страв од техничка влада ако некоја партија на власт смета да има фер и демократски избори во Македонија и дотолку повеќе што од тоа зависи иднината на Македонија и на нејзиниот евро-атлантски пат.

Сакате да кажете дека власта не сака фер и демократски избори?

Па има многу индикации, дури можат да кажам дека власта е дефинирана по тоа прашање. Ние сме сведоци на многу избори. Еве проблемот со медиумите, каде што има една апсолутна контрола на медиумите, проблемот со притисоците што се случуваат перманентно на самите избори, па дури и сите овие афери каде што има многу сериозни индикации дека се работи за директни фалсификати на процесите на изборите. Да речеме класичен пример на она што ни го прават нам е поништување на изборни ливчиња. Вие ако ги видите поништените избирачки ливчиња, ќе видите дека 85 проценти стои ВМРО-Народна партија, едната партија и другата некоја друга, значи тешко ние веќе можеме да зборуваме за неписмени гласачи, можеби некој на кој му е дадено ливче, па ќе пречкрта, ќе стави уште едно, меѓутоа луѓето знаат што значи гласање и како се гласа. И како тоа 85 проценти од гласачките ливчиња да има ВМРО-Народна партија, тоа е еден корпус, најмалку уште 15 илјади гласови кои на тој начин ги елиминираат.

Во изминатиот период сведоци сме на низа протести и незадоволството на граѓаните, а власта со своето мнозинство ги протуркува измените во законите, меѓу другото и уставните без опозицијата. Што мислите за ова?

Како и да ја погледнеме оваа позиција, за нас власта се наоѓа во малку офсајд политичка ситуација без опозицијата и од друга страна нема намера да ги прави евроатланските реформи и евроатланското приближување и си измислува работа, значи практично на сите овие работи што ни се случија во последно време, дали законот за високо образование, дали уставните промени, имам чувство како да владата не знае што да прави со самата себе и еве измислува проекти заради проекти, па со тоа и се занимава, ја занимава и јавноста и медиумскиот простор му дава храна да се храни, а во суштина тоа не се некои работи кои се од суштинско значење за Македонија, тоа се да кажеме некои работи кои во тек треба да се менуваат, ако има потреба да се менуваат, затоа што имаме многу посуштински работи и многу поголеми проблеми во државата, така што сметам дека си го пополнува времето. Вие ако ги погледнете уставните промени ги видите дека тоа се уставни промени заради уставни промени, вие немате нешто суштинско, повеќе е некои интересни групи да речеме, меѓутоа нешто глобално дека тоа ќе ја подобри ситуацијата во Македонија после тие уставни промени или ќе тргнеме напред, нема материјал да зборуваме за тоа.

Власта долго време е под критики дека само што не банкротирала, но сè уште има пари за пензии, плати, допрва почнува да гради автопати. Претерани ли беа критиките дека води погрешна економска политика?

Јас исто ги делам мислењата дека се води погрешна економска политика, затоа што сметам дека сето ова што се прави, се прави врз база на задолжувања. Ако владата го заработи тоа, па го направи, тогаш е ОК, меѓутоа ние имаме ситуација кога сите овие проекти се врз база на задолжувања. Вие ако погледнете, ако не се лажам, минатата година некаде 500 – 600 милиони евра е задолжувањето на Македонија, практично тие во последните 4 години имаат некаде само врз база на буџетското задолжување, односно на буџетскиот минус по 300 милиони евра ја задолжуваат Македонија. Тоа се огромни пари кои ние еден ден мора да ги платиме. Таа пред меѓународниот банкарски круг игра лажно со она што се нарекува бруто национален доход на Република Македонија за да докаже дека не сме толку задолжени, при што прави една манипулација која сметам дека на крајот повторно ќе ја платиме, а факт е дека во индустриските зони се прави еден многу серозен процент од бруто националниот доход на Македонија, меѓутоа тој бруто национален доход си е сам за себе, ако го погледнете тој едвај има 2-3 проценти влијание врз останатата економија, има влијание до тоа што тие 100 луѓе во одредена фабрика земаат плата, а сето друго е или давачки кои ги плаќа македонската влада, сето друго е практично и минус, а статистички тоа ви го зголемува вештачки бруто националниот доход и тие го користат тоа за да земат што повеќе долгови и кредити. Ние имаме една таква ситуација кај што БДП-то ни покажува некоја стапка на пораст, а утре да ги нема странските кредитори или македонските кредитори да речат не даваме повеќе пари, ние доаѓаме во ситуација на технички банкрот. Јас велам еден циклус на задолжување на владата кон македонските банки, тие да речат дека не купуваат владини обврзници, Македонија е веќе во технички банкрот. Сметам дека оваа ќе трае додека банките даваат кредити, значи ние веќе немаме сопствен економски одржлив развој. Македонската економија веќе не може сама за себе да функционира ако не се задолжува и тука веќе прашање е само на ден кога целиот тој негативен баланс ќе мора цела Македонија да го плати, како што беше во Грција или како што беше во Кипар, што беше уште покарактеристичен процес, и она што е многу лошо, што практично банкрот на македонската влада ќе значи банкрот на македонските банки, затоа што гледаме дека сè повеќе и повеќе задолжувањето оди на македонските банки, а не кон надвор.

Во меѓувреме заостануваме во евроатланските процеси. Спорот за името останува пречка, но и реформите кои што треба да се спроведат. Гледате ли волја кај власта за нивно надминување?

Не. На почетокот навистина сметав дека се работи за некој романтизам со онаа приказна дека го бранат идентитетот од Грците, меѓутоа ако ја анализирате нивната политика во овие девет години владеење, јас барем се уверив во тоа, ќе видите дека има систем и тој систем е јасен. Тие го зголемија проблемот со Грција за барем пет пати од што беше во почетниот стадиум. Направија проблем со Бугарија, каде што немаше проблем, туку еден поддржувач го направија блокатор на нашиот пат кон ЕУ. Мултиетничката тензија со Албанците на внатрешен план постојано се одржува во, можеме да кажеме, висок напон и имаме една максимална отвореност на Македонија кон северниот сосед. Ние практично сега сме во една полоша состојба отколку што беше Македонија во рамките на Југославија, затоа што јас навистина сметам дека македонските комунисти, барем во последните 10 години, беа повеќе Македонци од оваа денешна влада и ние сега имаме една ситуација на класична југословенска политика каде што имаме конфронтација со трите соседи, а идентитетската граница со северниот сосед секојдневно се брише. Тоа најмногу се гледа во културно-музичката програма на владините медиуми. Вие имате една парадоксална ситуација, партијата која го убедува македонскиот граѓанин дека му го брани идентитетот од Грците и од Бугарите, од друга страна прави србизација на Република Македонија. Јас сметам дека во овој момент ние имаме отворено србизирање на македонскиот народ и јас сметам дека малку фали ние утре на референдум 80 проценти да гласаме за спојување со Србија. Ова е една класична југословенска политика и јас сметам дека актуелната влада очигледно е инструмент на белградската политика во Република Македонија. Долги години не сакав тоа да го изречам толку јасно, меѓутоа дефинитивно кога ќе ги поставите сите тие игри во последните години ќе видите дека тие имаат јасна цел – Македонија што подалеку од ЕУ и од НАТО, што поблиску до Србија, и најверојатно во одредена фаза и спојување со Србија.

Во јавноста во последно време бевте актуелен со добивањето на тендерот за изградба на хотел. Ја критикувате власта за антиквизација, а токму вие ќе градите во барок стил?

Јас можам да ви кажам дека оваа власт веќе девет години владее и претпоставувам дека има намера да владее и во наредните 10 години. Ако не се лажам, околу 75 проценти од економијата во Македонија ја креира владата. Политичката партија ВМРО-НП од друга страна не се финансира од никакви државни извори, дури и оние регуларни пари веќе две години не ни се исплатени, едноставно треба да се живее, така што јас можам да ви кажам дека на многу тендери досега сме се јавувале, никогаш не сме победиле, и во иднина ќе продолжиме да се јавуваме на тендери, некогаш можеби ќе добиеме, некогаш ќе бидеме исфрлени. Обично, претпоставуваме дека ќе добиваме кога нема интерес од други фирми. Инаку, се знаат играчите кои се заинтересирани и кои најмногу ги добиваат тендерите. Што се однесува до стилот на градба, повторно тоа е нешто што владата го форсира. Еве додека седиме овде, до нас ги замоливме мајсторите да не чукаат во овој момент затоа што надвор на фасадата ни ставаат барок. Јас го поставувам прашањето што треба сега да правиме. Да ја напуштиме зградата и да протестираме затоа што ни ставаат барок? Значи, ние имаме едно насилие коешто ни се наметнува во стилот во Скопје, но од друга страна фирмите треба да работат и да живеат. Во таа насока, јас навистина сметам дека ако 75 проценти од економијата во државата ја прави владата, вие тогаш вака или така сте врзани некако да си го наоѓате патот економски да ја одржувате фирмата.

Не ретко ве обвинуваат дека имате премолчан договор со премиерот Никола Груевски и со ВМРО -ДПМНЕ, а и добивањето на тендерот за хотелот се гледа низ таа призма. Како го коментирате ова?

Ние сметаме дека ВМРО-НП во последната година има најсуштинска идеолошка критика кон власта на ДПМНЕ. Нема поидеолошка критика од она што ВМРО-НП го прави кон власта на ДПМНЕ, само треба да имате интерес да ги видите нашите ставови и нашите соопштенија.

Зошто тогаш замреа вашите партиски активности, освен кога треба да искритикувате српски програми на телевизија?

Не, ние за сè и сешто ги критикуваме, за сè и сешто ги критикуваме. За економијата сме давале безброј соопштенија и ставови, и за демократската атмосфера сме давале. Нас нè нема затоа што никој не нè вика. На првиот ваш повик, ние веднаш излеговме во јавноста. Најдете таква телевизија којашто нас нè поканила, а ние не сме дале некаква изјава или не сме се појавиле. Проблемот е што ние сме игнорирани од она што се нарекува провладини медиуми во Македонија.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by хан Ацо on Нед Јан 25, 2015 4:15 pm

Вие имате една парадоксална ситуација, партијата која го убедува македонскиот граѓанин дека му го брани идентитетот од Грците и од Бугарите, од друга страна прави србизација на Република Македонија. Јас сметам дека во овој момент ние имаме отворено србизирање на македонскиот народ и јас сметам дека малку фали ние утре на референдум 80 проценти да гласаме за спојување со Србија. Ова е една класична југословенска политика и јас сметам дека актуелната влада очигледно е инструмент на белградската политика во Република Македонија. напиша:

100% точно.
avatar
хан Ацо

Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Фири on Нед Јан 25, 2015 4:25 pm

Мислим дека ова е естествен процес. Бедна мала државичка, да беше како Словениjа или Црна Гора ке може и сама ама колку и да не ми се допадат србите мислам дека за самите Македонци ке биде подобро споjуването со Србиja. Kaко се показало во времето белградските политичари мислеле повеке за лугето одколку сопствените што не е многу странно имаjки предвид менталитетот.

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
avatar
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Гостин on Нед Јан 25, 2015 4:27 pm

Фири, полека бе.Почнува ракометот.Играме осмина финале со Словенија на свтското во Катар.Ајде почни да гледаш и да навиваш за нас...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Фири on Нед Јан 25, 2015 4:28 pm

Jас фудбал не гледам ти сакаш ракомет. Ке одам да ебам подоброSmile

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
avatar
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Фири on Нед Јан 25, 2015 4:45 pm

osa напиша:

Не, ние за сè и сешто ги критикуваме, за сè и сешто ги критикуваме. За економијата сме давале безброј соопштенија и ставови, и за демократската атмосфера сме давале. Нас нè нема затоа што никој не нè вика. На првиот ваш повик, ние веднаш излеговме во јавноста. Најдете таква телевизија којашто нас нè поканила, а ние не сме дале некаква изјава или не сме се појавиле. Проблемот е што ние сме игнорирани од она што се нарекува провладини медиуми во Македонија.
Абе па страницата ти е трагична, немате еден форум воопште како не те канат па направи си медиум. Но не е таа причината. Причината е дека лугето се србомани од генерации, малку се попрекина во времето на обjавуването на независността и потоа си потече пак во старото србоманско корито. А нема и каде на друго место да тече, вистината за идентитетот е бугарска, името е грчко и што останува друго освен србоманството? Ништо.

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
avatar
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by хан Ацо on Вто Јан 27, 2015 6:06 pm

Българско село в Украйна въстана срещу мобилизацията

http://www.blitz.bg/news/article/316174
avatar
хан Ацо

Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Фири on Вто Јан 27, 2015 8:05 pm

Време е Путин да вкара руски войски в Донбас и да спре кръвопролитията. Не може тия чифути да мобилизират армия от над 40 милиона население, а ония да устоят.САД ако тепаа американци надвор од САД штеа ли да седат?

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
avatar
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by хан Ацо on Пет Фед 06, 2015 11:36 pm

avatar
хан Ацо

Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Гостин on Саб Фед 07, 2015 10:18 am

Исламистите се посилно се наметнуваат на блискиот исток...Со тоа стануваат реална закана по мирот и безбедноста во Европа...Нерешителноста и интересите кои некои држави ги гледаат во делувањето на исламистите само ја влошуваат ситуацијата...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by хан Ацо on Саб Мај 23, 2015 11:13 am

avatar
хан Ацо

Број на мислења : 782
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Hamad bim Khalifa on Саб Мај 23, 2015 11:54 am

Otkoga drndame deka Putin je Hitler u najava! Kaj moze bivshi KGB-ovec da vodi drzava bez tenzii i hushkacko-voene politika ???
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Sotir on Саб Мај 23, 2015 11:10 pm

a, Putin, ce im ebi majkata na na vasive amerikanci, ke skaate ko bugarine im go prodadoja gazot na amerikancine na nisto ne licit taja bugarija sega.
vo Makedonija uste rusin ne dojde- iznaskokavte da go rusite Grujota oti sakal so gasovodo da napraj za drzavata Makedonija, ene neka vi dadat sega amerikancine -siptarine na Zaev gas, (gaz -ke vi dadat Wink )

Sotir

Број на мислења : 124
Join date : 2015-03-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Hamad bim Khalifa on Нед Мај 24, 2015 7:53 am

Sotir напиша:a, Putin, ce im ebi majkata na na vasive amerikanci, ke skaate ko bugarine im go prodadoja gazot na amerikancine na nisto ne licit taja bugarija sega.
vo Makedonija uste rusin ne dojde- iznaskokavte da go rusite Grujota oti sakal  so gasovodo da napraj za drzavata Makedonija, ene neka vi dadat sega amerikancine -siptarine na Zaev gas, (gaz -ke vi dadat Wink  )

Aj be Sotire ziti se, ne se glupiraj! Od sto gragjani na Makedonija, sto bi otishle na zapad ili USA nieden u Rusija. Od 100 nebanjati 101 - isto taka. Samo pastirot bi ja zduvnal u Rusija, za da si go spasi gzot i na rajat gi troshi tvoite i moite ukradeni pari!

A za putin ?! Abe Putin vidovme na kogo im se iznaeba majkata - NA RUSITE! Ne gledame bash deka na evropejcive i amerikancive im padna standardot! Putin ?! ...abe idi begaj ne ne smej... Twisted Evil
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Sotir on Нед Јун 07, 2015 12:44 am

i sega ke vi daj amerikaneco vlas, a?\eehehe kakovelat starine neumrite magarina do treva zelena.
amerikaneco nedavat taka more, si igra majtap so zajacive, nit grujo si ojde nit zajko dojde -cvrc!

Sotir

Број на мислења : 124
Join date : 2015-03-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Hamad bim Khalifa on Нед Јун 07, 2015 8:18 am

Grujco ti je ................... zavrshena prikaska! So tazen zavrshetok!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Sotir on Нед Јун 07, 2015 10:43 am

daj kazi koga ke zavrsit oti vakvi ko tebe slusam deset godini.

Sotir

Број на мислења : 124
Join date : 2015-03-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Hamad bim Khalifa on Нед Јун 07, 2015 11:15 am

Znam deka i ti si nestrpliv i deka ti e preku glava glupiranjevo i deka edvaj cekas da se normaliziraat rabotive, ama kaj si trpel 10 godini istrpi uste malku! Brgo i ti ke kurtulish ne beri gajle. Smile
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Sotir on Сре Јун 10, 2015 1:24 pm

eee, pilina iskubani gladni za vlas
izleze zajako pred 4 dena, da se inaeti -nejkel da oj vo brisel bre, bre cel svet da go vidi so maz bil
ami deneski ojde vo brisel, ja svitka opaskana hahaha
zajko kokorajko pisman adzija , olele ke puknam do smejojna..

Sotir

Број на мислења : 124
Join date : 2015-03-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Гостин on Сре Јун 10, 2015 2:44 pm

Pa ne mozheshe da gi ostavi koga tolku mnogu go molea...I onoj Han shto go potplativte mu baknuvashe raka...Izgleda se zaeba Grujo...Dzabe pette milionchinja za Han... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Јун 10, 2015 4:52 pm

PARLAMENTARNI IZBORI KE IMA 2018 !!!!!!

Koj ova go kazha i po stoti pat izlaza ???
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Sotir on Чет Јун 11, 2015 2:11 am

ko ke imat izbori ne ke mozite coek da najdite ke vi begat site, nikoj nejki da se klaj na hartija za zajako,

Sotir

Број на мислења : 124
Join date : 2015-03-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Sotir on Чет Јун 11, 2015 2:21 am

zajko nisto ne vi naprajl vo Brisel hahah, sega pilinja so ke prajte de?
pak ke vrekate za Grujta? ako, ami sade to vi ostanva.
tehnicka vlada zimi onakvoto,cvrc zajko, ajt vo tava.

Sotir

Број на мислења : 124
Join date : 2015-03-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Гостин on Чет Јун 11, 2015 9:58 am

Sotircho, ajde sozemi se...Ne samo shto prifatil tehnichka vlada, tuku pastirot tvoj se soglasil da mu bide ko-premier na Zaev...Ushte malku i gotovi ste... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ЕКСКЛУЗИВНО

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот