Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

АЈ СЕГА .....

Go down

АЈ СЕГА ..... Empty АЈ СЕГА .....

Пишување by osa Саб Окт 27 2018, 21:41

ВМРО-ДПМНЕ нема да ја игра власта за уставните амандмани, се токми една пратеничка група


ВМРО-ДПМНЕ нема да се вклучат во консулатциите со власта за уставните амандмани, туку на собраниската Комисија за уставни прашања ќе го каже својот став. Нема заклучок дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат дел од собраниското тело за помирување, но затоа наскоро партијата повторно ќе функционира како една пратеничка група, брифираат за Пулсинфо од партијата, по состанокот на партиското раководство со пратеничката група.

Ставот дали пратениците ќе бидат дел од телото за помирување ќе се разгледува идната недела на Извршниот комитет на партијата.

Очекувањата се дека на следниот состанок меѓу пратениците и раководствцото тема повторно ќе биде пратеничката група, на кој се очекува и да се пресече ВМРО-ДПМНЕ да дејствува наместо со 10 со една преатеничка група.

За ова имало разногласие помеѓу раководството и дел пратеници.

-Раководството предложи да дејствуваме како една пратеничка група, но ставот на пратениците е дека додека не се изгради доверба помеѓу пратениците и раководството да продолжиме во парламентот да дејствуваме со повеќе пратенички групи. Довербата меѓу раководството и пратениците не е разнишана само по исклучувањето на пратениците кои гласаа за отворање на Уставот, туку една година. Неформално дејствуваме како една пратеничка група предводена од координаторот Драган Данев, но формално се повеќе. Можно е да има нов координатор на пратеничката група, но тоа ќе се случи кога и формално ќе решиме повторно да дејствуваме каке една група и шефот на пратеничката група ќе го изберат пратениците, не раководството – вели пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Обединувањето во една пратеничка група се наметнало како тема откако партијата исклучи седум пратеници од своите редови. Меѓу нив на пример Владанка Авировиќ е координатор на една пратеничка група.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието од 51, остана со 39 пратеници.

На состанокот се зборувало и за избрканите пратеници од партијата, но не се откриваат детали.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16512
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот