Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

НОВА ВЛАДА И ПРЕДСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО

3 posters

Go down

НОВА  ВЛАДА И ПРЕДСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО  Empty НОВА ВЛАДА И ПРЕДСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО

Пишување by osa Чет Апр 27 2017, 14:53

Заев побара да се гласа за претседател, за Вељаноски тоа е кршење на Деловникот27 АПРИЛ
Почитување на Деловникот со поминување на следната точка од дневниот ред – избор на претседател на Собранието, побара на денешното 20-то продолжение лидерот на СДСМ Зоран Заев од претседавачот Трајко Вељаноски.

– Парламентарното мнозинство оформено овде и декалрирано овде ве моли да прекинете да го кршите членот 89 по Деловникот на Собранието на РМ, да прекинете да го кршите членот 90, 91, да го искористите членот 68 и да продолжите седницата после 18 часот. Буквално парламентарното мнозинство ве моли да прекинете да го кршите членот 78, рече Заев. Посочи дека ова е конститутивна седница на која претседавачот и пратениците имаат за цел на најбрз и најефикасен начин да изберат претседател на Собранието РМ и да завршат со конституирањето на седницата на Парламентот.

Потренцира дека од вкупно 120 пратеници, парламентарното мнозинство има 69 пратеници и оти тие, како што рече, буквално молат да заврши процедурата час поскоро со избор на претседател на Собранието на РМ. – Шеесет и два пратеника со својот потпис стојат зад колегата Талат Џафери да биде избран за претседеател на Собранието на РМ, рече Заев.

– Ве молам најучтиво немојте да го кршите Деловникот, законот и Уставот на РМ. Овде постои декларирано и оформено мнозинство, Тоа мнозинство тоа нема да ви го дозволи. Ова мнозинство овде ја завршува мислата. Ова мнозинство овде има право и обврска да избере претседател на Собранието од своите редови и за тоа ќе носи одлука. Ќе носи одлука во оваа сала, ќе носи одлука во некоја од другите сали во Собранието, во ходникот, на скалите, во амфитеатарот на Правниот факултет, во МАНУ, ќе носи одлуки, посочи Заев.

Претседавачот Трајко Вељаноски истакна дека не може да го прекрши Деловникот и оти доколку го прифати барањето на Оливер Спасовски за преминување на четвртата точка ќе биде кршење на Деловникот.

– Да се откажете од деба на трета точка и да преминеме на четвртата се оди спротивно на Деловникот и демократската пракса да се дебатира за некоја точка. Она што можам е да ги замолам пратениците да се откажат од реплики и збор за да може да преминеме на следната точка. Но не може да ме натера некој да го кршам деловникот. Девет години го применувам и многу добро го знам, одговори Вељаноски.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ обраќајќи се до Заев го замоли да не се обидува да го одземе основното право на пратениците на говор, затоа што тоа значи одземање на говорот на народот кој гласа.

Тој порача да не се обидуваат да направат државен удар и да не мислите дека избор на претседател надвор од процедурите е нешто што ќе напрви добро за оваа држава.

Потенцира дека треба многу разум, многу трпение и ширење на погледите. не може во ден кога еден од вашите најавени коалициски партнери дека услов е редефенирање на идентитетот вие да го сторите тоа

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

НОВА  ВЛАДА И ПРЕДСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО  Empty Re: НОВА ВЛАДА И ПРЕДСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО

Пишување by Kalinda Пон Мај 01 2017, 12:33

СДСМ: Нема амнестија за нарачателите и насилниците
Апсурдно е некој воопшто да помисли дека е можна амнестија за нарачателите и извршителите на крвавото насилство во Парламентот.

„Барањата за амнестија до Ѓорге Иванов кои доаѓаат од организатори и мотиватори на протестите како и денешното оправдување на ВМРО-ДПМНЕ на насилствата, во официјално партиско соопштение е класична потврда дека Груевски, Иванов, Вељаноски и Чавков стојат зад органиизираното насилие во Собранието.

Спроведен е организиран обид за убиство на пратеници, а загрозена беше и безбедноста на новинари и вработени во Собранието.

Со тоа е направено тешко кривично дело, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност. Ќе има и одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

Затоа сите велат,
уште недојдени
на власт се закануваат .
Треба сите да сватат
зошто нетреба
да се дозволи
нова влада и власт .
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

НОВА  ВЛАДА И ПРЕДСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО  Empty Re: НОВА ВЛАДА И ПРЕДСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО

Пишување by трендафил Саб Мај 06 2017, 20:47

Кога сме кај амнестијата Талат Џафери е амнестиран за две дела, Прво за дезертирање од АРМ, потоа за учество во терористичка банда, во УЧК. И лидерот на домашните предавници Зоран Заев е амнестиран криминалец. Не знам дали е криминал ако некој сега влезе насилно во канцеларијата на нелегално избраниот претседател на Собранието и му го отстрани знамето на Република Албанија што криминално е таму поставено или доколку влезе насилно и му ја затне муцката ако како претседател на Собранието проговори на странски албански јазик, наместо на официјалниот македонски.
Чудно е тоа што меѓународната банда што се претставува како меѓународна заедница не реагираше негативно на овие амнестии, напротив, а збесна за амнестиите на Иванов и успеа да ги поништи. Сериозно ли верувате дека Заев не бараше по едно евро во менувачницата на Вицето и по едно евро за владиката Наум?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

НОВА  ВЛАДА И ПРЕДСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО  Empty Re: НОВА ВЛАДА И ПРЕДСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот