Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

КАРФИОЛ

Go down

КАРФИОЛ Empty КАРФИОЛ

Пишување by Гостин Пет Окт 07 2016, 18:14

Карфиол – есенска култура

Карфиолот претставува зелјесто растение со пријатен деликатесен вкус. Содржи многу хранливи материи, а мали калорични вредности, односно на 100 гр. хранлив дел, содржи 25 калории.
За исхрана се употребува цветот, кој е доста збиен во главица, која е премногу богата со витамин Ц. Содржи протеини, растителни масла, шеќери, минерали (калциум, калиум, фосфор, сулфур, железо). меснатата средина на карфиолот претставува збиени цветови во облик на главица, а покрај неа се шират зелени и крупни листови.
Карфиолот наменет за употреба во свежа состојба треба веднаш да се користи, бидејќи е склон на брзо расипување или гниење. Тешко е сварлив за човечкиот организам, бидејќи содржи доста целулоза, или 0,91%. Карфиолот се користи во свежа состојба, смрзнат, закиселен.
Бидејќи припаѓа на фамилијата зелки, условите на одгледување се доста слични во текот на целиот период на одгледување. Се засадува во различно време во годината, посебно по опасноста од доцни пролетни мразеви. Ако се засади во топли и сончеви периоди, тогаш доаѓа до пожолтување на плодот и тој има горчлив вкус.
Кај нас претежно се одгледува во доцните есенски денови, кога температурата е пониска, за разлика од летниот период. Семето на карфиолот треба да биде засеано во затворени простории или леи, кои на почетокот треба да бидат доста засенчени, посебно во текот на поникнувањето, кога е и најосетлив. Расадот редовно се надгледува во текот на вегетацијата, се полива, се заштитува и прихранува. Исто така, карфиолот е многу осетлив на недостатокот на елементот бор. Растенијата, кога ќе добијат висина од околу 15 см, односно по 3-4 недели, се засадуваат на постојано место, на растојание од околу 50 см. Пред засадувањето, се отстрануваат првите два листа коишто се формирани најниско и се засадуваат на веќе припремената површина. Таа треба да биде средно пропустлива, богата со хумус и хранливи материи, и во текот на производството се внимава на заштитата и потребните агротехнички мерки, како наводнување, прихранување, окопување, итн.
Кореновиот систем е жилчест, во форма како кај зелката. Стеблото кај младите растенија е зелјесто, во долниот дел дрвенесто, цврсто и дебело, во висина од 20 до 30 см.
Листовите се собрани во листна розета, овално издолжени. Оптималната температура за пораст и развој е 15-18°С во текот на денот, и 12-15°С во текот на ноќта. Карфиолот бара големи количини на храна и хранливи материи во текот на вегетацијата.
Што се однесува до сортите, некои при формирањето на плодот се отворени, и поради белата боја на главицата, бараат да бидат покриени одозгора со некој страничен лист од самиот карфиол, додека во последно време се користат исклучително хибридни семиња, сорти кои околу самиот цвет (плод) имаат директно обвиткани листови од карфиолот, и тие не дозволуваат плодот да добие жолтеникава боја, којашто не е адекватна за самиот хибрид.
Во зависност од сортата на карфиолот, бербата треба да биде кога пречникот ќе достигне од 15 до 30 см или од 0,5 до 2 кг. многу важно е бербата на карфиолот да биде пред да се отворат цветовите. Плодот е со округла или сплесната форма. Ако пупките од цветовите бидат отворени во време на бербата, тогаш карфиолот губи од својот квалитет и вкус. Кога се бере карфиолот, коренот треба да биде отсечен што поблиску до главицата. Карфиолот стасува за берба за околу 60 дена од сеидбата на постојаното место. Пакувањето треба да биде внимателно и во соодветна амбалажа.

http://agroalternativa.info/karfiol-esenska-kultura/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

КАРФИОЛ Empty Re: КАРФИОЛ

Пишување by Гостин Чет Окт 13 2016, 21:08

ne oti e los so salata ama bolje e mevce,,

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

КАРФИОЛ Empty Re: КАРФИОЛ

Пишување by Luxor Пон Ное 28 2016, 16:53

ИЗНЕНАДУВАЧКИ ГОЛЕМА ЛЕКОВИТА МОЌ НА КАРФИОЛОТ

Заради своите енергетски, хранливи и лековити вредности, карфиолот делува многу позитивно против болестите кои се јавуваат и настануваат како резултата на современиот начин на живот.


Карфиолот е зеленчук кој потекнува од Мала Азија и Медитеранот. Веќе неколку илјади години во исхраната се користи во различни облици, а сегашниот облик на карфиолот во светот почнал да се користи во 15-тиот век.

Бидејќи карфиолот е добиен со вкрстување на сорти, а потекнува од групата на зелки – заради корисните состојки во народот е познат како „културна зелка“. Разликуваме бел и виолетов карфиол, а и двата се одликуваат со слични особини.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

КАРФИОЛ Empty Re: КАРФИОЛ

Пишување by Luxor Пон Ное 28 2016, 16:53

Што се содржи карфиолот?

Карфиолот е сличен на брокулата, а во себе ги содржи следните хранливи состојки:

Бета-каротен
Растителни влакна
Растителни масти
Биотин
Витамин А
Витамин Ц
Железо
Гликоза
Ензими
Изотиоцијанати
Индол
Калиум
Калциум
Лутеин
Протеини
Сулфорафан
Сулфур
Јаглени хидрати
Фолна киселина
Фосфор
Целулоза
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

КАРФИОЛ Empty Re: КАРФИОЛ

Пишување by Luxor Пон Ное 28 2016, 16:54

Употреба

Карфиолот во исхраната се користи суров (како салата), готвен (супа или чорба без месо или со месо), похован, како додаток во разни јадења, а исто така и закиселен како зимска салата (туршија). Бидејќи е осетлив најдобро е да го чувате во фрижидер, па свежината ќе трае и до неколку дена.

Бидејќи содржи многу малку калории, а многу корисни состојки, карфиолот се препорачува при диети и овозможува чувство на ситост подолго време, а многу поволен е и во исхраната на бремените жени.

Не се препорачува да го консумираат лица кои страдаат од цревно-желудочни заболувања.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

КАРФИОЛ Empty Re: КАРФИОЛ

Пишување by Luxor Пон Ное 28 2016, 16:54

Дејство на карфиолот

Имајќи во предвид дека карфиолот содржи доста лековити материи и антиоксиданси, докажано е дека влијае поволно врз организмот и ја помага неговата борба против следните болести:

Алергија
Анемија
Артритис
Астма
Болести на дишните органи
Болести на забите
Болести на срцето
Болести на усната шулина и грлото
Депресија
Воспаленија
Импотенција
Истегнати мускули и лигаменти
Лечење на рак
Менопауза
Мултипла склероза
Недостаток на апетит
Неплодност
Несоница
Нестабилен крвен притисок
Остеопороза
Настинка и грип
Проблеми со косата
Проблеми со метаболизмот
Проблеми со нивото на холестерол во крвта
Повреди на кожата и кожни заболувања
Проблеми со простата
Проблеми во бременоста
Зголемена телесна тежина
Воспаленија на синусите
Стрес
Хемороиди
Шеќерна болест
Шлогираност
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

КАРФИОЛ Empty Re: КАРФИОЛ

Пишување by Luxor Пон Ное 28 2016, 16:54

Начин на делување

Истражувањата покажале дека покрај антиоксидансната улога, карфиолот има значајна улога и дејствува како чистач на организмот од штетните материи (детоксикација) која е резултат на нездрава и лоша исхрана, како и загадувањето на средината и зрачењето на организмот.

Карфиолот не е минлива мода, туку многу корисна намирница и добар природен лек за превенција и лечење на многу болести заради што е пожелно често да се користи во исхраната.

http://mkd-news.com/iznenaduvachki-golema-lekovita-mok-na-karfiolot/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

КАРФИОЛ Empty Re: КАРФИОЛ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот