Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Терористички напад на контролата за летање

+4
osa
Spiridon
PRVOBOREC
трендафил
8 posters

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Пет Јан 05 2024, 10:14

Мислам дека овој настан заслужува посебна тема и затоа ја отворам. Ова е единствен случај во светот власта да нападне државна институција. Се поставува прашањето дали ДУИ е политичка партија или терористичка организација. Иако за ваквото однесување голема вина има и македонскиот народ (за случувањата во една држава секогаш е одговорно мнозинството). Водачот на терористичката група што ја нападна е поранешен министер и директор на Фондот за пензиско (ќе нагласам во времето на ВМРО во обид да поттикнам реално, а не партиско пишување), а сега бил советник на директорот на организацијата што ја нападна. Дали не е крајно време македонскиот народ да се обедини и да оневозможи повторување на вакви настани во иднина. И да се избори повеќе да не се вработуваат повеќе Албанци отколку Македонци. Се разбира доколку Албанците не станат поквалитетни, што во моментов не е случај ниту било некогаш. Секогаш биле вработувани со привилегии иако биле послаби кандидати. Треба еднаш да разберат сите во Македонија дека Рамковниот договор не е капитулација на Македонците и другите етнички заедници пред Албанците и дека не сме окупирани од нив како Србите на Косово. Доколку сме да се избориме за слобода.
Тоа што советник на директорот на М-НАВ ги предводел напаѓачите, а главен тепач бил полицаец од Тетово, дека терористите без никаков проблем влегле во службените простории, а само еден од нив имал пропусница, говори дека организацијата е на повисоко ниво. Чудно е и тоа што ДУИ до овој момент нема никаква изјава во врска со случајот. Чудне е и како тоа двојца директори на М-НАВ се од ДУИ. Дали по политички заслуги или со тероризам (уцена на коалициониот партнер во власта - СДСМ). Чуден е и молкот на амбасадорите (да не кажам газдите на Македонија што ги застапуваат). За многу помали инциденти ако се во полза на македонскиот народ реагираат веднаш.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Пет Јан 05 2024, 11:13

Интересно мислење на Бранко Геровски за настанот, за кој уште нема реакција од амбасадорите чии клиенти се предизвикувачи на немилиот настан.

https://plusinfo.mk/dodeka-se-zhurkaa-so-ahmeti-nivnite-evropski-aktivisti-delea-boksovi-vo-m-nav-od-vmro-dpmne-baraat-o-da-pokrene-obvinenie/


Изгледа дека во време на нападот не само што имало прелет, тѕку два авиона биле во постапка на слетување на скопскиот аеродром.

https://www.expres.mk/nasilnicite-od-dui-go-zagrozile-evropskiot-sistem-za-bezbednost-na-vozdushniot-prostor-makedonija-mozhe-da-bide-sankcionirana/

Според еден твитерџија среќа е што немаме нуклеарни реактори во кои сакаат да се вработат партиски терористи на ДУИ.

https://www.expres.mk/tvit-na-denot-za-eskalacijata-vo-m-nav-cela-srekja-nemame-nuklearni-reaktori/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Пет Јан 05 2024, 11:15

Додека другите партии во Македонија имаат партиски војници, ДУИ има партиски ТЕРОРИСТИ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Пет Јан 05 2024, 12:22

Дали владата и дава на ДУИ можност за 5 дена да ги уништи доказите за евентуален криминал во М-НАВ.

https://www.expres.mk/kovachevski-mu-dal-5-dena-na-ahmeti-da-gi-unishti-dokazite-za-kriminal-vo-kontrola-na-letanje/

https://www.expres.mk/trajkoska-oj-drzhavo-duizirana-i-kriminalna/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Пет Јан 05 2024, 14:56

Многу чудна постапка на МВР. Наместо да се приведат терористите, доставени им се покани сами да се јават во полицијските станици. До сега се имаат јавено половина, 4 од 8 напаѓачи на контролата за летање на мешународниот аеродром Скопје. Нема покана до ниту еден од тие што требале да ги задржат напаѓачите, кои се вадат дека 1 од нив имал пропусница. За другите 7 не е важно.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Пет Јан 05 2024, 17:38

Едно е јасно. Обезбедувањето не реагирало затоа што терористичкиот напад е со амин на ДУИ, а приватната фирма од Кичево добива работа од институции на кои на чело е кадар од партијата на Ахмети. АЕК, Државна лотарија ТИРЗовите во Тетово и Струга, општина Струга ... Едноставно соработувале со тие што им даваат пари.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Пет Јан 05 2024, 17:45

Биковски: Единствен случај во светот со упад во контрола на летање, Еуроконтрол може да нѐ направи „црна дупка“ на Балканот

https://www.slobodenpecat.mk/videointervju-bikovski-edinstven-sluchaj-vo-svetot-so-upad-vo-kontrola-na-letanje-eurokontrol-mozhe-da-n%d1%90-napravi-crna-dupka-na-balkanot/


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Пет Јан 05 2024, 21:44

Изгледа дека овој пат амбасадорите делувале тивко, дипломатски, па сторителите достапни на полицијата вечерва ќе бидат изведени пред суд. Обвинението е загрозување на воздушниот сообраќај, не тероризам, ни предвидена е затворска казна од 1 до 10 години затвор. Контролорите имаат добиено поддршка од Европската комисија, според изјавата на синдикалниот лидер Тасевски.

https://lider.mk/delegacijata-na-eu-so-poddrshka-za-tasevski-na-10-januari-kje-go-zatvorime-neboto-ako-ne-se-postapi-po-baranjata/

Да потсетам дека владата лажеше дека не може да се меша во работата на МНав. Сега најавува дека ќе ги разреши директорите и Управниот одбор.
П.С.: Да се надеваме и дека воените злосторници од 2001 година наскоро ќе која добијат заслужената казна. За командна одговорност, на пример, Али Ахмети за злосторствата низ цела Македонија или Талат Џафери за тие во Тетовско.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Саб Јан 06 2024, 09:52

Се зачудив кога прочитав дека МВР знае дека Незири е во седиштето на ДУИ во Чаир, но дека таму не смее да влезе. Дали ако убијците на Вања беа во седиштето на нивната партија немаше да бдат апсени? Сега ми личи дека власта добивала во време за да може обвинетите да бидат изведени пред судија нивни партијски војник кој нема да им изрече притвор. Чудно е судија да смета дека обвинети од гупа од кои половината е во бегство, да не добијат притвор од таа причина.
https://zbor.com.mk/2024/01/%d0%bd%d0%b5%d0%b7%d0%b8%d1%80%d0%b8-%d0%b1%d0%b8%d0%bb-%d0%b2%d0%be-%d1%81%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d1%83%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d1%87%d0%b0%d0%b8%d1%80/#:~:text=%D0%9F%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8%20%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B8%20%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%82%20%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0%20%D0%9D%D0%B5%D0%B7%D0%B8%D1%80%D0%B8%20%D0%BD%D0%B5%20%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BB%20%D0%B4%D0%B0,%D0%B7%D0%B0%20%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B5%20%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%98%D0%B0%D1%82%20%D1%81%D0%BE%D0%BC%D0%BD%D0%B5%D0%B6%D0%B8%20%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0%20%D1%81%D0%B5%20%D0%BD%D0%B0%D0%BE%D1%93%D0%B0%D0%BB%20%D0%9D%D0%B5%D0%B7%D0%B8%D1%80%D0%B8.

https://plusinfo.mk/nema-pritvor-za-bekim-neziri-samo-merki-za-pretpazlivost-za-chetirichlenata-grupa/

На обвинетите им се одземени пасошите, а во Косово и Албанија може да се отиде со лична карта. Друг криминалец, функционер на дУИ е испратен наводно на домашно лекување (домашен притвор) и го нема никаде.
https://plusinfo.mk/izbega-li-ismet-guru-od-domashen-pritvor-poraneshniot-funkcioner-od-u-p-e-nedostapen-za-sudot/

Не ме изненадува ваквиот однос на власта. И бугарскиот полковник Љубен Апостолов не бил осуден од бугарската фашистичка власт, туку е суден по ослободувањето на Македонија. Многумина од сегашната власт ќе бидат судени откако Македонија ќе се ослободи. Се надевам по изборите во оваа година.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Саб Јан 06 2024, 12:23

Чудно е и тоа што терористиве имаат право да се вратат кога ќе посакаат на местото на злосторството, затоа што ниту судот ниту раководството на М-НАВ тоа не им го забранило до сега.

https://kurir.mk/vesti/makedonija/chulev-vo-momentot-na-incidentot-vo-m-nav-imalo-40-preleti-avion-ostaven-da-kruzhi-edna-od-prvite-odluki-po-prezemanjeto-na-instituciite-i-mvr-kje-bide-odgovornost-pred-zakonot/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Саб Јан 06 2024, 14:56

Во било која земја на светот, во која не се ДУИ и СДСМ на власт, не би ни имало упад во просториите на контрола на летањето. Напаѓачите би биле ликвидирани од страна на обезбедувањето. Кај нас по некои информации и обезбедувањето учествувало во нападот. Интересно е и тоа што директорот на цивилното воздухопловство, Томислав Тунтев, кадар на СДСМ, тврди дека немало загрозување при нападот на ДУИ врз контролата за летање на нашата држава. Како и секој верен пес го брани господарот.

https://www.expres.mk/kadar-na-sdsm-sozdava-kontekst-se-celosno-osloboduvanje-na-napagjachite-na-mnav-od-dui/

Панче Ангелов за тоа што ја скубна за коса Радмила Шеќеринска доби 4 години затвор. Иако тоа го направи без умисла, за разлика од терористиве од ДУИ што влегле со намера да нападнат А да не беше војната во 2001 година Македонија одамна ќе беше членка на ЕУ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by PRVOBOREC Саб Јан 06 2024, 16:33

Добар ден небањати.

Терористички напад на контролата за летање 09815

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by PRVOBOREC Саб Јан 06 2024, 16:58

Терористички напад на контролата за летање I20

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Саб Јан 06 2024, 20:29

Тепаниот контролор (кој бил на работа) – од ДУИ.

Тепачот-директор со бандата (кој не бил на работа) – од ДУИ.

Обезбедувачот (што требало да не ги пушти) – од ДУИ.

Џандарот (шо требало да апси) – од ДУИ.

Обвинителот (шо чекаше пријава) – од ДУИ!?

Судијата (шо не им одреди притвор) – од ДУИ!

Апелација (шо треба да ја разгледува жалбата) – од ДУИ.

Сфаќате сега што е ЗАРОБЕНА ДРЖАВА и оти постоењето на ДУИ е обратно-пропорционално од постоењето на правната држава во Републиката?

Ало, Кале, се слушаме?

Губернаторке – овие ли се вашите „кучиња на војната“, кои ги држите на ланец, за секој случај, да не треба да се плашат Македонците со војна?



(Фејсбук статус на Димитар Апасиев, лидерот на Левица)

https://plusinfo.mk/tepaniot-tepachot-obezbeduvachot-andarot-obvinitelot-sudi-ata-site-od-dui-apasiev-otkriva-shto-e-toa-zarobena-drzhava/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Нед Јан 07 2024, 10:58

трендафил напиша:Во било која земја на светот, во која не се ДУИ и СДСМ на власт, не би ни имало упад во просториите на контрола на летањето. Напаѓачите би биле ликвидирани од страна на обезбедувањето. Кај нас по некои информации и обезбедувањето учествувало во нападот. Интересно е и тоа што директорот на цивилното воздухопловство, Томислав Тунтев, кадар на СДСМ, тврди дека немало загрозување при нападот на ДУИ врз контролата за летање на нашата држава. Како и секој верен пес го брани господарот.

https://www.expres.mk/kadar-na-sdsm-sozdava-kontekst-se-celosno-osloboduvanje-na-napagjachite-na-mnav-od-dui/

Панче Ангелов за тоа што ја скубна за коса Радмила Шеќеринска доби 4 години затвор. Иако тоа го направи без умисла, за разлика од терористиве од ДУИ што влегле со намера да нападнат  А да не беше војната во 2001 година Македонија одамна ќе беше членка на ЕУ.
И судот кој е под контрола на власта се придружува на ова мислење во објаснувањето зошто не одредило притвор.

https://plusinfo.mk/nema-dovolno-dokazi-za-pritvor-od-krivichen-sud-a-ob-asnuvaat-odlukata-za-slucha-ot-m-nav/

Кај нас ако обезбедувањето се однесуваше нормално, како што би направило секаде во светот, да ги ликвидира напаѓачите наместо да им се придружи во нападот, веројатно би било обвинето за убоство, наместо наградено што спречило терористички напад. На секој што не е со пореметен ум, во случајов од партиски причини, му е јасно дека можело да дојде до проблем ако нападнатиот контролор во тој момент требало да упати итна порака до некој авион или ако паднел врз уредите и ги оштетил кога бил туркан и удиран. Двојца од напаѓаќите во вторник ќе одат на работа и ќе се движат во истите простории и мешу истите луѓе, како ништо да не се случило. Што да кажам. Господ да им даде ум на гласачите на следните избори и да не гласаат за ДУИ. Терористи изгледа секогаш си остануваат терористи.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Нед Јан 07 2024, 13:44

Еден од егзекуторската група на ДУИ што го изврши терористичкиот напад во контролата за летање за употреба на автоматско оружје во дуќан претходно бил осуден на 1 година затвор, која подоцна му е заменета со условна казна. Истото го прифатил на Апелација обвинителот Наум Пановски, кој после ова е унапреден и од основно поминува во републичкото јавно обвинителство.

https://lider.mk/dokumenti-eden-od-napagjachite-vo-m-nav-trebalo-da-bide-vo-zatvor-ovoj-obvinitel-go-oslobodil-preku-praven-presedan/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Нед Јан 07 2024, 19:58

Трајкоска: Како судијата со прстето ги искара напаѓачите кои упаднаа во М-НА

„…значи, факманов НЕЗАВИСЕН судија вика: Неее вие 4 силеџии ќе седите дома и после и со прстето им се заканил – немојте да чујам дека правите притисок и дека комуницирате меѓу себе, оти ќе ве карам!“ – ја коментира Жанета Трајкоска, директор на Институтот за комуникациски судии, одлуката на судијата во Кривичен суд да не им одреди мерка притвор на четворицата (други 4-ца се во бегство) напаѓачи во Контролната кулла при упадот во Мајкедонски комуникации (М-НАВ).


ПА НЕМА ПОСМЕШНО.
ТОЛКУ Е ЕВТИНА ПРЕТСТАВАВА – ПА ВО БОЛИВУД ЌЕ ВИ ЈА ИЗРЕЖИРАЛЕ ПОАРНО! – пишува Трајкоска на Фејсбук


„Сцена1: Ја каО не давам, ти као независен орган, ние ако нешто работиме, а судот као НеЗАВИСНА власт, ВЛАДА нешто као одмара, СДСМ нешто као да није одавде!

Сцена 2: сите као ќе се КОШКАМЕ малце со јавноста, ќе ги праиме будали и ќе помине.
Оскарот оди за стратезите такозвани и ПР-от на ДУИ – јееее!!
Македонија за жал, не е само ДУИзирана, туку е комплетно заробена држава под криминален, длабоко клиентилистички и мафијашки режим – па нема полошо. Ова е веќе ново ниво на deep state или длабока држава која ќе треба ние да ја редефинираме, оти кај нас неизбраните криминални групи кои се дел од партиите, учествуваат во власта и се најјаки, а центарот на моќта е некаде во некоја приградска населба или село, но никако не е Илинденска или сачувај боже, во Собранието на РМ, а пак ноќеска уште еднаш ни се потврди дека судството е тетрис – како ќе му кажеш така ќе се намести коцката.
ЕДИТ: Јас пак мислев до куќен стигнале– а тие не требале да ги напуштаат местата на живеење- значи може да си шетка низ Чаир Незири да си купие ствари по продавничи, да иде на чај итн… па Кривичен Суд може слободно да се затвори’, пишува Трајкоска.

https://www.expres.mk/trajkoska-kako-sudijata-so-prsteto-gi-iskara-napagjachite-koi-upadnaa-vo-m-nav/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Пон Јан 08 2024, 10:19

Со тоа што не одреди притвор за припадниците на единицата за брзи интервенции на власта (на ДУИ) што изврши напад на контролата на летање, судијата Пајазит Пајазити веројатно си обезбеди да биде унапреди и да стане судија на Апелациониот суд.

https://www.expres.mk/sudijata-koj-ne-odredi-pritvor-za-napagjachite-vo-m-nav-kandidat-za-apelacija/

Во ГОБ 8 септември, откако прво нападнал вработена во болницата, пациент со нож повредил вработен во болницата кој се обидел да и помогне на колешката. Обезбедувањето од кичевската приватна фирма што ја обезбедува и контролата на летање и еден куп други установи со кои управуваат ДУИ и СДСМ го немало никаде. Пред некој ден имаше безбедносен инцидент и на Клиниката за гинекологија, исто така обезбедувана од кичевската фирма 2СС Да не кажам двојни ССовци.

https://www.expres.mk/so-nozh-napadnal-i-povredil-vraboten-vo-gob-8-septemvri/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Сре Јан 10 2024, 08:22

Вчерашната епизода, со смена на двојца директори на М-НАВ, само потврди дека на власт има дибеци кои освен тоа што го договориле, не ги интересира ништо. Водечката улога во М-НАВ ја задржува ДУИ, партија која изврши терористички напад во установата. Ништо од барањата на ЕУ да нема кронизам (партиска придобивка). Повторно од е избран кадар на ДУИ, па не можеме да очекуваме дека лидерот на напаѓачите кој е партиски челник на партијата во Чаир ќе биде суспендиран и предаден на дисциплинска комисија, ниту дека ќе се раскине договорот со партиската фирма за обезбедување што наместо да ги елиминира напаѓачите им помагаше. Врв на шлагот беше тоа што прво за извршен директор и претседател на управниот одбор беше озбран Илир Мемети, што не ги исполнува условите и излезе дека никој од владата, премиерот, министрите и нивните советници не маат појма за условите што ток треба да ги исполнува, односно дека наместо по прописите одлучуваат според партиските интереси. Грешката е исправена подоцна, откако интервенираше сондикатот на М-НАВ, што спречи уште еден срам што владата ќе и донесеше на Македонија со избор на партиски дибек кој ем не ги исполнува условите ем кај него ревизорите порано имаат установено дека правел финансиски малверзации, да не кажам крадел народни пари., но бидејчи ДУИ, неговата партија, е и законодавна и извршна и судска власт во државата, не одговара за тоа.
Кога ја споменав судската власт, да напишам и дека вчера не се одржа најавената седница на кривичниот совет што требаше да одлучува за притворот на напаѓачите врз контролата на летање. Нема ни објавено фотографии (потерница) од четворицата напаѓачи во бегство. Кои во нормална држава или би биле спречени да влезат или ако насилно би продолжиле со нападот би биле ликвидирани. А кај нас се води дискусија дали насилен влее на тепачи во простории на контрола на летање го загрозува авио сообраќајотА беше направен обид по насилен пат да се отстранат контролорите од албанска етничка припадност од штрајкот и истиот да се прикаже како македонски шовинизам кон Албанци,  а не обид за спречување на партиски вокници, да не кажам дибеци, да работат работа за која не ги исполнуваат основните услови.
За жал СДСМ доброволно прифати да биде залоѓник на ДУИ не само во овој случај, туку на сите полиња, и со тоа го доведува во опасност опстанокот на социјалдемократската опција во Македонија. А убаво е кога има се, нели?

https://republika.mk/vesti/makedonija/ivor-mitskovski-kako-se-dava-na-partija-kako-dui-direktorsko-mesto-koga-izvedoa-svetski-skandal/

https://republika.mk/vesti/makedonija/da-se-istrazhi-nasilstvoto-vo-m-nav-a-vrabotuvanata-da-se-zasnovaat-vrz-kvalifikatsii-apelira-delegatsijata-na-eu/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Сре Јан 10 2024, 14:47

Според премиерот во М-НАВ имало непотизам до трето колено, обидувајќи се тоа што претседателот на синдикатот ранотел таму, но вработен бил уште во времето на СФРК, па по заминувањето на ЈНА е еден од основачите на М-НАВ кој на почетокот бил со 15 вработени. Сигурен сум дека нема роднински врски помеѓу Тасевски и нападнатите колеги од албанската етничка заедница. Факт е и дека Беќир Незими, водачот на терористите што ја нападнаа контролата седел дома, а примал плата. Нападот е едно од ретките негови покавувања на работа, па нејасно е како обезбедувањето го препознало и го пропуштило и него, а уште помалку тие 6 терористи што не се вработени во установата што ја нападнале. Интересно е и тоа што новиот директор на М-НАВ е внук на Али Ахмети во родниот крај. ЗНачи ли тоа дека лидерот на актуелната власт веќе нема доверба во никој од страна, па почна да турка свои секаде, Во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на пример. Нејасно е и дали СДСМ е толку очајна што ги прифаќа сите глупости на ДУИ.

https://plusinfo.mk/kovachevski-podmolno-go-napadna-prviot-sindikalec-kontrolata-na-leta-e-stana-seme-na-firma-eve-da-trgneme-od-toa-ko-mu-e-tatko-na-tasevski/

https://kurir.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-znae-dali-noviot-direktor-na-m-nav-e-vnuk-na-ali-ahmeti-no-veli-deka-e-donesena-dobra-odluka/

https://republika.mk/vesti/makedonija/holandskiot-ambasador-na-ahmeti-mu-ja-prenese-porakata-deka-po-dve-godini-postojan-pad-na-vladeeneto-na-pravoto-posvetenosta-na-makedonija-za-chlenstvo-vo-eu-e-zagrozena-niz-politichkiot-spektar/

https://lider.mk/bezbednosna-kriza-vo-makedonskiot-vozdushen-prostor-pendarovski-povika-na-seopfatni-reformi-vo-m-nav-kako-odgovor-na-zagrizenosta-na-nato/


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by Spiridon Чет Јан 11 2024, 15:05

Abe koj nema zivot? Kogo go terale od stab da pisuva za praznicite? Za zalenje i placenje more hej.

Spiridon

Број на мислења : 26
Join date : 2023-07-27

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Чет Јан 11 2024, 19:44

Нема сигурно ДУИ да одредува кога кој треба да пишува. Секој си пишува на форумов кога сака, И тоа не е предмет на оваа тема туку насилниот упад и силеџиство на власта во контролата за летање. Да се случеше вакво нешто во нормална земја веројатно извршителите, сите 8 веќе немаше да бидат живи. Кај нас уште никој не почнал постапка за раскинување на ивој и сите други договори со партиската фирма на ДУИ што наместо да го обезбедува објектот соработувала со напаѓачите, сите членови на една политичка партија што владее со Македонија,
Денес половината од учесниците кои се достапни на судот (другата половина е во бегство и уште нема јавна потерница по нив, добија домашен притвор. Привилегија што би ја немал некој што не е од ДУИ доколку би направил нештослично. За потсетување Панче што ја скубна Шеќеринска за коса иако нема влезено со таква умисла во Собранието доби 4 гидини затвор. Во случајов, доколку постапката се заврши пред промена на власта, не верувам дека ни водачот на бандата ќе добие толкава казна.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Саб Јан 13 2024, 13:55

По 10 дена бегство уапсен е уште еден од терористиве што ја нападнаа контролата на летање. Фатен е при обид на бегство во странство на граничен премин. Чудно, но доби само домашен притвор. Претпоставувам дека е член на ДУИ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by трендафил Вто Јан 16 2024, 08:15

Чудно е тоа што премиерот Ковачевски спомна некаков непотизам во М-НАВ од синдикатот, а заборави или не знае дека во контролата на летање работат и сестрата на министерот за надворешни Бујар Османи, снаата на првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, снаата и синот на поранешниот пратеник на ДУИ Ејуп Аљими, внукот на советникот во М-НАВ Беким Незири, како и внукот на министерот за земјоделиe Љупчо Николовски. Извори во М-НАВ велат дека е вработен и внук на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши. СПоред ова изгледа дека фирмата е семејна на ДУИ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by PRVOBOREC Сре Јан 17 2024, 15:30

Добар ден небањати.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска кажа дека немал никаква улога при вработувањето на неговата сестра во М-НАВ пред 15 години. Тој вели дека тоа се случило 12 години пред да стане министер за надворешни работи, но не кажа дека пред 15 години бил министер за здравство.
Бујар Османи беше министер за здравство во владата на Никола Груевски од 2008 до 2011 година.


https://sdk.mk/index.php/makedonija/sestra-mi-e-vrabotena-vo-m-nav-pred-15-godini-jas-nemam-nikakva-uloga-vo-toa-kazha-bujar-osmani-koj-pred-15-godini-beshe-minister-za-zdravstvo/

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад на контролата за летање Empty Re: Терористички напад на контролата за летање

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот