Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

МПЦ - решавање на статусот

Go down

МПЦ - решавање на статусот Empty МПЦ - решавање на статусот

Пишување by PRVOBOREC Вто Дек 12 2017, 11:40

Според мене недоволно внимание е посветено на последните случувања околу МПЦ-ОА. Ќе се обидам да го исправам тоа. Скоро триесет години од осамостојувањето на Република Македонија, споровите и негирањата од соседите (со исклучок на Бугарија со која нели новата влада на премиерот Заев го потпиша договорот за добрососедство) се уште траат. Покрај грчките вета, закани и непризнавање на името на македонската држава, наидовме и на непријателството на СПЦ, која по углед на краљевината и социјализмот сеуште би сакала да ја држи и државата и црквата под некаков патронат. Додека Груевски тоа го овозможуваше, Заев истапи со решителни, по малку и ризични чекори и резултатите се видливи. Довчерашниот непријател број еден Бугарија, каде што половина од македонците аплицираа за пасоши и се декларираа бугари (кој од економски, а некои и од идеолошки причини) наеднаш стана застапник на македонските државни интереси во поглед на решавањето на соседските недоразбирања и евроатлантските аспирации на РМ.

http://plusinfo.mk/vest/118392/istoriska-izjava-na-borisov-nie-sme-za-edinstvena-makedonija-clenka-na-nato-i-na-eu

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%91%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%B2-%D0%9F%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%BF%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%95%D0%A3-%D0%B8-%D0%9D%D0%90%D0%A2%D0%9E&id=29060302-749b-4662-b3ee-9fd107131177

http://www.24vesti.mk/borisov-da-se-obedinime-i-da-pomogneme-vo-reshavanje-na-problemot-so-imeto

Смелоста на Заев се покажа заразна, па така МПЦ се обрати до БПЦ со барање да ја признае автокефалноста со што македонската православна црква би била прифатена од заедницата на православни цркви а БПЦ би добила статус на мајка црква на МПЦ.

http://religija.mk/pismoto-na-mpc-do-bpc/

Додека во Македонија ставовите дури и меѓу самите владици беа поделени

http://plusinfo.mk/vest/135304/agatangel-se-ograduva-od-soopshtenieto-na-mpc-oa-odlukata-na-bpc-e-navredliva
во Бугарија покрај со радост, писмото беше дочекано и со претпазливост. Сепак реакцијата на целокупната бугарска јавност во глобала беше позитивна.

http://www.dw.com/mk/%D0%B1%D0%BF%D1%86-%D0%BF%D0%BE%D0%B4-%D0%B6%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BA-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%82%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA-%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D1%83%D0%B0%D0%BB%D1%86%D0%B8-%D0%B1%D0%B4%D0%B5%D0%B0%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B4%D1%80%D1%88%D0%BA%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%BF%D1%86/a-41543022

Решението беше соломонско но сепак со јасно изразена поддршка на БПЦ за осамостојувањето на МПЦ, што може да се разбере со оглед на отпорот на Цариградската Патријаршија, СПЦ и неодредениот став на РПЦ чиј што глас најверојатно ќе биде одлучувачки.

http://hdtvmega.mk/%D0%B1%D0%BF%D1%86-%D0%BD%D0%B0%D1%88%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B6%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82-%D0%B5-%D0%B4%D0%B0-%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B5-%D0%BC%D0%B0%D1%98/

http://cooltura.mk/razno/bpc-kje-ja-zastapuva-mpc-pred-pomesnite-pravoslavni-crkvi

Решението, колку внимателно да беше донесено за да не предизвика раскол помеѓу православните цркви наиде на одобрување и задоволство и кај МПЦ и кај јавноста на чело со политичките лидери.

http://www.dw.com/mk/%D0%BC%D0%BF%D1%86-%D0%B1%D0%BB%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%86%D1%80%D0%BA%D0%B2%D0%B0-%D0%B1%D0%BF%D1%86/a-41548000

http://sitel.com.mk/zaev-odlukata-na-bpc-e-iskluchitelno-pozitivna

За конечниот исход ќе мораме да почекаме, но тао што сега на наша страна ја имаме БПЦ како застапник кој сепак има големо влијание во православниот свет, а е и во традиционално добри односи со клучниот играч РПЦ дава надеж дека статусот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе биде решен во наша корист, што покрај другото ќе ги спречи српските аспирации и провокации кои со формирање паралелни цркви и именување на паралелни намесници и владици (кои патем се докажани и осудувани криминалци) се обидуваат да внесат раздор помеѓу македонските верници и да ја држат во потчинетост македонската црква, иако историската вистина вели дека последен пат пред возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна Црква, таа била под јурисдикција на БПЦ.
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот