Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

РАКИЈА ....

Go down

РАКИЈА .... Empty РАКИЈА ....

Пишување by osa Нед Окт 21 2018, 13:46

Болно грло, забоболка, мамурлак - 5 работи што се лекуваат со ракија

Ракијата е најпознатиот алкохол во нашиот регион. Можеби некогаш сме пристрасни кога ја фалиме пред гостите, но има и некоја вистина во нејзините „митски“ својства.

5-raboti-sto-se-lekuvaat-so-rakija-01.jpg

Покрај тоа што ракијата е „лек“ за лошо расположение и нечисти прозорци (а според некои и за скршено срце), таа има и ред други позитивни својства:

1. Лек за болно грло
Има повеќе варијанти на лекување на болно грло со ракија, но најпопуларниот е со консумирање на прегорен шеќер или мед и залевање на смесата со ракија.

Бактериите во вашето грло прво ќе се загреат, а потоа ќе се „намамат“ со прегорениот шеќер или медот, за на крај ракијата да ги убие поголемиот дел од нив и така да ја намали болката во грлото.

Уште еден начин е да се натопи крпа со ракија и да се завитка околу болното грло и така да се преспие вечерта. Ова е многу подобро од шмукање ментол бонбони.

2. Лек за забоболка
Правење гаргара со ракија наместо со средство за плакнење уста, може да ги намали болките во забите или да помогне со чиреви во устата или џебови на непцата. Битно е само алкохолот потоа да се плукне, а не да се голта.

Ова не значи дека проблемот ќе се реши, но ќе се намали болката и ќе се дезинфицираат отворените рани во устата.

3. Лек за инфицирани рани
Како што знаеме, секој чист алкохол има одлично дезинфекциско својство, а ракијата има прилично висок процент на алкохол (над 40%) и има одлични антивоспалителни својства кои се добри за третирање на рани и инфекции на кожата.

Само треба проблематичното место да се натапка со газа натопена со ракија, што е многу подобро отколку да го измиете местото со вода.

4. Лек за грип
Има неколку начини за лекување на грип и настинка со ракија. Може да се користи како средство за масажа, со цел да се намалат болките во мускулите или може да се користи како облоги кои се нанесуваат на телото за да се симне температурата.

5. Лек за мамурлак
Можеби звучи неверојатно, особено со оглед на фактот дека токму ракијата е најчестата причина за мамурлак, но само продолжете утрото да ја пиете и ќе заборавите дека сте биле мамурни и повторно ќе бидете во таа убава расположена состојба од претходната вечер.

Можеби последново и не е некој лек, но сепак сите сме свесни дека ракијата е најчестиот „еликсир“ употребуван од нашите баби и дедовци.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16512
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот