VENERINA MUVOLOVKA
Страна 1 of 1
VENERINA MUVOLOVKA
Moze da se odgleduva i kaj nas.
Венерина муволовка (lat. Dionaea Muscipula)
Венерината муволовка е најпознатото растение месојад во светот. Расте во САД, во државата Каролина, и тоа во мочуришни подрачја кои се постојано влажни и на директно сонце. Токму такви услови треба да обезбедите и во домот, директно сонце и постојано влажна почва.
Најдобро е да ја поставите саксијата на јужниот прозорец. Во лето температурата во просторијата треба да биде од 23-30°С, а во зима од 2-12°С. За да преживее и требаат барем 5 месеци студено зимско време и ако не и го овозможите тоа може да угине. Во зима не и треба многу светло, но внимавајте постојано да има вода во подлошката. Во лето оросувајте ја неколку пати дневно.
Се размножува со семе насадено во тресет кој е редовно навлажнуван или со резници. Пресадувајте ја на секои две години во мешавина од светол тресет, мов и песок и тоа во длабоки саксии.
Многу е битно да ја полевате со мека вода која не смее да биде ладна. Избегнувајте ја водата за пиење бидејќи има повеќе калциум. Може да користите филтрирана, вода од клима уреди, отстојана вода, изворска или дождовница. Во периодот на раст полевајте ја пообилно, особено ако времето е сончево и топло, а во периодот на мирување речиси и не ја полевајте.
Ако ја чувате на отворено во текот на летото, нема потреба да ловите инсекти за неа. Ако е во затворен простор треба еднаш месечно да ставате инсекти во стапиците за да добие доволно минерали за да преживее. Може да користите муви, комарци или молци, но да не бидат преголеми бидејќи стапицата може да поцрни. Варењето на инсектот трае од десет до петнаесет дена и потоа стапицата се отвора. Секоја стапица може да свари до 4 инсекти пред да овене.
Без разлика што стапицата на муволовката ве фасцинира, држете ги прстите подалеку од неа. Не затоа што може да ве гризне, туку затоа што ќе ја изложите на непотребен стрес. Со секое затворање стапицата троши голема количина на енергија која очекува дека ќе ја обнови кога ќе го улови пленот.
http://sezadomot.com.mk/napis1397.htm

Flora- Број на мислења : 421
Join date : 2018-08-05
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот