Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Шипинка

Go down

Шипинка Empty Шипинка

Пишување by Гостин Чет Мар 19 2015, 11:03

Шип- шипка-шипинка

Шипинка Sipka1%20x200

Системско место и општи карактеристики на шип
shipka
Шипот спаѓа во редот на Rosales, фамилија Rosaceae, од каде се издвоени два културни вида, и тоа: Rosa canina и Rosa rugosa. Поради биолошко активните амтерии што ги содржи шипот може да има важна улога во исхраната на човекот. Шипот заедно со некои други егзотички растенија се овошни видови, кои се богати со витамини и други биолошки активни материи, па затоа нивните плодови ги сметаме како храна и како лек. Синтетичките витамински препарати знатно помалку се корисни, бидејќи покрај витаминот C, содржат и други хемиски материи. Витамините што се наоѓаат во природна форма, односно во разни видови на храна се копмлексно поврзани со голем број органски и минерални материи кои благотворно делуваат на организмот.

     Докажано е дека со употреба на шипот се лекуваат разни заболувања: бубрези, капиларен систем и др. Особено е корисен преку зима и рана пролет при чести настинки, а во исхраната при несостаток на витамин С. Во секој случај, тој служи и како превентивно и лековито средство, па може во целост да го замени лимонот од кој има повеќе витамин С. Покрај чаеви може да се прават и разни други напитоци како сокови, мармалади, слатко и др. Во последно време се работи и на витаминизирање на виното. Во некои земји од шипот се екстрахираат природни витамини, кои треба да служат како замена за синтетските. Шипот не само како сув, туку и како смрзнат може да се задржи подолго време за преработка или за консумација. Витаминот С од шипот е многу постабилен и малку се разградува при термичка обработка. Во мармаладот од шипот и покрај тоа што се добива после многу вриење, пак останува и до 400мг% С-витамин.

     Интересно е да се спомене и тоа дека ако е истиот на погодна локација, тој практично не страда од болести и штетници. Шипот е едно од најскромните овошни растенија. За негово одгледување најдобри се ридско-планинските предели на 1000 до 1200 м надморска висина. Тој не само што е многу отпорен на ниски температури, туку е отпорен и на суши и на сиромашни и скелетни почви. Шипот може да биде употребуван како растение за пречување на ерозија.

Култивирани видови на шип
Rosa canina
rosa canina sip
Од овој вид неодамна е селекциониран шип без боцки. Оваа форма по се личи на дивиот шумски шип, само што по должината на леторастите нема боцки или има само по некоја. Леторастите достигнуваат должина од 1 до 3 м и се во форма на џбунови. Плодовите се поситни во однос на видот Rosa rugosa и се со елипсовидно издолжена форма, со просечна тежина од 2 до 2.5 гр. Околу 60% од тежината на плодот опаѓа на месестиот дел и околу 40% го сочинуваат семките. Содржината на витамин С е помала во однос на другиод вид на шип, но сепак поголема е во однос на другите видови на овошје. Освен С витамин во месотот има и многу каротиноиди, а семките содржат околу 6 до 8% сурови протеинии околу 8% сурови масти.Покрај големиот процент на суви материи овој вид на шип претежно се користи за сушење, а потоа се употребува во форма на чај. Свежите плодови доста се употребуваат при проиводство на мармалад.

    Селекционираниот вид на шип цути во мај и јуни и според тоа нема никаква опасност од пролетни мразеви, а зимските ниски температури во наши климатски услови не му нанесуваат никакви штети како што може да се случи кај актинидијата. Зрее во август и септември, а бербата може да се врши одеднаш. Прородува уште во втора година, а во полн род стапува во 4 година. Овој вид раѓа на 2 годишни и на постари леорасти. Бербата засега се врши рачно. Еден работник може да набере 40 до 60 кг, а во некои земји се работи на конструкција на линија за берба.

Rosa rugosa
rosa rugosa sip
Овој вид се размножува во последно време повеќе во однос на претходнит вид. Овој див има кревки леторасти, со должина од 1 до 1.5 м. Тие не се свиткуваат во форма на лакови, туку остануваат исправени и по хабитусот повеќе личат на рибизли. Неговите леторасти се обраснати со многубројни ситни трновидни израстоци, а според тие повеќе личат на малини, само што овде израстоците се погруби. Цветовите се со виолетова боја и со цутење започнуваат во мај, но продолжува цело лето и цела есен, па со ова претставува и добар украс и перманентна пчелна паша. Плодовите се крупни и имаат топчеста форма со долги засечени ливчиња, кои се остатоци од цутот. Просечна тежина на плодот изнесува од 6 до 15 гр, а поединечни плодови можат да достигнат тежина и до 20 гр.

     Процентот на месо е до 70 до 80%, а остатокот отпаѓа на семето, чашки и други остатоци. Содржи извонредно многу витамин С од 700 до 900 мг% на 100 гр плод, или од 14 до 18 пати повеќе од лимонот. Овој вид на шип бара нешто подобри почвени услови. Во такви случаеви подобро плодоноси. Прородува во првата година, а во втората може да има значителна количина на род, а во третата година стапува во полна родност.

http://zemjodelie-ovostarstvo.com/sip-i-rasad-na-sip-vo-makedonija.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот