Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ВМРО НП - Една изборна единица

2 posters

Go down

ВМРО НП - Една изборна единица Empty ВМРО НП - Една изборна единица

Пишување by Luxor Пон Сеп 23 2019, 14:28

ВМРО – Народна партија го поддржува предлогот за една изборна единица

Објавено пред 2 часа - 23 септември, 2019

ВМРО-Народна партија покрај илјадниците повици и апели, уште еднаш упатува поддршка за промена на изборниот законик со што Македонија ќе биде – една изборна единица со минимален или без изборен праг, соопшти партијата.

,,ВМРО-Народна партија се радува што предлогот за една изборна единица добива поддршка и од партиите кои во не толку далечната 2011 година кога и за прв пат укажавме на потребата од промена на изборниот законик, не смогнаа сили да се придружат кон нашиот предлог и го поддржат иако учествуваа во владината коалиција.ВМРО-Народна партија и после осум години стои на ставот дека со ваквата промена ќе се забетонира плурализмот, односно широко ќе се отвори демократскиот процес подеднакво за сите партиско-политички чинители”, се додава во соопштението.

https://makfax.com.mk/makedonija/вмро-народна-партија-го-поддржува-пре/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ВМРО НП - Една изборна единица Empty Re: ВМРО НП - Една изборна единица

Пишување by трендафил Пон Ное 11 2019, 16:27

На ВМРО-НП (или ваљда само НП според терминологијата што заевистите на овој форум ја користат за најголемата партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ) и одговара нестабилна влада во која со еден два пратеника оваа и некоја друга мала партија би одлучувала за владиното мнозинство и тоа скапи би го наплатила. Во секој случај сега, со утврден датум за избори е глупаво да се губи време за непотребни дискусии. Изборите треба да се одржат по Постојниот закон, а по изборите следниот состав на пратеници да се договара за евентуални изборни промени. Не верувам ниту дека СДСМ ќе има полза од оваа иницијатива на своите приврзоци затоа што е можно ВМРО да добие 1 до 2 пратеника помалку со предложените измени, но не верувам дека тоа ќе биде доволно за да не дојде до промена на власта. Посебно ако во Шпанија не се ратификува нашиот прием во НАТО, па на избори се оди надвор од НАТО и без шанси за влез во ЕУ во следните децении. А по вчерашните шпански избори изгледа дека уште потешко ќе се формира влада.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11202
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот