Kolaci
3 posters
Страна 1 of 1
Kolaci
Lesno se pravat a i vkusni se, probajte.
175 гр пченично остро брашно
100 гр путер
110 гр шеќер во прав
1 жолчка
1 лажица млеко
150 гр чоколаден крем (Нутела, Меренда, Еурокрем…)
50 гр испечени лешници
шеќер во прав, за посипување
– Во подлабок сад ставете ги брашното, путерот исечен на коцки и шеќерот во прав. Матете со миксер додека да добиете хомогена зрнеста смеса. Додадете ги жолчката и млекото и убаво промешајте.
– Тестото со раце обликувајте го во форма на топка, покријте го со пластична фолија и ставете го во фрижидер околу 1 час.
– Ставете го тестото на набрашнета работна површина и со сукало развлечете го во форма на правоаголник (30х20 см). Премачкајте го со чоколадниот крем.
– Лешниците сомелете ги и посипете ги над чоколадниот крем.
– Тестот завиткајте го како ролат, а потоа во пластична фолија и ставете го во фрижидер да стои околу 1 час.
– Тргнете ја фолијата и ролатот исечете го на кругови со дебелина од 1 см. Наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 15 минути.
– Печените колачиња извадете ги од рерна, посипете со шеќер во прав и оставете да отстојат 15-20 минути.

Bosonoga- Број на мислења : 977
Join date : 2017-03-15
Re: Kolaci
a sega ne ti pravi././,moze e zafatena na drugo mesto,/,.
Delta- Број на мислења : 601
Join date : 2016-11-30
Re: Kolaci
Руски медењаци со кафе - Pryaniki
Прво се приготвува кафето. 60 мл вода и 50 гр инстант кафе се вари додека не зоврие.
Потоа кафето заедно со шеќерот, медот и путерот се загреваат со мешање додека сите состојки се растопат и кога ќе зоврие се трга на страна и се остава 15на минути да подолади.
Во сад за месење се мешаат сувите состојки, од кои содата предходно се раствора (гаси) во киселината. Се прави вдлабнатина и се додава јајцето, растворената сода и ванила аромата. На крај се додава смесата со кафе и мед и се меша со лажица до компактност.
Се добива густа и леплива смеса.
Се покрива и се остава на собна температура да стои најмалку 4 часа или преку ноќ. Мене 4-6 часа ми беше сосема доволно, дури замислете во меѓувреме успеав и на кино да одам : )
Откако ќе се вратите од работа или од шетање, време е да се испечат медењаците.
Потребни се 2 плеха обложени со пек-хартија и рерната да се загрее на 160С.
Со лажичка се зема од смесата и се става во плехот на растојание од барем 2см, бидејќи со печењето се шират. Секое купче со раце се обликува во топче. Ако има потреба рацете можи да се навлажнат со вода за да не лепи.
Печете плех по плех 20 минути, а ако е потребно, како кај мене и помалку.
Времето на печење зависи од повеќе фактори. Во овој случај вака како што е опишан рецептот мене ми требаа околу 13на минути, бидејќи ова е изменетата форма.
Овие медењаци ги правев два пати.
Првиот пат се држев до изворниот рецепт, освен што намалив на кафето, бидејќи сметав дека тоа е премногу кафе. И да ви кажам одма, не е. Така изгледа додека се спремаат, додека се печат и додека не прележат една ноќ, потоа следниот ден се си има смисла.
Но, со изворниот рецепт наидов и на проблем. Се тоа заради количината на брашно која се бараше да е 375 гр. Имено, се испекоја превкусни медењаци, кои на загриз имаа прекрасна текстура, што и купечките би му завиделе, но толку многу се сплескаа во печењето што на изглед не беа тоа што јас сакав да добијам. Си реков, овој проблем или е од недоволно брашно или непогодена температура на печење.
Структурно, ова се оние вистински медењаци. Шупливи и меки на загриз, како оние кои ги купуваме од продавниците, само со плус додатна арома и шмек на кафето кое заедно со зачините дава прекрасно уживање.
Така да, не ми се оставаа така само како еден неуспешен рецепт и решив да извршам измени и да добијам она што одамна сум сакала – вистински медењаци. И успеав, еве ги.
Можам да ви кажам дека и едниот и другиот начин, т.е. состав беа одлични и супер за јадење, но за чудо едно двата пати како да се добија сосема различни колачи. Првите ги има во дополнителни фотографии, тоа се оние со буквичките одозгора.
Испечените медењаци се преливаат/макаат во шеќерна глазура од добро измешан шеќер во прав и млеко. Во состојки напишав дека можи и сок од лимон наместо млеко, така кој сака е добие и еден киселкаст вкус на сите оние зачини за медењаци и кафе што ги содржат колачињата, па по желба е.
И за крај, иако текстот е долг, иако бев во кино во меѓувреме додека ги испечам, сепак да си знаете, многу лесно се прават, само им треба време и внимание.
Состојки
60 мл вода + 50 гр нескафе
115 гр путер
100 гр шеќер
200 гр мед (180 гр)
1 лажиче ванила арома
1/3 лажичка ѓумбир
1/3 лажичка цимет
1/3 лажичка ѕвездест анис
1/3 лажичка мушкатно оревче
1/4 лажичка пимент
1/4 лажичка каранфилче
5 гр прашок за печење
5 гр сода бикарбона
1 лажиче киселина
460гр брашно (375гр)
шеќерна глазура
300 гр шеќер во прав
50 мл ладно млеко (или ако сакате лимонов сок)
https://moirecepti.mk/post/%d1%80%d1%83%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bc%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d1%9a%d0%b0%d1%86%d0%b8-pryaniki

da odea so rakija pa da se macis da gi pravis,//../
Delta- Број на мислења : 601
Join date : 2016-11-30
Re: Kolaci
Брзи новогодишни колачи со цимет, портокал и мед
СОСТОЈКИ:
140 гр. брашно
100 гр. шеќер
1 јајце
40 гр. мед
40 гр. рендана кора од портокал
малку сода
цимет
СОСТОЈКИ:
140 гр. брашно
100 гр. шеќер
1 јајце
40 гр. мед
40 гр. рендана кора од портокал
малку сода
цимет
IVA- Број на мислења : 365
Join date : 2016-01-29
Re: Kolaci
ПОДГОТОВКА:
Се топи медот и се додава шеќер и кора од портокал, па сода и јајце, цимет и брашно.
Се замесува тесто, се развлекува и се вадат облици со модли, на пример срца, елки…
Се ставаат на плех со маргарин и се печат на 180 степени додека не поруменат, а горе може да ги украсите по избор да бидат шарени со боја или чоколадо.
https://gotvi.mk/2018/12/06/novogodisni-kolaci-med/

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|