Македонско образование
+9
трендафил
Фири1
Hamad bim Khalifa
меанџија
reiter
Фири
tmoro
osa
bratucedot
13 posters
Страна 5 of 7
Страна 5 of 7 • 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7
Re: Македонско образование
Da se nadovrzam na mojot post od vcera:
Posle deneshnava bomba, pokraj navedeniot laptop, da pobarate i Ajfon 6, so 64 Gb i trigodisni besplatni razgovori kon site mrezhi! I internet, se podrazbira!
KE PRIFATI!

Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Македонско образование
Dovolno ke bide i zaminuvanje na ovaa vlast, koja go unisti obrazovanieto.
Гостин- Гостин
Re: Македонско образование
Ne proagjaat polovichni reshenija...Mladite konechno se razbudija...
Математика ќе полагаат само учениците од математичка насока,протестот продолжува
Непосредно пред најавениот втор средношколски марш кој е најавен за утре, Министерството за образование и наука и Унијата на средношколци денеска постигнаа договор предметот математика да не биде задолжителен за сите ученици во средните училишта, туку само за средношколците на математичкиот смер.
-По подолга дебата, се постигна согласност предметот математика да не биде задолжителен за сите ученици во средните училишта, туку само за учениците кои се запишани во гимназиско образование и кои на крајот од втората, односно почеток на третата година од средното образование, го одбрале природно – математичкото подрачје. За гимназијалците коишто го одбрале општествено – хуманистичкото подрачје, како и за сите ученици од средните стручни училишта, математиката ќе биде предмет со можност за избор, покрај странскиот јазик, односно ќе се полага само доколку ученикот го одбере, согласно личната волја, убедување и афинитети. За гимназијалците коишто го одбрале јазично – уметничкото подрачје, задолжителни предмети ќе бидат мајчиниот и странскиот јазик, се вели во соопштението од МОН.
И покрај овој договор средношколците утре ќе излезат на марш. Од Средношколскиот пленум велат дека барањата на нивниот Пленум и оние на Унијата на средношколци не се исти.
-Протестот утре ќе се одржи, бидејќи нашите барања и барањата на Унијата на Средношколци не се исти. Ние покрај математиката баравме укинување и на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на полагање на матура, односно да не се полага матурата електронските поради сите пропусти. Протестот е најавен во полиција и очекуваме утре во 12 часот средношколците масовно да излезат по што ќе се упатиме до Министерството за образование, велат за НОВА од Средношколскиот пленум.
http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=21314
Гостин- Гостин
Re: Македонско образование
Втор протестен марш на средношколците
Средношколците по втор пат излегоа на улица, незадоволни од како што велат лошите реформи во образованието и задкулисните договори на надлежните со нелегитимната Средношколска унија.
На протестниот марш кој почна од Собранието, преку Владата, па се до ресорното министерство, учениците им покажаа жолт картон на надлежните како последна опомена, порачувајќи им да го чујат нивниот глас.
На ресорниот министер му дадоа рок од 24 часа да го повлече како што велат половичниот договор за државната матура.
Средношколците уште еднаш побараа средба со првите луѓе на министерството за образование потсетувајќи на нивните барања за мирување на законот за екстерно тестирање и враќање на стариот концепт на државна матура.
Средношколците покрај од професорите, добија подршка и од Студентскиот пленум.
На денешниот протест се приклучија и средношколци од Куманово. За утре втор протестен марш најавија тетовските средношколци.

Владеењето на пастирот носи само зло. Сега и децата ги поделија. Колку побргу падне, толку подобро.
Политички поделби и на средношколците
Силното влијание на дневната политика и максималното ниво на политизацијата во мекедонското општеството, се покажува и со последните случувања околу воведувањето на новите реформи во образовниот систем во Македонија, велат експертите.
Ваквите ставови доаѓаат по последните поделби меѓу средношколците во Македонија. Додека оние ученици кои се дел од Средношколскиот пленум со денови протестираат против новите реформи во образованието, барајќи да се врати стариот концепт на полагање на државна матура и се против екстерното оценување, од друга страна се активираше Унијата на средношколци на Македонија, која најде заеднички јазик со Министерството за образование и наука и постигнаа договор околу новите реформи. Од Пленумот велат дека Унијата не постои, бидејќи нема активен статус од 2013 година.
Гостин- Гостин
Re: Македонско образование
Beter od kolera se kleptosive manijakalni!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Македонско образование
Средношколците од понеделник ќе ја бојкотираат наставата
Бојкот на наставата, почнувајќи од понеделник (06.04.2015), најавија поголем број училишта, по примерот на учениците од скопските гимназии „Орце Николов“ и „Кочо Рацин“.Тоа, како што најавуваат, е реакција на игнорантското однесување на надлежните институции кон нивните барања.
Бојкотот на настава ќе трае, се додека Министерството за образование не закаже дебата со претставници на Средношколскиот Пленум.
Додека трае бојкотот на настава ќе бидат организирани вонучилиши активности.
Интернет Средношколскиоот пленув од Куманово денеска напладне во центарот на Куманово,ќе постави свој штанд, со цел да ги промовира своите барања и да го промовира бојкотот на настава.
http://plusinfo.mk/vest/21005/srednoshkolcite-od-ponedelnik-kje-ja-bojkotiraat-nastavata
Гостин- Гостин
Re: Македонско образование
И овие не можат да излезат од шупакот на Грујо...
СОНК ќе се суди со Наставничкиот пленум
Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.Македонија ( СОНК ) ги задолжил своите регионални синдикати да откријат дали некој нивен член е во Наставничкиот пленум и согласно на одредбите на Статутот да биде соодветно санкциониран.
Притоа во низата одлуки на Советот на СОНК се вели дека „се задолжува највисокото раководство на СОНК да покрене соодветни судски постапки преку адвокатската канцеларија против сите поединци или групи од Наставничкиот пленум и од Мултиетничкиот синдикат за образование, за кои постојат докази дека направиле незаконски дејствија против СОНК и неговото раководство, со цел и на овој начин нашата организација да биде заштитена од ваквите незаконски дејствувања против неа, а исто така да се утврди и штетата што е нанесена врз СОНК со таквото нивно дејствување“.
http://plusinfo.mk/vest/21103/sonk-kje-se-sudi-so-nastavnickiot-plenum
Гостин- Гостин
Re: Македонско образование
Srednoshkolcite se resheni da odat do kraj...I vreme beshe nekoj da ne otstapi od baranjeto na svoite prava...
СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ДЕНЕСКА ЈА БОЈКОТИРААТ НАСТАВАТА ВО ПОВЕЌЕТО СКОПСКИ ГИМНАЗИИ
Средношколците во повеќе скопски гимназии денеска ја бојкотираат наставата, револтирани од игнорантскиот однос на министерството за образование, откако првиот човек Абдулаќим Адеми пред неколку дена седна на заедничката маса со Унија на средношколци, кои имаат неактивен статус дури од 2013 година. Во петок, со бојкот на наставата почнаа гимназиите „Орце Николов“и “Кочо Рацин” кои не седнаа во школските клупи.
-Овој чекор е резултат на се уште игнорантскиот однос на надлежните кон незадоволството на илјадници ученици кои двапати и од улица им порачаа “Стоп за лошите реформи“ – тврдат од Средношколскиот пленум.
Според нив, бојкотот на наставата е само логично продолжение на нивното сериозно делување, кое велат го покажале преку нивните аргументирани барања доставени до ресорното министерство. Тие нагласуваат дека нивната подадена рака за преговори првите луѓе на министерството двапати ја одбиле, па оттука треба да очекуваат дека реалните проблеми овој пат ќе излезат на виделина. Радикализација на протестите најавуваат и средношколците во другите градови во Македонија.
-Средношколскиот пленум уште еднаш јавно ќе испрати порака до МОН да ги разгледа нашите барања и да ја прифати средбата со претставници од Средношколскиот пленум. Колку повеќе се одолговлекува оваа средба од страна на министерството, толку повеќе се зголемува незадоволството кај средношколците. Министерот има должност да ги сослушаат средношколците и Средношколскиот пленум. Остварувањето на средба е неопоходно за да може да се постигне некаков договор – велат од Средношколскиот пленум.

Тетовските средношколци почнуваат бојкот на наставата
Тетовското средно економско училиште „8 Септември“ утрово со протест го најави утрешниот бојкот на наставата, дознава „Плусинфо“. Според информациите, средношколците биле присилувани да се вратат на редовна настава, но по час и половина стоење во дворот на училиштето, држејќи ја двојазичната протестна парола „Стоп за лошите реформи“, сите ученици го напуштиле училиштето.
- Присуствувавме на првите два часа, а по големиот одмор ја бојкотиравме настава и останавме во дворот на училиштето. Откако по час и половина бевме приморани или да се вратиме на настава или да излеземе од училиштето, си отидовме дома. Тоа беше мал протест пред утрешниот бојкот на наставата - вели нашиот извор од пленумците.
Изворот на Плусинфо вели дека бојкотот е поддржан и од другите тетовски училишта, но најбитно е дека се сплотени Македонците и Албанците и се децидни во своите барања.

И кумановските средношколци ја бојкотираат наставата
Во три средни училишта во Куманово денеска се бојкотира наставата, јави Радио МОФ.
Одлуката за бојкот била едногласно донесена на третата пленарна средба на средношколците, на која биле присутни претседатели на класовите од сите средни училишта.
Бојкот се одвива во средните општински училишта „Перо Наков“, „Наце Буѓони“, како и во гимназијата „Гоце Делчев“, а не е исклучено да им се придружат и учениците од средното земјоделско училиште „Киро Бурназ“.
- Имаме алтернативна настава, односно работилници на кои учениците изработуваат хамери, пароли, имавме неколку обраќања пред учениците и отворивме дебата за тоа зошто е бојкотот. Засега, програмата се одвива спонтано - изјавиле од Средношколскиот пленум во Куманово за Радио МОФ.
Според Пленумот, досега единствен притисок кој го забележале е од директорката на економското училиште „Перо Наков“, која, како што велат, се обидела да ги одврати од бојкотот укажувајќи на педагошки мерки и казна од 2.000 евра за нивните родители.

Do koga kje dozvoluvame familijata da ni gi maltretira decata...Ova ja preminuva granicata na ludilo...
Професор: Списоци со имиња на ученици што бојкотираат се препраќаат во Министерството за образование
Револитран од односот на директорите на средните училишта каде се одржува бојкот на наставата и од Министерството за образование и наука, во отворено писмо, наставник открива какви притисоци и закани трпат учениците заради тоа што бараат да имаат рамноправен третман при полагањето на државната матура и се против лошите реформи.
Тој пишува: „Ова што се случува во нашите училишта е невидено!
Притисоци се вршат од сите страни. Инспекторите, директорите, замениците бараат списоци со отсутни ученици, на дневна основа. Треба да се знае кое дете каде е во секое време (бојкотира или не!), а списоците што содржат имиња и презимиња на ученици, се препраќаат во Министерството.
Потоа, постојано има закани дека децата ќе добијат неоправдани и ќе бидат казнети класните. Се оди дотаму да се верува дека ако не се во училиште, тогаш можеби, цитирам: „родителите ги кријат“, Копола може да учи од нас.“
Учениците што бојкотираат биле исмевани, тие иле оние „кои не знаат“ што прават, што бараат и залудно губат време на „непотребни нешта“. Тие се исмевани од оние припадниците на „другата страна“
„Во големите училишта каде владее разумот (до некоја мера), учениците се единствени, но во помалите (со помал број ученици) се урива и убива средношколскиот дух на слобода и борба за своето право.
И на крајот, каде беше инспекцијата да го провер квалитетот на наставата досега?
Зошто не дојде во текот на годината за да види како се работи, дали има проблеми, од какв карактер, какви проекти се спроведуваат? Зошто не провери кадри влегуваат на часовите? Туку доаѓа само за да потсети дека „ако не се врши работата, ќе има казни“, пишува наставник, кој е и родител, во отвореното писмо до јавноста.
http://a1on.mk/wordpress/archives/476049

Битолските средношколци се приклучуваат на бојкотот
Одлуката била донесена на интерниот состанок на Средношколскиот пленум од Битола, каде првично бојкот на настава по празниците ќе има во техничкото училиште, а потоа би се проширил и низ другите училишта од градот на конзулите
Гостин- Гостин
Re: Македонско образование
Se stopluva vremeto! Po praznicive se otvara avtokampot "Zena park"! Ke bilo polno so ucenici i studenti! Aj da gi vidime miloshovski, pandov i vlatce-kretence , sto kje prevzemat po toa prashanje!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Македонско образование
ВО ВТОРНИК ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОСМИ СТУДЕНТСКИ ПЛЕНУМ НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ
Во вторник во 18 часот на Архитектонскиот факултет ќе се одржи осми генерален Студентски пленум. Се очекува да се појават повеќети од студентите за да ги разгледаат можностите како да делуваат понатаму.
-Кои ќе бидат насоките и идните активности на Студентскиот пленум во наредниот период?
-За какви прашања да се бориме?
http://fokus.mk/vo-vtornik-k-e-se-odrzhi-osmi-studentski-plenum-na-arhitektonskiot-fakultet/

Taka e! Mavajte od site strani! Napred arhitekti!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Македонско образование
ВИДЕО Средношколски пленум ја продолжува борбата
Средношколски пленум го објави своето прво видео, во кое ги објаснува своите барања и својата борба, а потсетува и на мапата на која се наведени средните училишта кои се вклучија во бојкотот на наставата, во знак на протест против лошите реформи на средното образование.
Пленумот исто така го презентираше и одговорот што го добил од Народниот правобранител.
Средношколски пленум го објави своето прво видео, во кое ги објаснува своите барања и својата борба, а потсетува и на мапата на која се наведени средните училишта кои се вклучија во бојкотот на наставата, во знак на протест против лошите реформи на средното образование.
Пленумот исто така го презентираше и одговорот што го добил од Народниот правобранител.
Гостин- Гостин
Re: Македонско образование
Nitu zakanite i pritisocite ne vroduvaat so plod...
Средношколците сè уште во бојкот – министерот ги бојкотира нив
Средношколците од Скопје, Тетово, Куманово, Охрид, Велес, Битола, Прилеп, Струмица... и денеска го продолжуваат бојкотот на наставата. И утрово во повеќе средни училишта во целата земја нема настава. Од Министерството за образование иако ветија, и натаму одбиваат да се сретнат со нив и да ги слушнат нивните барања.
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/srednoshkolcite-se-ushte-vo-bojkot-ministerot-gi-bojkotira-niv
Гостин- Гостин
Re: Македонско образование
I pokraj zakanite i ucenite vo tek e organiziranje na kompleten bojkot na nastavata i masovni protesti na srednoskolcite.
http://plusinfo.mk/vest/22119/direktorite-predupreduvaat-kje-ima-kazni-za-srednoshkolcite
http://plusinfo.mk/vest/22119/direktorite-predupreduvaat-kje-ima-kazni-za-srednoshkolcite
Гостин- Гостин
Re: Македонско образование
I albanskite uchenici se pridruzhuvaat kon srednoshkolskite protesti...Grujosheshku nema kade da bega...
Албанските паралелки од Тетово се приклучуваат во бојкотот на наставата
Учениците од албанските паралелки во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и медицинското училиште „Никола Штејн“ од денеска почнуваат со бојкот на наставата.
Тие денеска на едночасовен протест на плоштадот во градот го искажаа револтот од лошите реформи во образованието. Со транспаренти „Стоп за екстерното тестирање“, „Не успеавте, нема да се предадеме“ албанските средношколци му посочија на министерот Адеми дека и тие се будни.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21627
Гостин- Гостин
Re: Македонско образование
Epa za nekoj den ke procitame vo portalive: "Zivotinkite vo skopskata ZOO, od utre na bojkot - ne iskacaat od dupkite dodeka ne dobijat licen maser - timar od tie nezaposlenite dpbnovci" ...razbrale - na grujo - sega mu e majkata!!!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: Македонско образование
Абе некой може ли да каже со 2 збора оти се тие бойкоти, мрзи ме да читам
Фири1- Број на мислења : 283
Join date : 2015-04-14
Re: Македонско образование
Се шири бојкотот на настава во Битола, се приклучи и долната гимназија
И ученици од долната гимназија „Таки Даскало“ од денес им се приклучија на своите врсници од техничкото, медицинското, економското училиште и горната гимназија во бојкотот на наставата. Веќе во пет од вкупно шест битолски средни училишта не се одржува редовна настава, а наместо неа учениците одржуваат алтернативни предавања, дискусии, друштвени игри и спортски натпревари.
„Од денес и средното училиште „Таки Даскало“ се приклучи кон бојкотот на наставата“ – изјави Емилија Мицевска, ученик во СОУ „Таки Даскало“
Од секторот за образование при општина Битола велат дека во оваа ситуација, односно во делот на екстерното тестирање и државната матура немаат никаква надлежност бидејќи тоа е работа на државниот испитен центар кој работи во рамките на МОН
„Локалната самоуправа немаат надлежност во делот на екстерното тестирање и државната матура, тоа е работа на државниот испитен центар кој работи во рамките на МОН. За најновите случувања ние секојдневно праќаме извештај до МОН и согласно надлежностите кои министерството ги има ќе постапи“ – пренесе Снежана Петревска, советник по образование во општина Битола
Советничката за образование при општина Битола, Петревска додека дека часовите кои учениците ги губат за време на бојкотот на настава, согласно годишната програма за работа на училиштата ќе се одработат дополнително. Од Средношколскиот пленум напоменуваат дека бојкотот на наставата ќе трае се додека претставници од Средношколскиот пленум не остварат средба со министерот за образование и наука, односно се додека не се остварат нивните барања, а тоа се враќање на стариот модел на државна матура и укинување на екстерното тестирање.
http://tvorbis.com.mk/?p=3908

Similar topics
» МАКЕДОНСКО СЕКСАЊЕ ? ИЛИ СЛИЧНО НА НЕГО !
» Илинден ќе биде заеднички македонско-бугарски празник
» МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН
» Бугари, Македонско Бугарско прашање....
» Македонско новинарство, подкасти и слично

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|