Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

TITANIK

+2
osa
defo
6 posters

Страна 1 of 8 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Go down

TITANIK Empty TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 19:20

„Титаник“ прв случај на СЈО, побаран притвор за осум лица

TITANIK Katica_janeva_nasmeana

Првиот случај за кој Специјалното јавно обвинителството (СЈО) отвори истражна постапка е „Титаник“, а се однесува на десетина дела поврзани со изборите, соопшти денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференцијата во СЈО посочи дека е отворена истражна постапка за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година. Наведе дека министрите за внатрешни работи, за транспорт и врски и секретарот на тогашната влада, како и други лица, го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите.

Предметот и основаните соменија врз одредена група луѓе, чиј идентитет не го откри на прес-конфернецијата е оформен по преземени огромен број истражни дејства врз основа огромен број индиции и сигурни докази. Делата за кои се сомничат според законодавецот се кривични и за нив се добива затворска казна од три години.

Фетаи наведе дека дека „во 2012 година осомничените во својство на министер за внатрешни работи, министер за транспорт и врски и секретар на Владата, сите членови на ИК на партија заедно со други засега непознати лица искористувајќи го своето реално влијание и службена положба, а заради понатамошно опстојување на власта на партијата и на локално и на државно ниво и особено заради нивни непосредни привилегии од практикување на власта создале група која има цел вршење кривични дела против изборите и гласањето, аза кои кривични дела може да се изреча затворска казна од три години или потешка“. На истата група по создавањето подоцна припадници станале другите осомничени лица, сведоци и други засега за истрагата непознати лица на начин што дел од осомничените и другите засега за истрагата непознати лица заради повреда на изборите на политичката партија сочиниле план на противзаконит начин им овозможат на повеќе лица да користат избирачко право кој дејствија според планот би се реализирале преку вработените во МВР и преку лица кои директно ќе врбуваат и носат лица од странство со конечна реализација на планот преку одделот за информатика и телекомуникации во МВР. Преку насилство и други противправни дејства во текот на изборната кампања и изборните денови да влијаат на начинот како да се врши избирачкото право и да спречуваат избирачко право, да нудат, даваат и ветуваат подарок или друга корист со намера да ги придобијат како да го вршат избирачкото право и на крај да користат незаконски средства за финансирање на изборната кампања, рече Фетаи.

Според неа, се работи за целосна криминализација на изборниот процес. - Со незаконско издавање лични карти и вметнување во избирачкиот список на лица кои по ниту еден основ не смеат да бидат во тој список. Некои лица се фотографирани во еден град, лична карта добиле во друг град, односно во општина Центар. Се разбира и во избирачкиот список се таму и гласаат. Определени се 15.000 нови матични броеви, кои не се на новороденчиња. Има 35.000 изготвени лични карти кои не се подигнати од барателите и никој не знае зошто тие лични карти стојат во МВР. Има над 60.000 нови македонски државјани, рече Фетаи.

Во МВР, како што рече, била ангажирана целокупната човечка и техничка инфраструктура за да се состави избирачкиот список. Во целиот процес имале удел полициските службеници и командири на полициски станиции, како и нотари кои заверувале договори за закуп без никаков правен основ.

За улогата на дијаспората и на конзуларните претставништва, Фетаи истакна дека ќе се отвори посебен предмет. Како што додаде на прес-конференцијата ова не било единствениот начин на кој се влијаело на изборниот процес. Применувани се други методи, како насилства, поткупи, злоупотреба на државни капацитети за партиски цели, злоупотреба на медиумите, на јавните фондови и незаконско финансирање на изборната кампања.

СЈО денеска предложила мерка притвор против осум лица. Едно лице веќе е изведено пред судија, а за останатите се води постапка.

Специјалното јавно обвинителство, како што соопштија на прес-конфернеција, отвори истрага и против членови на општинска изборна комисија во Чаир, бидејќи постои основано сомнение дека сториле кривично дело изборна измама, со оглед дека во записниците од извршеното гласање за градоначалник на општина Чаир во 2013 година извршиле преправање на резултатите. Против едно лице од комисијата исто така е поднесен предлог за определуваање мерка притвор поради опасност од влијание врз сведоците и соучесниците.

Отворена е истрага и против пет судии на Управниот суд во Скопје и четири членови на Државната изборна комисија од 2013 година за кривично дело - злоупотреба на службена положба и овластување.

Фетаи посочи дека истрагите ќе се прошируваат и оти нема да биде поштеден никој кој дејствувал на криминален начин.

Како што посочи јавната обвинителка Ленче Ристоска, СЈО располага со материјални и со вербални докази кои ја потврдуваат основаноста на сомнението и во таа насока се ставени на судот на увид. За конкретниот предмет, рече дека снимките од прислушуваните разговори не се дадени. Очекуваат судот да постапи согласно законот и врз основа на доказите веруваат во независнот и професионално постапување на судот.

Ристоска рече дека соработката со инситуциите оди тешко и оти последица на тоа е одолговлекување на одредени предистражни постапки.

СЈО, како што соопшти, започна предистражни постапки за предметот Маѓар Телеком кој е побаран од обвинителството за организиран криминал, како и за аферата во јавноста позната како „Надеж“ за што е изготвено писмо со барање за достава. За случајот „Пуч“ рече дека е завршен увидот, побарани се копии од судот и оти откако ќе им ги достави судот ќе се пристапи кон подготвка за главната расправа. За случајот „Монструм“ рече дека иако од страна на одбраната беше побарано, од СЈО не е упатено барање да им биде доставен предметот. Се уште нема формални барања и за предметот лични карти.

За предадените материјали од прислушуваните материјали од СДСМ, Ристоска информира дека станува збор за обемен материјал дека се врши попис кој ќе трае колку колку што е потребно и оти за констатираната состојба ќе биде изготвен и статистички преглед кој ќе биде дел од извештајот доставен до Собранието. Се оградија од изјавите на сите политички фактори во државата кои сакат работата на ова обвинителство да ја интерпретираат за свои партиски цели.

Специјалната јавна обвинтелка Катица Јанева на прес-конфернеција истакна СЈО дојде до конректни резултати и оти правдата ќе победи, наспроти тешкотиите и заканите што доаѓаат од одредени политички партии и конструираните кривични пријави против неа и нејзините соработници.

Таа додаде дека за да може СЈО поуспешно и на време да ги изврши поствените задачи неопходно е по итна постапка да се дополни Законот за заштитен сведок од гледиште на потребите на СЈО и судските процеси пред редовните судови да се предадат на СЈО без отпор и одолговлекување.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 19:21

СЈО: Прва акција "Титаник" за изборни злоупотреби, осомничени и Јанкулоска и Јанакиески

TITANIK 12714187_10207150513994243_1335840842_n

Специјалното обвинителство објави денеска дека го отвора првиот случај поврзан со прислушуваните материјали, кој се однесува на изборните измами, со работно име "Титаник".

Меѓу осомничените се поранешните министри за внатрешни работи, за транспорт и врски и генералниот секретар на владата во 2012-таа година. Овие функции во тој период ги вршеа Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Тие се сомничат дека биле дел од злосторничко здружување за повреда на избирачките права, повреда на слободата на избирачите и злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања. Се работи за целосна криминализација на избирачкиот процес, соопшти специјалното обвинителство.

Едно лице веќе е лишено од слобода, како дел од истрагата. За кривичните дела се предвидуваат казни затвор во времетраење од 3 години и повеќе.

Отворена е истрага и против 5 судии на управниот суд и 4 членови на ДИК заради злоупотреба на службената должност во 2013-та година.

СЈО соопшти дека се уште не го презело случајот Монструм.

Повеќе детали за прес конференцијата на СЈО следуваат наскоро.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 19:22

Јанева: Макар сите да молчат, јас нема да молчам- Уставот е на моја страна

TITANIK Katica_janeva_sjo

„Правдата ќе победи, наспроти тешкотиите и заканите што доаѓаат од одредени политички партии и конструираните кривични пријави против мене и моите соработници. Се чувствувам слободна и цврста, бидејќи на моја страна се Уставот, законите и вашата подршка. Макар сите да молчат, јас нема да молчам“, реше пред новинарите специјалната обвинителка Катица Јанева.

Таа истакнува дека ја охрабрува и подршката на меѓународната заедница. „Подршката е доказ дека нашата борба не е само наша, туку е и борба на целиот демократски свет“, вели Јанева.

Таа прашува дали некој може да биде рамнодушен кога го чита ,,Извештајот на Прибе“ од мај 2015 година, особено делот во кој се зборува за притисокот и недовербата во јавното обвинителство и судството?

„Подршка добивам и од правната струка, од истакнати судии, обвинители и адвокати. Мојот тим е отворен за соработка и со правната наука, особено со познати авторитети од областа на судското право и уставното право“, потенцира Јанева.

Таа објавува дека тимот на СЈО веќе дошол до конкретни резултати.

„Граѓани на Република Македонија, ве известувам дека Специјалното јавно обвинителство отвора постапки за десетина кривични дела од областа на изборите и гласањето, слободите и правата на човекот и граѓанинот, општата сигурност и имотот, како и кривични дела против службената должност и државата. Во оваа фаза доминираат кривичните дела против изборите и гласањето, бидејќи сметаме дека значајно е да се согледаат сите начини на кои се делувало врз изборите, а со цел во иднина да се спречат злоупотреби и нови кривични дела.

За да може СЈО поуспешно и на време да ги изврши поставените задачи, неопходни се следниве мерки:

Прво, по итна постапка да се дополни Законот за заштитен сведок од гледиште на потребите на СЈО;

Второ, судските процеси пред редовните судови од надлежност на СЈО да се предадат на СЈО без отпор и одоговлекување;

Секој вид отпор ќе биде нотиран во Изввештајот на СЈО што се изготвува на шест месеци и што се доставува на увид на Собранието на Република Македонија;

Трето, Советот на Јавните обвинители на Република Македонија да се придржува стриктно за важечката законска регулатива и целосно да ја почитува автономијата на СЈО.

Опструкцијата ќе продолжи, но ја уверувам јавноста дека истата нема да има негативен ефект врз работата на СЈО“, се вели во писмената изјава на Јанева, која ја најави првата акција на СЈО – Титаник.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 19:23

Едмонд Темелко во моментов е на распит пред судија за предистражна постапка

TITANIK Edmond-temelko-2

Градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко во моментов е на распит пред судија за предистражна постапка.

Од одлуката на судијата ќе зависи дали ќе му биде изречена мерка притвор како што бара Специјалното обвинителство.

Тој беше приведен утрово во Ресен под сомневање за поврзаност со изборни измами, кои произлегуваат од случајот под работно име "Титаник" кој го отвори Специјалното јавно обвинителство.

Темелко беше донесен во Основниот суд Скопје 1 напладне каде после пет часа започна распитот.

Како што јавува репортерот на Телма, Павле Беловски, во моментов тој е кај судија за предистражна постапка е заедно со своите адвокати, пред кого дава исказ еден час и половина.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 19:27

Јанкуловска на распит, а и на Миле му текна да дојде

Плусинфо неофицијално дознава дека поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во моментов е на распит во Специјалното јавно обвинителство, во врска со акцијата „Титаник“.

Неофицијално дознаваме дека за половина час и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески ќе се појави во СЈО на распит.

Сите осомничени биле посоветувани да не прават инциденти и да не помислуваат на бегство, бидејќи така предвреме ќе ја докажат сопствената вина.

http://plusinfo.mk/vest/57749/jankulovska-na-raspit-a-i-na-mile-mu-tekna-da-dojde

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 19:31


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 19:34

СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ГОНИ И ЦРВЕНКОВСКИ, АХМЕТИ И БУЧКОВСКИ?

Специјалното јавно обвинителство на денешната пресконференција за случајот „Титаник“, соопшти дека отворило предистражна постапка за случајот „Маѓар Телеком“ и аферата „Надеж“.

TITANIK Branko

Специјалното јавно обвинителство на денешната пресконференција за случајот „Титаник“, соопшти дека отворило предистражна постапка за случајот „Маѓар Телеком“ и аферата „Надеж“. Специјалното обвинителство го побарало случајот „Маѓар Телеком“ од Обвинителството за организиран криминал, а за аферата позната како „Надеж“ е изготвено писмо со барање за достава.

За првиот случај, Богоевски пред судот во Њујорк, а подоцна и пред македонските истражни орагани, сведочеше грчкиот магнат Кондаминас, освен на тогашниот премиер Владо Бучковски, пет милиони евра преку посредник во Тетово им дал на Али Ахмети и на Муса Џафери.

За аферата „Надеж“ пак, Антикорупциска комисија имаше побарано да се утврди кривична одговорност за поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски и за членови на неговиот кабинет поради сомнение дека противзаконски и ненаменски потрошиле 340.000 евра за консултантски услуги за тројца словенечки експерти. Но, и овој случај не беше целосно расветлен.

http://fokus.mk/spetsijalnoto-obvinitelstvo-k-e-gi-goni-i-tsrvenkovski-ahmeti-i-buchkovski/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 19:37

Кирил Божиновски бил на распит, Јанкуловска била во седиштето на ДПМНЕ и го чекала Груевски

Поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, еден од осомничените во аферата „Титаник“. бил на распит во Специјалното јавно обвинителство. Распитот поминал без инцидент, дознава Плусинфо.

Гордана Јанкуловска, според нашите информации, се наоѓа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каде што наводно чекала да се види со партискиот лидер Никола Груевски. Тој, пак, засега не ги коментира најновите настани и неизвесно е дали ќе ги земе во заштита двајцата свои најблиски соработници.

Според инфоркмациите на Плусинфо, Јанакиевски се наоѓа во скопската резиденција на една источчно-европска земја, која не е Бугарија.

http://plusinfo.mk/vest/57742/kiril-bozinovski-bil-na-raspit-jankulovska-bila-vo-sedishteto-na-dpmne-i-go-cekala-gruevski

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 19:45

TITANIK Jfzurn

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by defo Пет Фед 12 2016, 20:00

Хихи бродот почна да тони, ајде со нетрпение очекувам да видам дали ќе им биде одредена мерка притвор.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 20:04

Ова е вистинскиот почеток на крајот. Во најскоро време ќе бидат уапсени и останатите членови на фамилијата. Честито слобода.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by defo Пет Фед 12 2016, 20:09

mumley напиша:Ова е вистинскиот почеток на крајот. Во најскоро време ќе бидат уапсени и останатите членови на фамилијата. Честито слобода.
Дај боже, али животот ме научил да не се радувам пред време, ајде чекам да кажат 30 дневен притвор.......



А инаку ме интересира, кога изборите????
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 20:14

Ќе се одложат, се додека не се среди медиумската сфера и не се создадат услови за фер и демократски избори. Затоа започна СЈО со изборните фалсфикати. И Латас им направи мечкина услуга на дпмне-овците со интервјуто.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 20:22

Кои се петте судии од Управниот суд за кои е отворена истрага од Специјалното обвинителство?

Петте судии кои ги донеле одлуките за прегласување во Центар, според „тефтерчето“ на „Сведок“ се Ана Герасимовска, Даниела Антовска, Ѓоко Живковски, Нада Иванова и Рахилка Стојковска. дали за нив отвори Специјалното обвинителство истрага?

http://reporter.mk/2016/02/12/%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B5-%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D1%83%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%81%D1%83%D0%B4-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 20:28

Pocna slobodniopt pad na dpmne. Zbogum Grujo.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by defo Пет Фед 12 2016, 20:36

Абе не знаев дека и во Македонија има вакви, луѓе, изгледа диктатурава ми ги уништила критериумите, ми ја убила надежта, ама еве ја се врти, тука е на крајот од тунелот:

Браво за Фатиме:


_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by osa Пет Фед 12 2016, 21:27

najnovi vesti od lice mesto od pred sudot :NA RASPIT E DONESEN I PORANESHNIOT MINISTER ZA TRANSPORT I VRSKI .....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 21:32


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 21:33


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Гостин Пет Фед 12 2016, 21:35


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by reiter Пет Фед 12 2016, 21:36

ајде аирлија нека е почетокот и што повеќе криминалци од власта да се повикат на распит со притвор и разбира се ЌОРКА Very Happy

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by osa Пет Фед 12 2016, 21:38

reiter напиша:ајде аирлија нека е почетокот и што повеќе криминалци од власта да се повикат на распит со  притвор  и разбира се ЌОРКА Very Happy

ajde so sreka neka ti e pishuvanjeto Very Happy Very Happy Very Happy ...pishuvash samo koga ima interesni raboti Shocked

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by reiter Пет Фед 12 2016, 21:41

денес прочитав еден коменатар интересен;
-АЈДЕ ДА СИ ОДИМЕ ОД МАКЕДОНИЈА!
-ЈОК ЗАР СЕГА КОГА Е НАЈИНТЕРЕСНО!!! Very Happy

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by osa Пет Фед 12 2016, 21:42

ostaj drugo ke nema koj da im se smee u faca koga ke gi osudat ,ako site si otidat od drzavata Laughing

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by reiter Пет Фед 12 2016, 21:43

има ли некои реакции од МАМУТСКАТА коалиција на вмро-дпмне-ТИТАНИК Very Happy ...

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

TITANIK Empty Re: TITANIK

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 8 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот