ЗАНИМЛИВОСТИ
2 posters
Страна 1 of 1
ЗАНИМЛИВОСТИ
Тука ке ги пишуваме сите интересни случки што се случиле во последните 24 часа.Повелете збогатете ја темата со содржини кои се интересни според вас .
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16512
Join date : 2015-01-11
Re: ЗАНИМЛИВОСТИ
Спектакуларна појава на небото над Скопје
Целиот Балкан беше сведок на една необична појава на небото. Пред заоѓањето на Сонцето имавме прилика да уживаме во спектакуларната глетка на небото.
Социјалните мрежи се преплавени со фотогафии од оваа прекрасна глетка...
Целиот Балкан беше сведок на една необична појава на небото. Пред заоѓањето на Сонцето имавме прилика да уживаме во спектакуларната глетка на небото.
Социјалните мрежи се преплавени со фотогафии од оваа прекрасна глетка...
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16512
Join date : 2015-01-11
Re: ЗАНИМЛИВОСТИ
СЕКОЈА ЧЕСТ: Хумано дете со гитара на плоштад собира донации за малата Ели
На социјалните мрежи осамна фотографија на која се гледа како хумано дете собира пари за малата Ели. Ова дете среде плоштад со својот инструмен успеа да собере 8.700 денари. Секоја чест за ова прекрасно дете кое треба да биде пример за сите генерации.
Малата Ели боледува од тешката и ретка болест аганглионарен мегаколон.
Како што пренесува Телеграф.мк, Фондот за здравство одобри малата Ели да остане во болницата во САД уште 16 дена на државна сметка, но и покрај ова не значи дека на малото девојче не и се потребни донации.
На социјалните мрежи осамна фотографија на која се гледа како хумано дете собира пари за малата Ели. Ова дете среде плоштад со својот инструмен успеа да собере 8.700 денари. Секоја чест за ова прекрасно дете кое треба да биде пример за сите генерации.
Малата Ели боледува од тешката и ретка болест аганглионарен мегаколон.
Како што пренесува Телеграф.мк, Фондот за здравство одобри малата Ели да остане во болницата во САД уште 16 дена на државна сметка, но и покрај ова не значи дека на малото девојче не и се потребни донации.
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16512
Join date : 2015-01-11
Re: ЗАНИМЛИВОСТИ
ФОТО: 44-годишна мајка на две деца која изгледа како да има 20 години е интернет сензација
Можеби нема да ви се верува, но оваа младолика жена е на половина од петтата деценија од својот живот. 44-годишната фитнес фанатичка е мајка на две деца, 13-годишен син и 9-годишна ќерка.
Фотографиите на Џанг Тингсјуен деновиве го обиколија светот, привлекувајќи море од комплименти за нејзиниот изглед. Слободно може да се каже дека младоликата Тајванка има кожа и тело на кои секој би позавидел.
Џанг е родена во 1971 година, а во својата татковина го добила прекарот „Gym Queen“ или „Фитнес кралица“ откако пред неколку години стекнала популарност со фотографии од своите тренинзи. Таа инстантно привлекла обожаватели со младешкиот изглед и тонираното тело, што ја поттикнало да започне да снима видеа со свои вежби и да ја напише книгата „Ослабете за шест минути“.
Инспиративната мајка тврди дека намалила 22 килограми од својата тежина преку аеробик вежби кои сама ги создала, а кои можат да се практикуваат каде било. Тренинзите траат околу 6 минути. „Вежбањето не треба да биде ограничено со време и локација. Штом ќе помислите на него, веднаш можете да започнете да правите вежби за растегнување за да го одржите своето тело во фит форма“ – вели таа.
Тингсјуен им советува на оние кои сакаат да ослабат никогаш да не гладуваат, туку редовно да вежбаат. „Мојот главен фокус е редовно да вежбам, како и да го избегнувам консумирањето на храна која содржи премногу шеќер. Никогаш не гладувајте доколку сакате да изгубите килограми. Сè додека редовно вежбате, со сигурност ќе слабеете“ – советува таа.
Џанг ги обиколи и кинеските медиуми пред две години, откако на блог биле објавени фотографии од неа и нејзиниот син.

Kalinda- Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|