САРМА СО ЛИСТ ОД ЗЕЛКА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

САРМА СО ЛИСТ ОД ЗЕЛКА

Пишување by osa on Саб Фед 04, 2017 11:06 pm


потребни состојки

мелено месо мешано 70% јунешко со 30% свинско
зејтин
листови од кисела зелка омекнати
ориз
сол вегета и мелен бибер
чадена (пушена )сланина

се пржи меленото месо со кромид ,се зачинува со малку бибер мелен ,сол и вегета ....кога ке биде испржено месото се додава црвен пипер и ориз (неварен) ..се меша...потоа од листови од кисела зелка се виткаат сарми ..се редат во земјена тава или во тенџере во кое на дното му се става сецкана зелка и пушена сланина ...кога ке се завиткаат сармите и ке се наредат помегу секоја сарма се става парче пушена сланина ...одозгора се покриваат со листови од зелката за да не изгорат сармите додека се варат ...најодозгора се става порцеланска чинија за да ги притисне сармите за да не се растурат додека се варат ,поточно додека се свари оризот кој ке ги држи да не се развиткаат ...потоа се налева топла вода или расолница по желба....вака подготвената сарма се вари околу 5-6 часа на тивка температура во рерна ...пред крај се трга порцеланската чинија и листовите со кои беше покриена сармата за да може да се запечат одозгора ...се загрева зејтин во тава за пржење и се трга од огин па во него се пропржува црвен пипер и се посипуваат сармите ,па пак се вракаат во рерна да се допечат уште половина час ...
пријатен апетит

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11957
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: САРМА СО ЛИСТ ОД ЗЕЛКА

Пишување by Гостин on Саб Фед 11, 2017 1:32 pm

Ова го jадем барем 3 пати во секоj месец. Даj нешто друго, типично античкоSmile

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: САРМА СО ЛИСТ ОД ЗЕЛКА

Пишување by Гостин on Вто Фед 14, 2017 5:14 pm

Исто се убави и сармите со лист од лоза исто и кога е во пиперка.Исто е наjубаво кога се стават пред консумациjата во кисело млеко.Ама вие немате сигурно кисело млеко.Татарски специjалитет е ова.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: САРМА СО ЛИСТ ОД ЗЕЛКА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот