Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

SVETI JOVAN BOGOSLOV

Go down

SVETI JOVAN BOGOSLOV Empty SVETI JOVAN BOGOSLOV

Пишување by IVA Вто Окт 09 2018, 17:46

9 октомври/26 септември: Денеска е Св. апостол и евангелист Јован Богослов

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 септември

Денеска е Св. апостол и евангелист Јован Богослов

Еве еден цврст столб на Црквата Христова. Духовен орел што ги достига најголемите височини на богопознанието. Евангелист што ги достига најголемите длабочини на човечката природа. Прв меѓу богословите. Прв меѓу проповедниците на љубовта. Тој е оној кого Христос го нарече син на громот, и тоа не заради неговата телесна жестокост, туку заради огнот на божествената љубов што непрестано пламти во него. Откако беше повикан, овој просто се залепи за својот Спасител и присуствуваше на најважните настани од Христовиот живот. Остана заедно со Богородица под Христовиот крст и кога сите други апостоли се разбегаа. По Христовото воскресение ја чуваше Богородица се до нејзиното успение. Потоа се настани и Го проповедаше распнатиот и воскреснатиот Христос во Ефес, на егејскиот брег на Мала Азија. Единствен од апостолите умре со природна смрт, кога имаше повеќе од 100 години, во Ефес. Го напиша четвртото Евангелие, три апостолски посланија и Откровението. Сите тие книги се дел од канонот на Новиот завет.

https://denesen.mk/9-oktomvri-26-septemvri-deneska-e-sv-apostol-i-evangelist-jovan-bogoslov/
IVA
IVA

Број на мислења : 366
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот