Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ПОВТОРНО ПРИТВОР ЗА САНАДЕР

Go down

ПОВТОРНО ПРИТВОР ЗА САНАДЕР  Empty ПОВТОРНО ПРИТВОР ЗА САНАДЕР

Пишување by SHARENI Чет Апр 04 2019, 21:44

БИВШИОТ ХРВАТСКИ ПРЕМИЕР ВО ИСТРАЖЕН ЗАТВОР
Приведен Иво Санадер, казната зголемена на шест години затвор
Поранешниот премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Иво Санадер денес околу 17.30 часот е изведен од семејниот дом во Загреб, од каде што полицијата го однела во истражен затвор.


Хрватскиот Врховен суд денеска му ja изрече на Санадер конечната пресуда за случајот за корупција „Планинска“ и му ја зголеми затворската казна на шест години, па по него беше издадена потерница.

Пред доаѓањето на полицијата, Санадер на новинарите пред неговата куќа во Загреб им изјави дека ова е претстава за јавноста и политички мотивирана постапка.

„Подготвен сум на сè и ќе ја докажам мојата невиност“, рече Санадер.

Тој рече дека ова е „пораз на владеењето на правото“ и „претстава за јавноста пред претседавањето на Хрватска со ЕУ“.

Адвокатката на Санадер, Јадранка Слоковиќ, му замери на судот дека за пресудата дознала од медиумите.

„Ние не добивме известување од судот... Се повторува моделот, сè прво оди кај новинарите, а потоа кај нас“, рече адвокатката.

Загрепскиот окружен суд денеска издаде наредба за апсење на поранешниот премиер бидејќи Врховниот суд му изрече казна подолга од пет години.

Санадер со првостепената пресуда од судот во Загреб за аферата „Планинска“ беше осуден на четири и пол години затвор и да врати 15 милиони куни (околу два милиони евра).

Во Врховниот суд денеска заврши тридневното прегледување на жалбите против првостепената пресуда.

Санадер во случајот беше осуден затоа што во 2009 година му помогнал на поранешниот пратеник на ХДЗ и сопственик на синџир месарници Стјепан Фиолиќ да му продаде на Министерството за регионален развој зграда на загрепската улица „Планинска“ по многу повисока цена од пазарната.

Според пресудата, државниот буџет поради таа цена бил оштетен за 15 милиони куни, а Санадер од Фиолиќ добил провизија од 17 милиони куни.

Заедно со Санадер неправосилно се осудени и Младен Млинаревиќ, за кого е утврдено дека изработил зголемена процена на вредноста на имотот, и Стјепан Фиолиќ, кој на судењето го признал злочинот, па беше осуден на општествено корисна работа, која ја оствари лупејќи компири.

Фиолиќ на првото судење призна дека на Санадер во неговата вила на Козарчева улица во Загреб му однел десет милиони куни и еден милион евра во картонска кутија за виршли.

Некогаш најмоќниот хрватски политичар е обвинет во неколку случаи за корупција.

Во сите случаи тој ја негира вината и тврди дека е жртва на политички прогон.
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 845
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот