Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

RIP UMBERTO EKO

Go down

RIP UMBERTO EKO Empty RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 09:43

Otvoram posebna tema zatoa shto Umberto Eko ne beshe obichna slavna lichnost na koja bi trebalo da se potsetime samo vo temata IN MEMORIAM. Toj zasluzhuva mnogu povekje od toa...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 09:44

Почина италијанскиот писател и филозоф Умберто Еко

RIP UMBERTO EKO Eko%201_2

Славниот италијански писател и филозоф Умберто Еко, најпознат по неговиот роман „Името на розата“, почина на 84-годишна возраст.

Неговото семејство извести дека починал во петок во својот дом, без да наведе какви било детали.

Во „Името на розата“, романот со кој стекна светска слава и според кој е снимен истоимениот филм, се зборува за монах кој ја истражува серијата убиства кои се врзани за една манастирска библитека.

Неговите романи често вклучуваат стварни историски личности и текстови.

„Нишалото на Фуко“, вториот роман на Еко, исто така е продаден во огромен број примероци. Во него, еден невработен издавач одлучува на шега да спои различни теории на заговор од историјата.

Во текот на 1960-тите се занимаваше со естетика и се истакнуваше како еден од најзначајните претставници на авангардата во италијанската култура. Припаѓаше на книжевното движење Група 63.

Беше основач на книжевните списанија Il Marcatre и Il Quindici. Во своите истражувања се занимаваше со проучување на средствата за масовно информирање во рамки на семиологијата и естетиката со примена на структуралистичкиот метод.

Естетиката на телевизиското искуство, естетската структура на директното пренесување, анализата на поетскиот јазик, отвореноста и теоријата на информации, се само дел од темите со кои се занимаваше. Пет години работеше како уредник во редакцијата за култура во RAI, од 1954 до 1959.

Внимателно ја следеше и луцидно ја анализираше современата култура, комуникациите, универзумот на информации и информациионата естетика. Покрај општата семиологија, се занимаваше со семиологија на визуелните пораки, семиологија на архитектурата, епистемологија на структуралните модели и семиолошката граница. Во рамки на херменевтиката и теоријата на книжевност, се занимаваше со семиологија на текстот, толкување на метафорите, проблемот на фалсификување и границите на толкувањето.

Од 1971 беше редовен професор по естетика на визуелни комуникации и семиологија на универзитите во Торино, Милано, Фиренца, Универзитетот Колумбија во Њујорк, Јеил и професор-гостин на многу факултети.

Еко живееше во Милано и Римини со сопругата Рената која е историчар на уметност. Имаше ќерка и син.

http://okno.mk/node/53665

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 09:46

Od OKNO...

Умберто Еко (1932-2016)

RIP UMBERTO EKO Eko%20nsl_0.preview

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 09:50

Умберто Еко: Големите лаги ја создаваат историјата

Во новиот роман „Numero Zero“, книжевникот и интелектуалец Умберто Еко се занимава со вистините и лагите на масовните медиуми. Еко е пасиониран читател на дневниот печат, а редовно пишува и за италијанските весници L'Espresso и La Repubblica. Во интервју за француски Le Monde, Еко објаснува зошто е опседнат со теориите на заговор и зошто е нужно враќањето на радикалната и милитантна критика во новинарството.

Дали и понатаму интензивно читате весници?

Секое утро читам најмалку два дневни весника и прегледувам многу поголема количина весници на дневно ниво. Не можам да го испијам кафето и да го почнам денот без задлабочување во весниците. И понатаму се раководам од Хегеловата идеја дека читањето весници е „дневна молитва на модерниот човек“. Освен тоа, соработник сум на весниците - пишувам за дневен весник и неделник. Но, ретко кога одам понатаму од насловната страница, затоа што медиумите очајнички се трудат секое утро да ги повторат информациите кои се откриени еден ден претходно.

Дали повторувањето на тие информации, без додавање длабочина, е закана за опстанокот на дневниот печат?

Печатените медиуми и понатаму прават сè во присвојувањето на вестите кои претходно се емитуваат на телевизиските и радио станици, без додавање на некаква значајна вредност. Тоа е голема криза која постои речиси од раѓањето на телевизијата.

Треба ли печатот да направи повеќе за да го одржи критичкото промислување на животот?

Сведоци сме на изумирање на милитантната критика. Да, мораме да го рехабилитираме критичкото размислување во новинарството и да го прошириме неговиот спектар, меѓу другото и на интернет. Во весниците би требало да имаме една до две страници за критикување на интернет страниците, каде би се откривале лажливите портали и оние на кои читателите можат да им веруваат. Не би требало да се откажеме од улогата на обликувач на јавниот вкус. Весниците истовремено можат да бидат критички филтер и да останат демократични.

Дали е опасна концентрираната сопственост на медиумите во рацете на неколку големи групации?

Тоа е вистински проблем. Во Италија сите весници зависат од повеќе индустриски компании и моќни банки. Во Франција ситуацијата е слична. Поради тоа мораме да поставиме силно раководство на чело на весниците и да се спротивставиме на одредени притисоци.



Сопственикот на весникот од вашиот роман вели дека „мора да се зборува со јазикот на читателот, а не интелектуалецот“. Меѓутоа, зарем не треба и самите да бидеме критични кон сопствените читатели?

Или ќе се обидеш да го изградиш својот читател, или ќе го следиш неговиот претпоставен вкус, раководејќи се од истражувањата на јавното мислење. Ежен Су на своите читатели им го дал она што го сакале; Балзак го обликувал нивниот вкус нудејќи им приказни со ситуации и стилови кои не ги замислувале. Некои книги велат: „Јас сум како тебе“, а други „Јас сум поинаков“. Треба да ја избегнеме хомогенизацијата на стилот кој го сведочиме, а кој дури и се бара од страна на новата медиумска индустрија.

Што е со клишеата?

Добро се забавував создавајќи во книгата попис на клишета кои доминираат во медиумите. Дури и новинарите во „добрите“ весници признаваат дека тие клишеа доминираат и кај нив. Тоа е облик на мрзливост. За книжевноста велат дека целта ѝ е да го одржува јазикот во употреба. Весниците би требало да ја имаат истата цел. Клишеата го парализираат јазикот.

Фасцинирани сте од теориите на заговор кои постојано циркулираат на социјалните мрежи. Зошто?

Член сум на друштво кое настојува да се бори против окултизмот и теоријата на заговор. Според тоа, лагата ме фасцинира. Заради тоа собирам книги со лаги. Го немам Галилеј во мојата збирка, туку Птоломеј, затоа што не бил во право! Ги сакам и алхемичарите и магионичарите. Семиотиката - нашата способност за создавање знаци и симболи - не се состои толку од начинот на кој ја кажуваме вистината, колку од способноста да лажеме. Писмото на проповедникот Џон, кое се проширило во 12 век, опишувало неверојатно кралство некаде во средиштето на муслиманскиот свет со кое владее христијански крал. Марко Поло го барал за време на патувањата во Кина. Големите лаги ја создаваат историјата. Протоколите на сионските мудреци - антисемитската измама која имала цел да го разоткрие еврејскиот план за светска доминација - за жал е еден од попознатите примери. Во секој случај, лагите имале големо влијание врз историјата.

Што е карактеристично за денешните теории на заговор?

Денес комуникациските канали се подобри, па имаме поголемо и побрзо ширење на лагата. Претходно фалсификаторите морале да пронајдат одреден вид уредник. Денес, пак, секој антимуслимански лажливец или секој антисемитски имбецил може да ги објави своите заговори на интернет. Филозофот Карл Попер напишал дека заговорничкиот синдром е константа кај цивилизациите: Според Хомер, Тројанската војна почнала со заговор на боговите. Теориите на заговор нè лишуваат од одговорност. Социологот Георг Симел рекол дека силата на големите тајни доаѓа од нивната празнина. Најдобри заговори се оние кои никој не може да ги побие.

Имаат ли новинарите улога во спречувањето на заговорите?

Новинарите мораат да придонесат за спречување на владеењето на лагите и манипулациите. Тоа би морала да биде една од нивните борби, заедно со зачувувањето на критичкиот дух на животот, и избегнувањето на стандардизацијата на мислата.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 09:51

Предавање-дијалог на Памук и Еко

На прекрасниот кампус на Босфорскиот Универзитет (Боазичи) во Истанбул, Умберто Еко и Орхан Памук, водечките имиња на современата светска книжевност одржаа предавање-дијалог на тема „За фактите, книжевната фикција и историјата“. Ова предавање им даде добар повод на овие двајца автори да ги изнесат своите ставови за книжевноста и за улогата на романот во современиот свет, па и за сопствениот уметнички и интелектуален ангажман. Во продолжение можете да прочитате фрагменти од дијалогот помеѓу Орхам Памук и Умбето Еко, приредени од страна на една универзитетска професорка на Факултетот Фатих во Истанбул.

Во текот на разговорот кој траеше малку повеќе од еден час, Еко и Памук можеа само (длабоко) да прочепкаат по површината на темите кои си ги зададоа. Тие пред сè беа заинтересирани да дознаат повеќе еден за друг бидејќи тоа беше нивната прва средба.
Орхан Памук: Желбата која ме натера да станам писател се појави поради тоа што сфатив дека не сакам да бидам инженер како поголемиот дел од членовите на моето семејство, ниту пак да работам на место каде што ќе примам и давам наредби, но најмногу поради тоа што сакав да работам нешто при кое ќе бидам оставен насамо, при кое нема да бидам вознемируван.

Умберто Еко: До мојата педесетта година бев професор по семиотика во Болоња, но потоа отидов чекор понапред во однос на она што го работев, а тоа беше пишувањето дела за јазикот и историјата на комуникацијата, но сега преку структурата на детективскиот роман. Кога бев млад пишував раскази, но заклучив дека немам талент за романи. Многу години подоцна, кога му ја предадов докторската теза на мојот ментор, тој ми рече дека единствениот проблем на тезата е нејзиниот јазик, односно нејзината блискост со детективскиот жанр. Јас тогаш си помислив дека тоа никако не е лоша работа.

Памук: Прво започнав да пишувам, а потоа започнав да размислувам за прашањата во однос на кои верував дека имам што да кажам.

Еко: Јас пишувам, некои се качуваат на Монблан, други ограбуваат банки. Не можеме да се расправаме за причините при изборот на професијата.|


Памук:„Сентименталните“ читатели се цинични, сосредоточени на размислувањето за структурата на текстот, што за нив е „бонус“ при уживањето во книжевноста. Постојат писатели кои ги нареков „наивни“, кои се самоуверени во своето спонтано пренесување на текстот и „наивни“ читатели кои често пати се уверени во неговото автобиографско потекло. „Сентименталниот“ (или деконструктивистички кажано – самосвесниот) писател зазема сосема различна позиција во текстот: тој е понесен од сомнежот и е континуирано свесен за моќта и проблемите на својот занает. „Сентименталните“ читатели се цинични, сосредоточени на размислувањето за структурата на текстот, што за нив е „бонус“ при уживањето во книжевноста.

Еко: Постојат две нивоа на раскажување кои се добро илустрирани во детективскиот роман на Агата Кристи – „Убиството на Роџер Акројд“. Раскажувачот на крајот открива дека убиецот е – самиот тој, терајќи го (запрепастениот) читател да започне нова потрага по текстот. Тоа е првото ниво на текстот, кое ја содржи загатката, а на читателот му носи изненадување. На второто ниво се јавуваат естетската анализа и проценката на текстот, кој ја претставува вештината на авторот. И јас и Памук сме фасцинирани од фактот дека луѓето плачат поради судбината на Ана Каренина, а при тоа со сигурност знаат дека се работи за лик кој не постоел во реалноста. Аристотеловиот принцип на катарза (од „Поетиката“) помага при разбирањето на односот на авторот кон чувствата кои се наоѓаат во текстот: доживувањето на болката заедно со ликовите води кон процесот на „хомеопатско“ прочистување од нејзините негативни последици. Трагедијата води кон катарза, на тој начин што болката се намалува по нејзиното доживување.

Памук: Може да се рече дека станува збор за два вида читатели: едните плачат кога ја читаат „Ана Каренина“, а другите „вршат инспекција“ врз текстот, ги анализираат контекстот и формата, па така и му се „потсмеваат“ на делото. Меѓутоа, мојот аргумент е дека романот во 19. век успеал да ги потисне сите останати книжевни форми токму поради тоа што ни помогнал да ги откриеме можностите на нашиот ум кој може да доживува и контрадикторни чувства: па во еден момент ние можеме да сме плачливите наивни читатели (и писатели), а во другиот (или дури и симултано) да го деконструираме текстот и да ѝ се восхитуваме или да ја критикуваме вештината на писателот.


Еко: Се согласувам со тоа дека повеќето луѓе се глупави, а нивниот процент се зголемува како што стареат. Кога на крајот на животот барем би знаел дека сите луѓе се глупави, би ми ми било полесно да умрам. Инаку, не знам што реално значи заклучокот дека јас и Памук пишуваме постмодерни романи.

На почетокот на современиот роман секако се наоѓа „Улис“ на Џојс, во кој осумнаесет начини на размислување кореспондираат со осумнаесет поглавја, а писателот нарцисистички го преувеличува фактот дека има што да раскаже во романот. Повеќезначните начини на размислување можат да се јават на нивото на јазикот и на стилот. Во мојот роман „Островот од претходниот ден“ дејството се одвива во 17. век, па ликовите би морале да го употребуваат барокниот јазик. Но мене тоа не ми беше прифатливо, бидејќи барокноста на романот се одржува преку структурата на раскажување и неговите идеи, а не со подражавањето на директниот говор.

Памук: Токму со таквите постапки започнуваат да се надминуваат проблемите на реалистичните романи од 19. век, како оние на Зола, па тие сега се пишуваат и за вкусовите на софистицираните општествени слоеви.

Еко: Моите романи „Името на розата“, „Баудолино“ и „Прашките гробишта“ се историски романи и можеби ми „одговараат“ и затоа што не сакам да бидам емоцинално ангажиран во она за кое пишувам. Никогаш не би можел да пишувам за Фусун (љубовта на главниот јунак од „Музеј на невиноста“ на Памук) на начинот на кој тоа го прави Памук.

Памук: Писателите пишуваат романи и за да ги раскажат своите лични приказни, за да ги камуфлираат своите лични чувства. Сепак, во текстот мора да постои „потписот“ на писателот, како на пример, описот на сончевото утро кај Хемингвеј.

Еко:Ме прашаа – кој е најавтобиографскиот аспект во вашите романи? Им одговорив: глаголските прилози! Па добро, не можам да одречам дека моите чувства не се содржат во романите! Ме прашаа – кој е најавтобиографскиот аспект во вашите романи? Им одговорив: глаголските прилози!

Памук: Им се заблагодарувам на организаторите, а посебно на Еко за оваа прилика да научам многу нешта.

Еко: Не можам да го повторувам она што Памук веќе го кажа, тоа би било плагијат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 09:52

Како да се организира јавната библиотека

1. Каталозите мораат да бидат максимално поделени: посебно да се поведе сметка, во најголема мера, да се одвои насловниот каталог на книгите од каталогот на списанијата, предметниот од авторскиот каталог, книгите од постар датум од оние со понов датум. Пожелно е да биде различна и ортографијата во двата каталога (на свежо набавените книги и на оние што биле претходно набавени); на пример, во новиот retorica би се пишувала со едно, а во тие постарите со две t; Чајковски во првиот случај со Ч, а во вториот како Французите, со Tch.

2. Во формирањето на каталозите одлучува библитекарот. Книгата, во амблемот, не треба да содржи податоци за авторот, издавачот и сл.

3. Сигнатурите мораат да бидат сосема нечитки и треба да ги има што повеќе, така што оној кој последен го пополнива картонот нема каде да го стави својот параф; нека мисли дека тоа не важно, за оној кој го услужува да може да му го врати за да повторно го пополни.

4. Времето помеѓу барањето и доставата на книгата нека биде што подолго.

5. Да не се издава повеќе од една книга.

6. Издадените книги не можат да се внесуваат во салата за консултација, односно, сопствениот живот треба да се подели на два основни аспекти: едниот што подразбира читање, а другиот консултација. Библиотеката треба да го обесхрабрува вкрстеното читање на повеќе книги бидејќи тоа предизвикува страбизам.

7. Да се погрижи библиотеката да биде без ниту една машина за фотокопирање; ако сепак постои една, треба да биде тешко достапна, услугата поскапа отколку во книжарница, а бројот на примероци ограничен на два или најмногу три.

8. Библиотекарот треба да го доживува читателот како непријател, денгуба (во спротивно би бил на работа), потенцијален крадец.

9. Службата за консултации мора да биде недостапна.

10. Да се обесхраби секој обид за земање на книгите.

11. Размената (позајмувањето) книги меѓу библиотеките треба целосно да се оневозможи; во секој случај, една таква операција треба да трае со месеци. Најдобро е сосем да се оневозможи запознавањето со книжниот фонд од другите библиотеки.

12. Според тоа, кражбите мораат да бидат значително олеснување.

13. Работното време на библиотеките целосно да се поклопува со работното време на вработените, кое претходно треба да се договори со синдикатите: без исклучок библиотеките да се затвораат во сабота, недела, во вечерните часови и во времето на паузата за ручек. Најголемиот непријател на библиотеките е вредниот студент; најголемиот пријател е дон Феранте, некој кој нема причина да ја посетува јавната библиотека бидејќи има своја, која ќе ја остави на потомците во наследство.

14. Треба да се исклучи секоја можност за освежување во рамките на библиотеката, но и во нејзина близина. На оној кој ќе му текне да го направи тоа, ќе мора да ги депонира сите претходно набавени книги. Кога ќе го испие кафето, повторно нека ги бара.

15. Не треба да се дозволи депониранта книга да се пронајде уште следниот ден.

16. Информацијата за тоа кој ја држи бараната книга мора да остане тајна.

17. Ако е возможно без јавни нужници.

18. Ќе биде идеално на корисникот воопшто да не му се дозволи влез во библиотеката; ако сепак влезе, тврдоглаво и антипатично да се инсистира на правото кое му го даваат одредбите од осумдесет и деветатта, а кои уште не се блиски на колективниот сензбилитет, не смее да му се дозволи ниту сега ниту во иднина, да се приближи на светилиштето – полицата со книги.

Строго доверливо. Сите вработени мораат да имаат телесни оштетувања бидејќи задачата на јавната установа е да им понуди работа на хендикепираните граѓани (токму сега се разгледува можноста таа обврска да се прошири и на пожарникарите). Идеалниот библиотекар, пред сè, треба да куца за процесот на земање на картонот со списокот на книгите, симнувањето во подрум и враќањето да трае што е можно подолго. На вработените, чија работа е да стигнат до полиците повисоки од осум метри со помош на скали, од безбедносни причини им се препорачува раката која им недостасува да ја заменат со протеза со кука. Персоналот без двата горни екстремитети ќе ја доставува книгата држејќи ја во заби (денталниот распоред не дозволува достава на повеќе од осум томови одеднаш).

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 09:53

Дали се оженив на Википедија?

Денес, кога додека работиме ни треба да провериме некое име или информација, секој од нас ќе ги побара на интернет, во Википедија. Ако сè уште постои некој што не знае, ќе го потсетам дека Википедија е онлајн енциклопедија која ја испишуваат, преправаат и допишуваат самите корисници. Тоа значи дека ако ја прочитате, на пример, одредницата Наполеон, и забележите дека некој податок не е целосен, или погрешен, се регистрирате, ја внесувате исправката, и одредницата ќе биде зачувана со тоа ваше дополнување.

Ова, се разбира, на злонамерниците или на лудаците им нуди можност да шират лажни вести, но гаранција, наводно, дава фактот дека милиони корисници постојано ја проверуваат нејзината содржина. Ако некој злобник би внел податок дека Наполеон умрел во Санто Доминго, наместо на Света Елена, милиони добронамерни корисници би побрзале да ја исправат оваа недозволена грешка (освен тоа, по неколку случаи на луѓе кои сметале дека непознати извршители ги наклеветиле, па се обратиле на судот, верувам дека некое уредништво ги проверува барем оние податоци кои на прв поглед изгледаат како клеветнички). Во таа смисла, Википедија би била одличен пример за она што Чарлс Сандерс Перс го нарече (научна) Заедница која благодарение на некоја своја внатрешна, органска рамнотежа, ги отстранува грешките, а ги потврдува новите откритија, на тој начин пренесувајќи го факелот на вистината.

Но, ако ваквиот заеднички надзор би можел да биде делотворен кога станува збор за Наполеон, дали тоа ќе важи и за некој Петре Петревски? Да земеме некој кој е малку попознат од Петре Петревски, но не е познат како Наполеон, т.е. авторот на овие редови. На почетокот ја исправував одредницата која се однесува на мене зашто содржеше погрешни и лажни податоци (така, на пример, пишуваше дека сум најстар од тринаесет деца, што всушност беше мојот татко). Подоцна престанав да го правам тоа, зашто секогаш кога од љубопитност ја проверував одредницата, наидував на нови лудории кои којзнае кој ги допишал. Сега пријателите ме информираа дека во Википедија пишува дека сум се оженил со ќерката на својот издавач Валентино Бомпјани. Оваа вест воопшто не го нарушува мојот углед – но со оглед на тоа дека се наклеветени моите драги пријателки Џиневра и Емануела – го тргав овој лажен податок.

Во овој мој случај не може да стане збор ниту за разбирлива грешка (како онаа со тринаесетте браќа), ниту за пренесување некои од постојните гласишта: досега никому не му паднало на ум дека сум се вдомил на тој начин, што значи дека непознатиот автор на Википедија ја допишал оваа лага за да објави некоја сопствена измислица, а не му паднало на ум податокот да го провери некаде.

Значи, колку можеме да се потпреме на Википедија? Веднаш можам да кажам дека јас можам да имам доверба затоа што постапувам како стручен истражувач: ќе погледнам што за таа тема пишува на Википедија, а потоа ги споредувам податоците со уште два-три сајта. Ако ист податок се појави на три места, многу е веројатно дека е и точен (само морам да водам сметка податоците на сајтовите што ги прегледувам да не се преземени од Википедија, да не пренесуваат некоја грешка). Корисно е и одредницата на Википедија да се провери и на италијански и на некој друг јазик (на пример, англиски). Таквите две одредници често се поклопуваат (едната всушност е превод), но понекогаш и се разликуваат, што би можело да ве наведе (иако е спротивно на вашата заколната приврзаност на виртуелниот свет) да се одвоите од компјутерот и податокот да го побарате во некоја печатена енциклопедија.

одамна на моите студенти им советував да основаат центар за надзор на интернет во чии рамки би работел одбор составен од научници од разни области, кои би ја оценувале доверливоста на сајтовитеПримерот што го дадов се однесува на научникот кој одамна научи нешто малку за тоа како се истражува преку споредување различни извори. А што е со другите? Со оние кои веруваат? Со учениците кои со помош на Википедија пишуваат домашни задачи? Внимавајте: ова важи и за сите други сајтови, затоа одамна на моите студенти им советував да основаат центар за надзор на интернет во чии рамки би работел одбор составен од научници од разни области, кои би ја оценувале доверливоста на сајтовите (и би објавувале забелешки, исправки и дополнувања, или непосредно на мрежата, или во печатена форма). Но, веднаш да погледнеме еден пример: нема да бараме некоја историска личност како Наполеон (за кој Гугл ми нуди 2.190.000 сајтови), туку еден млад писател, за кој неодамна слушнавме, кога ја доби наградата Стрега за 2008 година, а тоа е Паоло Џордано, автор на романот „Осаменоста на простите броеви“. Има 522.000 сајтови. Кој ќе ги прегледа?

Некој би можел да помисли дека би било можно да се надгледуваат само сајтовите за еден автор за кој студентите често би можеле да бараат податоци и информации. Но, само за Перс, кој претходно го спомнав, има 734.000 сајтови.

Ете еден голем проблем чие решение сега за сега не може да се види.

4 септември 2009

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 09:54

Како да не се користи мобилен телефон

Лесно е да се потсмеваш на сопствениците на мобилен телефон. Најпрвo, треба да се утврди на кои од петте можни категории припаѓаат. Во првата се хендикепирани, принудени да бидат во непосреден контакт со лекарот или итната помош. Нека биде благословена технологијата која ги стави на располагање овие корисни направи.

Во другата група спаѓаат сите оние кои заради важни работни обврски се во состојба на постојана готовност (водачи на противпожарни бригади, селски лекари, трансплантатори на органи во очекување на свеж леш...) За нив мобилниот телефон е нужна потреба и не претставува речиси никакво задоволство.

Третите се прељубниците. Тие првпат во историјата можат да примаат пораки од таен партнер кои членовите на нивната фамилија, секретарките или злобните колеги не можат да го уловат. Доволно е телефонскиот број да го знаат тој и таа (или тој и тој, таа и таа; не можам да се сетам на останатите можни комбинации). Сите три наведени категории го заслужуваат нашето почитување: спремни сме заради првите две да бидеме вознемирувани во ресторан или за време на погреб, а прељубниците се многу често дискретни.

Ни пречат, но мораме да ја разбереме нивната страшна внатрешна сиромаштија, благодарни сме што не сме такви и простете им (не дозволувајте да ве обземе луциферска радост што не сте како нив, бидејќи тоа е горделивост и недостаток на милосрдие).Следуваат останатите две, ризични категории (за нив, и за самите нас). Во едната се оние кои не тргнуваат никаде ако немаат можност за фриволните работи да разговараат со пријателите и роднините од кои штотуку се разделиле. Тешко е да им се објасни зошто не би требало да го прават тоа: ако не им оди од рака да побегнат од таа принудна интеракција и да уживаат во моментите на самотија, ако не можат да се заинтересираат за она што го прават во тој момент, да ја искусат далечината бидејќи ја спознале блискоста, ако не можат а да не се расфрлаат со својата празнотија туку од неа прават амблем и знаме, па добро, тогаш тоа е проблем за психолозите. Ни пречат, но мораме да ја разбереме нивната страшна внатрешна сиромаштија, благодарни сме што не сме такви и простете им (не дозволувајте да ве обземе луциферска радост што не сте како нив, бидејќи тоа е горделивост и недостаток на милосрдие). Прифатете ги како свои блиски кои страдаат и пружете им го и другото уво.



Последната категорија е од личности кои секогаш сакаат во јавноста да остават впечаток дека се многу барани, особено заради работни консултации и разговори кои сме приморани да ги слушаме, на аеродромите во рестораните или возовите се однесуваат секогаш на парични трансакции, изостаната испорака на метални профили, обидите да се наплати испорачената партија на вратоврски и слично, поради што таквиот говорник звучи по малку како Бил Гејтс.

Моќен човек е оној кој не мора да одговори на секој повик, напротив, обично велат дека не е тука. И на ниско управувачко ниво, две работи го симболизираат успехот: клуч од приватен тоалет и секретарка која вели „господинот моментално не е во канцеларија“.Поделбата на класи е груб механизам, па новиот богаташ, и кога заработува енормни суми, заради наследениот пролетерски жиг не знае како да го употреби приборот за риба, го става плишаниот мајмун на задниот прозорец на своето ферари, Свети Кристофер на инструмент-таблата на приватниот авион, или изговара манагмент; и затоа нема да биде повикан кај војвотката Гуерментез (а се прашува зошто кога има јахта доволно долга за да ги спои двата брега). Тие не знаат дека Бил Гејтс нема потреба од мобилен бидејќи има цел секретеријат, толку моќен и ефикасен што во најлош случај, ако умре дедо му, ќе му пријде возачот и ќе му го шепне тоа на уво. Моќен човек е оној кој не мора да одговори на секој повик, напротив, обично велат дека не е тука. И на ниско управувачко ниво, две работи го симболизираат успехот: клуч од приватен тоалет и секретарка која вели „господинот моментално не е во канцеларија“.

Затоа, оној кој се расфрла со мобилни телефони како симбол на моќ, објавува, напротив, дека е во безнадежно потчинета положба, приморан да скока на повиците дури и кога води љубов, секогаш кога претпоставените ќе го побараат, осуден да ги прогонува доверителите дење ноќе за да преживее, и самиот прогонет заради издадениот чек без покритие. Но, расфрлањето со мобилните телефони е доказ дека не ги знае овие нешта и потврда за неговата неспорна општес

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 09:55

Европскиот културен идентитет

Луѓето кои се занимаваат со мојата професија вложуваат огромни напори да ги избегнат конгресите, симпозиумите и интервјуата за опсесивната тема на европскиот идентитет. Ова прашање не е ново, но стана горливо последниве години, во време на често негирање на постоењето на овој идентитет.

Европскиот идентитет, како што се чини, го гледаат само образованите луѓе. Тоа е жално, ама и тоа е некаков почеток.Многумина од оние кои го отфрлаат европскиот идентитет главно се неоптоварени со културен багаж, освен речиси вродената ксенофобија која би сакала да го види континентот поделен на парталчиња од ситни татковини. Тие не се свесни дека тоа е идентитет кој настанувал од основањето на Универзитетот во Болоња (1088) и „скитачките свештеници“ од сите фели, кои талкале по континентот од универзитет до универзитет - од Упсала во Шведска до Салерно во Италија - комуницирајќи на еден заеднички јазик кој го знаеле, латинскиот. Европскиот идентитет, како што се чини, го гледаат само образованите луѓе. Тоа е жално, ама и тоа е некаков почеток.

Во врска со тоа, би сакал да цитирам неколку пасуси од Прустовото „Повторно најдено време“. Сцената се одвива во Париз во време на Првата светска војна. Ноќе, градот е во страв од цепелините кои лебдат над покривите. Луѓето ги обвинуваат омразените Шваби за разни стравотии. Па сепак, овие страници на Пруст дишат со германофилски дух кој се провлекува низ разговорот на протагонистите.

Шарли е германофил, иако неговото одушевување од Германците, судејќи според сѐ, нема толку врска со културните афинитети колку со неговите сексуални склоности: „Нашиот восхит од Французите не значи дека треба да ги омаловажуваме своите противници; така се навредуваме себеси. Вие не знаете каков војник е германскиот војник, вие кои не сте го виделе како мене, додека маршира на парада. Враќајќи се на идеалот на машкоста за кој ми зборуваше во Балбек... ми рече: Видете, врвен и стамен е тој швапски војник, силно, здраво суштество, кое мисли само на славата на својата земја, Deutschland über alles.“



Да го оставиме Шарли и книжевните реминисценции од неговиот прогермански говор и да преминеме на Сен-Лу, храбар војник кој подоцна загинува во борба. „Сен-Лу, обидувајќи се да ми предочи одредени спротивности на светлината и сенката кои беа 'волшепства на неговото' утро... не се плашеше од алузии на некои страници од Ромен Ролан, или од Ниче, со независност каква што се среќава кај луѓето кои беа во рововите, и кои, за разлика од оние кои останува во позадина, никогаш нималку не се плашеа да изговорат некое германско име... Сен-Лу ми зборуваше за некоја мелодија на Шуман, ми го даде насловот само на германски и веднаш ми рече, без да се воздржува, дека во зората кога го слушнал првиот цвркот на птицата од работ на шумата, бил одушевен како оваа птица да му зборувала 'за оној величествен Зигфрид', кој се надева дека ќе го слушне по војната“.

Или: „Дознав дека Робер де Сен-Лу е убиен два дена по враќањето на фронтот, штитејќи го повлекувањето на неговите луѓе. Немаше човек кој помалку од него се хранеше со омраза на цел народ... Последните зборови кои ги слушнав од неговата уста, шест дена претходно, беа оние од почетокот на песната на Шуман која ми ја пееше на скалите, на германски, но поради соседот морав да го замолчам“.

го пофали јасниот стил и длабочината на книгата за Шилер, кој може да се опише како 'голем' само ако наместо 'тој голем Германец' напишете 'тој голем Шваба'“.И Пруст забрзано додава дека ни тогаш во француската култура ништо не забранувало проучување на германската култура, која можела да се следи со малку претпазливост: „Еден професор напиша извонредна книга за Шилер, и за тоа пишуваа весниците. Но пред да проговори за авторот на книгата, рецензентот напиша, како да е тоа дозвола за објавување, дека бил на Марна, во Верден, дека има пет одликувања и дека му загинале два сина. Потоа го пофали јасниот стил и длабочината на книгата за Шилер, кој може да се опише како 'голем' само ако наместо 'тој голем Германец' напишете 'тој голем Шваба'“.

Тоа е она што ја сочинува основата на европскиот културен идентитет: трајниот дијалог меѓу литературата, филозофијата, музичкото и драмското творештво. Тоа не е нешто што една војна може да го избрише. И токму тој идентитет е темел на заедницата која се спротивставува на најголемите бариери, оние јазичките.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 09:55

Не толку злобни истекувања

Аферата WikiLeaks има двократна вредност. Од една страна, излезе како застарен скандал, скандал кој се чини дека е скандал само затоа што ги прикажува кулисите на дволичноста која постои меѓу државата, граѓаните и печатот. Од друга страна, ја најавува значајната промена во меѓународната комуникација – и однапред ни ја претставува сликата за регресивната иднина на „незабележливиот“ напредок.

Викиликс го потврди фактот дека секој документ склопен од страна на тајната служба (на која било нација) е составен од исечоци од печатотНо да ја погледнеме чекор по чекор. Како прво, Викиликс го потврди фактот дека секој документ склопен од страна на тајната служба (на која било нација) е составен од исечоци од печатот. „Несекојдневните“ американски откритија за сексуалните навики на Берлускони речиси се совпаѓаат со она што месеци претходно можеше да се прочита во секој весник (освен оние во сопственост на самиот Берлускони), и злокобната карикатура на Гадафи долго пред тоа беше предмет на кабаретските фарси.

Правилото кое вели дека тајните досиеја мораат да содржат само вести кои веќе се претходно познати е суштинско за динамиката на тајните служби, и тоа не само во овој век. Појдете во некоја езотерична книжарница и ќе најдете дека секоја книга на полиците (за Светиот грал, за „мистеријата“ на Rennes-le-Château [лажна теорија создадена да привлече туристи во ова француско гратче], за Темпларите или Розенкројцерите) е детално прераскажување на она што е веќе напишано во постарите книги. И тоа не е само поради тоа што окултните автори имаат одбивност кон спроведување оригинални истражувања (или не знаат каде да бараат вести за не-постоечкото), туку затоа што окултистите само веруваат во она што веќе го знаат и што го потврдува она што веќе го слушнале. И така стигнавме до успешната формула на Ден Браун.

Истото важи и за тајните документи. Информаторот е мрзлив. Таков е и раководителот на тајната служба: тој го признава за вистинито само она што го препознаваИстото важи и за тајните документи. Информаторот е мрзлив. Таков е и раководителот на тајната служба: тој го признава за вистинито само она што го препознава. Врвната тајна за Берлускони која американската амбасада во Рим ја испрати во Стејт департментот беше истата приказна која излезе во весникот Newsweek една недела претходно.

Па тогаш, зошто толкава загриженост во врска со истекувањата? Како прво, тие го кажуваат она што секој прониклив набљудувач веќе го знае: дека амбасадите, барем од крајот на Втората светска војна, или откако шефовите на државите можат да си телефонираат еден на друг или да летаат со авион за да се сретнат за вечера, ја изгубиле својата дипломатска функција и, освен повремените церемонијални функции, се преобразиле во центри за шпионирање. Секој што гледал истражувачки документарци добро го знае тоа, и само поради дволичност ние глумиме незнаење. Сепак, повторувањето во јавноста претставува повреда на должноста на дволичноста и ја прикажува американската дипломатија во лошо светло.

Како второ, сознанието дека секој искусен хакер може да копа во најтајните тајни на најмоќната земја во светот му нанесе голем удар на угледот на Стејт департментот. Па така, овој скандал повеќе ги повреди „извршителите“ отколку „жртвите“.



Граѓанинот стана жртвата на воајерското око на државатаНо, ајде да се свртиме кон подлабокото значење на она што се случи. Порано, уште во времето на Орвел, секоја власт можеше да биде сфатена како „Големиот брат кој го гледа секое движење своите поданици“. Пророштвото на Орвел целосно се оствари откако властите ја добија можноста да го прислушуваат секој телефонски повик на нивните граѓани, да го испитаат секој хотел во кој тие престојувале, да го проверат секој пат по кој возеле итн. Граѓанинот стана жртвата на воајерското око на државата. Но кога се случува, како што се случува сега, дури и шифрираните државни тајни да не се вон дофатот на хакерите, набљудувањето престанува да биде еднострано и станува обострано. Државата го вперила своето око во секој граѓанин, но секој граѓанин, или барем секој хакер – самоназначениот одмаздник на граѓаните – може да ѕирне во секоја тајна на државата.

Како една власт може да издржи ако повеќе не е во состојба да ги зачува сопствените тајни? Вистина е, како што еднаш забележа Георг Симел, дека вистинската тајна е празната тајна (која никогаш не може да биде ископана, т.е. откриена); исто така, вистина е тоа дека сето она што е познато за личностите на Берлускони или Меркел во суштина претставува празна тајна, тајна без тајна, бидејќи спаѓа во областа на јавното. Но да се открие, како што стори Викиликс, дека тајните на Хилари Клинтон се празни тајни, претставува одземање на сета нејзина моќ. Викиликс не им нанесоа никаква штета на Саркози или Меркел, но им нанесоа непоправлива штета на Клинтон и Обама.

Очигледно е дека во иднина државите повеќе нема да можат да стават некоја строго доверлива информација на интернетКои ќе бидат последиците на оваа рана која и’ е нанесена на една многу моќна сила? Очигледно е дека во иднина државите повеќе нема да можат да стават некоја строго доверлива информација на интернет – тоа ќе биде исто како да ја објават преку плакат на некој уличен агол. Но подеднакво јасен е фактот дека, со оглед на денешните технологии, залудна е надежта дека може да се имаат доверливи договарања преку телефон. Ништо не е полесно од откривањето дали претседателот на државата заминал или се вратил, или контактирал некој од своите колеги. Па, како во иднина да се спроведуваат нужните работи? Сега знам дека сега-засега, моите предвидувања сè уште претставуваат научна фантастика и поради тоа се и фантастични, но не можам да не си ги замислувам државните разузнавачи како дискретно се возат во кочии по споредни патишта, пренесувајќи само запаметени пораки или, во најлош случај, таен документ скриен во потпетицата на чевелот. Затоа ќе се чува само по една копија – во заклучени фиоки. На крајот на краиштата, обидот за упад Вотергејт беше помалку успешен од оној на Викиликс.

Еднаш ја имав можноста да набљудувам како технологијата напредува како краба, односно, наназад. Еден век откако безжичниот телеграф внесе пресврт во комуникациите, интернетот се постави како телеграф кој работи на (телефонски) жици. (Аналогните) видео касети им овозможија на филмските љубители да го прегледуваат филмот сцена по сцена, преку премотување нанапред или наназад за да ги пронајдат сите тајни на процесот на монтажата, но (дигиталните) компакт дискови сега ни дозволуваат само квантни скокови од едно поглавје на друго. Возовите кои развиваат огромни брзини нè носат од Рим до Милано за три часа, додека летањето со авион меѓу овие два града, вклучувајќи го превозот до и од аеродромот, одзема три и пол часа. Па затоа не би било чудно ако политиката и комуникациските технологии им се вратат на кочиите влечени од коњи.

Една последна забелешка: во минатото, печатот се обидуваше да дознае какви тајни се кријат во амбасадите. Денес, амбасадите се тие што го прашуваат печатот за она што се случува во нив самите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 09:57

Како пишувам

Сега веќе се знае колку се залудни прашањата во стилот на „дали најпрвин правите белешки, го пишувате ли веднаш првото или последното поглавје, пишувате со пенкало, на машина или компјутер?“. Ако нам од ден на ден ни одговара да создаваме светови, ако мораме да испробаме безброј временски структури, ако треба постапките на ликовите, она што тие го прават или би требало да го прават според здравиот разум или наративните конвенции (или наспроти наративните конвенции), да го прилагодите на логиката на притеснување (да се премислувате, бришете, преправате), тогаш нема едноoбразен начин на пишување на роман.

Кога треба да напишете роман самото пишување следи подоцна. Првин се чита, се прават картички, се цртаат портрети на ликовите, мапи на местата и шеми на временски секвенциБарем што се однесува до мене. Знам некои автори кои се будат во осум наутро, седнуваат пред машината и пишуваат од девет и пол до дванаесет (nulla dies sine linea), а потоа престануваат и шетаат до ноќта. Јас не. Кога треба да напишете роман самото пишување следи подоцна. Првин се чита, се прават картички, се цртаат портрети на ликовите, мапи на местата и шеми на временски секвенци. Тие работи се прават со помош на пенкало или компјутер, во зависност од мигот, местото каде што се наоѓа човекот, типот на наративна идеја или податокот кој се сака да се прибележи: на задната страна на возната карта, ако идејата дојде во воз, на картичка, на лист, со хемиско пенкало, со диктафон или, ако баш се мора, со сок од дуњи.

После тоа се случува да го фрлам или заборавам нештото некаде, но имам полна кутија со забелешки, блокови од хартија во разни бои, цедалка, па дури и канцелариска хартија. Тој неуреден куп ми помага во мнемонички поглед, затоа што паметам дека некоја белешка сум ја напишал на хартија заглавен во некој лондонски хотел, а првата страница на тоа и тоа поглавје сум ја скицирал во кабинетот, на хартија со светло сини линии, со моето пенкало Мон Блан, додека наредното поглавје сум започнал да го пишувам на село, на задната страна на некое рециклирано мени.

Немам никаков посебен метод, денови, часови, годишни времињаНемам никаков посебен метод, денови, часови, годишни времиња. Меѓутоа, меѓу вториот и третиот роман си ветив нешто. Собирав идеи, пишував белешки, правев концепти каде и да се најдев, но подоцна, кога ќе успеев да поминам барем една недела во својата викендичка, ги средував поглавјата на компјутер. Кога ќе дојдеше време за заминување, ги печатев, ги прегледував и ги оставав да отстојат во фиоката, додека повторно не се вратам во селото. Конечните верзии на моите први три романи настанаа таму, обично за петнаесет до дваесет дена, онолку колку што поминувам таму за Божиќ. И така, подлегнав на едно празноверие (јас, најнесуеверниот човек на светот, поминувам под скалила, срдечно ги поздравувам црните мачки кога ќе ми го пресечат патот, и ги јадам суеверните студенти закажувајќи им ги испитите во вторник или петок, сеедно, само да биде тринаесетти или седуманесетти): верзијата која е речиси конечна, ако занемариме некои ситни исправки, мораше да биде готова на петти јануари, на мојот роденден. Ако за некоја година сè уште не би била подготвена, би ја чекал следната (и така еднаш ми се случи верзијата речиси подготвена во крајот на ноември, да не ја завршам во јануари).



Тука Баудолино беше исклучок. Со други зборови, го пишував во ист ритам како и обично, и исто така го оставав на село, но кога бев некаде на половина, за време на Божичниот распуст во 1999, заглавив. Мислев дека тоа е поради милениумската бубачка. Токму стигнав до поглавјето за смртта на Барбароса, и она што во тоа поглавје требало да се случи го одредуваше крајот, па и самиот начин на кој ќе го раскажам патувањето во кралството. Се блокирав, и тоа потраа неколку месеци – не успевав да смислам како ќе го преминам тој гребен, или ќе го заобиколам `ртот. Никако не ми одеше, и ги замислував поглавјата за кои сонував уште од почетокот, средбата со чудувштата, посебно со Хипазија. Сонував за можностите да ги завршам тие поглавја, но не сакав да го направм тоа додека не го решам проблемот кој ме опседна.

Се вратив во селото во летото 2000. „Го забиколив `ртот“ некаде во половината на јуни. На романот започнав да помислувам 1995, ми требаа пет години да стигнам до половината, понатаму – си зборував себе – ќе ми требаат уште пет за да го завршам.

се виде дека за тие пет години толку интензивно сум размилувал за другата половина што таа речиси целосно ми беше во главатаНо се виде дека за тие пет години толку интензивно сум размилувал за другата половина што таа речиси целосно ми беше во главата (во срцето, во стомакот, не знам). Со еден збор, од половината на јуни до почетокот на август книгата, да речам така, се заврши сама, во еден здив (после неколку месеци ја проверував и преправав, но таа беше готова, приказната беше завршена). Тогаш ми се урна уште едно начело, зашто и суеверието е начело, колку и да е ирационално. Книгата не ја завршив до пети јануари.

Нешто не е во ред, размислував неколку дена. Потоа на осми август се роди мојот прв внук. Сè беше јасно, требаше тој четврти пат романот да го завшам не на својот, туку на неговиот роденден. Му ја посветив книгата и се разведрив.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 09:58

Постоењето како бескраен Карневал

Во една пригода напишав дека една од најосновните потреби на човекот – освен храната, сонот, љубовта и спознанието – е играта. Сметав дека тоа е повеќе од очигледно... Но, ме предупредија дека идејата ми била интересна бидејќи била ,,предизвикувачка”. Како никој никогаш да не забележал дека децата, маченцата и кученцата се изразуваат пред сè преку играта! Момент на бескорисно занимавање, играта, за навистина да е игра треба да се разгледува како пауза, како миг кој ја прекинува едноличноста на секојдневните задачи. Во тоа се состои и еден од клучните аспекти на felix culpa: ако не згрешеше, Адам немаше да го заработува лебот со пот на челото, туку ќе продолжеше да лудува по градините на Рајот и така ќе останеше големо дете. Затоа како среќна околност се појавува змијата.

Сите цивилизации посветувале по неколку денови од годината на апсолутната игра. Во тој период на слобода што го нарекуваме Карневал, постојано се игра. За да е убав и не многу заморен, Карневалот треба да е кус. За разлика од тоа, една од карактеристичните особини на цивилизацијата во која живееме е „целосната карневализација” на постоењето. Тоа не значи дека ќе работам помалку благодарение на машината, а работното време ќе биде целото “карневализирано”. За момент претставете си колку часа пред телевизискиот екран поминува просечниот човек – и карневализацијата на постоењето станува очигледна. Зашто надвор од кусото време, посветено на информациите, телевизијата главно ни предложува развлечувања, давајќи предност на оние кои го претставуваат животот како бескраен карневал. Само што наместо конфети, водителите и згодните девојки, прскаат во воздухот водопади од милиони што секој може да ги заработи преку игра.

Службеникот што тајно од својот шеф ги игра игрите на компјутерот или посетува сајт на „Плејбој” живее во бескраен карневалДенес ние, едноставно сè уште не сме свесни за целосната карневализација на трудот, чиј израз се сите оние разновидни предмети и малку услужливи роботи, кои нивната употреба ја претвораат во игра. Службеникот што тајно од својот шеф ги игра игрите на компјутерот или посетува сајт на „Плејбој” живее во бескраен карневал. Истото се однесува и на оној чија кола веќе може да му зборува, да му го покажува патот и да го предупреди дека си го ризикува животот, додека тој ги притиска разните копчиња на неа и ги проучува информациите за температурата и количеството на бензин, за должината на патот итн. Или да го земеме мобилниот телефон: за лекарите и водоинсталатерите, да речеме, чија професија, ја наметнува неговата намена, тоа е работен инструмент. Останатите би требало да го користат само во исклучителни околности: кога се надвор од домот и треба да соопштат или да им се соопшти нешто исклучително, задоцнувањето на возот што излетал од пругата, за бура или за сообраќајна незгода. Ако тоа навистина би било така, сите – со исклучок на неколкуте снобови – ќе го користеа еднаш или максимум два пати на ден мобилниот телефон. Ете зашто 99 % од времето поминатото со стиснатите, како фетиш до увото, телефони, е време посветено на играта. Како што е и време на игра, времето поминато во супермаркетот или во кафулето покрај автопатот. Различното изобилство на предмети, повеќето непотребни, кои ни се предложуваат таму, е всушност игра: влегуваме за да купиме кафе, а излегуваме половина час подоцна со четири пакетчиња бисквити за песот.

Се сеќавам на повикот да се откажам од работата, распространет во 70 години од револуционерите од Potere operatio во името на победоносната автоматизација, која сака да ја намали неопходноста на трудот. Но не се сеќавам дека работничката класа се облагороди и на тој начин да ја оствари Марксовата утопија, според која секој би требало да биде по својот сопствен избор рибар, ловец, итн. Напротив, и до ден денес работничката класа продолжува да ја опслужува индустријата на карневализацијата. И доколку стане сведок на револуционерниот пресврт, тој ќе ги загуби не само оковите, туку и последната епизода од саканата телевизиска серија. Затоа и ќе гласа за кандидат кој му го осигурува забава. Што се случува кога ќе откриеме дека во многу делови од светот луѓето не се забавуваат, туку умираат од глад? Ние си ја смируваме немирната совест со голем забавен спектакал во добротворни цели, во кој собираме помош за црните деца, инвалидите и истоштените од глад. Ете, и спортот е карневализиран. Молам? Нели е спортот игра во нејзиниот најчист вид и како може една игра да се карневализира? Кога ќе престане да биде само една активност меѓу другите, она што навистина би требало да биде (еден натпревар неделно и одвреме-навреме – олимписки игри), а се претвора во нешто постојано. Кога наместо да е занимација, која е сама за себе цел, се претвора во индустриска дејност. Во спортот веќе не е важна играта на оние кои ја играат, туку големиот карневал пред и по неа; не е толку важен натпреварот, туку неделата по натпреварот, кога игра гледачот, а не играчите.




И политиката се карневализира – напразно не се говори толку често за политиката како спектакл. Сè се решава на телевизија како во времето на битките меѓу гладијаторите. За изборот на премиер да се озакони, го запознаваат со Мис на Италија, која не е облечена во обична женска облека, туку во облеката на Мис на Италија. Ќе дојде денот кога премиерот ќе треба да се појави маскиран како премиер.

А религијата? Порано со насмевка ги следевме церемониите во филмовите, во кои облечени во шарени облеки Африканците удираа со рацете и викаа: О, таа Исус!“ Кон крајот на минатиот милениум многу голем дел од изјавите околу Јубилејот спомнуваа дискотека. По тој повод неколку хомосексуалци во карневалот на својата добија “Хомосексуална гордост” одредена компензација за мачната многувековна репресија. Зашто во карневалот се прима сè, дури е пеачката, која потскокнува пред Папата со разголен папок.

Луѓе на играта во својата основа, ние веќе го имаме загубено чувството за нејзината мерка и се наоѓаме во процес целосна карневализацијаЛуѓе на играта во својата основа, ние веќе го имаме загубено чувството за нејзината мерка и се наоѓаме во процес целосна карневализација. Човечкиот вид располага со секакви можности за промена. Којзнае, можеби ќе успееме да ги согледаме новите околности, па дури од нив да извлечеме и некои духовни предности... Можеби е вистинито тврдењето дека трудот веќе не е проклетство и нема потреба да го виткаме грбот за да преживееме – некаде подобро, некаде полошо... Тогаш да празнуваме! Само историјата да не се сруши самата во себе: една чудна светска војна со зголемена доза на осиромашен ураниум, една убава озонска дупка, поголема од секоја – и ете го крајот на карневалот.

Целосната карневализација не ја заситува желбата туку ја изоструваВреме е да резимира. Целосната карневализација не ја заситува желбата туку ја изострува. Доказот е посетителот на дискотеката, на кого после часови игра и тонови децибели – продолжува да му се брза и затоа се впушта во смртоносен автомобилски натпревар. Така постои реалната опасност карневализацијата да се приклучи на онаа убаво опишана случка, во која некој тип се доближил до една девојка и ја прашал: “Госпоѓице, а кога ќе заврши оргијата, што ќе правите?”

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 09:59

Маскирана книга

Играта за која идејата ми ја даде Омар Калабрезе, се состои во исфрлање на основниот заплет од некое познато дело кое потоа коректно се прераскажува, отежнувајќи го препознавањето на текстот и оставајќи недоумица за кое дело станува збор. Насловот треба да биде непрепознатлив и да го оддалечи читателот од точниот одговор.

Решенијата се на крајот на текстот.

1. Викајте ме Исмаил.

Роден во село на дрводелци вешти во изработка на брзи бродови, отпловува на море помеѓу монструми и чудовишта и мавајќи со наострено копје тргнува во потрага по Левијатанот. Во мноштвото неверојатни авантури, подготовката на заседа станува ритуал на патот на созревањето и освојување на човечноста. Post fara resurgo.

2. Една безбојна приказна

Амбициозен, сонуваше наполеони и златници. Можеше да се задоволи со тоа што го сакаа и свештениците и семејството на градоначалникот. Можеше добро да се ожени и да дојде до големо богатство, но прокоцка сè со еден невешт истрел. Сериозно ја изгуби главата.

3. Драги Вотсон

Закоравен ерген, манијкално точен, што го излудуваше неговиот нераздвоен помошник, се заплетка во еден бизарен потфат, или, подобро кажано, измама. Се жени речиси случајно, иако знае дека тоа е само губење време.

4. Изгубени илузии

Момчето прерано созреа, чесно, доблесно, ја презема работата на татко му и тргнува да ја освои престолнината. Иако наследил поголемо богатство, не успева да го добие кредитот кој му е потребен; според кажувањето на еден од неговите помошници, лошо котирал на берзата, иако акциите кои ги имаше вредеа многу. Владата не сака да му помогне, а го напуштаат и оние кои се збогатиле благодарение на него; на крајот плаќа за сè. Но секогаш зборува дека не треба да се изгуби присуството на духот: повторно се воздигнува и освојува половина свет. Крушата под круша паѓа и верувај во себе и во своето ждребе.

5. Пулицер

Скита по светот, одејќи по жената која го нема удостоено ниту со еден поглед. Ама на половина пат во себе ја открива репортерската склоност, и почнува да прави интервјуа со личности од висок ранг, но и тие од подземјето. Одличен стил и покрај понекоја провокативна вулгарност. Ги добива најголемите награди во својата категорија.

6. Мирандолина

Драма на љубомора, судир на различни интереси, сè поради наметливоста на еден еден плејбој, странец. Семејниот свештеник, наместо да ја смири ситуацијата, сее раздор. Со среќа, нејзината собарка со помош на своето момче (кое постојано ја вовлекува во неволји), ги средува работите. (Но приказната не завршува тука и ќе треба уште дваесет години додека меѓусебно не се помират сите).

7. Излезе да купи цигари

Тој е интелегентен, љубопитен, остроумен, со добри позиции во општеството и угледна фамилија. Но не умееше да одолее на искушенијата, целосно опседнат со жени, патувања и коњи. Останува до доцна во ноќта со пријателите кои се однесуваат како свињи. Кога некој така ја предизвикува судбината не заслужува, кога ќе се врати, да го чека ниту пес. А него го чека и жена, ене ја, уште плете осамена, а не е дека немала прилики.

8. Квази Висконти

Богата, разгалена, лакома за пари, се обидува да и’ направи рогови дури и на својата снаа. Тешко му на тој кој си има работа со Јужнаци.

9. Пустиник покајник

Далеку од човечката заедница се бори во гради, откривајќи ја повторно вистинската блискост со Изворот кој му даде живот на Адам и на неговите деца.
Но не успеа да им одолее на задоволствата на цивилизацијата. Во суштина имаше тежок живот.

10. Гладио

Црн војник, не се одвојува од бомбата и камата, има само една фикс идеја: „Господ да ги убие Англичаните“. Поразен е и збунет кога токму луѓето кои зборуваат англиски му нудат нов живот. Делува како да прифаќа, но симулира и не се дава: успева да побегне и да им го украде најскапоцениот бисер. Вистинска ѕверка. Некаде настрана, некој пуши.

11. Волстрит

Паметен, остроумен, без скрупули, и покрај мрачното минато оди кон својата цел, ги уништува сите кои му се спротиставуваат и одбива да ги признае своите гревови.
Се разбира, има успех, но нему ништо не може да му се измолкне и тој ги сфаќа своите грешки, но доцна. Да беше жив татко му, работите би се одвивале поинаку, но мајка му секогаш му попушташе.

12. Скица

Тој, таа и некој трет. Едниот не знае точно што сака, другиот знаеше ама не му беше гајле. Заминуваат, доаѓаат, се тепаат еден со друг, на крајот се среќаваат, навидум без смисла. Но само навидум, бидејќи смисла има дури и премногу. Жената е незадоволна, но фантастична.

13. Како Ричардсон

Убава, млада и нежна, без одбрана, на прв поглед послушна, посветена на куќата и семејството, како да има непромислена склоност кон ризик или можеби е само наивна. Сретнува личност достојна на секој презир, која ќе ја искористи нејзината доверба, а таа беше толку неподготвена. Од друга страна, тој умее да ја стекне довербата и на нејзините роднини, прави што ќе му текне, снисходлив е, се расфрла и лаже. Таа запаѓа во стапица, му се препушта и го губи тоа што и’ е најскапоцено. Ама не треба да се донесуваат типизирани заклучоци: еден авантурист, егоист и грабежливец, неспособен за нежност и сомилост кон слабите, но кој добро ги познава фаталните правила на борбата за преживување, и’ помага да почне нов живот.

14. Бистри, свежи и слатки води

Тој ја сака неа. Таа умира. Што да се прави со една толку банално универзална приказна? Сепак авторот на овие сладникави страници ја напушта латинската поезија на која и’ го посветил животот и ја става својата академска титула на коцка. Станува познат бидејќи ја раскажа оваа приказна.

15. Еден обичен живот

Строг, можеби и ситничар, никого нема поштедено од критики, но никогаш нема изречено две критички забелешки одеднаш. Бидејќи имаше многу изразено чувство на должност и почит кон формата, за да биде сосем сигурен во тоа што го тврди, чекаше првин да го направи категоричкиот скок. Можеби неговиот начин беше шематски, но беше способен за синтеза и бараше работите да се соопштуваат само на вистинско место и во вистинско време. Останатите велеа дека е празноглав, но тој водеше сметка за сè што го опкружуваше, само не сакаше да работи ништо на слепо. Иако признаваше дека сака малку да го крене носот, на крајот покажа дека поседува практичен дух и разум.

Решение

1. Пинокио. 2. Црвено и црно. 3. Пат околу светот за осумдесет дена. 4. Евангелието. 5. Боженствената комедија. 6. Трите мускетари. 7. Одисеја. 8. Однесено со виорот. 9. Тарзан. 10. Тигрите од Момпрасена. 11. Крал Едип. 12. Уликс. 13. Црвенкапа. 14. Љубовна приказна. 15. Трите кантови критики.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 10:00

Сублимната уметност го оцрнува непријателот

Пред неколку години во Њујорк налетав на таксист чие име беше тешко за дешифрирање. Ми објасни дека е Пакистанец. Ме праша од каде доаѓам. Му одговорив дека сум од Италија. Потоа ме праша колку нè има. Беше погоден од тоа што сме толку малку и што нашиот јазик не е англискиот.

На крајот ме праша кои се нашите непријатели? На моето „молам“, стрпливо објасни дека сака да знае со кои народи со векови сме во војна заради територијални претензии, етничка омраза, постојан напад на границите итн. Му реков дека со никого не сме во војна. Стрпливо ми објасни дека сака да знае кои се нашите историски непријатели, оние кои нè убивале и кои ние сме ги убивале. Му повторив дека ги немаме, дека последната војна ја водевме пред повеќе од педесет години и дека меѓу другото ја почнавме со еден, а ја завршивме со друг непријател.

Не беше задоволен. Како е можно да постои народ без непријатели? Излегов од таксито оставајќи му два долари бакшиш за да се искупам заради италијанскиот мрзелив пацифизам. Подоцна ми падна на ум што требаше да му кажам. Имено, дека не е вистина оти Италијанците немаат непријатели.

Италијанците немаат надворешни непријатели, и во секој случај никогаш не биле способни да се согласат кои би можеле да бидат тие, бидејќи постојано се во меѓусебна војна. Пиза против Ливорно, гелфите против гибелините, северњаците против јужњаците, фашистите против партизаните, мафијата против државата, владата против судството, и вистинска штета е што втората влада на Романо Проди падна подоцна, можев подобро да му објаснам што значи да се изгуби војната благодарение на пријателски оган. Но, подобро размислувајќи за споменатата епизода, се уверив дека една од италијанските несреќи во последните шеесет години е токму тоа што немавме вистински непријатели. Италија се соедини благодарение на австриската присутност или, како што велеше Берчет, благодарение на накострешената и немила Германија. Мусолини можеше да ужива во довербата на народот бодрејќи ги луѓето да се осветат заради сакатата победа, понижувањата нанесени во Догалија и Адуа и од страна на еврејската демоплуктокрација која на Италија и’ нанесуваше неправедни санкции. Видовме што се случи со Соединетите Држави по падот на советското империјално зло. Идентитетот им се распаѓаше сè додека не се појави Бин Ладен, поранешниот сојузник во борбата против СССР, кој на Буш му овозможи создавање нови непријатели, засилувајќи го чувството на националниот идентитет и неговата моќ.

Да се има непријател е важно не само за дефинирање на нашиот идентитет, туку и за создавање пречка во чиј однос го мериме нашиот систем на вредности и ја покажуваме, во соочувањето со неа, нашата вредност. Заради тоа, ако веќе ги нема, непријателите се создаваат.

Странецот е пример за другост. Уште на староримските барелјефи гледаме брадести и зараснати варвари, со што со самиот термин „варвар“ се алудира на нивната лингвистичка, а со тоа и мисловна неспособност. Низ историјата за непријатели не се прогласувани само оние поинаквите кои постојано ни се закануваат (како што било случајот со варварите), туку и оние кои поради нечиј интерес ни се претставувани како такви, иако директно не ни се закануваат. Во тој случај не правиме разлика меѓу нив и нас затоа што тие ни се закануваат, туку самата различност станува знак за заканување.

Да се присетиме на прогласот против дионизиските ритуали (од туѓо потекло) и кога Тацит им вели на Евреите: „За вас е профано сето она што нам ни е свето, а она што нам ни е нечисто, вам ви е дозволено“ (нешто слично денес се случува кога Британците се гадат од жабите во Франција или Германците од големите количества лук во италијанската кујна). Евреите се чудни затоа што не јадат свинско, не користат квасец, се обрежуваат (внимание, молам!) не од хигиенски или верски причини, туку за да ја „подвлечат својата различност“, ги закопуваат мртвите и не ги почитуваат нашите императори. По истакнувањето на разликите (на пример, обрежувањето), се преминува на легенди (па така Евреите како светост го обожаваат магарето, а не ги почитуваат родителите, децата, семејството ниту боговите)...

Берилон во 1915 година го пишува есејот „La polychesie de la race allemande“ во кој детално докажува дека просечниот Германец произведува повеќе фекалии од просечниот Французин, при што германските фекалии уште имаат и непријатен мирис...Со интензивирањето на контактот со други земји непријателот престанува да биде само оној кој живее другаде, туку непријатели стануваат и оние меѓу нас: имигрантите кои се однесуваат поинаку и не го зборуваат добро нашиот јазик. Да се присетиме на Гркот на Јувенал – дрзок, препреден, превртлив и толку похотен што во кревет би отишол и со бабата на пријателот... Непријателот секогаш смрди. Некојси Берилон во 1915 година го пишува есејот „La polychesie de la race allemande“ во кој детално докажува дека просечниот Германец произведува повеќе фекалии од просечниот Французин, при што германските фекалии уште имаат и непријатен мирис... Евреинот, од самото продолжување на христијанството, секогаш е чуден и смрдлив, бидејќи е слика за Антихрист, архинепријател, не само наш туку и на Бога.

Иако тука станува збор за „благородни“ примери, Брехт потсетува дека дури и омразата кон неправдата има две лицаИзгледа дека не можеме без непријателот. Процесите на цивилизацијата не ја аболираат фигурата на непријателот. Потребата за непријател ја имаат и најкротките пацифисти. Се случува, на пример, непријателот во човечки облик да биде заменет со природна или општествена сила која на овој или на оној начин ни се заканува и која треба да биде поразена – без разлика дали станува збор за капиталистичката експлоатација, загадувањето на животната средина или гладот во Африка. Иако тука станува збор за „благородни“ примери, Брехт потсетува дека дури и омразата кон неправдата има две лица.

Значи ли тоа дека етиката е немоќна пред атавистичката потреба од непријател? Етиката настапува не кога немаме непријатели, туку кога се обидуваме да ги разбереме, да се ставиме во нивната положба. Кај Ајсхил нема омраза кон Персијанците, чија трагедија тој ја живее со нив и од нивна гледна точка. Цезар се однесува кон Галите со многу почит, во краен случај малку се расплачени секогаш кога се предаваат, а Тацит ги обожава Германите, сметајќи дека се убаво градени, ограничувајќи се на жалење заради нивната нечистотија и несогласувањето на напорна работа, бидејќи не ја поднесуваат жестината и жедта.

Обидувајќи се да го сфатиме другиот го уништуваме клишето создадено за него, без да ја негираме и бришеме неговата различност.

Но, да бидеме реални. Таквите облици на сфаќање на непријателот се својствени и за поетите, за светците и за предавниците. Нашите најдлабоки нагони се сосема поинакви.. Ако работите стојат така, тогаш конструирањето на непријателот мора да биде интензивно и константно. Орвел во романот „1984“ нуди совршен пример: „Како и обично, на екранот се појави Емануел Голдстајн, народниот Непријател. Од толпата прво се слушнаа неколку свирежи. Една ситна русокоса жена испушти крик кој беше мешавина од страв и гадење. По помалку од триесет секунди Омраза, дел од присутните во салата пуштија извик на бес. Омразата за две минути премина во делириум... Винстон сфати дека и тој вика заедно со другите, бесно удирајќи со петиците врз својот стол. Најлошото во врска со тие Две Минути Омраза не беше тоа што мораше да се учествува во нив, туку, сосема спротивно, што на тоа претерување беше невозможно да се одолее“.

Не мораме да дојдеме до делириумот од 1984 за да сфатиме дека како човечки суштества имаме потреба од непријател. На последните избори видовме колкав страв предизвикуваат имигрантите.

Благодарение на проекцијата на карактеристиките на некои нејзини членови кои живеат во маргинализираната ситуација, Италијанците ја имаат сликата на непријателот Романија, идеалниот жртвен јарец за општеството кое во вртлогот на трансформациите, вклучувајќи ги и оние етничките, веќе не може да се препознае.

Најцрниот резултат од опишаната ситуација ни го дава Сартр во „Huis clos“. Од една страна не можеме да се препознаеме себе само од присутноста на Другиот, врз што се засновани правилата за соживот и благост. Но, далеку ни е полесно да бидеме нетрперливи кон Другиот затоа што не е како нас и така, редуцирајќи го на непријател, создаваме пекол на земјата.

Кога Сартр во хотелска соба ќе затвори три покојници кои за време на животот не се познавале, едниот ја сфаќа страшната вистина: „Гледате колку е едноставно. Не станува збор за физичко мачење. А сепак сме во пеколот. И веќе никој нема да дојде тука. Никој. Ние тројцата ќе останеме сами до крајот. Недостасува само крвник. Но, решиле да заштедат на персонал. А како? Лесно: секој од тројцата на другите двајца им е крвник“.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 10:01

Сакаме списоци зашто не сакаме да умреме

Шпигел: Господине Еко, за вас се смета дека сте еден од најучените луѓе во светот, а сега отворате изложба во Лувр, еден од најважните музеи во светот. Предметот на вашата изложба звучи малку како општо место, имено: основната природа на списоците, поети кои прават списоци во своите дела и сликари кои собираат предмети во своите слики. Зошто ги избравте овие теми?

Умберто Еко: Списокот е основата на културата. Тој е дел од историјата на уметноста и литературата. Што културата сака да постигне? Вечноста да стане разбирлива? Исто така сака да направи поредок – не секогаш, но многу често. Прашањето е како, како човечки суштества, се соочуваме во бесконечноста? Како се обидуваме да го зграпчиме несфатливото? Преку списоци, преку каталози, преку збирки во музеите и преку енциклопедии и речници. Има магија во броењето со колку многу жени спиел Дон Жуан: станувало збор за 2063, барем според авторот на либретата на Моцарт, Лоренцо да Понте. Исто така, правиме сосема практични списоци – списоци кога одиме да купуваме, тестамент, мени – сите овие нешта на свој начин се културни достигнувања.

- Дали култивираната личност треба да се согледува како кустос кој се обидува да го постави поредокот на нештата каде што владее хаосот?

Каде и да погледнете во историјата на културата, ќе најдете списоци.Списокот не ја уништува културата; тој ја создава. Каде и да погледнете во историјата на културата, ќе најдете списоци. Всушност, постои збунувачки ред: списоци на светци, на армии и на лековити растенија, или на богатства или наслови на книги. Сетете се на колекциите на природните нешта од 16 век. Моите романи, патем кажано, се полни со списоци.

- Книговодителите прават списоци, но тие исто можат да се најдат и во делата на Хомер, Џејмс Џојс и Томас Ман.

Да. Но тие, се разбира, не се книговодители. Во „Улис“, Џејмс Џојс опишува како неговиот главен лик, Леополд Блум, ги отвора своите фиоки и ги разгледува сите нешта што ќе ги најде внатре. Ова го согледувам како литературен список, кој многу кажува за Блум. Или земете го Хомер, на пример. Во „Илијада“ тој се обидува да ја прикаже големината на грчката армија. На почетокот користи споредба: „Како кога некој огромен шумски пожар беснее над планинскиот врв и неговиот оган се гледа од далеку, додека тие маршираат, блесокот на нивното оружје искри на небесниот свод“. Но, не е задоволен од тоа. Не може да ја пронајде вистинската метафора, па ги моли музите да му помогнат. Потоа му се појавува идејата да ги именува многубројните, навистина многубројните генерали и нивните бродови.

- Но, правејќи го ова, тој да не застранува од поезијата?

На почетокот, ние мислиме дека тоа е примитивен список типичен за многу рани култури, кои немале прецизен концепт за универзумот и затоа биле ограничени на правење список на нештата кои можеле да ги именуваат. Но, во историјата на културата, списокот повторно и повторно ја зазема својата доминација. Тој во никој случај не е израз на примитивните култури. Во Средниот век постоела многу јасна слика за универзумот, а сепак постоеле списоци. Новиот поглед основан врз астрономијата доминирал во ренесансата и во барокот. А сепак имало списоци. А списоците дефинитивно се распространети и во времето на постмодернизмот. Во нив постои неодолива магија.

- Но, зошто Хомер ги набројува сите воини и нивните бродови ако знае дека никогаш нема да ги наброи сите?

Отсекогаш сме биле фасцинирани од бескрајниот космос, од недопирливите ѕвезди и галаксиите кои се наоѓаат после други галаксииДелото на Хомер постојано се навраќа на топосот на неискажливото. Луѓето секогаш ќе го прават тоа. Отсекогаш сме биле фасцинирани од бескрајниот космос, од недопирливите ѕвезди и галаксиите кои се наоѓаат после други галаксии. Како се чувствува некој кој гледа во небото. Љубовниците се наоѓаат во истата положба. Тие ја искусуваат недоволноста на јазикот, недостатокот од зборови со кои би можеле да ги искажат своите чувства. Но, дали љубовниците некогаш престануваат да го прават тоа? Тие прават списоци: твоите очи се толку убави, твојата уста исто така, и твојата клучна коска... може да се оди во детали.

- Зошто трошиме толку многу време обидувајќи се да завршиме нешта кои реално не можат да бидат завршени?

Ние имаме ограничување, многу обесхрабрувачко, понижувачко ограничување: смртта. Затоа ги сакаме сите нешта за кои претпоставуваме дека немаат ограничувања и затоа немаат крај. На тој начин избегнуваме да мислиме на смртта. Сакаме списоци зашто не сакаме да умреме.

- На Вашата изложба во Лувр, Вие исто така изложувате дела од областа на уметноста, мртви природи. Но, овие слики имаат рамки, или граници, а тие не можат да насликаат повеќе од она што го насликале.

Напротив, причината поради која толку многу ги сакаме лежи во нашето верување дека сме способни да видиме нешто повеќе во нив. Личноста која ужива пред сликата чувствува потреба да ја тргне рамката и да види како нештата изгледаат од левата и од десната страна на сликата. Овој вид сликање навистина е како правење списоци, исечок од бескрајноста.

- Зошто овие списоци и натрупувања Ви се толку значајни?

Луѓето од Лувр ми пријдоа и ме прашаа дали сакам да курирам изложба таму и ме замолија да им понудам програма на настани. Самата идеја да работам во музеј ми беше привлечна. Во последно време бев таму сам и се чувствував како лик од роман на Ден Браун. Истовремено беше и страшно и прекрасно. Веднаш сфатив дека изложбата треба да биде посветена на списоците. Зошто толку ме интересира оваа тема? Навистина не можам да кажам. Ги сакам списоците од истата причина поради која некои луѓе го сакаат фудбалот или педофилијата. Луѓето си имаат свои приоритети.

- Сепак, Вие сте познати по тоа што можете да ги објасните своите страсти?

... но не преку зборување за себе. Видете, уште од времето на Аристотел ние се обидуваме да ги дефинираме нештата врз основа на нивната суштина. Дефиницијата за човекот? Животно кое дејствува со намера. Сега, на природонаучниците им беа потребни 80 години за да дојдат до дефиниција за платипусот. Открија дека е бескрајно тешко да се опише суштината на ова животно. Живее под вода и на земја; положува јајца, а сепак е цицач. Па, како изгледа дефиницијата? Беше список, список на карактеристики.

- Сигурно може да се направи дефиниција која се однесува на поконвенционалните животни.

Да, но дали таа ќе направи животните да бидат интересни? Помислете на тигарот, кој науката го опишува како грабливец. Како мајката би го опишала тигарот на своето дете? Најверојатно со користење низа карактеристики: Тигарот е голем, припаѓа на семејството мачки, жолт е, има пруги и е силен. Само хемичарот кажува дека водата е H2O. Но, јас велам дека станува збор за течност, проѕирна течност што ние ја пиеме или ја користиме за миење. Сега конечно можете да видите на што мислам. Списокот е знак за високо напредно, култивирано општество зашто списокот ни дозволува да ги проблематизираме основните дефиниции. Основната дефиниција е примитивна во споредба со списокот.

- Изгледа како да велите дека треба да престанеме да ги дефинираме нештата и дека наместо тоа напредокот значи само набројување на нештата.

Тоа може да биде ослободувачко. Барокот беше време на списоци. Одеднаш, сите научни дефиниции кои беа направени во претходниот период не беа валидни. Луѓето се обидуваа да го видат светот од поинаква перспектива. Галилео понуди нови детали за месечината. А во уметноста, воспоставените дефиниции буквално беа уништени, опсегот на теми беше проширен. На пример, сликите на холандскиот барок ги гледам како списоци: мртви природи со сите тие овошја и слики на богати кабинети на куриозитети. Списоците можат да бидат анархистични.

- Но, исто така рековте дека списоците можат да воспостават поредок. Значи, дали може и поредокот и анархијата да се применат? Тоа значи дека интернетот заедно со пребарувачот Гугл се совршени за Вас.

Да, во случајот со Гугл двете работи се поклопуваат. Гугл прави список, но една минута откако ќе го видам списокот што Гугл го направил, тој е променет. Овие списоци можат да бидат опасни – не за старите луѓе како мене, кои го стекнале своето знаење на друг начин, туку за младите за кои Гугл е трагедија. Високата уметноста и како таа да се препознава треба да биде учена на училиште.

- Дали велите дека наставниците треба да ги насочуваат учениците да ја согледуваат разликата меѓу доброто и лошото? Ако одговорот е да, како тие би можеле да го прават тоа?

Образованието треба да се врати на начинот на кој беше спроведувано во работилниците на ренесансата. Таму мајсторите можеби не беа способни теориски да им објаснат на своите ученици зошто сликата е добра, но го правеа тоа на повеќе практични начини. Видете, вака може да изгледа вашиот прст, а вака треба да изгледа. Видете, ова е добар начин за мешање на боите. Истиот начин треба да се употреби во училиштата кога се зборува за интернет. Наставникот би требало да рече: „Изберете која било стара тема, без разлика дали станува збор за германската историја или животот на мравките. Побарајте 25 различни веб страници и споредувајќи ги, обидете се да сфатите која од нив има добри информации“. Ако 10 страници опишуваат иста работа, тоа може да биде знак дека објавената информација е точна. Но тоа исто така може да биде знак дека некои сајтови едноставно ги копираат грешките на другите.

- Вие повеќе сакате да работите со книги, имате библиотека од 30.000 книги. Веројатно не функционира без список или каталог.

Културата не е да се знае кога Наполеон умрел. Културата значи како тоа можам да го дознаам за две минутиСе плашам дека досега можеби станаа 50.000 книги. Кога мојата секретарка сакаше да ги каталогизира, јас замолив да не го прави тоа. Моите интереси постојано се менуваат, па така се менува и мојата библиотека. Патем кажано, ако постојано ги менувате вашите интереси, вашата библиотека постојано ќе кажува нешто друго за вас. Покрај тоа, дури и без каталог, јас сум принуден да ги помнам моите книги. Имам автопат за литература кој е дол 70 метри. Поминувам покрај него неколку пати на ден и се чувствувам добро кога го правам тоа. Културата не е да се знае кога Наполеон умрел. Културата значи како тоа можам да го дознаам за две минути. Се разбира, сега можам да ги најдам ваквите информации на интернет за многу кусо време. Но, како што реков, никогаш не сте сигурни кога станува збор за интернет.

- Во Вашата нова книга „Вртоглавица од списоци“ вклучувате фин список од францускиот филозоф Ролан Барт. Тој ги набројува нештата што ги сака и нештата што не ги сака. Сака салата, лосос, сирење и зачини. Не сака велосипедисти, жени во долги панталони, гераниуми, јагоди и клавесин. А Вие?

Би бил будала ако го одговорам ова; тоа би значело самиот да се нокаутирам. На 13 години бев фасциниран од Стендал и од Томас Ман на 15, а на 16 го сакав Шопен. Потоа го поминав животот да за го дознам останатото. Сега, Шопен повторно се наоѓа на врвот. Ако си во содејство со нештата во својот живот, сè постојано се менува. А ако ништо не се менува, тогаш си идиот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 10:02

Прафашизам

Фашизмот би можел да се примени како назнака за најразлични цели, бидејќи еден фашистички режим останува препознатлив како фашистички и тогаш кога ќе му се одземат едно или повеќе обележја.

Ако од фашизмот го извадиме имеријализмот, сеуште ги имаме Франко и Салазар. Ако, понатаму, го одземеме колонијализмот, тогаш сеуште ни останува балканскиот фашизам на усташите. Доколку на италијанскиот фашизам му го додадеме радикалниот антикапитализам (кој врз Мусолини никогаш не дејствуваше нешто особено) тогаш го имаме Езра Паунд. Ако ги додадеме уште и култот на келтската митологија и гралската мистика (што на службениот фашизам му е потполно туѓо), тогаш пред себе го имаме едниот од најугледните фашистички гуруа, Јулиус Евола.

И покрај оваа нејаснотија сметам дека е можно да се состави една листа на обележја која ќе биде типична за творбата што сакам да ја означам како прафашизам или вечен фашизам. Тие обележја не можат да се организираат во систем; многумина од нив меѓусебно си противречат и, покрај тоа, можат да се класифицираат и меѓу некои други форми на деспотизам или фанатизам. Но, секое посебно може да стане точката на кристализација за фашизмот.

Првото обележје на прафашизмот е култот на традицијата1. Првото обележје на прафашизмот е култот на традицијата. Се разбира, традиционализмот е многу постар од фашизмот. Тој не беше типичен само за контрареволуционерното католичко мислење по Француската револуција, туку настанал уште во доцното хеленистичко раздобје како реакција на класичниот грчки рационализам. Во медитеранскиот простор луѓето од различни религии (милостиво прифатени, во поголем дел, од римскиот пантеон) почнале да сонуваат за објавата примена во зората на човечката историја. Таа објава, според традиционалната мистика, долго време остана скриена под велот на заборавените јазици - во египетските хиероглифи, меѓу келтските руна, во пергаментите на слабо познатите религии на Азија.

Вистината еднаш засекогаш е објавена и нам само ни преостанува да ја протолкуваме нејзината опскурна поракаТаа нова култура морала да биде синкретистичка. Синкретизмот не е само, како што вели речникот, "комбинација на различни верски форми или верски пракси"; таквата комбинација мора да ги толерира противречностите. Секоја од изворните пораки содржи една ронка од мудроста и понекогаш изгледа дека тие зборуваат различни и неспоиви нешта; тоа е само затоа што сите тие алудираат, алегорично, на истата изворна вистина.
Затоа не може да има никаков напредок во осознавањето. Вистината еднаш засекогаш е објавена и нам само ни преостанува да ја протолкуваме нејзината опскурна порака.

Доволно е само да се погледне програмата на било кое фашистичко движење за да се пронајдат главните традиционалистички мислители. Нацистичката гноза се хранеше од традиционалистичките, синкретистички, окултни елементи. Највлијателниот зачетник на теориите на новата италијанска десница, Јулиус Евола, ги стопи Светиот грал и Протоколите на сионските мудреци, алхемијата со Светото римско и со германското царство. Тоа што италијанската десница од неодамна го збогати својот канон со делата на Де Мејстр, Генон и Грамши, за да ја демонстрира својата отвореност, доказ е за синкретизмот.

Ако човек по американските книжари продушка по полиците со етикетата њу ејџ, ќе го најде таму дури и свети Августин, кој, според она што јас го знам, не бил никаков фашист. Но, да се поврзе Августин со Стоунхенџ - тоа е симптом на прафашизмот.

Во таа смисла прафашизмот може да се дефинира како ирационализам2. Традиционализмот имплицира отфрлување на модерната. Како фашистите така и нацистите ја почитуваа технологијата, додека традиционалистичките мислители обично ја отфрлаат како негација на традиционалните духовни вредности. Меѓутоа, иако нацизмот беше горд на своите индустриски достигнувања, неговиот модернизам лежеше само на површината на една идеологија темелена на крвта и тлото (Blut und Bloden). Одбивањето на модерниот свет се камуфлираше како одбивање на капиталистичкиот начин на живот, но во прв ред стануваше збор за одбивање на духот од 1789. (и 1776., се разбира). Просветеноста, векот на умот, се смета како почеток на модерното изопачување. Во таа смисла прафашизмот може да се дефинира како ирационализам.

3. Ирационализмот исто така е зависен од култот на акција поради акција. Една во себе убава акција мора да успее пред мислењето или во потполност без мислењето. Мислењето е форма на кастрација. Оттаму културата станува сомнителна штом ќе се идентифицира со критичките ставови.

Недовербата спрема светот на интелектот секогаш била симптом на прафашизмот, од Геринговиот отворен став ("Кога ќе го слушнам зборот култура, се фаќам за пиштолот") до честата употреба на изразите какви што се "дегенерирани интелектуалци", "јајцеглавци", "јалови снобови", "универзитетите се гнезда на црвените" итн. Службените фашистички интелектуалци главно беа ангажирани на напаѓањето врз модерната култура и либералната интелигенција поради предавство на традиционалните вредности.

За прафашизмот неслагањето е предавство4. Никаква синкретистичка вера не може да и’ се спротивстави на аналитичката критика. Критичкиот дух спроведува разликувања. Во модерната култура научната заедница го фали неслагањето како нешто корисно за збогатување на знаењето. За прафашизмот неслагањето е предавство.

5. Впрочем, разликите во мислењето се знак на разноликоста. Прафашизмот расте и бара поддршка така што го користи и заострува природниот страв од различното. Првиот апел на едно фашистичко или предфашистичко движење е насочен против дојденците. Така прафашизмот по дефиниција е расистички.

Прафашизмот настанал од индивидуалната или социјална фрустрација6. Прафашизмот настанал од индивидуалната или социјална фрустрација. Затоа кон типичните обележја на историскиот фашизам припаѓа апелот кон фрустрираната средна класа, која страда под економска криза или под чувството на политичко понижување и којашто се плаши од притисоците на социјалните групи одоздола. Во нашево време, кога старите "пролетери" станаа малограѓани (а лумпенпролетерите главно се исклучени од политичката сцена) фашизмот на утрешнината ќе ја најде својата публика во тоа ново мнозинство.

7. На луѓето коишто чувствуваат дека им е грабнат нивниот сопствен социјален идентитет, прафашизмот им доделува една единствена и најчеста привилегија: дека се родени во иста земја. Тоа е извор на национализмот. Освен тоа, една нација доаѓа до идентитет само црпејќи од своите непријатели. Затоа во корените на прафашистичката психологија лежи опсесијата на завера; најдобро е меѓународна завера. Следбениците мораат да се чувствуваат опколени. Таа звера најлесно се надминува со повик за омраза кон странците. Но заверата може да дојде и однатре: Евреите обично се најдобра цел бидејќи ја имаат таа предност едновремено да се и внатре и вон. Во САД една проминентна инстанца на оваа опсесија на завера може да се препознае во The New World Order на Пет Робертсон, но, како што неодамна видовме, има и многу други.

8. Следбениците мораат да се чувствуваат понижени од очигледното богатство и моќ на своите непријатели. Кога бев момче ме научија да мислам за Англичаните како за народ со пет оброци. Тие јадеа почесто од сиромашните но умерени Италијани. Евреите се богати и меѓусебно се помагаат низ тајни мрежи на взаемна поддршка.

Следбениците, меѓутоа, исто така мораат да бидат уверени дека можат да ги победат своите непријатели. Така, со непрекинато придвижување на реторичкиот фокус непријателите истовремено се и премногу силни и премногу слаби. Фашистичките влади осудени се на тоа да ги губат војните, бидејќи конститутивно се неспособни реално да ја проценат силата на непријателот.

9. Во прафашизмот не постои борба за живот, напротив, животот се живее само поради борбата. Поради тоа, Пацифизмот е колаборација со непријателот. Тој е лош, бидејќи животот е непрекината борба. Тоа пак води кон армагедон комплексот. Бидејќи непријателите мораат да бидат победени, нужна е една решителна битка по која движењето ќе завладее со светот. Таквото "конечно решение" имплицира одново едно раздобје на мир, ново златно доба, што му противречи на начелото на непрекината војна. Ниеден фашистички водач никогаш не успеал да го реши тој проблем.

10. Елитизмот е типичен аспект на секоја реакционарна идеологија, доколку во основа е аристократски, а аристократскиот и милитаристичкиот елитизам имаат една сурово обележје - презирање на послабите. Прафашизмот може да биде застапуван само од еден популарен елитизам. Секој граѓанин му припаѓа на најдобриот народ на светот, најдобрите граѓани се членови на партијата, секој граѓанин може (или треба) да и’ пристапи на партијата. Меѓутоа, без плебејци нема патриции.

Водачот знае дека неговата моќ не е демократски пренесена врз него туку е насилно освоена и нему исто така му е јасно дека неговата снага произлегува од слабоста на масите; тие се толку слаби што им треба водач.

А бидејќи групата е хиерархиски организирана (според војничкиот модел), секој од пониските водачи ги презира своите потчинети, како што и секој од потчинетиве ги презира оние нему потчинети. Тоа ја засилува свеста за масовниот елитизам.

Во секоја митологија јунакот е извонредно суштество, но во прафашистичката идеологија јунаштвото е норма11. Во една таква перспектива секој се одгледува за јунаштво. Во секоја митологија јунакот е извонредно суштество, но во прафашистичката идеологија јунаштвото е норма. Овој култ на јунаштвото најтесно е поврзан со култот на смртта. Не беше случајно што мотото на фалангистите гласеше: "Вива ла Муерте!" ("Да живее Смртта").

Во нефашистичките општества за лаиците смртта се смета како една непријатна појава што треба да се пречека достоинствено; на верникот, смртта му е болен пат кон неземската среќа. Спротивно од тоа, прафашистичкиот јунак бара јуначка смрт како најдобра награда за јуначкиот живот. Прафашистичкиот јунак ја очекува смртта со нетрпение. Во своето нетрпение тој најчесто другите ги праќа во смрт.

12. Бидејќи бесконечната војна и хероизмот навистина се тешки игри, фашистот својата волја за моќ ја пренесува на сексуалноста. Овде лежи изворот на мачизмот (во кој освен презирот кон жените спаѓа и насилничката нетолерантност спрема невообичаените сексуални навики, од невиноста до хомосексуалноста). А бидејќи и сексуалноста е сложена игра, прафашистот е наклонет кон игрите со оружје - настанува фаличката ерсац вежба.



Прафашизмот се темели врз еден селективен популизам, врз еден речиси квалитативен популизам13. Прафашизмот се темели врз еден селективен популизам, врз еден речиси квалитативен популизам. Во демократијата граѓаните имаат индивидуални права, но земени во целина тие поседуваат политичко влијание само со оглед на едно квантитативно гледиште - се следат одлуките на мнозинството. За прафашизмот индивидуите како индивидуи немаат никакви права, додека народот, напротив, е сфатен како квалитет, како монолитен ентитет кој ја изразува заедничката волја. А бидејќи големиот квантитет од луѓе не може да има никаква заедничка волја, водачот се претставува како нејзин толкувач.

Губејќи ја својата делегирана моќ, граѓаните веќе не дејствуваат; тие се повикуваат само тогаш кога треба да се одигра улогата на народот. Затоа народот и не е ништо друго освен една театрална фикција. Како добар пример за тој квалитативен популизам веќе не ни се потребни Пјаца Венециј во Рим или Нирнбершкиот стадион. Во иднината не’ чека еден ТВ- или Интернет-популизам во кој емоционалната реакција на некоја одбрана група на граѓани ќе може да биде претставена и прифатена како глас на народот.

На темелот на својот квалитативен популизам прафашизмот мора да биде против "гнилата" парламентарна власт." Една од првите реченици на Мусолини во италијанскиот парламент беше: "Ова глуво и мрачно место можев да го претворам во логор за моите манипули" - "манипули" се единиците од коишто се состоела традиционалната римска легија. Всушност, тој веднаш пронајде подобро сместување за своите манипули, но нешто подоцна го ликвидира и парламентот. Таму каде што некој политичар ја доведува во прашање легитимноста на парламентот затоа што тој веќе не ја изразува волјата на народот, тука смрди на прафашизам.

14. Прафашизмот зборува новоговор. Орвел во "1984" го измисли њу спик како службен јазик на Ингсоц, англискиот социјализам. Но елементите на прафашизмот се заеднички за различни форми на диктатура. Сите нацистички или фашистички школски учебници се служеа со осиромашен вокабулар и со елементарна синтакса, за да можат во корен да ги сосечат инструментите на комплексното и критичко мислење. Но, мораме да се подготвиме и за други форми на новоговор, дури и кога се појавуваат во наизглед невиниот облик на популарниот talk show.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 10:03

Писмо до мојот син

Драг Стефано,

Се приближува Божиќ и набрзо продавниците во центарот на градот ќе се исполнат со видно возбудените татковци за да ја одиграат комедијата на великодушност – лицемерно радувајќи се, го чекаа моментот кога ќе можат да си ги купат за себе, шверцувајќи ги за своите деца, омилените вовчиња, куклените театри, пикада и домашниот пинг понг. Јас и оваа година само ќе набљудувам бидејќи уште не ми е дојден редот; премногу си мал, играчките Монтезори не ме забавуваат нешто посебно, можеби поради тоа што не ми претставува големо задоволство да ги ставам во уста и покрај тоа што упатството за користење гарантира дека нема да ги проголтам. Не, ќе морам да чекам: две, три, можеби и четири години. Тогаш ќе ми дојде редот, ќе помине мајчинската фаза на воспитувањето, ќе исчезне времето на мечињата и тоа ќе биде моментот кога ќе почнам да ја обликувам твојата граѓанска свест, нежно но со неприкосновено право на своја „patria potestas“.

А тогаш, Стефано...

Тогаш ќе ти подарам пушки. Двоцевки. Репетирки. Шмајзери. Топови. Базука. Армии мали војници во полна воена опрема. Замоци со подвижни мостови. Мали тврдини за освојување. Казамати, оклопни возила, реактори. Митралези, бодежи, револвери. Колтови, винчестерки, хаубица, лакови, чатали, катапулти, џилити, гранати, мечови, копја, харпуни, хелебарди и куки за привлекување бродови... пиштоли, мали и плоснасти, за фрак, за потребите на крадците џентлмени или претешки „лугери“ кои ги изобличуваат џеповите или се носат под пазува, во стилот на Мајкл Шејн. И уште пушки. Пушки какви што имале Ринго или Дивиот Бил Хикок. Со еден збор, оружје, сине мој, многу оружје, само оружје. Тоа ќе ти донесат твоите Божиќи.

Ме чуди господине – ќе каже некој – така да зборувате вие кој сте активен во комитетот за атомското разоружување, флертувате со мировните движења и ги имате предводено протестите. Контрадикторен сум? Па добро, контрадикторен сум. (Волт Витмен).

Едно утро влегов во една голема стоковна куќа во Франкфурт, му ветив подарок на синот на својот пријател и побарав еден убав револвер. Згрозено ме гледаа. Не произведуваме воени играчки, господине. Човек да се смрзне. Излегов засрамен и на улица налетав на двајца од Бундесверот. Се вратив во реалноста. Нема веќе да ме измамат! Оттогаш се потпирам на личното искуство и веќе не им верувам на педагозите. Моето детство беше исклучително воено: стрелав низ грмушки со шупелки направени во последен момент, се сокривав зад ретките паркирани автомобили пукајќи од својата репетирка, повикував на јуриш со ладно оружје, исчезнував во крвави борби. Дома имав мали војници: цели армии учествуваа во исцрпувачки стратегии, операции кои траеја со недели и во кои ги имав мобилизирано остарените кадифени мечиња и куклите на сестра ми. Организирав групи авантуристи, а неколкумина најверни следбеници ме нарекуваа „страв и трепет на пјаца Џенова“ (денес Пјаца Матеоти); ја распуштив формацијата „Црни Лавови“ за да и’ пристапам на друга, посилна групација во чие јадро организирав пуч со катастрофален исход; евакуиран во Монтеферато, насила бев регрутиран во „Работничката дружина“ и бев подложен на ритуал на инцијација која се состоеше од сто удари по задникот и тричасовен затвор во кокошарник; се боревме против бандата на Рио Ница, тие беа црни, валкани и страшни; првиот пат се исплашив и побегнав, вториот пат заработив камен по уста, и до ден денес имам јазолче кое можам да го напипам од внатрешната страна со јазикот. (Потоа дојде вистинската војна, партизаните ни ги позајмува нивните шмајзери накратко, некои од нашите другари ги видовме мртви со дупка во челото; но веќе растевме, влегувавме во првите мистични кризи и одевме на брегот на реката Белбо да ги изненадиме осумнаесетгодишниците кои водеа љубов).

Од овие оргии на воени игри израсна човек кој успеа да помине осумнаесет месеци во војска, а притоа да не допре оружје, посветувајќи долги часови во касарната на дисплинирано проучување на средновековната филозофија. Човек обележан со многу недостатоци, кој остана надвор од тоа жалосно злосторство кое се состои од љубовта кон оружјето и вербата во светоста и целисходноста на војничката храброст. Човек кој храброста на една војска ја разбира само додека трча по калта на Вајонт повторно да ја пронајде својата мирна и благородна граѓанска вокација. Човек кој не верува во праведни војни и ги почитува само граѓанските војни во кои луѓето учествуваат против својата волја, зашто ги повлекле за коса, зашто тоа е прашање на чест и зашто се мора. Свесни се на ризикот и опасноста и се надеваат дека нема долго да трае. Верувам дека оваа длабока, доследна и докажана одбивност кон војната им ја должам на платонските, крвави, здрави и невини празнења кои ми беа дозволувани во детството, како што после еден вестерн (после свечениот русвај кога се рушат ѕидовите на салонот, се кршат столовите и големите огледала, се пука во пијанистот и се крши стакларијата) излегуваме почисти, подобри, опуштени и спремни да му се насмевнеме на случајниот минувач кој нè турка со рамо, да му пружиме помош на врапчето паднато од гнездото. Аристотел тоа добро го знаел и затоа бараше од трагедијата да мава со крвава ткаенина пред нашиот поглед, за да нè прочисти докрај, со боженствена горка сол на завршната катарза.





Замислувам дека детството на Ајхман било сосем поинакво: наднесен над некоја загатка – со поглед на книговодител на смртта, ги следи упатствата од прирачникот, нестрплив да ја отвори шарената кутија на малиот хемичар, садистичен во ракувањето со својата алатка од веселиот столар – со струг широк една педа, и пила од дваесет сантиметри, на шперплочата. Чувајте се од деца кои конструираат мали дигалки. Во нивните ладни и изопачени мозоци на мали математичари се кријат тешки комплекси кои ќе се активираат во зрелоста. Во секој мал монструм кој ги придвижува свртниците на својата минијатурна железница, го гледам идниот управител на логорот на смртта.

Внимателност и кога сакаат колекции на мали автомобили кои страшната индустрија на играчки ја нуди во совршен факсимил, со багажници кои се пкреваат и прозорци кои се спуштаат. Застрашувачки! Застрашувачка игра за идните електронски војски, кои рамнодушно ќе го притиснат црвеното копче на една атомска војна!

Уште сега можете да ги препознаете: крупни градежни претприемачи, организатори на масовни иселувања среде зима, тие кои својата личност ја формирале на срамниот „Монопол“, привикнувајќи се на идејата за продажба и купување на недвижнините и ладнокрвното отстапување на акционерски пакети.

Тоа се денешните папа Гранде кои вкусот на акумулацијата и победата на берзата го осетиле со ливчињата за томбола. Бирократи на смртта воспитувани како мали конструктори. Бирократи на смртна постела кои почетокот на своето духовно умирање го означиле на ливчињата и печатите играјќи си мала пошта.

А утре? Што ќе донесе детство на кое индустрискиот Божиќ му подарува американски кукли што зборуваат, пеат и чекорат; јапонски роботи кои скокаат и играат без да се потроши батеријата; теледиригирани автомобили чиј механизам никогаш нема да го разбереме... Стефано, сине мој, ќе ти подарам пушки. Бидејќи една пушка не е игра. Таа е само појдовна точка, ти мораш сам да ја осмислиш ситуацијата и односите, дијалектиката на збиднувањата. Ќе мораш сам да кажеш „бум“ и ќе откриеш дека играта вреди поради содржината која ти ќе ја внесеш, а не поради убаво спакуваните играчки. Ќе замислуваш како уништуваш непријатели, ќе го задоволиш атавистичкиот импулс и ниту еден авторитет нема да може да ти го одземе тоа, а да не направи од тебе невротичар спремен за интерен испит во фирмата во организација на компанијата Роршах. Ама ќе се увериш дека уништувањето на непријателот е една лудистичка конвенција, игра над игрите, ќе научиш дека играта нема некоја голема врска со реалноста и дека само со играње ги спознаваш нејзините граници. Ќе се прочистиш од гневот и од притисоците и ќе бидеш спремен да примиш поинакви пораки во кои нема ниту смрт ниту деструкција; многу е важно смртта и деструкцијата секогаш да ти изгледаат како елементи на фантазијата, како волкот од црвенкапа кого секој од нас го мразеше, а од тоа не произлезе неразумна омраза кон волчјаците.
Ама, можеби тоа не е и нема да биде сè. Нема да ти дозволам да пукаш од твоите колтови во име на ослободување на напнатоста и лудистичкото прочистување од првобитните инстинкти, одложувајќи го за подоцна pars construens, учењето за основните вредности. Ќе се трудам да добиеш представа за тоа додека пукаш сокриен позади фотелјата.



Пред сè, нема да те учам да пукаш во Индијанци. Ќе те учам да пукаш во трговци со оружје и алкохол кои ги уништуваат индијанските резервати. И во робовладетелците од Југот, што значи дека ќе пукаш како војник на Линколн. Нема да те учам ниту да нишаниш на човекојадците од Конго, туку на трговците со слонова коска, а во мигови на слабост можеби ќе те научам да го свариш доктор Ливингстон во лонец, I suppose. Ќе се бориме на страната на Арапите против Лоренс кој никогаш не ми делуваше како пример на доблест за добрите деца, а кога си играме Римјани, ќе бидеме на страната на Галите кои биле Келти како и ние од Пиемонт, и почисти од тој Јулиј Цезар: веднаш ќе научиш дека во него не треба да имаш доверба затоа што не се одзема слободата на една демократска заедница за возврат оставајќи и после смртта само градини во кои може да се шета. Ќе бидеме на страната на Бикот кој седи против таа одвратна индивидуа каква што била генералот Кастер. На страната на Фантомас, а не на страната на Живе, премногу верен на должноста за да одбие, ако затреба, да претепа Алжирец. Сега се шегувам: се разбира, ќе те научам дека Фантомас бил лош, ама нема да ти раскажувам дека Примула Роза бил херој. Бил валкан Вандеец кој му досадуваше на добриот Дантон и невиниот Робеспјер, и ако тоа се играме, ти ќе ја освојуваш Бастилја.

Тоа ќе бидат фантастични игри, само помисли, ќе си играме заедно! Аха, сакаше да јадеме бриош? Напред господине Сандер, нека се слушнат барабаните! Денес си играме отсекување на главата на Марија Антоанета! Перверзна педагогија? Кој го вели тоа? Вие, господине, кој снимате филм за јунакот Фра Дјаволо, разбојникот кого го плаќале големопоседниците и Бурбоните. Дали некогаш сте го учеле својот син да си игра Карло Пизикана или сте им дозволиле на наставниците и на оној составувач на стихови Меркантини да го претстават на нашите деца како русокос идиот кој се учи напамет? Вие, господине, кој сте антифашист, може да се каже уште од раѓање, дали некогаш сте си играле партизани со својот син? Дали некогаш сте се сокриле зад креветот, викајќи пази, од десно ти доаѓа Црната бригада, во стрелците, во стрелците, пукај, распали по нацистите? Вие на својот син му подарувате дрвени коцки и го праќате да гледа со куќната помошничка расистички филмови кои заговараат уништување на индијанскиот народ.

Затоа, драг Стефано, јас ќе ти подарам пушки. И ќе те научам да си играш многу сложени војни во кои вистината никогаш не е само на едната страна, во кои ако е неопходно, повторно треба да се организира осми септември. Ќе се издуваш додека си млад, нема баш сè да ти биде јасно, но со текот на времето ќе добиваш сопствени убедувања. Кога ќе пораснеш ќе поверуваш дека сето тоа било сказна, Црвенкапа, Пепелашка, пушки и топови, човек против човек, вештерката против седумте џуџиња, војски против војски. Но ако поради вкусот на авантурата кога ќе пораснеш и понатаму ќе постојат монструозните ликови од твоите детски сништа – вештерките, шумските духови, армиите, бомбите и мобилизациите – можеби веќе ќе имаш формирана критичка свест кон сказните и ќе научиш критички да се однесуваш кон реалноста.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Гостин Саб Фед 20 2016, 10:04

Со жалење одбиваме

(извештај на издавачот за прочитаните книги)

Анонимни автори, „Библија“

Морам да признам дека почетокот и првите сто страници од ракописот ме воодушевија. Има акција и сè она што денешниот читател бара од забавната литература: секс (и тоа многу), прељуба, содомија, убиства, инцести, војни, масакри и слично.

Епизодата на Содома и Гомора со травеститите кои сакаат да станат анѓели е раблеовска, приказната за Ное е чист Салгари, а бекствотото од Египет е епизода која порано или подоцна ќе заврши на малите екрани... Сè на сè, вистински роман-река, со цврста конструкција, во кој не се штеди на драмски пресврти, многу имагинативно, со толку од она месијанство кое е допадливо бидејќи не преминува во трагично.

Читајќи понатаму станував свесен дека овде станува збор за една антологија од различни автори, со многу, премногу поезија која често преоѓа во досадна жалопојка, во вистинска поплака без глава и опашка.
На крајот излегува дека тоа е еден монструозен омнибус кој ризикува да не му се допадне никому бидејќи во него има сè и сешто. А ќе биде и тешко да се стигне до сите тие авторски права на различните автори освен доколку приредувачот не ги води сите како еден. Никаде не наидувам на неговото име, дури ни во индексот, како да не сака да се знае за него.

Предложувам да видиме дали е возможно да се објават само првите пет книги. Во тој случај, играме на сигурно. На пример, под наслов, Очајниците од Црвено Море.

Хомер, „Одисеја“

Мене лично книгата ми се допаѓа. Приказната е убава, полна со страст и авантура. Има точно онолку љубов колку што треба, брачни верности и прељуба (успешен е ликот на таа Калипсо која навистина ги прождира мажите), има дури и еден „лолистички“ момент со девојче под име Наусикаја, каде што авторот не сака сè да каже, но, сè на сè, е возбудливо. Има и изненадувања, еднооки џинови, човекојадци, дури и малку дрога, но сè во граница на законски дозволеното, бидејќи, колку што ми е познато, Бирото за наркотици го нема забрането лотосот. Завршните сцени се во најдобрата традиција на вестерните, тепачките се сериозни, а сцената со лакот е маестрално водена, речиси да е suspense.

Што да се каже? Се чита без здив, подобро од прехтодното дело на истиот автор, кое беше премногу статично поради инсистирањето на единство на местото, досадно поради вишокот на случувања – бидејќи уште кај третата битка и десетиот двобој читателот веќе сфаќа како функционираат нештата. А видовте дека и приказната за Ахил и Патрокло, со алузијата на хомосексуалност која не е само латентна, ни донесоа непријатности со судијата од Лоди. Во оваа втора книга, напротив, сè тече како што треба, а и тонот е помирен, сè е смислено ако не и промислено. А потоа и монтажата, играта со flash-back-ови... Сè на сè, висока школа, тој Хомер е навистина многу добар.

Би кажал, премногу добар... Се прашувам дали е тоа сè што тој може. Се разбира, пишувајќи станува сè подобар и подобар, (и којзнае дали баш третата ќе биде полн погодок), но тоа што ме прави сомничав – и поради што дефинитвно давам негативно мислење – е хаосот кој произлезе поради авторските права. Зборував со Ерик Линдер и сфатив дека тоа тешко би го решиле.

Пред сè, авторот веќе не можеме да го најдеме. Оној што го познавал вели дека било напорно да се зборува со него и за најмала интервенција на текстот, бидејќи е глув како топ, не го следи ракописот, дури остава впечаток дека не го познава добро. Ги цитира напамет, не е сигурен дека баш така го има напишано, вели дека можеби препишувачот нешто има вметнато.
Дали тој воопшто го има напишано или му го позајмил името на некого?

Но не е проблемот во тоа, едитинг стана уметност и многу книги кои настануваат директно во редакција или ги пишуваат повеќе раце стануваат вистински издавачки подвизи. Но што се однесува на оваа втора книга, има премногу недоумици. Линдер вели дека Хомер ги нема авторските права, дека треба да се чујат и некои еолски поети, бидејќи тие би можеле да имаат некој процент од авторските права.

Според еден агент од острвото Кио, авторските права би оделе на локалните рапсоди кои наводно тука имаат црнчено, ама уште не се знае дали тие го пријавиле својот труд на локалната авторска агенција. Еден друг агент, од Смирна, напротив, тврди дека сите права му припаѓаат на Хомер, со исклучок на тоа дека е мртов, а тогаш градот го полага правото на хонорарот. Ама во тој случај, неговиот град не е единствен кој претендира на тантиемите. Не можеме ниту да се повикаме на законот од 1943-та за делата печатени педесет години по смртта на авторот, бидејќи нема начин да утврдиме кога умрел нашиот човек. Сега се појавува и извесен Калино, кој наводно ги има сите авторски права, но бара заедно со Одисеја да купиме и други дела кои не вредат многу, за кои некои тврдат дека воопшто не се на Хомер. А потоа, во која едиција би ги печателе? Тој свет мисли само на пари.

Се обидов да добијам предговор од Аристарк од Самотракија, човек од авторитет кој си ја знае работата. Мислев дека ќе воведе малку ред во целата работа, но тој дури усложни сè: сака да утврди што е автентично во книгата, а што не е; тоа би значело печатење на критичкото издание, а потоа и аудио тираж! Во тој случај подобро е сè да се препушти на Ричарди. Нему вообичаено му требаат дваесет години да направи книжуле од 12 000 лири кое после бесплатно го дели на банкарски директори.

Конечно, ако се фрлиме во авантура и западнеме во правни непријатности, книгата ќе ни ја запленат, но тоа нема да биде едно од оние сексуални запленувања кои после ја продаваат книгата под тезга, туку вистинско запленување. Можеби за десетина години би го откупил Мондатори за Оскар, но тоа, пак, значи да се вложи, а ништо да не се добие.

Многу ми е жал, бидејќи книгата заслужува внимание. Но ние не можеме во исто време да бидеме и полицајци. Затоа предлагам да се откажеме.

Алигиери, „Боженствена комедија“

Иако Алигиери е типично неделен писател, кој во еснафскиот систем се сместува во иста група со фармацевтите, несомнено дека ја има совладано техниката и дека има раскажувачка сила. Делото – на вулгарен фиорентински – се состои од стотина подолги песни во терцини и поголемиот дел се чита со интересирање. Посебно ми се допаѓаат деловите за астрономијата и концизните теолошки судови богати со смисла. Полесен, и кај народот попопуларен, е третиот дел на книгата кој се занимава со теми поблиски на вкусот на мнозинството и дневните интереси на можниот читател, како што се Спасението, Визијата на блаженството и молитвите на Богородица.

Неразбирлив и нејасен е првиот дел со пасажите на евтин еротицизам, грозотии и вистински простаклуци.
Ова е само една од многуте противречности бидејќи, се прашувам, како читателот да го прескокне овој прв спев кој, што се однесува до имагинацијата, не нуди ништо повеќе од тоа што веќе е видено во прирачниците за задгробниот живот, моралните трактати за гревот или Златната легенда на фратарот Јакоб од Вараџина.

Но најголема контрадикција е изборот на тосканскиот дијалект како резултат на неразбирливото авангардно барање. Општ е ставот, и тоа не само на авангардните литературни групички, дека повоторно треба да се воведе латинскиот јазик. Видовме што се случи со таканаречените „сицилијански поети“ кои нивниот издавач мораше да ги разнесува со велосипед по библиотеките и кои на крајот се продаваа за џабе.

Од друга страна, ако се почне со публикација на една поема на тоскански, потоа треба да се испечати и една на ферарски, па на трстјански и така по ред, ако сакаме да го контролираме целиот пазар.

Тоа е потфат за авангардни брошурки, во такво нешто не се впушта со една monstre книга како што е ова.

Лично немам ништо против стихови, но квантитативната метрика сè уште е најпопуларна кај љубителите на поезијата и се прашувам како еден нормален читател може да ја проголта оваа низа од терцини, и да ужива во нив ако, на пример, е роден во Милано или Венеција... Да им ги оставиме на авангардните списанија триковите на супермодернистите.

Дидро Дени, „Верничка“

Признавам дека го немам ни отворено ракописот, но мислам дека еден критичар мора однапред да знае што треба, а што не треба да чита. Го познавам тој Дидро, тоа е лик кој пишува енциклопедии (еднаш работеше коректура за нас). Во моментов подготвува едно досадно дело во не знам колку томови, кое веројатно никогаш нема да излезе. Оди наоколу и бара цртачи кои се во состојба да го ископираат часовничкиот механизам или влакненцата на Гобелиновата таписерија. Ќе го доведе во незгода својот издавач. Тој е еден полжав и не верувам дека е способен да напише нешто забавно во проза, посебно не за една едиција како што е нашата, за која секогаш биравме фини, помалку скокотливи делца. Како што би кажале во мојот крај ofele fa el to meste.

Сад. Д.А. Франсоа, „Јустина“

Ракописот беше помеѓу купот други кои требаше да ги погледнам во текот на неделава и, да бидам искрен, не ги прочитав сите. Го отворив случајно три пати, на различни места, а вие знаете дека за окото на добар познавач и тоа е сосема доволно.

Е па, добро, првиот пат наидов на купишта страници за филозофијата на природата, репродукцијата на животинските родови, со подетално истражување на феноменот на свирепоста на борбата за живот. Вториот пат, на најмалку петнаесет страници, за идејата на задоволството, за сетилата, имагинацијата и сличните нешта. Третиот пат, уште дваесет страници за односите на подреденост помеѓу мажите и жените во различните краишта од светот... Мислам дека е доволно. Не баравме филозофско дело, светот денес сака секс, секс и повторно секс. И, доколку е можно, на разни начини. Треба да ја следиме линијата која ја започнавме со Фаублаз. Молам, филозофските книги нека ги печати Латерса.

Сервантес Мигуел, „Дон Кихот“

Книгата, која не е секогаш читлива, раскажува за шпанскиот благородник и неговиот слуга кои скитаат низ светот по трагите на витешките фантазии. Овој Дон Кихот е помалку луд (ликот е заокружен), Сервантес секако знае да раскажува, додека неговиот слуга е припрост и со здрав разум, со кого читателот веднаш ќе се поистовети. Тој се обидува да ги демистифицира фантастичните визии на својот газда. Толку за фабулата која се развива со понекој успешен драмски пресврт и забавни и сочни збиднувања. Но опсервацијата која сакам да ја направам го надминува личниот суд за делото.

Во нашата успешна економска едиција „Животни факти“, со голем успех ги издадовме Легендата за Гралот, Романот за тристан и Изолда, Романот за Троја и Енеида. Сега ги купивме правата и за „Француските кралеви“ на младиот Барберини и таа, убеден сум, ќе биде книга на годината. Овојпат никој нема да ни го земе „Кампиело “, бидејќи ова ќе им се допадне на народното жири. Ако сега го испечатиме Сервантес, на пазарот исфрламе добра книга, но тоа ќе биде како сме плукнале на сè што имаме објавено сега, и се плашам дека сите тие романи ќе изгледаат како дрдорења од лудница. Ја разбирам јас слободата на изразување, климата на оспорување и слично, но не можеме да се откажеме ни од оние таканаречени писатели. Дотолку повеќе што ми се чини дека ова ќе е единственото дело на Сервантес; авторот штотуку излезе од затвор, целиот е запуштен, не знам дали му ја исекле раката или ногата, но не делува како некој кој има намера да напише уште нешто. Не би сакал, бркајќи новитети по секоја цена, да ја компромитирам издавачката политика коај досега е популарна, морална (зошто да не се каже), и исплатлива. Да се одбие.

Пруст Марсел, „Во потрага по изгубеното време“

Ова, без сомнение, е дело кое ангажира, можеби премногу долго, но би можело да се продаде во неколку џепни книги.

Во секој случај, вака не чини. Потребна е сериозна редакторска работа: треба да се обрати внимание на интерпункцијата. Речениците се премногу заморни, некои заземаат дури по цела страница. Со добра редакторска интервенција треба да се сведат на најмногу два до три реда секоја, а со воведување на нови, кратки параграфи, работата сигурно би се подобрила.

Ако авторот не се сложи на тоа, тогаш подобро е да се откажеме од работата. Ваква каква што е сега, книгата е – да се изразам така – премногу астматична.

Кант Емануел, „Критика на практичниот ум“

Му ја дадов книгата на Виторио Салтини да ја прочита и ми кажа дека тој Кант не е ништо посебно. Во секој случај, јас набрзина го прегледав делото и мислам дека една книга за моралот, не многу дебела, би можела да помине во нашата филозофска библиотека, макар и после ја отстапиле на некој факултет. Но германскиот издавач поставува услови: заедно со ова ќе мораме да ги печатиме не само претходното дело, огромно книжиште во барем два тома, туку и тоа што Кант го пишува во моментот, не разбрав дали за уметноста или за мислењето. Сите три дела имаат речиси идентичен наслов, така што или ќе се продаваат во пакет (цената би била неприфатлива за купувачот) или купувачите нема да ги разликуваат, ќе мислат дека тоа е таа која „веќе ја читале“. Да не ни се случи како со „Сумата“ на Доминиканецот која почнавме да ја преведуваме, но потоа ги отстапивме правата бидејќи беше прескапа.
И тоа не е сè. Би морале, вели агентот, да ги печатиме и помалку значајните дела на тој Кант, едно купиште во кое има сè и сешто, дури и астрономија.

Завчера се обидов да телефонирам во Кенинзберг, да видам дали можеме да постигнеме договор за само една книга, но домашната помошничка ми кажа дека господинот не е дома и да не се јавувам помеѓу пет и шест, бидејќи во тоа време оди на шетање, помеѓу три и четири се одмора и сè во тој стил. Навистина не сакам да се замарам со такви луѓе бидејќи после ни остануваат купишта книги во магацинот.

Кафка Франц, „Процес“

Книжулето не е лошо, тоа е крими приказна која на моменти потсетува на Хичкок, на пример, убиството во завршната сцена. Мислам дека ќе има своја публика.
Но ми се чини дека авторот пишувал под притисок на цензурата. Како инаку да се протолкуваат сите тие непрецизни алузии, тој недостаток од имиња на лица и места? Кога тоа ќе се разјасни и дејството ќе се смести некаде конкретно, со повеќе факти, факти, факти; е тогаш приказната би течела глатко, а суспензот би бил поизвесен.

Младиве писатели мислат дека тоа е поезија ако кажат „еден човек“ наместо господинот „Тој и Тој“ во местото „Тоа и Тоа“... Значи, ако може да се преработи, во ред. Во спротивно, жал ми е.

Џојс Џејмс, „Финегановото бдеење“

Ве молам, предупредете ги тие во редакција да бидат повнимателни кога ми праќаат книги за читање. Јас сум задолжен за книги на англиски јазик, а вие ми пративте дело кое е напишано на некој, ѓавол ќе знае, кој јазик.

Ви ја враќам оваа книга со посебна пратка.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

RIP UMBERTO EKO Empty Re: RIP UMBERTO EKO

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот