Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ПРЕКУ НОК СТАНА ПОПУЛАРЕН ВО СВЕТОТ НО ПО .....

2 posters

Go down

ПРЕКУ НОК СТАНА ПОПУЛАРЕН ВО СВЕТОТ НО ПО ..... Empty ПРЕКУ НОК СТАНА ПОПУЛАРЕН ВО СВЕТОТ НО ПО .....

Пишување by TRAJCHE Нед Ное 18 2018, 08:42

СТАНА СЛАВЕН ШИРУМ СВЕТОТ ПРЕКУ НОЌ: Ќе му се најде ли трага на Никола Груевски?

Екс премиерот Никола Груевски исчезна и за една ноќ стана познат ширум светот благодарение на медиумите кои ја пренесоа веста за неговото бегство.

Груевски избега од земјава за да не оди во затвор, а откако наведе дека се наоѓа во Унгарија, регионалните медиуми продолжуваат да шпекулираат.

Приватниот авион кој го користи и премиерот на Унгарија Виктор Орбан, долетал од Будимпешта во Белград и набрзо се вратил кога екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ , бегајќи од затворската казна, најави дека ќе бара азил во Унгарија, пишува независниот унгарски сајт за вести atlatszo.hu (Transparentnost).

На сајтовите кои ги следат летовите на авионите, широко се достапни податоците за тој лет на авион од канадско производство, "Bombardier Global 6000" со регистарски таблици на Австрија "OE-LEM".

Бидејќи во понеделникот, на 12 ноември, Груевски објави дека побарал политички азил во Унгарија, пишува сајтот, тој „луксузен приватен авион кој го користи унгарската владеачка и деловна елита“, во вторникот на 13 ноември, рано утрото од Будимпешта долетал во Белград и потоа се вратил во Будимпешта.
Сајтот како сопственик на авионот го наведува близок пријател на Орбан, бизнисменот Ленринч Месарош, втор по богатство во Унгарија, а пренесува и дека Владата „алудира“ дека на летовите со тие авиони води и друг бизнисмен, Иштван Гаранчи, еден од најмоќните луѓе во Унгарија и исто така фудбалски магнат, како и Месарош.

Авионот со ознаки "OE-LEM" е од Виена, каде е стациониран, во Будимпешта долетал во вторникот на 13 ноември, нешто пред 06,30 часот, полетал во 08,00 ч и во Белград слетал половина час подоцна. Од Белград полетал попладне во 15,30ч и во 16,00 слетал во Будимпешта каде и останал.

Унгарските медиуми се прашуваат како на Груевски му е дозволено да влезе во земјата без важечки пасош - му го одземаа властите - наведува сајтот.

Бидејќи унгарските власти изградија ограда на границата со Србија, секој кој сака да бара азил, треба да почека на граничната линија, во т.н. транзитна зона.

Затоа Унгарскиот Хелсиншки комитет навел дека, според строгите правила кои ги воведе Унгарија, односно владата на Орбан, Груевски морал бараењто за азил да го поднесе во канцеларијата на Службата за имиграција во Будимпешта.

Сијарто тој посебен режим го наведува поради „безбедносни причини“ и поради тоа што Груевски 10 години бил премиер на Македонија. Сијарто не коментира како Груевски можел да влезе во Унгарија без пасош, наведува сајтот Atlatszo.

Меѓутоа, само ден подоцна, 15 ноември, претставник од канцеларијата на премиерот рекол нешто друго: дека Груевски не поднел барање за азил во Унгарија, туку во унгарско претставништво во странство.

Сепак, заклучува унгарскиот весник, само неколку часа подоцна, албанската полиција потврди дека Груевски ја напуштил Албанија во автомобилот на унгарска амбасада во Тирана, со дипломатски таблици.

https://faktor.mk/stana-slaven-shirum-svetot-preku-nokj-kje-mu-se-najde-li-traga-na-nikola-gruevski
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 682
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

ПРЕКУ НОК СТАНА ПОПУЛАРЕН ВО СВЕТОТ НО ПО ..... Empty Re: ПРЕКУ НОК СТАНА ПОПУЛАРЕН ВО СВЕТОТ НО ПО .....

Пишување by трендафил Вто Окт 13 2020, 16:38

Покрај Груевски кој доби азил во Унгарија, азил добија и Грујевски и Бошковски во Грција и Дејан Давидовски во Шведска. Сите поради политички прогон од македонското трас-трас судство и Луј Витон обвинителство.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shvedska-ungarija-i-grcija-potvrdija-ovie-lica-se-zrtvi-na-politichkiot-progon-vo-makedonija/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11189
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот