Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Корупција во владата

+6
PRVOBOREC
трендафил
Hamad bim Khalifa
makijaveli
Laba
osa
10 posters

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Go down

Корупција во владата Empty Корупција во владата

Пишување by Гостин Вто Јан 13 2015, 10:35

Denovive dosta brzo , i bi rekol marginalizirano , zaradi fokusot na javnosta na reformite vo obgrazovanieto i studentskite protesti , SDSM obvini za korupcija vo vladata.Vo centarot na vnimanieto e ministerot Janakievski , koj , kako sto tvrdi SDSM , ima vo svojata kuka potstanar,t.e. fgermanskata firma "Ludvig Fajfer" registrirana na adresata na ministerot.Toa ne bi bilo strasno , ako istata taa firma ne bila izbrana da ja gradi kanalizaciskata mreza vo Prilep, proekt tezok 30 milioni evra.Obvinuvanjata i demantite mozete da gi prosledite vo postovite podolu...


Последната промена е направена од luxor на Пет Јан 16 2015, 12:53. Мислењето е променето 2 пати.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Гостин Вто Јан 13 2015, 10:39

Na deseti januari stignaa obvinuvanjata koi portparolot na SDSM Petre Shilegov gi iznese vo javnosta...

Корупција во владата Petre
СДСМ: ВО КУЌАТА НА МИНИСТЕРОТ ЈАНАКИЕСКИ СМЕСТЕНА СТРАНСКА ФИРМА, КОЈА ДОБИЛА МИЛИОНСКИ БИЗНИС?


Портпаролот на СДСМ, Шилегов, истакна дека на адресата на министерот е регистрирана германската фирма „Лудвиг Фајфер“
Фокус 10 јан 2015, 15:36
Во куќата на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески во Прилеп, се наоѓа и седиштето на германската фирма „Лудвиг Фајфер“, а која неодамна доби милионски бизнис во Македонија, откри на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

-Изгледа, нема крај на скандалите поврзани за министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а ниту со скандалозните врски на министрите во Владата на Груевски со странски компании во земјава. Од цела Македонија, токму во куќата на министерот Јанакиески во Прилеп е седиштето на германската фирма „Лудвиг Фајфер“. Тоа е токму таа фирма, која што е избрана да ја гради канализациската мрежа во Прилеп, во рамки на милионскиот проект Пречистителна станица, рече Шилегов.

Тој како доказ приложи и имотен лист, според кој, сопственик на куќата од 355 квадратни метри е министерот Јанакиески, а ја приложи и тековната состојба на фирмата, која била регистрирана во септември 2013 година, на истата адреса.

-Проектот тежок 30 милиони евра, европски пари и пари од Буџетот на граѓаните на Република Македонија, почна токму со реконструкција на канализациска мрежа во Прилеп, а изведувач на работите, како што изјави лани директорот на прилепското јавно претпријатие Водовод и канализација, Сашо Николоски, е германската фирма „Лудвиг Фајфер“, потсети Шилегов.

Тој од министерот побара објаснување за тоа како токму странска фирма регистрирана во неговата куќа, добила милионски бизнис во проект, како што рече, координиран помеѓу Владата на Груевски и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп?

- Како се случило од сите можни локации во Прилеп и низ Република Македонија, токму куќата на Миле Јанакиески во Прилеп да биде седиште на подружницата на германската компанија во земјава? Каква е врската на Миле Јанакиески со фирмата Лудвиг Фајфер?, праша Шилегов.

http://fokus.mk/sdsm-vo-kuk-ata-na-ministerot-janakieski-smestena-stranska-firma-koja-dobila-milionski-biznis/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Гостин Вто Јан 13 2015, 10:42

Naredniot den , pristigna demantot od ministerot...

Корупција во владата Mile-janakievski-zbori-na-telefon-i-svitkana-glava-a-drzi-list-vo-raka
ЈАНАКИЕСКИ ДЕМАНТИРА ПОВРЗАНОСТ СО ГЕРМАНСКАТА ФИРМА, СМЕСТЕНА ВО НЕГОВАТА КУЌА
По обвинувањата од СДСМ, се огласи министерот Миле Јанакиески
Фокус 11 јан 2015, 11:57
По обвинувањата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, дека во куќата на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во Прилеп, е регистрирана германска фирма, која добила милионски бизнис, се огласи и министерот. Тој вели дека фирмата што го добила тендерот во Прилеп тоа го направила без негова асистенција, како и дека самата имала право да избере каде ќе си формира седиште.

Јанакиески објасни дека тој од Прилеп се иселил пред десет години, па затоа немал врска со наследената куќа, која била издадена под кирија. Како и да е, ниту еден закон не е прекршен, вели Миле Јанакиески.

„Имено во фирмата „Лудвиг Фајфер“ Прилеп немам никаква сопственичка поврзаност. Видно од тековната состојба евидентирана во Централниот регистар на Република Македонија основач и сопственик на правното лице „Лудвиг Фајфер“ Прилеп е правното лице „Лудвиг Фајфер ХОХ-И ТИФБАУ ГМБХ&КО.кг Касел“ – Германија. Јас како физичко лице сопственик на индивидуална куќа со површина од 396 м2 која се наоѓа на ул. Браќа Ламески бр.32 во Прилеп, на ден 01.09.2013 година имам склучено договор за закуп на наведената куќа со рок на важност на договорот до 31.08.2015 година со Проектот “Рехабилитација и продолжување на канализационата мрежа во Прилеп” за месечна закупнина од 700 евра. Сопственоста на куќата која е предмет на закуп уредно е пријавена во мојот анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупцијата“, пишува во соопштението на министерот.

Тој додава и дека договорот за закуп на куќата бил пријавен во Управата за јавни приходи на 30.09.2013 година, и редовно плаќал персонален данок кон државата.

„Ве информирам дека јас сум иселен од Прилеп пред повеќе од 10 години и постојано живеалиште ми е во Скопје, а сопственоста на предметната куќа ја имам добиено по основ на наследство. Истата беше предмет на издавање под закуп и во претходните 10 години пред да биде склучен договор за закуп со сегашниот закупец. Во однос на прашањето зошто седиштето на фирмата се совпаѓа со адресата на мојата семејна куќа во Прилеп, Ве упатувам ова прашање да го упатите до наведената фирма бидејќи секое правно лице при регистрација на фирмата самото определува која ќе биде адресата на седиште на фирмата“, вели министерот.

Тој додава дека во конкретниот случај со склучениот договор за закуп воопшто не е повредена ниту една одредба од Законот за спречување на корупција.

„Согласно член 22 од цитираниот закон договор за закуп не е склучен со правно лице што сум го основал јас или член на моето семејство, ниту пак член на моето семејство е одговорно лице во правното лице закупец на куќата. Исто така, нема никаква повреда ниту на една друга одредба од Законот за спречување на корупцијата со која би имало колизија на приватните интереси со јавниот интерес“, вели министерот и додава дека Министерството за транспорт и врски немало никаков вид на деловни односи со фирмата закупец.

http://fokus.mk/janakieski-demantira-povrzanost-so-germanskata-firma-smestena-vo-negovata-kuk-a/


Последната промена е направена од luxor на Вто Јан 13 2015, 10:48. Мислењето е променето 1 пати

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Гостин Вто Јан 13 2015, 10:47

Sepak , od SDSM , sledese novo obvinuvanje i dodavanje na ushte edna alka vo sindzirot na korupcijata, ministerot za finansii Zoran Stavrevski...

Корупција во владата Timthumb
СДСМ: СТАВРЕСКИ ГО ДАЛ МИЛИОНСКИОТ БИЗНИС НА ФИРМАТА СМЕСТЕНА ВО КУЌАТА НА ЈАНАКИЕСКИ
Од опозициската СДСМ тврдат дека врската меѓу министерот Јанакиески и германската фирма се продлабочува
Фокус 11 јан 2015, 16:05
Иако министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески демантираше поврзаност со германската фирма, која е регистрирана во неговата куќа во Прилеп и која добила милионски бизнис во Македонија, од СДСМ денеска додаваат дека овој скандал добил уште поголеми размери.

-Во обидот министерот да се извлече од скандалот, тој го прошири во размери што сега ја тресе и Владата на Никола Груевски. Објавивме, и Јанакиески потврди, дека од сите можни локации и илјадници куќи во Прилеп и Македонија, токму куќата на министерот за транспорт и врски во Прилеп е седиште на германската фирма „Лудвиг Фајфер“, избрана од власта за учество во 30 милионскиот проект Пречистителна станица. Министерот Јанакиески во реакцијата убедува дека не знае како оваа странска фирма станала кираџија токму во неговата куќа во Прилеп. Но, Јанакиески во реакцијата самиот информира дека тој, склучил Договор за закуп со, внимавајте, “Проектот за рехабилитација и продолжување на канализациската мрежа во Прилеп“. Ако Владата, односно министерот за финансии Зоран Ставрески, е еден од одговорните за управување со европските пари од Компонентата 3 од ИПА, значи лично кумот на Груевски, Ставрески го потпишал Договорот за милионскиот проект, со фирмата регистрирана токму на имотот на министерот во Владата, Јанакиески?!, истакна Шилегов.

Тој напомена и дека по ова признание на министерот, Груевски, Ставрески и Јанакиески треба да одговорат неколку прашања.

- Вака ли работи Владата со странски фирми во Македонија? За лични профити? Јанакиески за овој случај сам соопшти дека зема кирија 700 евра месечно. За две години, за колкав период што тој тврди дека е закупена неговата куќа, во џебот на министерот ќе влезат 16.800 евра!, рече Шилегов.

Тој праша и дали Јанакиески излажал кога тврдел дека немал ништо со 30 милионскиот проект.

-Ако овој проект е финансиран од Европската унија – ИПА Компонентата 3, еве доказ дека истата е управувана и од министерството со коешто раководи Јанакиески. Значи ли тоа дека министерот сепак лаже?! Последно што се дозна беше дека сопругата на министерот за привлекување странски инвестиции е сместена на висока раководна позиција во германска фирма што добива државна помош за да инвестира во Македонија, потсети Шилегов, кој додаде дека премногу случајности се собрале во врските на владини функционери со странски фирми, а од друга страна, како што рече, партизираните институции не реагирале.

Од Министерството за транспорт и врски, пак, повторно го демантираа Шилегов.

„Случајно или не Шилегов заборави да изнесе на партиската говорница дека Комонентата 3 од ИПА е поделена на два дела и тоа Транспорт и Животна средина. Шилегов добро знае дека овој проект нема никаква врска со ресорот транспорт и дека Министерството за транспорт и врски со кој раководи министерот Миле Јанакиески нема никаква врска со договорот за Проектот за рехабилитација и продолжување на канализационата мрежа во Прилеп. Ако не е информиран го упатуваме да се информира во Европската Комисија каде му стојат сите информации на располагање“, велат оттаму.

http://fokus.mk/sdsm-stavreski-go-dal-milionskiot-biznis-na-firmata-smestena-vo-kuk-ata-na-janakieski/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Гостин Вто Јан 13 2015, 10:54

Pritisokot i razotkrivanjeto na aferata,SDSM go prodolzi, so baranje do ministrite Stavrevski i Janakievski, kako i premierot Gruevski da objasnat za zdelkata sklucena vo cetiri oci...


Корупција во владата Petre
СДСМ: ФИРМАТА СМЕСТЕНА ВО КУЌАТА НА ЈАНАКИЕСКИ ДОБИЛА ТЕНДЕР ВО ЧЕТИРИ ОЧИ?!
СДСМ бара Груевски, Ставрески и Јанакиески да ја објаснат зделката со германската фирма „Лудвиг Фајфер“
Фокус 12 јан 2015, 15:29
Германската фирма „Лудвиг Фајфер“ која е сместена во куќата на министерот Миле Јанакиески, во Прилеп,  тендерот за изградба на Пречистителна станица во Прилеп го добила во директна спогодба, откако претходно тендер за станицата бил поништен, информираше денеска Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

- Каде и да се чепне во случајот со странската фирма во куќата на министерот Јанакиески, скандалот станува поголем. Не само што фирмата „Лудвиг Фајфер“ е кираџија во куќата на министерот Миле Јанакиески. Не само што на оваа фирма лично вицепремиерот за финансии Ставрески и потпишал договор во 30 милионскиот бизнис Пречистителна станица Прилеп. Овие официјални документи објавени на страницата на Европската унија откриваат дека Владата на Груевски и го дала бизнисот на германската фирма во дирекна спогодба, рече Шилегов.

Презентирајќи документи, тој рече дека на тендерот се јавиле дури четири заинтересирани фирми, но вицепремиерот Зоран Ставрески го потпишал договорот со фирмата чие што седиште е на имотот на министерот Јанакиевски.

- Сето ова се случува откако тендерот еднаш е поништен. ИПА Извештајот за 2012 година открива скандалозни информации зошто. Еве го тој документ, во којшто е наведено: „Проектот за Пречистителна станица во Прилеп се соочи со дополнителни задоцнувања во тендерската фаза во 2012 и Делегацијата на ЕУ конечно мораше да ја откаже евалуацијата, поради постоење сериозна загриженост за прекршување на доверливоста на процесот, истакна Шилегов.

Корупција во владата Kuka2-620x511

Тој иронично додаде дека по поништувањето на тендерот и отворената постапка за нов, случајно германската фирма, добитник на милионскиот бизнис е регистрирана на имот на министер во Владата на Никола Груевски, во случајов Јанакиески.

-Случајно Ставрески го склучил договорот со таа фирма. Случајно договорот бил склучен со постапка на преговарање, што значи зделка во четири очи. Случајно министерството со коешто раководи Јанакиески е едно од одговорните за управување со средствата од кои се финансира Проектот. Случајно проектот ја закупил куќата на Јанакиески. Случајно на оваа куќа нема никаква информација дека таму работи некоја фирма, искоментира Шилегов.

Тој покажа и фотографии од куќата на министерот Јанакиески во Прилеп.

Корупција во владата Kuka-620x465

-На неа, можеби во контекст на сите случајности, никаде не се гледа табла што би упатила на тоа дека овде има простории на фирма. Груевски, Ставрески и Јанакиевски треба веднаш овие “случајности“ да им ги објаснат на граѓаните на Република Македонија. Партизираните институции трети ден молчат – порача портпаролот на СДСМ.

http://fokus.mk/sdsm-firmata-smestena-vo-kuk-ata-na-janakieski-dobila-tender-vo-chetiri-ochi/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Гостин Вто Јан 13 2015, 10:57

Vo odbrana na ministerot se vkluci i resornoto ministerstvo za transport i vrski,so demant na navodite od SDSM...

Корупција во владата Mile-janakievski
МИНИСТЕРОТ ЈАНАКИЕСКИ БИЛ ЧИСТ, ТВРДАТ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
Реакција на Министерството за транспорт и врски на прес конференцијата на СДСМ
Фокус 12 јан 2015, 19:58
По обвинувањата на СДСМ, дека во куќата на министерот Миле Јанакиески е сместена германската фирма, „Лудвиг Фајфер“, која од Владата добила милионски бизнис, склучен во четири очи, со реакција се јавија од Министерството за транспорт и врски.

„Денеска е третиот ден од пародијата на СДСМ и ширењето на манипулации за наводен скандал направен од страна на министерот Миле Јанакиески. Сакаме да му порачаме на правникот Петре Шилегов да не ја манипулира македонската јавност со смешни прес конференции, доколку тој и неговата партија сметаат дека поседуваат докази за наводна злоупотреба на службената должност од страна на министерот Јанакиески, да ги достават до надлежните институции, се вели во реакцијата на министерството, од каде што го повикуваат Шилегов да одговорел, за како што велат“, матните зделки што ги правел тој и неговите шефови.

Во реакцијата од министерството истакнуваат дека во дворот на куќата на министерот била поставена табла на фирмата, потенцирајќи дека никој ништо не криел. Од таму додаваат и дека најостро ги демантираат обвинувањата од Шилегов.

„Германската компанија која го реализира проектот Рехабилитација и продолжување на канализациона мрежа во Прилеп на 12.07.2013 година го потпишала договорот со ЦФЦД, а на 07.08.2013 година и со ЕУ. Договорот за закуп за куќата е склучен на 01.09.2013 година, што значи дека, изведувачот прво склучил договор со Европската Комисија па потоа и за закуп за куќата. Каде Шилегов овде гледа скандал?“, прашуваат од министерството.

Од министерството додаваат и дека овој проект немал никаква врска со ресорот транспорт и дека Министерството за транспорт и врски со кој раководи министерот Јанакиески нема никаква поврзаност со договорот за Проектот за рехабилитација и продолжување на канализационата мрежа во Прилеп.

Шилегов на денешната прес конференција, пак, истакна дека германската фирма „Лудвиг Фајфер“ која е сместена во куќата на министерот  Јанакиески, во Прилеп,  тендерот за изградба на Пречистителна станица во Прилеп го добила во директна спогодба, откако претходно тендер за станицата бил поништен.

http://fokus.mk/ministerot-janakieski-bil-chist-tvrdat-od-ministerstvoto-za-transport-i-vrski/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Гостин Вто Јан 13 2015, 11:00

A vednas potoa se oglasi i ministterstvoto za finansii vo odbrana na Stavrevski,so zakani za tuzba za kleveta protiv portparolot na SDSM Petre Shilegov...


Корупција во владата Stavreski.portret3
СТАВРЕСКИ БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД ШИЛЕГОВ, ВО СПРОТИВНО ЌЕ МУ ПОДНЕЛ ТУЖБА ЗА КЛЕВЕТА
По Министерството за транспорт и врски, со реакција за денешната прес конферениција на СДСМ, се јави и Министерството за финансии
Фокус 12 јан 2015, 20:15
Министерот за финансии, Зоран Ставрески, му даде рок од 48 часа на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, да му се извини, во спротивно најави дека ќе му поднесе тужба за клевета и навреда. Реакцијата на министерот следува по денешната прес конференција на Шилегов, во врска со бизнис зделката која германската фирма „Лудвиг Фајфер“, сместена во куќата на министерот Јанакиески, ја добила од македонската влада.

„Бидејќи на неколку наврати Шилегов со тенденција го споменува вицепремиерот и министер за финансии Ставрески дека потпишал договор со фирмата изведувач на канализационата мрежа во Прилеп, го повикуваме г-динот Шилегов јавно да го покаже документот за кој тврди дека Ставрески го потпишал. Доколку Шилегов во рок од 48 часа не се извини јавно за изречената клевета согласно член 13, став 3 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда вицепремиерот Ставрески ќе поднесе тужба за клевета“, стои во соопштението на Министерството.

Од таму додаваат дека договорите за ИПА ги одобрува и ги потпишува и Делегацијата на Европската Унија во РМ, односно претставникот на ЕУ во Македонија евроамбасадорот Аиво Орав, врз основа на претходно спроведена тендерска постапка согласно ЕУ правилата за набавка со средства од европските фондови.

„Овие договори не се потпишуваат во четири очи како што тврди Шилегов, туку тие се предмет на транспарентна постапка на избор на најповолен понудувач. Реализацијата на проектот е под континуиран мониторинг од Делегацијата на ЕУ. Дали Шилегов исто така шпекулира на инволвираност на ЕУ во нетранспарентен избор на фирмата за канализационата мрежа во Прилеп?“, стои во соопштението.

http://fokus.mk/stavreski-bara-izvinuvan-e-od-shilegov-vo-sprotivno-k-e-mu-podnel-tuzhba-za-kleveta/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Гостин Вто Јан 13 2015, 11:05

No, od drugata strana, SDSM prodolzi so razotkrivanje na koruptivniot skandal,i postavi poveke prasanja za ministerot za finansii..


Корупција во владата Sdsm
МИНИСТЕРОТ СТАВРЕСКИ НЕ ДОБИ ИЗВИНУВАЊЕ, ТУКУ НОВИ ПРАШАЊА ОД СДСМ
Реакција на СДСМ до Министерството за финансии
Фокус 12 јан 2015, 21:56
Откако министерот Зоран Ставрески побара извинување од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, и се закани со тужба за клевета, од СДСМ вратија со нова реакција. Од партијата му порачаа на министерот дека тој, министерот Миле Јанакиески, како и премиерот Никола Груевски, требало да одговорат на многу прашања поврзани со германската фирма „Лудвиг Фајфер“, сместена во куќата на министерот Јанакиески.

Од СДСМ претходно информираа дека оваа фирма добила милионски бизнис од македонската влада, склучен во четири очи, а како потписник на еден од договорите го посочија и министерот Ставрески, кој пак ја демантираше информацијата.

„Како се случи фирма што добила милионски бизнис, од сите илјадници куќи низ Прилеп и Македонија, да се смести токму на адресата на министeрот Миле Јанакиески во Прилеп? Како од 4-те фирми на тендерот токму избраната фирма, со постапка на преговарање, се најде во куќата на министерот Јанакиески? Како се случи, во ИПА Извештајот за 2012 година, скандалозно, за проектот Пречистителна станица во Прилеп, да биде констатирано дека “Делегацијата на ЕУ конечно мораше да ја откаже евалуацијата, поради постоење сериозна загриженост за прекршување на доверливоста на процесот?“, прашува СДСМ.

Партијата во поткрепа на тезата за вмешаноста на Министерството за финансии посочи документ достапен и преку веб сајтот на министерството, како и линк до сајтот  на Европската комисија, каде што и на документот за поништување на тендерот, и на документот за избран изведувач, под договорен орган стои Министерството за финансии, порача СДСМ.

„Дали Зоран Ставрески е министер за финансии во Република Македонија?“, прашуваат од СДСМ.

http://fokus.mk/ministerot-stavreski-ne-dobi-izvinuvan-e-tuku-novi-prashan-a-od-sdsm/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by osa Вто Јан 13 2015, 14:56

kakvo prashanje :dali e korupcija ili ne ? aman ovie da se nauchea za 9 godini barem da kradat posofisticirano .....zamisli odgovor : ne tenderite ne se preku ministerstvo za transport .....abe idi begaj ...a shto demek nemoze da gi namestat tenderite vo ministerstvo za finansii i da lapaat site od plenot ...demek nemoze da si gi lapne parite ako on ,potochno negovoto ministerstvo ne gi dogovorile tenderite ....e ova e gaf na stoletieto breeee

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Гостин Вто Јан 13 2015, 17:16

Dobro be, ovie mislat mrdnati sme?Kaj gi ukrale parite , isami sebe si namestile tenderi, uste i lazat.Milence 30% ke go raskinuval dogovorot za zakup so firmata Ludvig Fajfer.I pazi koe scenario, covekot si imal oglas zalepen na vrata, i ovie op,bas negovata kuka ja izbrale.Na Milence i kumot , po doaganje na vlast, treba da im se zalepat po 30,ama ne milioni tuku godini vo Idrizovo... Корупција во владата 97

Закупците ја нашле куќата на Јанакиески на оглас залепен на влезната врата

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска попладнево на прес конференција во просториите на министерството објави дека го раскинува договорот за закуп со фирмата „Лудвиг Фајфер“, а најави и тужба за портпаролот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Петре Шилегов. Реакциите на министерот доаѓаат по објавените информации дека компанијата која го добила тендерот за проектот „Реконструкција и продолжување на канализациона мрежа во Прилеп“ раководен од Министерствоот за финансии закупила деловен простор за потребите на проектот во куќата на Јанакиески во Прилеп.

- Ги повикувам јавното обвинителство, Антикорупциската комисија и сите надлежни органи доколку постои макар и најмал сомнеж за корупција и конфликт на интереси да постапат согласно своите надлежности. Нема да му дозволам на Шилегов со навреди да го валка моето име, рече министерот на прес конференцијата додавајќи дека тој во Прилеп не живее веќе 10 години, а куќата која што ја стекнал како наследство ја издава од 2005 година за што уредно ја известил и Антикорупциската комисија.

На прашањето на НОВА како ги запознал закупците кои одлучиле да ја изнајмуваат токму неговата куќа Јанакиески рече дека имал објавено оглас на влезната врата од куќата.

- Имав објавено едноставно бели листови, А4 формат на влезната врата од куќата во Прилеп што ја издавам, одговори министерот за транспорт и врски.

novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=19458

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by osa Вто Јан 13 2015, 17:27

YAS напиша:Dobro be, ovie mislat mrdnati sme?Kaj gi ukrale parite , isami sebe si namestile tenderi, uste i lazat.Milence 30% ke go raskinuval dogovorot za zakup so firmata Ludvig Fajfer.I pazi koe scenario, covekot si imal oglas zalepen na vrata, i ovie op,bas negovata kuka ja izbrale.Na Milence i kumot , po doaganje na vlast, treba da im se zalepat po 30,ama ne milioni tuku godini vo Idrizovo... Корупција во владата 97

Закупците ја нашле куќата на Јанакиески на оглас залепен на влезната врата

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска попладнево на прес конференција во просториите на министерството објави дека го раскинува договорот за закуп со фирмата „Лудвиг Фајфер“, а најави и тужба за портпаролот на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Петре Шилегов. Реакциите на министерот доаѓаат по објавените информации дека компанијата која го добила тендерот за проектот „Реконструкција и продолжување на канализациона мрежа во Прилеп“ раководен од Министерствоот за финансии закупила деловен простор за потребите на проектот во куќата на Јанакиески во Прилеп.

- Ги повикувам јавното обвинителство, Антикорупциската комисија и сите надлежни органи доколку постои макар и најмал сомнеж за корупција и конфликт на интереси да постапат согласно своите надлежности. Нема да му дозволам на Шилегов со навреди да го валка моето име, рече министерот на прес конференцијата додавајќи дека тој во Прилеп не живее веќе 10 години, а куќата која што ја стекнал како наследство ја издава од 2005 година за што уредно ја известил и Антикорупциската комисија.

На прашањето на НОВА како ги запознал закупците кои одлучиле да ја изнајмуваат токму неговата куќа Јанакиески рече дека имал објавено оглас на влезната врата од куќата.

- Имав објавено едноставно бели листови, А4 формат на влезната врата од куќата во Прилеп што ја издавам, одговори министерот за транспорт и врски.

novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=19458

abe glup si e shto go zezaat so vakvi prashanja ?

fali sega da go prashaat dali na bel list A 4 format, oglasot bil i na stranski jazik ......abe se umrev od smeenje he he he

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by osa Вто Јан 13 2015, 17:29

Petre SHilegov da go pozdravam ,bravo majstore ,taka malku poenergichno

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Laba Сре Јан 14 2015, 07:51

мислам дека се крева прашина . многу окритија беа претставени на јавноста но на крајот ништо не испадна. можеби треба да се подготват подобро, со издржани аргументи. со внимание ги следам но не гледам дека нешто ке се промени или ке се постигне некоја цел.
Laba
Laba

Број на мислења : 41
Join date : 2015-01-14

http://www.abwa.org/pages/about-abwa

Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by makijaveli Сре Јан 14 2015, 09:28

Во куќата на Јанакиески сместени уште две фирми - „ИГИП“ и „Иванов инженеринг“

Во семејната куќа на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на улица „Браќа Ламески“ бр.32 во Прилеп, вистинска „врвулица“ од фирми и луѓе.

Имено, покрај тоа што во куќата на Јанакиески се наоѓа канцеларијата на изведувачот на работите на проектот „Реконструкција и продолжување на канализационата мрежа во Прилеп“, фирмата „Лудвиг Фајфер“, таму е сместена и канцеларијата на конзорциумот кој врши надзор на работите, германскиот „ИГИП“ и „Иванов инженеринг“ од Битола.

И не само што во куќата на улица „Браќа Ламески“ бр.32 во Прилеп се наоѓаат канцелариите на овие фирми, туку на истата адреса е регистрирано и седиштето на македонската подружница на фирмата „Лудвиг Фајфер“, чиј управител е извесен Дејан Тошевски од Охрид.

Откако ги посетивме канцелариите на двете фирми лоцирани во куќата на министерот за транспорт и врски, НОВА до министерот упати прашање за неговата поврзаност со фирмата „Лудвиг Фајфер“.

Во одговорот Јанакиески негира било каква сопственичка поврзаност со оваа фирма, потенцирајќи дека основач и сопственик на правното лице „Лудвиг Фајфер“ Прилеп е правното лице „Лудвиг Фајфер ХОХ-И ТИФБАУ ГМБ&КО.кг Касел – Германија.

Запрашан за причините поради кои седиштето на подружницата на фирмата во Македонија се наоѓа токму во неговата семејна куќа во Прилеп, министерот нѐ упати одговорот на ова прашање да го побараме во наведената фирма, бидејќи како што рече Јанакиески „секое правно лице при регистрација на фирмата самото определува која ќе биде адресата на седиште на фирмата“!?

Согласно препораките на министерот, НОВА се обрати и до „Лудвиг Фајфер“ со седиште во Прилеп, фирма основана на 16.09.2013 година, односно истиот месец кога започнаа работите на реконструкцијата на канализационата мрежа.

Оттаму немаат одговор на прашањето дали постои било каква сопственичка поврзаност на фирмата со првиот човек на Министерството за транспорт и врски, исто како што не ги образложија ниту причините поради кои седиштето на фирмата се наоѓа токму во семејната куќа на министерот.

Исто така, од „Лудвиг Фајфер“ не кажаа дали, од етички аспект, постојат пречки двете, условно кажано, спротивставени страни кои директно учествуваат во имплементацијата на проектот, изведувачот на работите и надзорниот конзорциум „ИГИП“ и „Иванов инженеринг“, да бидат сместени во еден ист објект.

Со истите прашања се обративме и до конзорциумот кој врши надзор на работите, „ИГИП“ и „Иванов инженеринг“. Идентично како и во случајот со изведувачот на работите, надлежните од надзорниот конзорциум не одговорија на поставените прашања.

Што се однесува до битолската фирма „Иванов инженеринг“, официјалните информации од нејзината веб страна велат дека главни дејности на фирмата се проектирање и инженеринг. Во досегашното работење, нивни клиенти биле и Владата на РМ, Министерствата за здравство, образование и наука, земјоделство, правда и заштита на животната средина, Град Скопје, како и општините Аеродром, Гази Баба, Битола, Сарај, Велес, Охрид, Вевчани, Петровец, Илинден и др.

При својата неодамнешна посета на Прилеп, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири рече дека висината на договорот за надзор на градежните работи на проектот изнесувала 996.460 евра.

Со оглед на тоа што носител и краен корисник на проектот „Реконструкција и продолжување на канализациона мрежа во Прилеп“ е Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), ја контактиравме и координаторката на проектот Николина Рувческа.

Рувческа ја прашавме дали за МЖСПП не постои проблем во тоа што изведувачот на работите и надзорниот конзорциум се сместени во ист објект?

Според нејзините зборови, Министерството не го интересирало каде се наоѓаат канцелариите на фирмата која е изведувач на работите или на надзорниот конзорциум, односно тоа не било во надлежност на МЖСПП.

Истовремено Рувческа ги демантираше шпекулациите дека нејзиниот сопруг Тони Рувчески, поранешен директор на ЈКП „Пелагонија“ од Кривогаштани во периодот 2009-2013, има било каква врска со проектот за реконструкција на водоводната мрежа. Рувческа потврди дека нејзиниот сопруг имал приватна фирма за проектирање, која според нејзиното тврдење, на ниту еден начин не била вклучена во проектот координиран од нејзина страна.

Градежните работи на проектот „Реконструкција и продолжување на канализациона мрежа во Прилеп“ започнаа во септември 2013 година. Вкупната вредност на првата фаза од проектот изнесува 6.263.360 евра. Оваа фаза има период на реализација од 24 месеци и гарантен период од 12 месеци, што значи дека треба да заврши во септември 2016 година.

_________________
Пред се, биди вооружен.
makijaveli
makijaveli

Број на мислења : 11
Join date : 2015-01-14
Age : 50
Местолокација : Skopje

Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Гостин Сре Јан 14 2015, 22:12

Eve go kumot,so poznatite metodi na zaplasuvanje na opozicijata.On ke tuzi, a partiskiot sud na dpmne-ovcite ke presudi vo negova  korist...

Ставрески го тужи Шилегов за случајот „Лудвиг Фајфер“


Министерот за финансии Зоран Ставрески денеска поднесе тужба за клевета против портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов за неговите пресконференции во врска со германската компанија „Лудвиг Фајфер“ која е сместена во куќата на министерот Миле Јанкиески.

Корупција во владата Zoran-stavreski-540x248

– Измина законскиот рок од 48 часа согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност, за портпаролот Петре Шилегов јавно да му се извини на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески за клеветата која јавно ја ирече на 11 и 12 јануари дека Ставрески го потпишал договорот со германската фирма „Лудвиг Фајфер“ за рехабилитација на канализационата мрежа во Прилеп. Бидејќи Шилегов не даде никакви докази дека вицепремирот е потписник на договорот, ниту се извини за лагата, Ставрески, како што вети, подготви и во текот на денот ќе достави тужба за клевета до Обвинителството, велат од Министерството за финансии.

libertas.mk/%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B3%D0%BE-%D1%82%D1%83%D0%B6%D0%B8-%D1%88%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%B2-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%87%D0%B0%D1%98%D0%BE%D1%82/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Гостин Чет Фед 05 2015, 23:55

Нов скандал. Овој пат во министерството за труд и социјална политика.

СКАНДАЛ: ДАЛИ Е ОВА ПРИЧИНАТА ЗА „ХАКИРАЊЕТО“ НА МЕИЛОТ НА МИНИСТЕРОТ СПАСОВ?

На електронската адреса на порталот Centarnews беше доставен имеил од вработени во министерството за труд и социјална политика.

Корупција во владата Untitled%288%29

Станува збор за сторен криминал од страна на министерот Диме Спасов. Во дописот се наведува дека министерот Спасов, на ден 4-ти февруари 2015-та година од својата емаил адреса до одредени лица Јасмина и Боби, отворено побарал 500 евра по работник, како би се обработило барањето за ангажирање на работници во странство (Деташман) во СР Германија.
Имено министерството за труд и социјална политика на ден 23.01. 2015-та година објавило повторен јавен повик под Бр.08-629/1 за ангажирање на работници за изведување на градежни работи во СР Германија за период до 30-ти септември 2015-та година.

Корупција во владата Untitled%287%29

Министерот Спасов отворено бара од горе наведените лица Јасмина и Боби, во врска со објавениот конкурс за деташман на работници, однапред да платат сума од 500 евра по работник инаку во спротивно нивното барање воопшто нема да се земе во предвид и притоа се заканува дека ќе издаде насоки до одредена Стојна да ја тргне нивната апликација, ако не го сторат побараното. Притоа Спасов јасно наведува дека со оглед на политичката ситуација и можните избори, потребно е да се направи „НЕКОЈА ПАРИЧКА“ и доколку фирмата биде фер кон него истата може да ги добие сите работници кои ги бара.

Корупција во владата M%282%29

Освен до наведените Јасмина и Боби, истиов овој имеил е испратен и до следниве имеил адреси:
MGiovski@mtsp.gov.mk (портпарол на министерството)
Ј Ivanova@mtsp.gov.mk (одговорно лице на договорен орган и државен советник за ЕУ интеграции)
MDimiskova@mtsp.gov.mk
BStefkofski@mtsp.gov.mk (државен советник за креирање и развој на политики за заштита на деца)

Корупција во владата Capture2%281%29

Се поставува прашањето, дали денешната објава за хакирањето на имеил адресата на министерот Диме Спасов е само обид за обезбедување на алиби или претставува уште еден обид за замајување на јавноста и прикривање на криминалот?

http://www.dokaz.mk/skandal-dali-e-ova-prichinata-za-hakiraneto-na-meilot-na-ministerot-spasov/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Гостин Чет Фед 05 2015, 23:57

Kade li ke im bide krajot koga ke padnat od vlast... Корупција во владата Smiley-char039

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Hamad bim Khalifa Пет Фед 06 2015, 06:56

A nie si mislevne celo vreme: Mali Dimo, grevce na mama go zele od gradinka i namesto celodnevno da si igra so drugarcinjata, toa kutroto mora da sedi po cel den na dosadni sostanoci i pres konferencii...... e Dimce, dimce....civa se moma li ke bides u Idrizbeg ....?
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Гостин Нед Мар 29 2015, 11:05

Mnogu pametno postaveno prashanje...

ВИДЕО Хајредини: Kолку се лежи затвор за мито од 20 милиони евра?

Корупција во владата 9(6)

Во последното издание на „360 степени“ на ТВ Алсат-М анализирајќи ги телефонските разговори што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за корупција во тендерите на ЕЛЕМ за РЕК Битола и при договарањето на сумите за изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип, поранешниот министер за финасии Џевдет Хајредини ја отвори дилемата за тоа колкава би била казната за оние кои земаат мито од повеќе милиони евра ако за само 500 илјади, кои ги добил од кинеската фирма која ја градеше „Козјак“, тогашниот директор Панде Лазаров одлежа 5 години затвор.



http://plusinfo.mk/vest/20177/video-hajredini-kolku-se-lezi-zatvor-za-mito-od-20-milioni-evra

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Hamad bim Khalifa Нед Мар 29 2015, 11:20

Se stega obracot!!!! Twisted Evil
Hamad bim Khalifa
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by трендафил Чет Јан 28 2021, 19:04

Чудно е што на форумов не се зборува за актуелната корупција ниту пак некоја институција е посветена на овој проблем. а Македонија во извештајот на Транспаренси Интернешнел го бележи најлошиот резултат од 2001 година кога оваа организација за прв пат не стави на нивната листа. Заедно со Босна и Херцеговина, Панама и Монголија. Од хибриден режим што поткупува или уценува пратеници и не може да се очекува нешто подобро. Не верувам дека по ова Заев ќе си даде оставка, но тоа би требало да го направи најмалку борачот против корупција Љубчо Николовски. Да потсетам дека нашето друштво Панама е првата држава на светот именувана како банана држава. Срамно и безобразно е ломотењето на СДСМ дека влошувањето било последица на остатоци од „режимот“. Ако се работи за остатоци корупцијата од година во година би била помала, а не погилема.
http://transparency.org.mk/images/stories/2021/prezentacija_cpi2020.pdf
https://plusinfo.mk/hibridniot-rezhim-makedoni-a-e-na-korumpiran-na-balkanot-ova-mora-da-e-lazhna-vest/

И ДУИ бара курбан кај министрите од СДСМ, вадејќи се на тоа дека во двете децении власт на оваа партија корупцијата била помала кога биле во коалиција со ВМРО отколку кога се во коалиција со СДСМ.

https://expres.mk/ahmeti-bara-kurban-za-korupcijata-na-listata-trojca-ministri-i-antikorupcionerkata-ivanovska/

https://twitter.com/aps_aana/status/1354791880970612736?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1354791880970612736%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fexpres.mk%2Fsporedbena-analiza-korupcija-sdsm-dui-dui-vmro-dpmne%2F

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by трендафил Пет Јан 29 2021, 18:39

Интересна изјава на вице премиерот одговорен за корупција Љупчо Николовски во врска со извештајот со кој Македонија е заедно со Босна и Херцеговина најкорумпирана земја на корумпираниот Балкан. Најлош резултат што сме го имале до сега. Тој вели дека последното рангирање на Транспаренси Интернешнл не значи дека „корупцијата пораснала, туку резултатите се перцепција на граѓаните“. Секогаш рангирањето било според перцепцијата. За прв пат имаме случај да гледаме снимка со судска дозвола на којагледаме како некој бара на едно евро за државата и едно евро за црквата на која дотичниот е ктитор и во тек на судската постапка да гледаме дека обвинителството бара, а судот прифаќа истиот доказ да се отфрли. После тоа дотичниот з.з. станува и останува премиер. Ослободен е во време кога и покрај тоа што е обвинет З.З. е претседател на комисијата за судски реформи, што значи дека може да ги отстрани и обвинителот и судијата ако не пресудат во негова полза. Гледаме дека обвинителите од СЈО земале криминален паричен додаток, а нема никаква одговорност за нив. Тие и покрај криминалот обвинуваат други, поситни од нив криминалци. Треба ли да верувам дека тие што го ослободија З.З. се остатоци од минатиот систем или дел од актуелниот. Како да верувам дека имало слобода на печатот, кога секоја вест што не е по мерка на премиерот Заев или премиерот во сенка Ахмети се прогласува за лажна. На пример веста дека не сме добиле датум за преговори пред две години. Очекувам дека конечно некој од ботовите на Заев ќе собере храброст да напише нешто (не од типот дека сум глупав, небањат и слично, за тоа ве бива) туку аргумент врз основа на кој мислите дека Транспаренси лаже. Дека погрешна перцепција имаат експерти за корупција од најмалку три меѓународни организации чии оценки како прсек влегуваат во индексот за перцепција на корупција на секоја земја. Не се работи само за перцепцијата на граѓаните.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by трендафил Саб Јан 30 2021, 20:34

Лажна вест од СДСМ Тие тврдат во своето соопштение дека ВМРО било симбол за корупција.

https://sdsm.org.mk/soopstenija/20994

Се работи за лажна вест. Бројките говорат дека според неутрален извор Транспаренси Интернешенл ВМРО ја намали корупцијата од 105 место наследено од СДСМ во 2006 година на 84 во 2007. Имаше и подобрување до 62 место во 2010 година. Најголема бројка е 90 место во 2016 година, кога евроатлантската меѓународна банда (Сорос и некои амбасади) платија повеќе милиони евра за лажни вести за рушење на тогашната власт врз основа на разни шпекулации. Најдобар пласман на оваа власт е 93 место во 20118 година (полошо од најлошото рангирање на владите на Груевски) а сега не урнисаа до 111 место. Нешто очигледно не е во ред со пишувачот на соопштението од СДСМ и на тој што го одобрил за пуштање во јавност. Сега, кога сите податоци се достапни на интернет не верувам дека има некој да е толку будала да верува во вакви вести што се многу лесни за проверување.
Ме радува што на форумов владее срам кај ботовите на Заев и Ахмети и не го бранат тоа што е јасно дека не може да се одбрани.
Инаку тажно е што во СДСМ нема чувство за одговорност, па наместо некој сам да си поднесе оставка, опозицијата треба да поднесе интерпелација за некои од министрите. Очигледно го загубиле контактот со реалниот свет.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by трендафил Пон Фед 01 2021, 19:29

Го слушам вицепремиерот задолжен за борба со корупцијата како гостин во дневникот на Сител како се обидува да ја префрли вината за лошата оцемка за борбата со корупција. Заборава дека СДСМ е скоро 4 години на власт, а ДУ веќе две децении. ВМРО си замина со 90 место на табелата на Транспаренси, а по 4 години наводна борба не сме барем за едно место подобри, туку за 21 место подолу. Лаже и дека претседателот на ВМРО е во бегство. Груевски не беше претседател на ВМРО кога си замина, а перцепција на граѓаните е дека бил во (коруптивен) договор со власта кај едни, а дека корумпираното судство го гонеше без вина од други.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by трендафил Нед Фед 07 2021, 20:17

Очекував дека некој од заеивистанците на форумов ќе напише нешто за најголемите проблеми што ги има Македонија, а тоа се катастрофално лошиоѕ резултат на табелата на Транпаренци за корупција и за поминувањето на земјата од категорија на демократија со недостатоци во хибриден режом што значи прво лажирани избори, потоа партизација, корупција и слично.
Во претходните одговори се спомнува наводна корупција во РЕК Битола. Тогаш на пример цената на еден тон ископан јаглен беше 15 евра. Сега е двојно поскап, 30 евра.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11146
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Корупција во владата Empty Re: Корупција во владата

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот