Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Смеа, забава, вицови

+21
defo
Albatros
Nebula
EVITA
Luxor
Teo
chargerburnout
Естир
kiBik
хан Ацо
tmoro
Arhimed
Боко
Hamad bim Khalifa
Фири
sofmak
Бело конче
reiter
gerasim
bratucedot
osa
25 posters

Страна 23 of 33 Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24 ... 28 ... 33  Next

Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 12:22

Скап залетан Мерцедес влегува под воз. Доаѓа полиција и полицаецот ставајќи си 100 евра во џебот од богаташот му вели на машиновозачот:
– Ајде кажи сега… како го претекна и како му го пресече патот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 12:59

Класична ситуација. Жената е во кревет со страстен љубовник, неочекувано се враќа мажот. Жената му вели на својот љубовник:
– Душо, докажи му дека си вистински маж!
Љубовникот:
– Што?! И нему ли?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:00

Се качил Итар Пејо на Месечината и го прашале:
– Како успеа бе Пејо да се качиш толку високо?
– По цените, по цените…
– А како слезе?
– По платите, по платите…

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:00

Отишол еден ловец да купи пушка.
Добар ден – му рекол ловецот на продавачот во продавницата – барам многу добра пушка со совршена оптика.
– Имам неколку овде! – Одговорил продавачот.
Гледал ловец 1, 2, 3, 4 но ниту една не му се допаднала.
– Еве една со совршена оптика, но е многу скапа – рекол продавачот – од овде се гледа дури и мојата куќа што е горе на ридот.
Зел ловец гледал, гледал и рекол:
– Абе јас куќата ја гледам, ама каков е тој гол маж што брка една гола жена?
Ја зел продавачот пушката, погледнал и рекол:
– Ќе ти ја подарам пушката ако со еден куршум го погодиш мажот во „петелот“, а со другиот жената во главата.
Нанишанил ловец и рекол:
– Абе мене еден куршум ќе ми е доволен!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:01

Утро. Појадок. На масата седат маж и жена.
Тој: Направи ми еден сендвич со сирење и домат.
Таа грижлива прави сендвич. Тој го јаде.
По неколку минути тој: Направи ми уште еден!
Таа: Нема да ти направам. Тоа беше демо верзија на грижлива жена. Лиценцираната верзија ќе може да ја добиете дури по регистрација на бракот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:02

Таткото го седнува синот на сериозен разговор и му вели:
– Сине, веќе си голем, треба да ти кажам некои работи за сексот – отвори Google, напиши p*rn, кликни на првиот линк. Тоа е.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:02

Црнец влегува во бар со папагал на рамото.
Шанкерот го прашува:
– Еј, ова е многу јако! Од каде го купи?
– Од Африка! – Одговара папагалот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:02

Во една зоолошка градина имало распродажба на животни и еден човек решил да оди. Отишол и видел дека останал само 1 мајмун. Се сожалил на него и решил да го купи. На поаѓање сопственикот на зоолошката градина му рекол да прави било што со него, само да не го потчукнува по рамото. Човекот се согласил и заминал. Но, кога се вратил дома станал многу љубопитен и сепак го потчукнал мајмунот по рамото. Тогаш мајмунот збеснал, го погледнал со гневен поглед и почнал да го брка. Ја превртеле целата куќа, се додека мажот не се преморил и застанал во еден агол чекајќи ја смртта. Мајмунот дошол, го потчукнал по рамото и му рекол:
– Ти бркаш!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:03

- Тука сте давале кредити на чесен збор?
– Даваме. Нашата банка има целосна доверба кон клиентите.
– А ако не ви ги вратам парите!?
– Ќе ви биде многу, ама многу срам, кога ќе појавите кај Севишниот!
– Ха, ха, тоа кога ќе биде…
– Па ако до петти не се раздолжите, на шести се појавувате!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:04

Еден Македонец отишол да работи во САД. Нашол работа човекот во една продавница за овошје и зеленчук. Еден ден дошол еден клиент и сакал да купи половина зелка. Нашиот човек му објаснил дека не продаваат половина, може да се купи само цела зелка. Клиентот се налутил и почнал да вика дека тој е КЛИЕНТОТ и тој ќе каже каква зелка сака. Клиентот секогаш е во право, итн. итн. Македонецот што да прави, влегол внатре и почнал да ја сече зелката. Во тоа време внатре влегол газдата и го прашал што прави.
– Еј, еден идиот сака половина зелка.
Сепак клиентот влегол зад него и газдата му дал знак дека го слушнал. Затоа Македонецот побрзал да додаде:
– А другата половина ќе му ја дадам на овој љубезен господин.
Клиентот заминал задоволен. Шефот бил импресиониран од начинот на кој нашиот човек реагирал и го прашал од каде е.
– Јас сум од една мала земја, не си слушнал. Таму има само к*рви и фудбалери.
– Е ако де, кажи ми како се вика.
– Македонија.
– Еее, како не ја знам, мојата жена е Македонка.
– Аааа, супер, а во кој тим игра?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:04

Голем поборник за здрав начин на живот гордо го прашува докторот:
– Докторе, не пијам, не пушам, не одам по жени, јадам претежно овошје и си легнувам пред 21 часот. Уште колку години ми давате дека ќе живеам со овој начин на живот?
Докторот се замислува за секунда и одговара:
– Ова твоето живот ли е?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:04

Млад човек отишол да испитува сперма во здравствена лабораторија. Прекрасна медицинска сестра учтиво го поканила во кабинетот, му дала една чашка, порно списание и му рекла да ги донесе резултати во соседната соба откако ќе биде готов. Мажот се фатил за… се подзапотил, некако завршил работа и конечно среќен влегува со чашка во рака во соседната соба. Медицинската сестра орално задоволува друг пациент.
Револтиран од нееднаквоста, човекот рекол:
– Ахааааа, значи имало и друг начин, ааааааа??
А сестрата љубезно му одговорила:
– Господине, човекот си плаќа, а Вие сте преку фондот за здравство.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:05

Еден човек влегува во бар.
– Колку чини вотката?
– 10 денари.
– 50гр.?
– Не. 100гр.
– А мартинито?
– 10 денари.
– 50гр.?
– Не.100гр.
– А бурбонот?
– 10 денари.
– 50гр.?
– Не.100гр.
– Барот твој ли е?
– Не. На еден пријател.
– А каде е тој?
– Дома кај жена ми.
– Што прави таму?
– Истото што јас го правам со неговиот бизнис.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:06

Си оди Црвенкапа во шумата и си мисли:
– Аман од овој живот, 18 години сум а живеам со родителите и секој ден ја носам оваа скапана кошница километри до куќата на таа старица. Што не ја треснам по главата и да завршам и со одењето и со мојот станбен проблем…
Си оди Волкот во шумата и си мисли:
– Лелеее, колку сум гладеееен, а пак и како ми се е*е… Што не ја изедам Бабата и да легнам место неа во креветот, а кога ќе дојде онаа згодната Црвенкапа и ќе легне до мене… Аууууу!
Оди волкот, ја јаде Бабата, легнува во креветот и се прави заспан. По кратко време влегува Црвенкапа, вади едно стапиште од под наметката и му ја крши главата.
Поука: Никогаш кога ти се е*е, не се прави заспана баба!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:06

Живеел еден праисториски човек во пештера. Еден ден на прагот се појавила жена и му рекла:
– Пушти ме да живеам кај тебе.
– За што си ми?
– Ќе ти ja чистaм пештерата.
– Таа и така си е чиста.
– Ќе ти готвaм.
– Што ќе ми готвиш? Јас пред некој ден си отепав еден мамут, сега само се прибирам во пештерата, фрлам парче месо во огнот и готово…
– Те молам, пушти ме макар и само за една ноќ…
Ја пуштил… утрото излегува пред пештерата, погледнува кон изгрејсонцето, потоа надолу кон својот „алат“… му намигнува и вели:
– Значи еве за што си бил ти, а јас толку години само ореви кршам со тебе…

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:06

Се враќа Европеец од одмор во Австралија. Пријателите го прашуваат како е.
– Прекрасно, рајско место, другари. Сѐ има – барови за мене, трговски центри за жената, прекрасни плажи за децата, ајкули за бабата…

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Пон Апр 25 2016, 13:22

Џ.Сорос се родија у 1930, основаја бизнис империју, спасуваја животи, донираја 8 милијарде на сиромашни и тој све с'с ед'н циљ: Да ги симне ВМРО од власт.

via Кумановски муабети

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Сре Апр 27 2016, 12:30

-Конечно и јас да видам сонце, вода, ситен песок...
-Море, мешај го малтерот и не зборувај многу!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Вто Мај 03 2016, 16:04

Маж оди кај сексолог:
– Докторе, прерaно свршувам… Семејниот живот не ми оди добро, женa ми е незадоволнa…
– Купи си сигнален пиштол.
– ???
– И, когa ќе „ти дојде“ – пукај во воздух и ќе ти „помине“. Ќе можеш дa продолжиш понатаму…
По две недели доаѓа кутриот натажен:
– Докторе, се разведовме со жена ми…
– ???
– Го купив пиштолот како што ми рече. Си отидов дома и директно и се нафрлив на жена ми. Почнавме со „69“ и веднаш почувствував дека „ми доаѓа“… Го зедов пиштолот и бам во таванот… Не само што ми помина желбата, туку и соседот излезе од шкaфот со кренати раце.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Чет Мај 05 2016, 21:52

Село… Ноќ…
Млад дечко и девојка седат на клупа и го гледаат небото…
Тој ја прашува:
– Ја гледаш ли онаа ѕвезда горе?
Таа:
– Ја гледам…
Тој:
– Тоа си ти. А онаа ја гледаш ли?
– Ја гледам…
– Тоа сум јас. А оние двете една врз друга ги гледаш ли?
Таа, чувствувајќи каде тече муабетот, се гушка во него и одговара:
– Даааа, ги гледам, ги гледам…
Тој возбудено и вели:
– Тоа сум јас на тракторот…

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 08 2016, 15:30

Џ.Сорос се родија у 1930, основаја бизнис империју, спасуваја животи, донираја 8 милијарде на сиромашни и тој све с'с ед'н циљ: Да ги симне ВМРО од власт.

via Кумановски муабети

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 08 2016, 15:31

Централен затвор „Идризово“.
Извршување на смртната казна врз поранешниот премиер на Република Македонија.
Џелатот му ја става јамката околу вратот и го прашува:
„Господине, сакате ли да кажете нешто како последна порака?“
„Сакав“, рекол Никола, „ама да ме убиете не би можел да се сетам!“
„Многу духовито“, рекол џелатот и му го бутнал столчето.
(Инспирирано од Капоти)

via Бранко Тричковски

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 08 2016, 15:31

Јебеш партија ако и на најзначајниот митинг на партијата ставаат растителен кашкавал во сендвичите.
@flavrsavr

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 08 2016, 15:31

Контрапротестант, бара сендвич, само сериозни понуди, тел.072251466!
via Бранко Тричковски

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Гостин Нед Мај 08 2016, 15:31

Во принцип само треба да се издеси салмонела во сендвичите на ГДОМ и ќе се реши кризава.
via@MedoDimoski

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Смеа, забава, вицови - Page 23 Empty Re: Смеа, забава, вицови

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 23 of 33 Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24 ... 28 ... 33  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот