Avtomoto
+10
Viktor
TRAJCHE
Luxor
IVA
delta
Teo
defo
chargerburnout
Hamad bim Khalifa
reiter
14 posters
Страна 2 of 4
Страна 2 of 4 • 1, 2, 3, 4
Re: Avtomoto
Хамилтон од пол позицијата тргнува во одбрана на титулата
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Австралија, со која в недела ќе започне овогодишниот шампионат во Формула 1.
http://makfax.com.mk/sport/popularno/hamilton-od-pol-pozicijata-trgnuva-vo-odbrana-na-titulata
Гостин- Гостин
Re: Avtomoto
Pochna sezonata na Formula 1...
Хамилтон моќно до триумф во Австралија
Шампионот во Формула 1 Луис Хамилтон на доминантен начин стигна до победата на трката за Големата награда на Австралија со која утрово беше отворена новата сезона.
http://lokalno.mk/hamilton-mokjno-do-triumf-vo-avstralija/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=hamilton-mokjno-do-triumf-vo-avstralija
Гостин- Гостин
Re: Avtomoto
MotoGP: Дукати на врвот на тестирањето во Катар
Последниот пред сезонски тест на патеката Лосаил во Катар е пред крајот, во изминатите два дена на пустинската патека тимот на Дукати покажа дека има коњи за трка откако Ианон и Довициозо забележаа најдобри времиња.
Првиот ден од тестирањето во Катар помина во знакот на Дукати, Андреа Ианон забележа најдобро време, а неговиот клубски колега Андреа Довизиозо имаше втор резултат. Денеска пак на вториот ден од тестирањето Довициозо беше најбрз, а Ианон имаше трет резултат. Во тек е третиот и последен тест но заради временските неприлики (дожд на патеката) сесијата е одложена.
Според досегашните резултати тимот на Дукати ќе биде и тоа како конкурентен имајќи во предвид дека на тестирањето сеуште не ги користат меките гуми со кои се возат трки, а веќе имаат предност од две десетинки пред конкурентите.
Од фаворитите за освојувањето на титулата оваа сезона, Марк Маркез забележа трето време на првиот ден и второ време на вториот ден од тестирањето во Катар. Валентино Роси беше 8-ми, а потоа дојде до петтата позиција, додека пак Лоренцо започна со 6-то време на првиот ден, за денеска да биде четврти.
Одлични резултати видовме и од тимот на Сузуки на првиот ден откако Алеш Еспергаро го започна тестирањето со четврто време, за на вториот ден да биде 12-ти. Во прилог се резултатите од вториот ден на Лосаил:
Поз. Возач Бр Земја Тим Конструктор Време
1 DOVIZIOSO Andrea 4 ITA Ducati Team Ducati 1'54.907
2 MARQUEZ Marc 93 SPA Repsol Honda Team Honda 1'55.091
3 IANNONE Andrea 29 ITA Ducati Team Ducati 1'55.104
4 LORENZO Jorge 99 SPA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 1'55.500
5 ROSSI Valentino 46 ITA Movistar Yamaha MotoGP Yamaha 1'55.581
6 PEDROSA Dani 26 SPA Repsol Honda Team Honda 1'55.582
7 CRUTCHLOW Cal 35 GBR CWM LCR Honda Honda 1'55.624
8 SMITH Bradley 38 GBR Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 1'55.648
9 ESPARGARO Pol 44 SPA Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 1'55.658
10 ABRAHAM Karel 17 CZE AB Motoracing Honda 1'55.765
11 HERNANDEZ Yonny 68 COL Pramac Racing Ducati 1'55.772
12 ESPARGARO Aleix 41 SPA Team Suzuki Ecstar Suzuki 1'55.795
13 REDDING Scott 45 GBR Estrella Galicia 0,0 Marc VDS Honda 1'55.803
14 VINALES Maverick 25 SPA Team Suzuki Ecstar Suzuki 1'55.810
15 BARBERA Hector 8 SPA Avintia Racing Ducati 1'56.058
16 HAYDEN Nicky 69 USA Drive M7 Aspar Honda 1'56.104
17 DI MEGLIO Mike 63 FRA Avintia Racing Ducati 1'56.259
18 LAVERTY Eugene 50 IRE Drive M7 Aspar Honda 1'56.342
19 PIRRO Michele 51 ITA Ducati Team Ducati 1'56.476
20 BRADL Stefan 6 GER Athina Forward Racing Forward Yamaha 1'56.724
21 MILLER Jack 43 AUS CWM LCR Honda Honda 1'56.758
22 PETRUCCI Danilo 9 ITA Pramac Racing Ducati 1'56.762
23 BAZ Loris 76 FRA Athina Forward Racing Forward Yamaha 1'56.936
24 BAUTISTA Alvaro 19 SPA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia 1'57.273
25 DE ANGELIS Alex 15 RSM Athina Forward Racing Forward Yamaha 1'57.390
26 MELANDRI Marco 33 ITA Aprilia Racing Team Gresini Aprilia 1'57.982
Гостин- Гостин
Re: Avtomoto
Pobeda za Ferari, posle podolgo vreme...
ФЕТЕЛ ЗА ПРВА ПОБЕДА НА ФЕРАРИ ПОСЛЕ ДВЕ ГОДИНИ
Новиот пилот на Ферари, Себастијан Фетел триумфираше на трката за Големата награда на Малезија и ја запиша 40. победа во Ф1 кариерата. Хамилтон лут на тимот поради грешната тактика во финишот.
Пред почетокот на трката во Малезија, температурата на патеката беше 64 степени, а се измери и голема влажност на воздухот. Во такви услови, Хамилтон одлично стартуваше и ги затвори Розберг, Рикардо, Маса, Квјат и Ферстапен.
На средината од трката, во Мерцедес го очекуваа Хамилтон во боксот да ги смени пневматиците, по него влезе и Розберг, по што Фетел го превзема водството.
До крајот тимот на Мерцедес се обиде тактички да го притисне Себастијан Фетел, но Германецот не дозволи никакво изненадување и до крајот го задржа водството. Денешниот триумф во Малезија беше прв за Ферари после цели две години, што значи и одлична најава за сезоната. Пријатно изненадување е и седмото место на 17-годишниот Макс Ферстапен, кој одлично возеше и на отворањето и денес во Малезија.
Ф1 шампионатот продолжува на 12. април со трката за ГН на Шангај во Кина.
Пласман на трката за ГН на Малезија:
1. Себастијан Фетел (Ферари)
2. Луис Хамилтон (Мерцедес)
3. Нико Розберг (Мерцедес)
4. Кими Раиконен (Ферари)
5. Валтери Ботас (Вилијамс)
6. Фелипе Маса (Вилијамс)
7. Карлос Саинц (Торо росо)
8. Макс Верстапен (Торо росо)
9. Данил Квијат (Ред бул)
10. Дани Рикардо (Ред бул)
http://off.net.mk/offside/razno/fetel-za-prva-pobeda-na-ferari-posle-dve-godini
Гостин- Гостин
Re: Avtomoto
вистинска драма на 4-иот круг пред крајот на трката помеѓу лоренцо,дубиозо и роси..роси од 4-та позиција се искачи на втора позиција некаде кај вториот претпоследен круг и во меѓусебни претекнувања со Дукати на дубиозо мајсторски во свој стил успеа за едно тркало водство да победи на ГП Катар.
http://www.crash.net/motogp
п.с. правото име му е Довизиосо,јас си го викам дубиозо

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове

Re: Avtomoto
Петок, тренинг бр.1: Ферари на врвот, Мерцедес на дното

Ферари на врвот, Мерцедес на 15-та и 16-та позиција иако со двојно повеќе „свртени“ кругови од Ферари, Палмер „се изнавози“ користејќи ја својата шанса, Батон со големи проблеми – тоа се накратко случувањата од првиот слободен тренинг пред трката за Големата Награда на Бахреин.
Кими, кој го држи рекотдот за најмногу подиуми во Бахреин, беше единствен со време под 1:38 во целата сесија и имаше 0,2 секунди побрзо време од другото Ферари, тоа на Ветел. Причината за бавните времиња на Мерцедес (1,4 и 1,7 секунди зад Раиконен) е во тоа што вториот сет на гуми го искористија многу пред останатите екипи, по што патеката стануваше се побрза.
Џенсон Батон имаше само два извозени кругови, првиот – загревачки, а вториот го заврши откако се изврте на вториот свиок, а подоцна му беше дијагностициран и проблем со електрониката што значеше крај за него.
Фетел помина подолго време во гаражата, за кое Ферари го испитуваше губитокот на сила во неговиот болид. По враќањето на патеката, неговите времињ беа повторно конкурентни.
Торо Росо имаа конкурентни времиња, заостаток од околу 6 десетинки, доволно за 4-то и 6-то место. Ботас заврши како 3-ти, седум позиции пред неговиот тимски колега Маса, со преднос од 4 десетинки. Манор Марусија беше единствена позади Мерцедесите. Алонсо изненади со 7-то место и заостаток од 77 стотинки.
http://tocka.com.mk/2/156796/petok-trening-br-1-ferari-na-vrvot-mercedes-na-dnoto

ЛОРЕНЦО НАЈБРЗ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН
Во четвртата трка во МОТО ГП шампионатот во двата слободни тренинзи најбрз беше возачот на Јамаха, Хорхе Лоренцо.
Шпанецот е на стазата на која има и своја кривина беше пред Марк Маркез од Хонда и пред тандемот од Дукати, Андреа Довициозо и Андреа Јаноне.
Утре се вози третиот слободен тренинг во сите три категории.
Во недела е трката за големата награда на Шпанија во Херез, а во 14:00 часот ќе стартува кралската класа.
http://supersport.com.mk/motosport/item/251-lorenco-najbrz-na-domashen-teren
Гостин- Гостин
Re: Avtomoto
Маркез пред Довициозо и Лоренцо

Акутелниот шампион во Мото ГП, Маркез ја освои пол позицијата пред 5-та трка во сезоната, за ГН на Франција и е многу задоволен поради тоа.
„Секогаш го давам својот максимум кога ќе излезам на патеката и кога возам квалификации. Моето возење не беше совршено, но најважно е тоа што знам дека може многу подобро. Свесен сум дека на трката нема да биде лесно, особено поради тоа што Лоренцо е во одлична форма.“
На 2-ро место заврши Довициозо, а трето беше Лоренцо кој е во неверојатна форма.
http://supersport.com.mk/motosport/item/1091-sekogash-mozhe-podobro

Malku za brzinite...
МАРКЕЗ Е ПОБЕДНИК НА ТРКАТА ВО ГЕРМАНИЈА

Светскиот шампион Маркез(Хонда) е победник на трката во Германија.
На 9-та трка во сезоната најголем успех имаше Хонда, затоа што Педроса заврши како втор, а трет беше Роси од Јамаха.
За Маркез ова беше втора победа и шестта во Германија.
Роси е на првото место со 179 бодови, втор е Лоренцо со 13 бодови помалку додека Маркез сега има 116 бодови.
http://supersport.com.mk/motosport/item/3856-markez-e-pobednik-na-trkata-vo-germanija

интересно ама италијанскиот слабо го тумачам...
Comparativa Maxi Enduro Macedonia
Comparativa Maxi Enduro Macedonia
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове

Re: Avtomoto
2016 ДАКАР РЕЛИ – Започнува најголемата авто-мото авантура
Претстоечкиот Dakar Rally ќе биде огромен предизвик за сите учесници – фаворити Peugeot и MINI

Претстоечкиот Dakar Rally, кој од 2. до 16. јануари 2016-та година ќе се вози во Аргентина и Боливија, ќе биде огромен предизвик за сите учесници. Почетокот на новата календарска година во светот на авто-мото спортот традиционално го одбележува најтешкото рели на светот – Dakar Rally.
Стартот и целта на релито ќе биде во Аргентина. Од Буенос Аирес се тргнува вториот ден од Новата година и тогаш следува жестока двонеделна авантура низ јужноамериканските беспаќа.

Со само еден ден одмор, ова најголемо искушение како за човечкиот фактор, така и за машината завршува на 16. јануари во Розарио, Аргентина.
Пријавени се вкупно 354 натпреварувачи, 143 на мотоцикли и 46 на квадови, 110 автомобилски екипи и 55 камионски.
Она што е посебно интересно е што натпреварувачите ќе ја посетат и Боливија, која ќе биде најсеверната точка на овогодинешното издание на Дакар, за да потоа повторно се упатат кон југ, од каде и тргнале.

Кај мотоциклистите се очекува голема борба помеѓу KTM, Hondа и Yamahа тимовите. Во автомобилската конкуренција главните ривали ќе бидат MINI и Peugeot, кои ангажираа две големи WRC ѕвезди – Mikko Hirvonen и Sebastien Loeb.
Кај камионите конкуренцијата ќе биде најголема, а иако рускиот Kamaz е неприкосновен, не треба да ги потцениме ни Iveco, MAN, Tatrа, Ginaf и MAZ.

ВИЛИЈАМС ГО ПРЕТСТАВИ НОВИОТ БОЛИД

Екипата на Вилијамс прва го претстави болидот за новата сезона во Формула 1.
Иако ќе имаат само осум дена за тестирање тие се сигурни дека на првата трка во Австралија ќе бидат во игра за висок пласман.
“Имаме две тешки недел пред нас. Сакаме максимално да го искористиме овој пакет и да бидеме добри веќе на првата трка. Не знаеме каде сме во овој момент, но сигурни сме дека можеме да се бориме за подиумот”- соопштија од Вилијамс.
Зад воланот за оваа екипа како и минатата сезона ќе седат Валери Ботас и Фелипе Маса.
http://supersport.com.mk/motosport/item/14418-vilijams-go-pretstavi-noviot-bolid

ФОТО: Формула 1 болидите им се вратија на патеките
Започна одбројувањето од почетокот на овогодишното издание на Формула 1 шампионатот, кое ќе започне за нешто помалку од еден месец, со трката за големата награда на Австралија.
Денес, по пауза од четири месеци, Формула 1 возачите се вратија на патеките, поточно на патеката „Каталуња“ која се наоѓа во близина на Барселона, утринава започна првиот тест пред стартот на новата сезона, а на патеката свое деби имаше и тимот на Хас, кој стана 11. тим во шампионатот.
Американскиот тим својот болид го претстави во текот на вчерашниот ден, а нешто порано својата официјална презентација ја направија и екипите на Ред Бул, Ферари, Вилијамс, Мекларен и Мерцедес. Сите тимови го открија својот нов дизајн на болидите, освен тимот на Торо Роса, кој се очекува оваа недела да го презентира својот нов изглед.
Погледнете ги новите дизајни на болидите од Формула 1 шампионатот:

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|