Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ДРЖАВЕН РЕВИЗОР -извештај

2 posters

Go down

ДРЖАВЕН РЕВИЗОР -извештај Empty ДРЖАВЕН РЕВИЗОР -извештај

Пишување by osa Чет Јун 08 2017, 19:00

Извештаите на државниот ревизор заглавени во фиоки

08.06.2017 | 18:34ЕкономијаПрочитано: 490
Извештаите на државниот ревизор каде се констатирани злоупотреби во трошење на јавни пари дремат во фиоки. И кога ревизорот ќе утврди прекршување на законот недостасува реакција од институциите, посочуваат од невладиниот сектор. Лани до Јавното обвинителство биле доставени извештаи со утврдени незаконитости во седум државни институции и еден до Антикорупциската комисија.


Со ДЗР соработува и Специјалното јавно обвинителство од каде ги побарале финансиските извештаи за две политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Нашата работа завршува онаму кадешто укажуваме на неправилности кои подоцна треба да се истражата во светло на евентуални сомневања за евентуални злоупотреби или прекршочни поведенија, кои се дел од процедурите на овие надлежни органи“, изјави Александар Поповски, генерален секретар на ДЗР.

Државниот ревизор минатата година откри луксузирање со јавните пари во Министерството за образование и наука. Вработени во МОН направиле расходи од 203.000 евра за хотели, ручеци и такси-превоз без оправдување за што точно ги потрошиле тие пари. Во Министерство за економија, пак, државниот ревизор утврдил дека хонорарци се исплаќале без доказ за завршена работа и дека нема соодветна документација како се трошеле јавните пари додека со ресорот министрувале Ваљон Сараќини и Беким Незири.

Од јавното обвинителство денеска не добивме одговор дали постапуваат по наодите на државниот ревизор.

Невладините организации кои ја мониторираат работата на заводот за ревизија велат дека граѓаните не се запознаени со работата и со постоењето на ова државно тело.

„Во последните неколку години немаат забележани претставник на Државниот завод за ревизија во јавноста и не се сигурно дали воопшто некој се појавил“, изјави Габриела Димоска, Центар за економски анализи.

Инаку извештаите на ДЗР не можат да биде оспорувани и можат да се употребат како доказ во судска постпака. Но нема информации дека последниве години биле употребени пред судовите.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ДРЖАВЕН РЕВИЗОР -извештај Empty Re: ДРЖАВЕН РЕВИЗОР -извештај

Пишување by трендафил Чет Јун 08 2017, 20:53

Не беа ли Ваљон Сараќини и Беким Незири од реформската ДУИ?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот