Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

4 posters

Go down

ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА Empty ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

Пишување by defo Пет Мар 22 2024, 08:58

Она што нашето законодавство, не го реалзира, нашата полиција не го „детектира“(не зошто неможе, зошто несака), Америкаците ни го покажуваат со силно вперен прст.
Од поновите номинирани лице се:
-Мерко, заслушено 102,5%, бар онака кафански и од шпекулации, стана буквално како „газда“ на Струга.
-после беше Кочо Анѓушев, според мене заради тоа што остана недопрен во аферата со пожарот во Тетовската болница. Мислам дека требаше одредена одговорност да понесе, или тој или некој од министерство за здравство, што ја спремал тендерската документација. Тука министерот и да нема кривична одгворност, пошо тој би требало да не се разбира и меша во вакви набавки. За тоа си има стручни лица. Филипче тука  си поднесе оставка од морални причини.
- Катица, незнам зошто во овјо момент отиде на црна листа.
-Стефчо Јакимоски, тајмингит е лош, ова му даде малце ветер во грб, да лапне плус некој про-руски, анти-западен, малоумен глас, од гласачи, IQ број на чевли. Од една страна од друга страна, очигледно по ова што се дешавало и дешава во урбанзмот во Карпош, мислам дека помага во насока на пререње на некако кеш, преку урбаната мафија. И од трета страна баш ми е мерак, заради лични причини.
И секако сосем за крај,  по овај уренк за Стефче, има многу сегашни а нарочито екс-градоначалници кои треба да се најдат на листава. Прв на кој ми текнува е Ивица Конески.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА Empty Re: ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

Пишување by Luxor Пет Мар 22 2024, 19:50

Тодоровиќ.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА Empty Re: ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

Пишување by alienmk Саб Мар 23 2024, 11:16

Site od sds i vmro.

alienmk

Број на мислења : 378
Join date : 2018-11-22

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА Empty Re: ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

Пишување by defo Саб Мар 23 2024, 13:31

Плус Апасиев, како растурач на Македонија, со помош на Руски сили.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА Empty Re: ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

Пишување by трендафил Нед Мар 24 2024, 11:43

Тоа што на американската црна листа ги нема Али Ахмети, Муса Џафери и Владо Бучковски за примање на поткуп за продолжување на монополот на македонскиот Телеком, за што веќе одамна има пресуда во САД за директорите на Дојче Телеком, зборува многу за црната листа на САД. Дека не се користи за борба со корупцијата, туку за дневно политички цели.

https://sdk.mk/index.php/makedonija/buchkovski-i-prijatelite-od-tetovo-a-a-i-m-dh-dogovorile-7-5-milioni-evra-so-madhar-telekom-objaven-dokument-na-sudeneto-za-potkup/

https://mkdenes.mk/post26641/

Дека листата е сомнителна говори и податокот дека во нејзиното најново освежување се најде и сопругот на Катица Јанева, кој е починат пред таа да стане специјална јавна обвинителка пред таа да стане специјална јавна обвинителка. Нашите правосудни органи и според постоечките закони можат да побараат од Америка документи врз основа на што одредени личности се ставени на црна листа и да преземат судски прогон на истите. Да не кажам дека САД ја користат црната листа во обид за дресура на македонските политичари.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11184
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА Empty Re: ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

Пишување by alienmk Пон Мар 25 2024, 14:09

defo напиша:Плус Апасиев, како растурач на Македонија, со помош на Руски сили.

Apasiev e vizioner. Sega Tramp ke go pregazi Bajden i ke se dogovori mirno resenie za Ukraina. Ke se vidi koj bil na vistinskata strana.

alienmk

Број на мислења : 378
Join date : 2018-11-22

osa and defo like this post

Вратете се на почетокот Go down

ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА Empty Re: ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

Пишување by defo Пет Мар 29 2024, 08:20

За мирно решение за Украина и стабилизација на економијата потпишувам со две раце. Ама дека тоа наредниве две години ќе се деси тешко. Ама тоа на друго место. Ако е Апасиев визионер, тогаш да се фрлиме од зграда, ние не „визионериве“.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА Empty Re: ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

Пишување by трендафил Саб Мар 30 2024, 15:32

Без поддршка на колективниот запад во Украина веројатно и не ќе имаше војна. За жал во Украина има многу жртви и земјата е уназадена и тешко ќе се подигне со децении самопоради слепата послушност кон земјите кои се обидуваат да наметнуваат и решенија во Македонија. Јас сум еден од тие што мисли дека ако НАТО не го окупираше Косово, немаше да има војна во Македонија во 2001 година. Во Украина западот направи повеќе погрешни пресметки. Мислеа дека се Богови и дека контролираат се. Катастрофа се на пример санкциите кон Русија кои повеќе се почувствуваа во Македонија на пример, отколку во Русија. Грешка им беше и терористичкиот напад во Москва, кој наместо да ги разедини ги обедини Русите.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11184
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА Empty Re: ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

Пишување by defo Пон Апр 01 2024, 20:52

трендафил напиша:Без поддршка на колективниот запад во Украина веројатно и не ќе имаше војна. За жал во Украина има многу жртви и земјата е уназадена и тешко ќе се подигне со децении самопоради слепата послушност кон земјите кои се обидуваат да наметнуваат и решенија во Македонија. Јас сум еден од тие што мисли дека ако НАТО не го окупираше Косово, немаше да има војна во Македонија во 2001 година. Во Украина западот направи повеќе погрешни пресметки. Мислеа дека се Богови и дека контролираат се. Катастрофа се на пример санкциите кон Русија кои повеќе се почувствуваа во Македонија на пример, отколку во Русија. Грешка им беше и терористичкиот напад во Москва, кој наместо да ги разедини ги обедини Русите.

Црвеното, ако Милошевиќ, не почнеше со националистичките срања, ништо немаше да се деси во Србија. И таму како и за Русија, не го оправдувам бомбардирањето, и мислам дека е тоа најголема грешка на УСА и НАТО. 100-пати сум рекол, удри дирекно на атот не на самарот. Ништо не беа криви тие 20 луѓе кои случјано се најдоа во зградата на РТС. А „династија“ Милошевич со браќа Кариќ и натаму си живеат „безгрижно“ во Русија.
ЦИА го смисли нападот гарант. МОРОН!!!!

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

cvetka likes this post

Вратете се на почетокот Go down

ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА Empty Re: ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

Пишување by трендафил Пет Апр 05 2024, 19:08

По заминувањето на Милошевоќ од власта, дури и по неговото апсење и умирање во затвор (каде беше во притвор, а не со пресуда и кај што му беше оневозможено лекување на што имаат право и криминалци) НАТО не си замина од Косово и не ја врати територијата под српска управа, што би рекле ја окупира на неодредено време. Додека некој со сила не го избрка евентуално.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11184
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА Empty Re: ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

Пишување by трендафил Пет Апр 05 2024, 19:44

Да дополнам. На црната листа САД ги става тие што таботат против нивните интереси. Дури и ако евентуално работат во интерес на Македонија. Секој случај треба да се испита од македонски правосудни органи кпо ќе бидат претходно прочистени. Да потсетам дека Катица Јанева беше специјална на предлог на САД. Тажно е тоа што САД преку Албанците ка спроведува својата политика на делот од Балканот што е црна дупка за западот. Кај нас и одлуки што Собранието ги донесува СО 2/3 мнозинство можат да добијат вето со просто бадинтерово мнозинство. Зошто во тој случај не се бара и 2/3 Бадинтерово мнозинство. Одговорот е едноставен. Зошто е така. Затоа што Албанците не се 2/3 од малцинствата во Македонија. Најново е тоа што има барање дека Претседател треба да се одбира во Собранието со 2/3 мнозинство, но и право на вето практично на Албанците. За жал и албанската опозиција игра под диригентство на САД. Реално и цела Европа западно од Украина.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11184
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА Empty Re: ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

Пишување by defo Саб Апр 06 2024, 11:18

А ти би сакал под диктат на Русија. За приемр зошто не играме еднаш сами со свои глави. Зошто стално да бараме тутор.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА Empty Re: ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

Пишување by трендафил Саб Апр 06 2024, 12:20

Има и американци што се против тоа што го прават САД во светот. На пример против портокаловата револуција по која Украинците сакаа кон Русите што живеат таму да се однесуваат како Грците и Бугарите кон Македонците или Косоварите кон Србите. Лично сметам дека најголема заслуга за порастот на влијанието на Русија во светот имаат Американците. Заслугата на Путин е што релативно бргу ја стабилизира Русија прво економски, а потоа и воено иначе било кој во сегашните услови да беше на чело на Русија ќе го направеше истото. Ќе ги штитеше своите сонародници во Украина, а и самата Русија од НАТО. И Македонија да ја имаше силата на Русија немаше да води политика на свиткана кичма. Приказните дека власт што слуша наредби од Вашингтон е демократска, а тие што го слушаат народот се популисти се приказни за мали деца или луѓе дресирани така да се однесуваат. Јас сум за глобализација, но не на актуелниот начин, еден центар да раководи со цел свет, туку сите држави да си помагаат една на друга. Побогатите реално да им помагаат на послабите и посиромашните, а не да ги користат како слуги. За жал САД не ја искористи шансата да го направи тоа кога беше единствен светски џандар. Сега е во опасност тоа да и се врати како бумеранг. Не е само Русија во прашање, туку и Кина и Индија. Да не зборувам за БРИКС ако почне да функционира како што треба.
Мислам дека не е погрешно тоа што се надевам дека светот ќе стане поправеден и дека ќе дојде до натпревар кој ќе донесе прогрес за сите. Дека не ќе мора некој да станува Германец или Американец за да заработи повеќе, туку дека тоа ќе може да го направи и дома ако е способен. Многу проблеми ќе реши и технологијата. Веќе може, а наскоро веројатно ќе стане нормално секој да си зборува на јазик кој сака, а тие што го слушаат да слушаат на друг јазик по сопствен избор.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11184
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА Empty Re: ЦРНА ЛИСТА НА АМЕРИКА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот