Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ВЕЛИКА САБОТА

2 posters

Go down

ВЕЛИКА САБОТА  Empty ВЕЛИКА САБОТА

Пишување by IVA Саб Апр 15 2017, 15:49

Велика Сабота
Велика Сабота (грч: Μεγάλο Σάββατο), е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во грбот, и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено бивајќи на престолот со Отецот и Духот, поради самиот факт што Тој е сеприсутен Бог, неодвоив од другите две ипостаси на Пресвета Троица. Велика Сабота е онаа сабота кога Христос посцедочил дека е дојден крајот на стариот век, чиј символ е празнувањето на саботниот ден, и започнува новиот век, во кој се празнува денот на Неговото Воскресение, денот на есхатонот, денот кој сите Христијани со желба го исчекуваат - денот на Второто Христово пришествие.

Богослужби
Утрената на Велика Сабота во поново време не се служи рано наутро, туку навечер на Велики Петок. Пред Христовиот гроб, со кадење се врши сликата на Христовото погребение. Читајќи го целиот 118 Псалм се пеат статии во кои се слави умрениот Спасител и се изразува болката, нажаленоста и тагата на Пресвета Богородица. Ова е поделено на три статии; во канонот на Велика Сабота, чии песни ги напишале Марко Идрунтски (од прва до четврта) и Косма Мајумски (од шестата па до крај), додека ирмосите на првите четири песни ги напишала монахињата Касија, се слави победата Христова над смртта, и за прв пат се дознава дека овој шабат - оваа благословена сабота во која Спасителот лежи мртов, е преблагословена сабота во која Христос е погребен и го ветува воскресението на третиот ден.

При крајот на утрената, плаштаницата се носи три пати околу храмот, а после нејзиното положување во гробот, пред неа се чита Езекииловото пророштво за воскресение од мртвите (Езекил 37,1-14), Апостол (1 Коринтјани 5,6-8; Галатјани 3,13-14) и Евангелие (Матеј 27,62-66).

Со Великосаботната Василиева Литургија започнува Воскресението. Сѐ до читањето на Апостолот (Римјаните 6,3-11), свештеникот ја служи Литургијата во црна одежда (или во темно-сина/виолетова), а постоа облекува бела, затоа што токму на оваа Литургија завршува огласувањето на огласените за веднаш да следи нивното Крштение. Единствено на оваа Литургија Евангелието (Матеј 28,1-20) не се чита од амвонот или царските двери, туку на Христовиот гроб, затоа што Ангелот на гробот Христов ја објавил радосната вест за Христовото Воскресение на жените мироносици. Велика Сабота е единствената сабота во годината, кога постот е строг (на вода).
IVA
IVA

Број на мислења : 366
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

ВЕЛИКА САБОТА  Empty Re: ВЕЛИКА САБОТА

Пишување by osa Нед Апр 16 2017, 22:11

denes 16 april 2017 g e Veligden ,ili Voskresenie Hristovo

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16512
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот