Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЗЛАТО ВО МАКЕДОНИЈА СПОРЕД ЦИА

2 posters

Go down

ЗЛАТО ВО МАКЕДОНИЈА СПОРЕД ЦИА Empty ЗЛАТО ВО МАКЕДОНИЈА СПОРЕД ЦИА

Пишување by osa Нед Апр 14 2019, 12:37

ЦИА открива: Огромни количества на ураниум и берилиум во Пелагонија и злато во јужна Македонија
од страна на markukule - 14.04.2019
Сподели на Facebook Сподели на Твитер
Рудни богатства за кои никој не зборува

– Огромни количества на ураниум кај Битола, берилиум во Прилеп, злато во јужна Македонија!



Американската Централна разузнавачка служба – ЦИА објави илјадници тајни документи поврзани со Македонија и Југославија. Во еден се открива тајната за наоѓалиштата за берилиум во Струмица и карпестите предели во близина на Прилеп.

Уште во 1950 година ЦИА укажува дека Прилеп го поседува еден од најретките метали на планетата, кој поради своите специфични својства може да се користи во нуклеарната, аерокосмичката индустрија, како и во индустријата за телекомуникации.

Од берилиумот се изработуваат делови за вселенски летала, проектили и сателити, поради тоа металот е многу лесен. Освен берилиум во Прилеп, во близина на Битола се наоѓа огромно наоѓалиште на ураниум, кое според ЦИА било најголемо во Југославија.

-Најбогатите наоѓалишта на ураниумска руда во Југославија се смета дека се во близина на југословенско-грчката граница, во планините јужно од Битола и Прилеп.

Рудата се наоѓа во глина која југословените ја нарекуваат диатомејска земја. Југословените планираат да изградат шесткилометарска жичница до Прилеп, каде би се отворила постројка за дробење на рудата.

Изградбата на жичницата се проценува на милион динари – пишува во информацијата која е достапна за јавноста, но откако значителен дел од документот претходно бил избришан.

Овој кус податок е најинтересното сознание од записите за рудните богатства на Македонија кои ЦИА ги отвори за јавноста. Од другите македонски ресурси, ЦИА го нотирала постоењето на рудникот за злато Дудица кај Демир Капија, за кој забележува дека германските окупациски сили сакале да го експлоатираат во текот на Втората светска војна, а во времето на Југославија биле извршени пробни копови и се утврдило дека златната жила продолжува до границата со Грција.

За рудникот за хром Цер во близината на Кичево записите во архивите на ЦИА се толку детални што е забележан не само капацитетот на рудникот и механизацијата со која рудникот располага, туку и имињата на тогашните управители Ристо Влахов и Иван Георгиевски, како и тоа дека германски воен заробеник по име Хојнц работи на одржување на механизацијата во рудникот.



Документот, изработен во 1953 година, не содржи информација дали ЦИА имала некои планови во врска со овој рудник. ЦИА под ознаката доверливо, ги бележела имињата на управителите и на хидроцентралата Маврово, како и другите помали енергетски инсталации кои функционирале во педесетитте години во Македонија, како и имињата на раководството на градежната компанија Бетон.

Берилиум е хемиски елемент. Тој е многу лесен метал. Има челично-сива боја. Атомскиот број му е 4, додека атомска маса изнесува 9,012182. Се топи на над 1200 степени. Служи основно за правење на легури.


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16512
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ЗЛАТО ВО МАКЕДОНИЈА СПОРЕД ЦИА Empty Re: ЗЛАТО ВО МАКЕДОНИЈА СПОРЕД ЦИА

Пишување by EVITA Пон Апр 15 2019, 00:24

pochnavte da kopate ?

_________________
Стево Пендаровски , претседател на сите граѓани

EVITA

Број на мислења : 269
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот