ПРВИ МАЈ -ДЕН НА ТРУДОТ
Страна 1 of 1
ПРВИ МАЈ -ДЕН НА ТРУДОТ
Гаси скара, касни плата: Синдикатите протестираа за пристојни услови за работа
01/05/2018 - 16:34 ВЕСТИ, ГРАЃАНИ
Пристојна навремена плата, еден час помалку работно време, стоп за мобингот и промени во законот за извршители беа дел од денешните барања изнесени на протестите на синдикалците по повод 1 Мај, Денот на трудот.
Се организираа неколку протести, одвоено, па потоа Синдикатите се обединија пред институциите.
Протестниот марш на Повелбата на солидарност се движеше од плоштадот „Карпошово востание“, преку Камен Мост до Собранието на РМ, каде беа и синдикалците од ССМ.
„Изминативе неколку години дел од синдикатите не се согласија да молчат. Беа на улица, денеска се повторно на улица. Добивме многу ветувања, но ситуацијата не се подобрува“ истакна претседателката на Самостојнииот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Тамара Чаусидис, барајќи попристојни услови за работа.
Од Синдикатот за културата , исто така дел од Повелбата, порачаа дека во културните институции се случува административен хаос, додека НаКС побара да прекине праксата за ниско финансирање на високото образование и научно-истражувачката дејност. Повелбата генерално се залага за неколку главни точки – департизација на Собранието, демонтажа на системскиот правен хаос и деконструкција на партиските инсталации.
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), пак, излезе на протест по четиригодишна пауза. Маршираа со црвени знамиња под мотото „Патиштата се различни, а целта е иста“.
Претседателот Дарко Димовски беше пуштен од полицијата да достави проглас до Владата, откако неговите придружници не беа пропуштени, што донесе различни реакции меѓу синдикалците. Полицијата ги испита Димовски и придружбата дали имаат договорено средба со премиерот.
„Работниците се потиснати и прифаќаат секакви услови за работа. Ќе се справиме со сите оние кои ги кршат работничките права“, нагласи меѓу другото Димовски, доставувајќи до владата барања за подобар закон за работни односи, регрес за годишен одмор за сите работници и подобар општ колективен договор за приватниот и јавниот сектор.
Синдикалниците кажаа и стоп за зголемувањето на старосната граница за пензионирање.
„Ова е нов почеток на враќање на довербата во синдикалното движење. Ќе се справиме со сите што ќе ги издадат работничкото движење и Синдикатот“, рече претседателот на ССМ.
На 1 мај се протестираше и против извршителите. Овој собир најпрво се организираше преку социјалние мрежи, за да добие поддршка од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија и здруженијата „Гласен текстилец“ и „Но пасаран“.
Организаторите најавија дека ќе одржуваат континуирани неделни протести, во низа, се додека не се промени законот за извршители, кој сметаат направил своевиден „егзодус“.
„Сигурна сум дека ќе победиме“, рече Ана Глигорова од организацијата на протестот, од каде бараат одблокирање на сметките на преку 50.000 граѓани, вистинско прилагодување на законот на извршителите на потребите на граѓаните и враќање на нотарите и извршителите во рамки на судовите.
По улиците протестираше и партијата Левица. Со маршот побараа намалување на максималното времетрање за кое може да се склучи договорот за вработување на определено време од пет години на шест месеци.
Исто така, намалување на работното време од 8 на 7 часа дневно, без негативни импликации на висината на платата и додатоците кои ги примаат работниците, наместо подлегнување под притисокот на меѓународните финансиски институции за намалување на породилното отсуство (од 9 на 6 месеци), зголемување на породилното отсуство (од досегашните 9 на 12 месеци), враќање на правото на исплата на патни трошоци и хранарина на работниците…
Инаку, протестниот марш се поклопува со 110-годишнината од синдикалното организирање и движење во Македонија.
Денот на трудот се одбележува во знак на почит кон жртвите од штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. Целта на првомајските демонстрации во Чикаго била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден, но полицијата употребила сила и имало жртви. Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени. Три години по настаните во Чикаго, на првиот Конгрес на Втората интернационала што се одржала во Париз во 1889 година, е решено секоја година на 1 мај, во сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации.
/www.radiomof.mk/gasi-skara-kasni-plata-sindikatite-protestiraa-za-pristojni-uslovi-za-rabota/

Bosonoga- Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот