Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА ....

+2
Bosonoga
IVA
6 posters

Go down

ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА .... Empty ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА ....

Пишување by IVA Сре Мар 14 2018, 00:46

На дванаесетмина медицински сестри и болничари од клиниката за уво нос и грло прекинат им е договорот на дело
13.03.2018 | 18:29МакедонијаПрочитано: 4641
Гордана Јаневска Мишокова во осмиот месец од бременоста остана без работа. По три години работа на Клиниката за уво нос и грло како медицинска сестра, вчера и било сооштено дека договорот на дело, кој и важи до 1-ви јуни, и се прекинува. Освен Гордана догoворот им е прекинат на уште единаесет други медицински сестри, болничари и средно медицински персонал од истата клиника.



Според нивните тврдења, директорот на Клиниката – Јане Нетковски вчера ги викнал на состанок и усно им рекол повеќе да не доаѓаат на работа. Притоа не добиле никаков документ односно отказно решение, а им било соопштено дека одлуката била донесена на управен одбор, со образложение дека договорите им биле незаконски и тие нелегално работеле на клиниката досега.

„Ние сме волонтери или работиме на договор на дело – 6 месеци. Договорите ни истекуваат на 1-ви јуни, меѓутоа сега предвремено. Не потпишавме никаков документ само ни рече одете си, ако имаме потреба ќе ве контактираме и ќе ве вратиме на работа. Мене нема да ме вратат бидејќи сум 8-ми месец бремена, но за останатите колеги ќе чекаат на тоа дали ќе бидат викнати или не.“ - Гордана Јаневска Мишокова – Медицинска сестра на Клиника за уво нос и грло.

Освен што не добиле никакво писмено отказно решение, остануваат и без фебруарската плата. Според нивните објаснувања, откако дошол новиот менаџмент на клиниката, одлучил да не ги исплати поради тоа што договорите им биле невалидни. Правата велат ќе си ги бараат до крај. Бараат од клинката да им даде отказно решение и исплата на фебруарските плати.

„Единствено што сме инвалидизирани во моментов е затоа што не можеме да го добиеме тој документ на кој ќе биде нагласено дека директорот е тој што ги раскинува договорите, а не ние вработените. Оштетени сме и поради тоа што нема да бидеме исплатени за месец-фебруари, со изговорот дека договорите ни се нелегални и невалидни и автоматски директорот немал право да потпише за исплата. Ние за месец фебруари кажано ни е дека нема да бидеме платени. Затоа сакаме и ние да дознаеме што се крие зад сето ова и да добиеме објаснување што ќе држи бидејќи, ова е небулозно.“ - Маја Јандриевска – медицинска сестра на Клиника за уво нос и грло.

Директорот на клиниката за уво нос и грло, Јане Нетковски денеска одлучи да молчи. Тој не одговори на нашите пораки и повици. Од министерството за здравство, пак велат дека договорите на сите ангажирани лица биле незаконски спроведени и без претходна согласност од Министерството за финансии. Сепак со оглед на тоа што Клиниката има потреба од кадар, откако ќе добијат согласност од министерството за финансии ќе ги вратат на работа.

„Клиниката има потреба од овие лица и тие совесно и професионално си ги извршуваат своите работни задачи. Од тие причини, веќе се доставени барања до
Министерството за финансии за издавање на согласност за ангажирање лица по договор на дело, со што ќе се биде испочитувана законската регулатива. Овие лица се обучени и докажани во својот делокруг на работење и по обезбедување на согласностите, истите лица ќе бидат повикани за склучување договор за ангажирање на Клиниката Напоменуваме, Министерството за здравство е во постојан контакт со Министерството за финансии, со цел што побрзо добивање на согласностите.“- велат од Министерство за здравство.

Од министерство за здравство велат дека се во постојан контакт со министерството за финансии со цел што побрзо добивање на согласност. Овој случај доаѓа во период кога речиси сите јавно здравствени установи се соочуваат со недостаток од средно медицински персонал, поради што голем број на одделенија остануваат и затворени.

IVA
IVA

Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА .... Empty Re: ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА ....

Пишување by IVA Сре Мар 14 2018, 00:53

ajde konechno da zapochne chistenjeto od vmrovshtinata ,ne samo vo zdravstvo ,tuku sekade
IVA
IVA

Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА .... Empty Re: ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА ....

Пишување by Bosonoga Сре Мар 14 2018, 00:57

ajde chistka ,taka treba ,a ne SDSM na vlast a da vladee ushte DPMNE,bravo direktore se nadevam ke ve sledat i drugite direktori na drugi institucii,pa da vidime konechno bel den
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА .... Empty Re: ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА ....

Пишување by Kalinda Сре Мар 14 2018, 01:02

Дали мислите дека
ова е во ред?
Па нели нема да бркате?
Ова што е ?
Ајде бремената
ке зима пари од
фондот за здравство ,
а другите ?
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА .... Empty Re: ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА ....

Пишување by IVA Сре Мар 14 2018, 01:09

pa ne brkame ,samo sakame da rabotime zakonski ,ako ne im se dogovorite na delo zakonski ,normalno e deka ke mora da se prekinat ,zavrshi vremeto na nezakonsko rabotenje ,ama i da te prasham zoshto vie ne gi vrabotivte trajno tuku pod dogovor na delo .Za volja na vistinata ovie treba da mu se lutat na dpmne zoshto samo gi iskoristilo za glasanje i zatoa im dale nevalidni dogovori
IVA
IVA

Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29

Вратете се на почетокот Go down

ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА .... Empty Re: ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА ....

Пишување by nino Сре Мар 14 2018, 04:31

site onie sto si kupija rabotni mesta treba da se skinat
se napolni familijata pari od prodavanje rabotni mesta

nino

Број на мислења : 266
Join date : 2017-06-05

Вратете се на почетокот Go down

ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА .... Empty Re: ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА ....

Пишување by osa Сре Мар 14 2018, 08:46

I toa prodavanje rabotno mesto so dogovor na delo ...sega treba na familijata da se lutat i po nejze da plukaat ....a normalno e da ima promeni zoshto tie bash gi kochat rabotite za da ne odime napred ...ednostavno bojkotraat ...duri i onie shto metat po ulicite a se vraboteni od minatata vlast sami kazuvaat deka nema da chistat kako porano za da se luti narodot na SDSM i pak da se vrati dpmne ...eeeejjjjj so osnovno shkolo pa kako gi manipuliraat ...more sve nadvor od instituciite ,do eden ,

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА .... Empty Re: ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА ....

Пишување by OPOZICIONER Сре Мар 14 2018, 13:40

pochnavte da plachete ,sekoj spored zaslugite,normalno deka ke si sedite shtom nemate saglam dogovori i shtom se nezakonski
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА .... Empty Re: ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА ....

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот