Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад???

+2
osa
defo
6 posters

Go down

Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад??? Empty Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад???

Пишување by defo Сре Дек 21 2016, 22:01

Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад??? Дали се наоѓаме пред огромна опасност за дополнително загадување???
Фирмата што ја доби концесијата за да ја модернизира едната од најголемите европски депонии нема ниту искуство во бизнисот, сѐ уште нема инвестирано на локацијата, а веќе ја нуди скопската депонија како дестинација за куповите отпад од Италија, дознава БИРН.
Од друга страна коруптивен договор, на штета на граѓаните, со сомнителен тендер.
Доделувањето на договорот на италијанската фирма ги заостри односите меѓу Македонија и еден од нејзините најголеми трговски партнери Германија, што на Градот Скопје може да му донесе мултимилионска сметка за отштети.

Во обид да го лоцираме менаџментот на ФЦЛ Амбиенте, репортерите на БИРН отидоа во седиштето на фирмата во малиот работнички град Фрозиноне, што се наоѓа 126 километри јужно од Рим.
Ферацоли СПА се лоцирани во голема зграда од редот на индустриските згради притиснати веднаш до една џиновска депонија со токсичен отпад на едниот крај улицата Виа Армандо Вона. Пред улицата, ова место е собирна точка на проститутките од градот.


Победникот на тендерот за Дрисла ниту има искуство, ниту има инвестиција
defo
defo

Број на мислења : 3466
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад??? Empty Re: Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад???

Пишување by osa Чет Дек 22 2016, 00:49

BRAVO DEFO ZA OVAA TEMA ...I ZAMISLI OVOJ LOPOVOT SHTO GO VIKAAT TATKO NA GRADOT PRED DIK MEGU DRUGOTO RECHE citiram: GORE VO OVAA ZGRADA SEDAT POSLEDNITE DECA NA UDBASHITE ....
pa dobro bre ovie shto gi glasaat tolku li moze da se moroni ????

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад??? Empty Re: Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад???

Пишување by Kalinda Чет Дек 22 2016, 01:19

Ова не се локални ,
туку парламентарни
избори !
Каква поврзаност има
градоначалникот
со парламентарците ?
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад??? Empty Re: Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад???

Пишување by defo Чет Дек 22 2016, 08:00

Нема врска, проблем си е проблем.......мора да се алармира............





_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3466
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад??? Empty Re: Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад???

Пишување by Teo Чет Дек 22 2016, 09:33

Ako ova podolu postiranoto e tochno togash problemot e mnogu polosh...

СВЕСНО ГО ЗАГАДУВААТ ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ, ЗАРАДИ ПРОФИТ?!

Тргнувајќи од тоа дека каде што има чад може да има и оган, сметавме дека е важно да го споделиме овој фејсбук коментар на тема загаденоста на воздухот во Скопје. Оставаме на вас да пресудите колку е релевантен и што ќе правите со него:

Во оваа држава се имаат создадено и ‘контраеколошки’ друштва кои се тука да нé трујат со научно погрешни тези кој тоа толку многу загадува! Затоа граѓаните, затруени од таа пропаганда, размислуваат вака:

„А бе јасно е што е проблемот, уништени зелени површини, на нивно место дигнати зградишта, изградени на непланирани места за станбени објекти.

Блокиран е ‘провевот’ на воздух низ населбите, нема веќе ветер како што имаше порано (а да се земе во предвид дека порано работеа повеќе фабрики, плус возилата си беа од ‘стариот’ квалитет, а не како сега модерните по сите, наводно еколошки стандарди)… Од сите страни, почнувајќи од градски ѕид, па сé до Влае сме загушени.

Затоа е воздухот ваков каков што е. Само, кога ќе им стане јасно дека сите сме во исти бубањ и дека сите го јадеме…“

Не е дека ова тврдење не е точно, туку загагдувањето од посочените причини е сосема маргинално во однос на она примарното!

А одговорот е толку прост! Во 2011 дадени се под концесија 20 депонии на странски фирми! И оттогаш почнува оваа голгота. Се знае кој ги држи отпадите по Европа! Згора на тоа, променет е Царинскиот законик, па сега е дозволен увоз на отпад! Па, луѓето се фрлиле на работа, увезуваат опасен отпад од цела ЕУ и тука го горат!

На пример, Италијанската фирма која ја превзеде Дрисла побрза да изгради 6 различни печки за горење на различен отпад уште во 2011 година, тие наголемо се користат секоја ноќ во пероидот од 23:00 до 1:00 што во потполност се совпаѓа со пиковите во загадувањето!!! Тоа се тие 700 микрограма ПМ10 по метар кубен, односно 14 пати поголемо од максималното дозволените… Кога ќе згаснат печките во Дрисла, за неколку часа ова загадување паѓа за некои 6-7 пати, па во просек тогаш имаме некои 100 до 150 микрограми по метар кубен – што е производ на латенцијата од примарното загадување на Дрисла во која почнуваат да влијаат сите други загадувачи!

Ако пак Дрисла не работи 2 до 3 дена… Во Скопје, во просек имаме загадување со ПМ 10 честици од 50 до 75 микрограми по метар кубен, и тоа е целото загадување на сите други освен Дрисла… Дали е сега појасно?

Еве погледнете и самите пресудете што се случува со загадувањето кога печките од депониите не работат пар дена:

Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад??? 15578569_1386570574699408_1898618144713220939_n1
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад??? Empty Re: Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад???

Пишување by Luxor Чет Дек 22 2016, 10:38

И сега кому да му веруваме?

ИТАЛИЈАНЦИТЕ ВЕТИЈА СТРУЈА ОД ЃУБРЕ ВО ДРИСЛА, А 4 ГОДИНИ НЕ ИНВЕСТИРАЛЕ НИШТО

Италијанската компанија „ ФЦЛ Амбиенте“, која од скопска „Дрисла“ требаше да направи најмодерна депонија на Балканот, четири години нема сменето ништо. Ѓубрето се третира безмалку на ист начин како и пред депонијата да добие концесионер, а модернизацијата на начинот на уништување и преработувањето на отпадот останаа само на ниво на ветувања. Ова го потврдува и директорот на депонијата Горан Ангелов, одговараќи на обвинувањата кои се појавија во јавноста дека причина за загадениот воздух во Скопје се шест нови печки на депонијата во кои се уништува и ѓубре од увоз.

http://sdk.mk/index.php/naslovna/italijantsite-vetija-struja-od-gubre-vo-drisla-4-godini-ne-investirale-nishto/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6589
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад??? Empty Re: Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад???

Пишување by Delta Чет Дек 22 2016, 16:04

site lazat, nikomu ne veruvaj.,/.
Delta
Delta

Број на мислења : 606
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад??? Empty Re: Дали Скопје ќе стане депонија на Италјански отпад???

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот